Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Точно така.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.131
    Кај нас свекор ми и свекрва ми поделија тоа што имаа, односно заштедата, на четири делови.
    Со тоа што една четвртина доби синот, односно мм, една сестра му, а двете четвртини сами требаше да одлучат каде ќе ги вложат, па тоа го сторија со инвестирање во заедничка куќа.
    Предлогот го дадовме ние.

    Слушнаа дека ќе градиме па сакаа и они да живеат со нас, иако мм им рече доколку решат да одат кај сестра му не сака ниту цент, ама не, сакаа тука. Ок, луѓе сме, разбрани, ќе се договориме.
    Првичната идеја, односно предлог, на свекор ми беше да биде пола на мм пола на сестра му, со тоа што ние треба да им изградиме спрат од куќа да им го препишеме на нивно име, па после нивна смрт би ни останал во наследство. Според него тоа било праведно.

    Е сега таа половинка е 1/10- 1/13 од вредноста на куќата и секако е далеку помала од вредноста потребна за да се изгради нивниот спрат, значи секако ние би кофинансирале голем дел за нивниот дом да биде среден. За нас тоа не беше праведно/правилно...и на првиот предлог рековме не.

    Куќа секако ќе градевме, спратот , односно поткровјето, секако ќе го градевме, не зависевме од нив ниту финансиски ниту на некој друг начин а да се доведеме своја куќа да не биде 100% на наше име и во иднина наследно--правни караници, на готово да си правам вересија не фала...

    Си се поштуваме и си имаме многу добар коректен однос ама некои работи мора да се разграничат и да се седне на маса и да се направи асален муабет.
     
    На fairy88, joy1, mssuniquee и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.747
    Допаѓања:
    172.962
    Пол:
    Женски
    Хух:sweat::whew:

    Татко ми има две сестри и еден брат..Сестрите се омажиле и се иселиле, братот исто, татко ми исто така.. Мајка ми не ја сакале ич, не била македонка (грчко потекло има), била многу приврзана за мајка и и татко и (кои не живееле во ск) и 300 други маани.. Не ја сакале ни снаата од другиот син..
    Старите останале сами да живеат.. е арно ама се разболела баба ми и каде ќе ја носат, па нормално - кај мајка ми на работа (иако една од ќерките исто во болница работеше) ... Па мајка ми се тресела врз неа 24/7 .. Кога ја пуштиле дома ќеркиве еднаш само отишле да ја видат, а татко ми секој ден..
    По кратко време се знаело дека кај и да е ќе умре, аманет му оставила на татко ми - да ги чува сестрите како знае и умее..па си умрела. Татко ми го организирал цел погреб, од купување на 2 гробни места во Бутел до мермерот и цртачот.. Другите со рацете во џеб..
    По некоја год и дедо ми се разболел и го однеле кај ќерка му во таа болница, неа и ѕвонеле ама таа била зафатена, па пак моите трчале.. Умрел човекот по некој ден и само мајка ми успеале да ја добијат и тоа на работа. Оваа па испаничена ѕвонела кај ќерките, па добила одговор - е добро де, што ако умрел?!(facepalm)
    Целиот погреб пак на грб на татко ми .. И кога дојде да се дели имотот, го поделија на 4, сестрата му побара заем на татко ми за да купела стан и еве 20год подоцна таа има стан а татко ми празни раце.. За таа истата во состојба беше животот да си го даде во неколку прилики, а госпоѓата кога стана баба ние разбравме од колегите на братучед ми неколку дена подоцна и тоа сосема случајно(facepalm)
    Лани ги поделија и гробовите, вртеле паричка и татко ми изгубил|(


    Не дека ве интересираше, само сакам да ви кажам дека нема ништо фер во животов.. Вие гледајте си за себе, затоа што браќата и сестрите кога станува збор за имот, во состојба се очите да ви ги извадат...
     
    На fairy88, eli25, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  4. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    7.332
    Brakata i sestrite se vo dobri odnosi se dodeka ne se deli imotot. Pri podelbata sinovite se rakovodat po nepisano pravilo deka avtomatski se gazdi na imotot zasto taka se vospituvani od malecki. Za zal i kerkite mislat deka e toa pravilno i bo svoeto novo semejstvo gi pravat istite greshki. No sto ako ne uspee brakot...i ostanat na ulica? Zenata ima pogolema sigurnost vo zivotot ako ima svoj krov nad glava i znae sto i da se sluci ima dom. Retko koj brat vo takvi slucai ke otvori vrata i ke ja zastiti, i da saka ne smee od snaata. Ne treba nitu eden roditel vo kolku ima moznost da ostavi nepravda i gnev vo decata i idnite pokolenija poradi imot. Jas nikogash ne barav tugjo nitu cepidlacev za imotot no samo ostaviv zakonot da se sproveduva. A tie sto mislat deka ako se otkazat od imot vo korist na bratot ili sestrata nemojte da ocekuvate poveke vnimanie i ljubov od niv.Za tri dena se zaborava se.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Пред да почнам, сте можеле да ме читирате или означите.

