Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    Секој родител си гледа да е фер, не верувам дека би ја оставиле ќерката така. Ама ако има каде да живее (а јас постојано за таков случај ви зборував), а братот го има само тој еден стан, што очекувате не знам? Од еден мал стан магично да станат два? Се нема пари бе луѓе, ни за учество ни за кредити, не знам како не разбирате. И да го продадат па да им ги дадат парите, на тој што нема ништо нема да му реши таа половина.

    И кога веќе даваме примери, значи сестрата за секој случај треба да си земе соба од тоа едно затоа што очекува да се разведе кога тогаш, па да не остане на улица? Никој не оди во брак со таква помисла, па ни ко резерва. Ако, не дај Боже, се случи, секако дека братот ќе биде тој што ќе помогне.

    Еве уште еден пример: вујко ми цел живот под кирија живееше на страна, па дедо ми му го остави неговиот стан нему. Мајка ми има каде да живее. Правилно било да бара дел? Да, можеби по закон. Кога ќе го видиш случајот ко случај, многу глупаво би било да бара.

    И колку и да правиме муабет, овие прашања не можат да се решат со универзално правило. Ако се оди по закон, една куќа се дели на две/три, па потоа секој дел на уште две/три, и така до бескрај.
     
    На galapce, Magnolija, t-sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    А па ако и земеш дел од куќата, тогаш баш ќе бидеш добредојдена кај братот, посебно снаата многу ќе ти се радува.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.045
    Сепак има еден друг момент во сите овие работи, кои не можеш физички да ги измериш, реално.
    Има родители што едното дете ќе го вработат, ќе му помогнат, другото не, ова не е еднаков третман и е според можност, ама треба на поинаков начин да мислат и на другото. Ветер во грб му дале на другото.
    Други родители на едното факултетот ќе му го завршат, на другото со прст нема да мрднат, сам ќе си го заврши, ама куќата еднакво ќе се подели, исто така не е во ред.
    Трети родители, акции ќе им препишат на едните, на другите не, ама имотот еднакво, исто така не е во ред, не може да има иста делба.
    И за крај, ако родителите остануваат со едното дете кое ќе им даде доживотна издршка, а еднакво да делат имот, исто така не е во ред.

    Љубовта и вниманието немаат цена и физички не можат да се поделат, ама да сме искрени, секогаш оди нееднакво, а за тоа треба да бидат реални родителите. Едниот со нивна помош може да стане милионер, другиот да нема помош и да мора да живее во еднособен стан со нив, па уште и да го дели...

    Се има свое зошто и затоа.
    Ама не си во право дека не треба да бараш и од твоите, барем нешто од нешто. Брат ти ќе ги чува до крајот, нема да ви поделат пола-пола, ама треба да добиеш барем третинка, осминка, што год, за да има баланс.

    На крајот од денот, сакате да имате браќа и сестри или да имате имот? Особено тие што имаат и сакаат уште повеќе да имаат, а оној крпен сирот, ете толку можел.

    Зинуло дупе за пари.
     
    Последна измена: 24 јануари 2016
    На eloves, fairy88, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Баш..... Ова бајковито звучи, ама јас не сум слушнала до сега брат да прибере сестра дома и тоа сосе деца :D
     
    На Nausicaa, ivi1987 и kukla21 им се допаѓа ова.
  5. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Зависи која снаа и зависи до човекот каков е .. Не се сите исти .
     
  6. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Па тој е во сопственост нивна .. Јас тебе не те разбирам што не тие јасно
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.045
    Јас сум слушнала за таков случај.
    И да и купи стан, он понатака стана подобар финансиски.
    И неговите ги среди и сестра му ја среди, ама сестра му си бараше и алиментација зошто немаше работа, замисли од брат и, а не од маж и. Брат и исто така и ја издржуваше.
     
  8. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Тетками е разведена а за да не седи сама таткоми ја зеде затоа викам сите се различни барем јас мене мајками така ме воспитала .
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Па на неа ништо не и земам. Кај мајка и не одам ништо да барам.

    Сега може да имаш затоа што ете може живеете во стан од свекорот и свекрвата. Утре го продаваат станот и ти?! Делба на секој еднакво и нема лутиш.
     
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.079
    Допаѓања:
    77.053
    Пол:
    Женски
    Никој неможе да знае што може да му се случи во иднина.Никој не планира развод ама никој незнае што животот ќе му донесе понатаму.Па затоа зборам дека треба подеднакво да се дели и на машки и на женски деца па во случај ако ќерката одбие,сака се да му припадне на братот тогаш ок.А од лично искуство ти тврдам дека не сите браќа ако им се препише се на нив во иднина ќе помогнат на сестрата.Затоа родителите се тие што треба и за женските и за машките да гледаат,да ги обезбедат подеднакво а не само на едното па после ако машкото се смилува да помогне,а ако не,епа женско е туѓа куќа,нека си брка работа.
     
