Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.079
    Допаѓања:
    77.053
    Пол:
    Женски
    Потпис ставам на ова.Е до таму се отидени луѓето,за жал.
     
    На bittersweet и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Јас од толку многу цитирања не го видов твоето што со прашала .. Еве уште тебе ќе ти одговорам .. Во изградбата на станот свекорот и свекрвата што си има тргнато на страна си ги вложиа .. Јас работев и маж ми работеше што сме спечалиле нешто кога фалеше ние дававме ... На страна што во таква ситуација со големи трошкови не ти стига платата на свекрвата за сметки за ќириа за јадење .. Золвата не беше вработена .. Ако се рачуна во тоа дека штедевме сите да штедевме . ама ние и штедевме и даваме пари . Кога се вселивме се вработи од платата неможам да се жалам ќе купеше за дома за јадење или што било ако требало пари за нешто ако немаше маж ми да даде или јас или таа ќе дадеше . после година дена таа се омажи .. И се направи и свадба и се што требаше . тоа е се ...
     
  3. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.834
    Допаѓања:
    109.250
    Пол:
    Женски
    zamislena-zena-misla-grizi-300x169.jpg

    На крајот од денот секогаш ќе има некој незадоволен од било каква поделба и некој ќе се почувствува оштетен 8)
    Поделбите секогаш зависат од многу фактори, џабе се докажувате :angel:
     
    На mami blue, galapce, promeneta и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    И заборавив прозори врати . подот .. Се тоа е наше заштедено и вложено ..
     
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.079
    Допаѓања:
    77.053
    Пол:
    Женски
    И на крајот испадна дека и золвата учествувала и вложувала за станот ама сега пошто е туѓа куќа и има многу и незнам што не треба ништо да и се даде.Ете ова сакав да се знае дека сепак снаата го има она мислење,дека се треба на синот да му припадне.
     
  6. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Те замолив фино лепо да не ме цитираш . тебе човек неможе да ти објасни .. Како што кажав не сваќаш .. Јас зборувам со кукла не со тебе .. .. Поздрав
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Енџи, сте требале да барате на ваше име да се води имотот ако сте вложувале. Јас не би давала вака пари, ветер во магла. Место за еднособен стан сте можеле учество за стан да дадете. Штознам, јас така би играла.
    Од друга страна, двата стана на золвата не се нејзини. На мажот се. Освен разговор со сите од фамилијата, нема излез од ситуацијава.
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Кукле јас кога дојдов се беше испланирано дадени пари .. Почнато да се гради .. На име на свеки .. Свеки не паси трева .. Не ја знаете мојата што итра е .. Ама тоа е пак ќе кажам ќе си биде се .. Млади сме ќе работаме ќе сработаме нешто .. Тоа е.
     
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    135.184
    Пол:
    Женски
    Родителите треба да поделат меѓу децата се што имаат на еднакви делови, а дали некое ке земе помал или поголем дел треба тие меѓу себе да си се договорат. Исто и децата треба заедно да се грижат за родителите пошто не се тие родители само на едниот.
    Ако јас успеам да стекнам доволно имот, а сестра ми да има само една соба или многу мал простор секако дека ке и го отстапам и мојот дел. Факт е дека тој што останува во куќата повеке ке се грижи за старите, нема ваљда ако им дал едниот ден ручек утредента да ме чека мене да однесам па каде и да живеам. Ама со ствар на договор се решава и тоа.
    Е сега има неразбрани суштества шо гледаат се во нивна корист да биде. Mаж ми и брат му имаат по 3 соби од нивните родители кои живеат во помала куќичка веднаш до таа куќа. Коа ние си заминавме јатрва ми беше радосна што ке има соби плус. Ај рековме нека ги користи ма да реално ни и требаа, имат само едно дете, за 3ца луѓе 3 соби се повеке од доволно. Се мислевме дури и да им ги отстапиме тие соби засекогаш, демек ете ние се снајдовме, се тргнавме, нека си живеат тие на раат. Правиме нешто муабет за делба на имот дотичната кажа дека ке си бара дел од брат и кој живее у двособен стан со нивните родители. И тоа еднаков дел. Е тогаш ни пукна филмот и кажавме дека ако сака да ги користи собите ке го платат делот на маж ми, ако не ке си стое заклучен. Куќичката требаше да биде на оној кој ке се гриже за старите, ако се грижат двајцата тогаш ке ја делат. За што и да им треба на старите, било да се однесат на болница, било да им треба некаква услуга оде маж ми, девер ми мува не го лази дека треба да им помогне. А тие секој ден дете им чуваат, свекрва ми им средува дома коа се на работа, им помага на секој можен начин. Јас не сум ја викнала ни едно перде да ми закаче, немам ни потреба. Ама како на такви што не заслужуваат да им отстапиш дел.
     
    На okcenzi и ANGIE1 им се допаѓа ова.
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Колку напорно и компликовано за читање еј! Воопшто комплицирани се фамилијарни односи и сметки и пресметки.