    Не знам што толку се фативте за конкретниот мој случај, ама ајде еве ќе дообјаснам. Значи договорот со татко ми е постигнат на маса, со разговор и договор. Тетка ми потпишала и доброволно се откажала од тој имот. Таа во тој момент можела да каже дека сака и таа дел и дека ќе доаѓа да го чува дедо ми. Договорот за доживотна издршка е усмено кажан, пред целата фамилија, не е заверен кај нотар. Тетка ми не е оставена без ништо, финансиски е помогната, иако имотот остана кај татко ми.

    @okcenzi спомнала дека некоја од вас пишала за лековите дали се купени од пензијата. Епа за да чуваш болен човек една пензија - не е доволна. Освен лекови потребни се и мнооогу други работи како такси или гориво за кола, болнички трошоци, посебна исхрана, памперси, топла вода 24/7 и ред други работи.

    Погоре кажав, тетка ми е помогната финансиски, во ниту еден момент не е третирана како 13то прасе или персона нон грата. Тоа вие мноооогу погрешно го разбравте. И покрај тоа што таа финансиски е помогната, таа сепак, од, за мене, непознати причини доаѓаше во кратки посети.

    Па и татко ми сосема ја оставаше фамилијата, влезовите ни се посебни. Исто, погоре објаснив дека тетка ми во даден момент не се лутела на таа одлука, туку ја прифатила.

    Во брак нема мое - твое. Денес, во куќата која татко ми ја наследил, вложува и мајка ми, бидејќи тоа е нејзин дом.

    И родителите на татко ми и родителите на мајка ми направиле куќи. Ама не куќички, туку едната е куќа на два спрата, другата на три. Сите биле работници, немам судии или директори во поблиска фамилија.
    Сум кажала јас и претходно дека работам и многу добро знам што значи да имаш свои пари, колку тешко се заработуваат и колкава е нивната вредност денес.
     
    На *Amethyst* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам малку надвор од темата и Ребека знам дека ти досади да се збори за твојов случај, ама само сакам да кажам две работи во врска со дискусијата од претходно:

    Договор за доживотна издршка се склучува само писмено и се заверува на нотар или суд. Не го знам целосно твојот случај и не разбрав на кој начин тетка ти се откажала од наследството, ама за договорот спомнат погоре, може и проблем да ви направи ако сака.

    Сепак, во брак постои мое-твое, односно посебен имот на брачните другари, во кој спаѓа и имотот што се стекнува по пат на наследување.

    Ја разбирам јас целосно ситуацијата, ама пред суд кога ќе дојде работата, законот друго вика. И заради ова настануваат делби на семејството, караници, тепачки, не дај Боже и нешто пострашно (а се случува и тоа), па после фамилиите не сакаат очи да си видат. Нерасчистени имотни односи се многу лоша работа.
     
    На Nausicaa, fairy88, IronLady и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Znaci navistina se ke procitas na forumov..... Fala bogu imam normalni, zdravi, pravi, sovremeni roditeli koi bi go podelile podednakvo imotot pomegu decata nezavisno koj, kolku i dali ke gi cuval na starost......
    "Vo brak nemalo moe tvoe"!!! Ahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahaha
    Da ne znae covek dali da vi se smee ili cudi.
     
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски

    Погрешно се изразив кога реков "доживотна издршка", бидејќи тоа се заверува пред нотар и двете страни кои го потпишуваат договорот не мора да бидат во крвно сродство. Во конкретниот случај, договорот беше целиот имот да биде препишан на татко ми, со тоа што тетка ми писмено се изрази и потпиша дека не сака да земе дел од наследството и нејзиниот дел го остава на татко ми. Усмено на маса, пред сите членови кои треба да седат таму е договорено тоа што им одговарало на сите. Иако, дедо ми го имал крајниот збор, никој не е изоставен.
    Не знам точно што е потпишано, тоа се случи пред неколку години, јас ја кажувам скратената верзија. Целиот имот е на името на татко ми и сите имотно-правни односи се регулирани.


    Да, во прави си дека пред суд законот концизно ги има дефинирано имотно-правните односи и наследувањето, па да, имотот стекнат по пат на наследување е во сопственост само на личноста која го наследила, а не и на брачниот другар. Пак ќе кажам, во мојава ситуација, односите меѓу моите родители се во најдобар ред, затоа и така кажав.


    А за останатите членки кои рипнаа да судат и пресудуваат, можам само да кажам дека сите читаат онака како што им одговара. Не е прв пат да читам ваква дискусија, секој се фаќа за детали. Ете, дискусијата отиде до таму, како тоа тетка ми да оставала фамилија, а татко ми ѓомити лезетски терал.

