@ivi1987 еве што сум напишала .. Немој да ми ги испревртуваш зборовите дека со маж ми не сакаме со прст са мрднеме ..
Баш тоа и реков во еден од постовите - снајките ги прават збрките затоа што не си бараат од родителите, туку од кај мажот бараат/чекаат. Истото се докажува и на форумов.
Со извинување аѓа Ти се правиш глупава или си ? Или стварно не сваќаш и зборуваш од памет .. Девојко или што и да си .. Пишав горе дека не сакам ништо .мене ми е проблемот дур застанеме ние на наши нозе да се снајдеме со работа и се ќе средиме а после ако сакат нека му дадат ако не нивни проблем.. Никој не рече дека сакаме на готово се ..
Јас убаво памтам ти кога пиша дека твојата золва има многу па затоа свекрвата не треба на неа да и даде ништо пошто вие немате и сте за греота а притоа дека никогаш таков муабет не се свртел кај вас дома туку ти си го имаш стравот во иднина да не се случи такво нешто а сега па го пишуваш ова дека сакаш да стекнеш нешто свое и дрн,дрн.Ти гледај сега што е и како е а не за во иднина што би ако би...
Ја замолувам @RainBow бар да почне да опоменува тука,зошто некои очигледно незнаат да комуницираат па вреѓаат.
Ама стварно си пишуваш како ти одговара на тебе бе! Не ли прочита дека и тие вложувале во тој еднособен стан, дека девојката дава пари за цела фамилија? И да, ПРАВИЛО е да добие повеќе тој што ќе се грижи за старите повеќе! Обврска се и тоа голема кога ќе залегнат, имаме сега во моментот таков случај и многу убаво гледам колку мачни се за гледање. И не пиша дека золвата има многу, и не пиша дека не треба свекрвата на неа да и дава, туку дека мисли дека е доволно што и опремиле две соби и тоа со кредит за кој и таа сега плаќа. И стварно па ај кажи ми убаво ќе ти е тебе да ти крадат од поклоните од свадбата?! Мене не и и јас би се пожалила, па макар и лажиче ми зеле! Многу бе ти сестрана, ајјјј. @ANGIE1 ситуацијата воопшто не ти е за потценување. Седни со маж ти и сериозно зборувајте и не да ни даде Господ дечиња па ќе мислиме за станбено да се обезбедиме, туку СЕГА, ОДМА тоа да го смислите, па деца пак нека ви даде Господ колку ви душа сака. НЕ СИ ГИ ТРОШИ ПАРИТЕ во отплаќање на туѓи кредити, свој си отплаќај за кров над глава!
Фала и за "застарените сфаќања" . Јас пак не мислам дека ми се застарени, туку човечни. А според твоите "модерни" сфаќања ЕДНОСОБНИОТ стан треба да се продаде (многу пари за делење, нема што, а и сите живееме во Скопје па и продажбата оди лесно како песна) за да може ти да си платиш ратата и во меѓувреме да си живееш во ТВОЈОТ стан. А брат ти со фамилијата нека се слика со парите од половина еднособен стан. Аа, да, заборавив дека треба да си испоти газот за да си спечали. Мојата логика е како и логиката на 80% од населението во Македонија, а тоа е дека ќерката оди кај мажот да живее, а синот носи снаа дома. Ама и јас не знам што се замарам да коментирам тука кога имам една сестра, а маж ми е сам. Фала Богу .
Мојата приказна беше за моите поклони .. Подоле во еден пост пишав не ме чуди ако го дели сега и станот... Муабет за делба нема домаа .. Тоа го напишав бидејќи ја познавам свекрвата .. И одма доле почнааа муабети ќерката има право ќерката ова онаа .. Јас ви објаснав каква е ситуација .. По незнам кој пат ќе пишам има и што ме сватиа има и што не ме сватиа .. Мене мие сеедно секој си знае дома какво муе .. Кај секого е различно .. Сакам да ве замолам да се затвори темата за мојата делба .. Се се кажа готово .. Веќе нема да враќам кои и да ме цитира.. На советите ви благодарам
Јас прашав дали золвата давала пари за градбата на станот. Немаше одговор. Претпоставувам дала и таа.