    Трособен стан во Кратово пример ќе го продадеш за бедни 20 и нешто илјади евра, замисли еднособен тогаш.
    Што ќе прави некој со тие делени пари? Да планира нешто конкретно не може, ни учество ни ништо. Може една половна кола да купи. Ај макар и тоа.

    Моите се од тие "затуцани" балкански размислувања.
    Татко ми има брат и сестра. На тетка ми ништо не е препишано бидејќи е женско, фала Богу па имуќна е сега. Од двајца браќа, од кои еден живееше во истата куќа, никој не ја гледаше кога беше болна, туку тетка ми доаѓаше од друг град да и готви и да и помага. И ништо нема добиено. Ама никогаш не пререкла.

    Стриц ми газеше преку мртви да се докопа до огромната куќа во која татко ми вложуваше најмногу, накрај му ја препушти, се отсели, оти ете му е битен тој момент да има брат, па не битно колку пати го поткопал во животот. Глуп човек ќе рече некој.

    Јас имам плус два брата, никој никогаш не зборувал за оставање, а има татко ми имот, ама се сомневам дека лично мене татко ми ќе ми даде нешто. Бидејќи е сеуште во тој "затуцан" менталитет. Јас сум женско и сум мажена |(
    Можеби накрај ќе препише нешто на некој од внуците, така на муабет имаше спомнато, (ама вероватно машките внуци само), вклучувајќи го и мојот син, ама мене лично сигурно нема. Иако јас сама им префрлив моето несогласување со такви ставови :D
    Сигурно не ме разбраа што сакам да кажам, ама не ме ни занима.

    Криво ми е, не дека не, затоа што не се согласувам со тие размислувања општо за сите, кај сите. Не е праведно според мене ама според некој друг јас сум мажена и автоматски сум дел од оно во бракот.

    Ама тоа ќе биде негов/нивен избор и како и да испадне јас нема ништо да кажам или прокоментирам на браќата. Наздравје нека им е и нека бидат среќни, тоа од целото срце посакувам.
    Освен ако тие не се "смилуваат" нешто :D
    Еден можеби и ќе се "смилува" па ќе му текне на правдина, друг тешко оти жена му, те.снаата ми е страшно прорачуната 8)
    И тоа.

    Што можам јас да направам и да променам? Ништо.
    Ќе се помирам со тоа, ќе си живеам мојот живот како и досега, ќе се надевам дека Бог ќе ми отвори врата од некоја друга страна. Ако таму не е фер, ќе излезе од друга страна нешто, како и многу пати во животот ми досега.
    Секогаш ми беше надоместено од друга ( најчесто неочекувана) страна.
    Па ќе бидам задоволна :D
     
    На Rebecca_R, mami blue, Tanjat78 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Не знам како влегов во овој магичен круг на објаснувања, ама го почнав орото, па ќе играм сега :).

    Јас пак сите што ги знам живеат така. Можеби до мене е :^).
    И да, треба да си го испотиме газот, ама некои и со потење на газот пак се без ништо (едноставно немаат среќа).


    Од една страна пишувате дека ќе земете дел од братот, оти ако се' е на братот, тоа значи дека помалку вредите како ќерки.
    Од друга страна зборувате дека не се гледа грижата преку материјалното. Стварно?

    Не се двојни стандарди. Не знам што не е јасно. Ако имав брат и остане со родителите, ќе биде куќата/станот на него. Исто и за сестра ми.
    Секако тоа важи кога и нема што многу да се дели (веќе го пишав тоа, ама кој да прочита).
    Исто сметам дека тој што се грижи за родителите треба да добие нешто.

    И на крај, пак ќе кажам, секој тргнува од своите размислувања и лично искуство. Милион људи, милион чуди.
    Поздрав :)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Епа тортата да се дели на пола, а мењавањето пелени на старите да остане на едниот мало морген... Не е некој будала.
    Ако веќе се реши брат ми да ги дочува неможе јас да му зимам дел кога сите знаеме како е со стари колку е мачно и колку обврски излегуваат, како деца се па и полошо.
    Здравје ако крене раце и отиде во странство или се одсели во друг град се разбира дека јас ќе ги дочувам и дека нема право да бара ништо.
    Јас се сложувам да ги догледам старите на маж ми, но ако поделат на пола со сестра му по пола и ќе им плаќам во старечки дом....
     
    На Rebecca_R, Victorian и Sesil им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.921
    А колку знам што живееле и живеат со родителите и тие деца им гледаат, сметки им плаќаат, јадење, облека за деца, пари за на училиште...се од нив. И на крај си умреле лесно од нога, или се грижеле овие за нив неколку месеци пред смрт, па ајде се препишано на нив оти со старите се. А кој кого гледал дваесетина години очигледно е. И што е тука фер? Додека другиот брат или сестра сами живеат но без никаква помош, на крај не добиваат ништо оти овие другите се измачиле многу со старите, немој.
    Разни ситуации и секој случај посебен е, ама оној кој е лаком и нефер нема да разгледува се' туку ќе се запне по некои правила или закони и ете ти кавга, оди па разбери се.
     