    На butterfly4, Nausicaa и kukla21 им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Со деца? Татко ти ја издржуваше?
     
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.079
    Допаѓања:
    77.053
    Пол:
    Женски
    Незнам како да ти објаснам за да ме разбереш.Значи вака,мора да имаш нешто во твоја сопственост,една соба бар па врз основа на тоа да можеш да правиш доградба инаку неможеш на туѓа сопственост да градиш ништо.Јас сакав кај моите да правам поткровје ама зошто во куќата живеат уште три фамилии не ми дадоа потписи и неможев да градам.Многу е просто и едноставно.
    Затоа јас не те разбирам тебе,викаш биле под кирија па правеле надградба,на што надградба ако не е во нивна сопственот???
     
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира дали ти кога ќе се мажиш, или ако веќе си мажена, ќе му го земеш пола имот на брат ти? Ајде снаата не е битна да речеме, ама после не знам како не им е глупо од братот на тие сестри што му земаат дел, а да не правам муабет за тие што имаат 2ца или повеќе браќа па сепак им бараат дел.
    Сестрата се мажи и оди во нов дом, со надеж дека цел живот ќе си биде заедно со мажот (во неговиот или во ново стекнатиот дом).
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Не нема деца ..ама ипак ја прими и помогна за се и сеуште и помага ..
     
  15. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Во зградата кога се доби право да се гради .. Нај прво имаа право да градат тие што се на 5 спрат станот што беше под кирија беше на 1 во соседната зграда .. Тие од 5 спрат си имаа стан купен и не сакале да градат маж ми им дале одредена сума се договориле се познавале од пред тоа пријатели биле и тие им дозволиа на маж ми да градат иначе тетово се е можно со станови ниедно правило не важи тука ..
     
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Мажена сум, имам брат. Ние сме воспитани дека се се дели на пола. Од него ништо не барам. Си имам родители кои ќе ми дадат пола од се. Не ни сметам дека земам од брат ми, затоа што тоа брат ми не го стекнал, туку моите.
    Од свекорот и свекрвата не барам ништо - ако му дадат на мм, ок за него.
    Јас ако отидов во нов дом, не се откажав од моите. Затоа што имате вакви сфаќања има проблеми. Место да си барате таму кај што треба вие чекате од свекорот и свекрвата.
     
    На fairy88, Bozica1980, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.079
    Допаѓања:
    77.053
    Пол:
    Женски
    Јас сум женско нели,се омажив и сега 25 години сум закована да плаќам рати(стамбен кредит) па сакам дел и од моите и од неговите.И,без разлика што ете женските деца среќно ќе живеат цел живот со мажот,ама не се знае каде ќе живеат,можеби под кирија,можеби со стамбен кредит како мене а можеби и во заедница па затоа треба да им се даде,без разлика што е женско и што цел живот ќе го помине некаде со мажот.
     
    Последна измена: 24 јануари 2016
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.079
    Допаѓања:
    77.053
    Пол:
    Женски
    Е,сега веќе се разбравме.
    А,друга една работа,без лутиш само.Збориш дека мт дал одредена сума за доградбата а сега станот се води на старите негови.Ете тука лежи проблемот.Он уште тогаш требало да си реши со документи за да му биде мирна глава дека во иднина ќе има кров над глава.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.045
    А размислувате за доживотната издршка?
    Кој ќе го прави тоа?
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Ova kako mene da me opise.znaci vaka, brat mi familijaren zivee u stranstvo arno ama se rodi bebe se isplasi deka nema da prezivee se spakuva se vrati so cel moite da go prodadat stanot i da izgradat kukjicka.jas imam kaj da ziveam, ama pari na strana nemam a i da se razvedam posle toa neam kaj da idam.del ne pobarav rekov gradete pravete ne vi baram nisto bitno mi e sto ke znam deka moite ke bidat pokraj nego.arno ama pusti roditeli ne se slozija, rekoa deka i mene ke mi dadat nesto paricki.e tuka brat mi skokna pa zosto na mene, pa jas sum gore dolu dobro situirana i red drugi raboti, dojde duri i do kavgi i zamerki, nemalo da mu stasaat pari, a imase zasteda od sto rabotel tamo ama ete makotrpno gi zarabotil i ne mu se trosele.epa sea sebicno ama preminav i preku toa.i taka posle mnogu zaebancii si gi spakuva kuferite i se vrati nazat, prezivea pa duri i si kupi stan tamo.normalno so kredit ama bolje za sebe da plakja otkolku kirija.ne se lakomam sekogas sum gledala sama da stvoram da napravam, i jas sum so krediti ama pa dobro e sto mozeme da gi zememe, nekoj i ne moze.
    Ete toa e po smrtta na moite stanot ke se deli na pola.