Јас не би вложувала во нешто што знам дека не е мое и незнам дали ќе биде.Затоа постои стамбен кредит или кирија а не заедница.Јас живеев во заедница и да,пола поклони отидоа кај свекрва ми и девер ми па не паднав у несвес ама после некое време пошто веќе заедницата ме гушеше,една година негде си отидов под кирија па после ете стамбен кредит земавме и тоа е тоа.А друга една работа,чување стари кога ќе залегнат не е за да ми следува се зошто сум го чувала туку тоа е грижа за родител,човечност се вика ако не си чула.Мајка ми ја чуваше баба ми на два пати кога залегна па не доби ни квадрат,се остана на вујко ми.На мајка ми само и падна тешко и криво зошто не е поделено на двајцата ама ете така решила баба ми и она не се искара со вујко ми,останаа во добри односи. А на дотичната никој не и ги украл поклоните,туку она си ставала поклони во две купчиња,што може да се дава а што не и после цацко крив.А и муабетов,мислам,золвата живее во странство,незнае колку пари има,има два стана ама и дошло до ламбата на дотичната па си ја земала.А тоа што она плаќа кредити и вложува во станот кој не е и не се знае дал ќе биде некогаш нејзин сама си е крива.
Маж ми има сестра, а јас имам брат. Се разбира дека нема да ми биде сеедно ако препишат нешто на золвата бидејќи од кога се земавме имаме инвестирано јас и маж ми околу 10 000евра на реновирање на куќата(нашиот спрат) и дворот. Поголемиот дел од тие пари ми беа од моите родители (половина) и секако дека нема да ми биде сеедно во нешто што моите родители и јас сме делеле од наш џеб да припадне на некој друг. Се разбира тука ми се старите и јас планирам да ги изгледам и се разбира дека на синот треба да му препишат се. Ако мислат они поинаку слободно некадојде золвата и нека ги гледа ас нема да мрднам со прст. А на брат ми се разбира дека нема ништо да му земам ако моите решат дека треба се негово да биде,мене доста ми помогнаа и благодарна сум и на тоа... Но, доколку сакаат да ми остават и ако се упорни дека треба да земам нешто од имотот со прашање на брат ми ќе земам.
Леее престанете со безвезе муабети. На тема за поделба на имот,влегоа и поклоните на снаата кои завршиле кај золвата.Тука снаата има право да се лути ако не била прашана. Значи ги знам две вакви "снашки" едната ми е во фамилија а другата ми е пријателка.Повампирени се по имотот на мажите.Двете се омажија во богати фамилии и се понашаат како тие да ќе одлучуваат што на кого ќе се дели.МИ СЕ ГАДИ ОД ВАКБИ МУАБЕТИ.Толку од мене...чао на темава.
Ќе и' дадат кога ќе биде син и донесе снаа дома . Не знам зошто не читате до крај и испревртувате зборови, ама ај и така ќе одиме во Канта . П.С. Ако донесе сестра ми домазет, слободно нека препишат се' на неа. Задоволни? .
Замисли и јас имам сестра ама се нервирам за поделбата на синови и ќерки како еве ти што викаш дека ќерката оди кај мажот,а синот носи снаа дома и автоматски се треба да му припадне на него.Тоа било на времето,сега веќе ретко кој живее така.И да,треба секој да си го испоти газот и да си дојде сам на нешто свое па после да нема колење и тепање за еднособен стан.
Како бе тоа ќе ги гледате само ако ви дадат нешто?! Овој дел не го разбирам?! Зарем грижата само преку материјалното се гледа.. ццццц
Убаво кажа @ivi1987 сте останале заробени во минатото кога се се давало на машкото, само затоа што е машко. Какви двојни стандарди имате... со сестра делам, од брат не земам. Ццццц
Е тоа е друго веќе. Уствари, сега ќе излезе сите инвестираат во еден еднособен стан, што е премногу. Па не е палата. Инаку, јас сум поделбата да се врши по принцип да добијат повеќе оние/оној кој СТВАРНО ќе се грижи за старите кога ќе дојде ред. А не синот ќе се грижи по дифолт (ама и нема да се грижи), тој ќе си лапне куќа/стан, а другите ќе трчаат кога ќе згусти. Ете тоа се случува сега со братот на мајка ми. Тој толкав спрат, дедо ми долу да пцовиса нема која чаша вода да му даде, сите трчаме, тие си кулираат кафе си пијат на тераса а ние на болница го носиме. А мајка ми и сестрите немаат никаков дел од куќата и другиот спрат ќе е на него. Старите се криви за се во суштина, сите збрки се од нив. Не гледаат што се случува, се водат по тоа што останало од на дедо Ное времето.Ами ако е син не моча боза бе! Ако јас не му требам тој мене ич! Реално, овие моите не ни тражат, сите сме ситуиранi станбено колку - толку и стварно сите му даваме внимание од почит а не од интерес, ама ете овие па што стварно се добиле не се засегнати воопшто и тоа не е ОК според мене.