    На mssuniquee, Rebecca_R, okcenzi и 8 други им се допаѓа ова.
  14. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Јас па знам обратни ситуации кога синот се измачува со старите - пари за операции, болници и на крај старите умираат и оооп сестрата си бара пола дел, тогаш магично се појавува иако предходно ги гледаше по 15минути неделно...
     
    На Lilit, tessie и mareane им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.079
    Допаѓања:
    77.053
    Пол:
    Женски
    Можеби,незнам ама еве еден пример од мои блиски луѓе.Луѓето имаат и ќерка и син.На ќерката и плаќаат стамбен кредит за да не живее под кирија или во заедница а на синот му дадоа цел спрат за да си живее со жена му.И за двете деца гледаат исто,на двете им дадоа без разлика што се машко и женско.Јас затоа зборам и се иритирам кога гледам неправди кон женско дете.
    @ANGIE1 ова е јавен форум и штом си се осмелила тука да пишуваш треба да си свесна дека ќе имаш и истомисленици ама и луѓе кои нема да се сложат со твоето мислење и ставови па ќе ти одговараат иќе те цитираат,тоа на никој неможеш да му го забраниш,а ако некој не мисли исто како тебе,не треба да го навредуваш.Ако не ти се допаѓа моето мислење,прескокни го ама не се дрзнувај да ме вреѓаш и да ми забрануваш.
     
  16. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Јас те замолив не ти забранив ... А те замолив затоа што очигледно не се согласуваме и неможеме да се разбереме ги превртуваш моите зборови .. Тоа е се .
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @promeneta без врска ти е коментарот. Јас и денес кога немам ништо земено од моите (а сум во можност) им помагам. Не барам јас од моите ништо - јасно ни е ставено на знаење со брат ми дека се се дели на пола. Фала богу не ми ни треба во моментов ниту сметам на тој имот затоа што планирам моите да се живи уште долги години.

    @ocicka2014 во најголемиот број ситуации ќерката трча по старите, ретки се снаите. Баба ми викаше - блазе тие ќерка што имаат. При 2 сина, 3 внука и јас, мене ме бараа кога нешто им требаше. Не се удирајте во гради дека којзнае колку ќе помагате. На крајот на денот, може и нема да треба пелени да менувате и нема да имате мака со нив. Тогаш золвата ќе земе дел?! Таа е дел од таа фамилија. Таа од мајка и и татко и има право на дел, а ти немаш. стварно не ве сфаќам кога имате очекувања од свекор/свекрва. Сфатив дека си вложила во спратот, да го средиш за ти да живееш таму. Малку ли ви помогнале вас старите што ви дале покрив?!
     
    На ivi1987 и bittersweet им се допаѓа ова.
  18. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Мојот коментар е врз основа на тоа што ти сама рече дека треба да се дели се' на пола (материјалното да се дели), а од друга страна се чудиш дека грижата зависи од материјалното.

    Како и да е, ме радува што имаш можност да им помагаш без да бараш ништо за возврат и се надевам дека ќе се живи уште многу години :).
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Тоа што верувам дека треба да се дели на пола не е исто со тоа дека треба да се грижиме за родителите само ако добиеме нешто за возврат.
     
    На ivi1987, bittersweet и promeneta им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Анџи незнам како издржа и покрај толку твои испревртени муабети,пак да објаснуваш.
    Подобро ти откажи се,пошто секако зборовите ќе ти бидат прочитани на начин на кој како му одговара,само да биде дека неговото размислување е исправно а твоето не.

    А што убаво кажа,
    Леле ако и текне на свекрвата сега баш да го подели станот.
    Ако продолжи муабетот околу тебе,ми се чини дека и маана на плочките кај што сте реновирале ке ти најдат.

    Убаво рече Лилит,ќе се испотепаме за пари работава.
    Па размислување што ако се дојде до развод или којзнае уште што.

    Убаво е човек да е претпазлив и разумен,ама се има граница на не претерано.
    Ако спомнуваме примери колку па само луге од многу што мислеле и цепидлачеле од кај што не очекуваат без ништо останале.

    Секоја семејна приказна е различна. Дури истата сите од едно семејство не ја гледаат исто.
    А човечност во еден човек или има или нема. Се друго е за мачкање очи за сопствени скриени намери.
    А можеби и не.

    Крај краева имотот е нивен,не е до снаите. Дали се затуцани или не,тие имаат право како сакаат да поделат.
    Што ќе ми се судски постапки?
    Арно никој не ги споомнал пак устите од кои родителот крател за да изгради она што сакаме да ни подели.

    Човечето што се крсти.
     
    На Mariangel, LivingGlam и promeneta им се допаѓа ова.