    Ајде ќе се обидам да парафразирам. Тетка ми своеволно се откажала од грижата за родителите и од имотот нивен. Таа не е понижена, ниту ставена на второ ниво.
    Од моја гледна точка, чуден е моментот што, иако таа никогаш не побарала дел од имотот, своеволно се откажала од се, кај родителот кој ја израснал и и' пружил се', таа доаѓаше во кратки посети. Од таму, не би било фер таа да добие дел, гледано онака, единствено од финансиски аспект.



    Прво скокни, па кажи оп. Родителите БИ го поделиле имотот, ама додека тоа не се реализира, ти само можеш да се надеваш дека Би го поделиле.
    Инаку пред да се разболи, и дедо ми бил сосема нормален. Пресметлив - можеби, ама нормален, здрав и прав.
     
    На joy1, *Amethyst* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Vo proces na delba sme, i so glava tvrdam deka ke bide podelen podednakvo.
    Moite roditeli se krajno ogorceni tokmu od vakvite slucaevi kako tvojot, i ne sakaat svoite vnuci da ne si gi sakaat svoite tetki i vujkovci kako vo tvojov slucaj.
    Mozam samo da kazam tesko na onoj koj na stari godini ke bide odgleduvan samo poradi svojata materijalna sopstvenost.
     
    Последна измена: 15 април 2017
    На crimson и ilyan им се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Каков процес на делба? Процесот се неколку потписи и самата процедура е прилично кратка. Освен доколку стојат и забелешки и дополнувања, кому, како, што.


    Од каде знаеш дека јас не ја сакам мојата тетка? Јас сум во супер однос со неа, и со братучедите мои, и таа со татко ми.
    И јас го велам истото, тешко на оној родител кој ќе е одгледуван само заради наследството.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Procesot ne e samo formalnoto potpisuvanje nekolku livcinja hartija.
    Momentalno doodplakjaat stan za so se nego se zaedno da vleze vo formalnata procedura. Ali mislam deka nema potreba da se objasnuvam tuka na forumov :D
     
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Има мое-твое во брак. Заеднички стекнат имот е заеднички на брачните парови. Наследство не е имот стекнат во брак.
     
    На glosipgirl, Nausicaa, fairy88 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R што ти уствари очекуваш од жената. Си доаѓа на гости саат два, да си ги види родителите. За гости и видување толку време се издвојува. Си има кој е платен да им прави измет. Тоа е татко ти, а платен е со куќа. Он се сложил на тоа. Усмено или писмено договорено тетка ти баш си стои до договорот. Нит ви бара, нит ви смета. Почитувај го тоа. Зошто штом договорот не ви е на писмено, по смртта на дедо ти може она или некое од децата да си побара делче од имотот, кое со закон им следи.
     
    На Nausicaa, fairy88, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Тогаш не сте во процес на делба. Веројатно сте правеле муабет како ќе го поделите имотот.

    Да, објаснив погоре дека во моето семејство, односите меѓу родителите мои се одлични, па затоа и нема мое-твое.

    Не очекувам јас ништо. Муабетот ми беше дека не би било фер таа да го земе наследството оти доаѓаше на кратки посети. Исто, ми беше чудно што доаѓаше на кратки посети само, јер не беше занемарена или ставена на второ место бидејќи е женско. Договорот за "чување во старост" не е написмено, ама погоре напишав дека таа потпиша договор со кој се откажува од наследството.

    Како и да е, јас напишав едно, останатите, па и ти, сосема ми ги извртевте муабетите.
    За болдот имам само. :^)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Не се знае што носи животот. Наследство е правна работа, не е предмет на договор, заедничко нешто.

    Како и да е. Имаш нереални очекувања од тетката.
     
    На irena.1 и Zlatna12345 им се допаѓа ова.
  16. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Бидете среќни се додека не го лапне имотот некоја швалерка на таткото...
    Под имот подразбирам куќа трикатна во Скопје, Водно, стан во Охрид на Туристичка, апартмани за издавање и семејна куќа, три солидни возила. Јас и сестра ми со ништо.
    Шта чеш, живот...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Аман бе. Нели постои нешто како "нужен дел". Ти мислам правник си, сигурно знаеш како оди ова и подобро од мене.
     
  18. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се разочараш од многу работи сфаќаш дека ништо не ти треба и креваш раце. Само ете некогаш мака ми е....
     
    На okcenzi и kukla21 им се допаѓа ова.
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Пак ќе кажам, немам јас очекувања. Зборувам од моја гледна точка. И јас сум нечија ќерка и родителите ми се најбитните личности во животот, покрај брат ми и дечко ми.
    Тој дел "не се знае што носи животот" воопшто не е битен во овој муабет.
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Битен е. Затоа што "имотот на свекорот" што и го броиш на тетката не е нејзин. Дур нејзините родители имале едно дете, таа на улица ќе остане.
     
    На Nausicaa, Zlatna12345 и An-na им се допаѓа ова.