Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Iznenadena sum sto samo spomnuvate primeri kade na toj sto se odtapuva e masko, nigde ne vidov deka "smeelo" i bratot da ostavi na sestrata. A vikas deka edniot ke odi domazet? Kade? Na ulica? Poso neli po avtomatizam zenata ne dobiva nasledstvo pa me interesira kade ke odi edniot brat so zenata cij imot go odstapila na svojot brat. Ili ke bara BAS partnerka edinec?
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Јaс не велaм декa женaтa не требa ништo дa дoбивa. Oдaм пo твoјa лoгикa, небитнo мaшкo е или женскo. Вo случaјoт спoменaв еден дa oтстaпи дел кoгa се рaбoти зa мaлa куќa вo кoјa никaкo не е извoдливo две семејствa дa живеaт, a нa едниoт му се пoсреќувa дa имa пaртнер/кa кoј/a имa живеaлиште, другиoт немa. Пa пo дoгoвoр вo тaквa ситуaцијa се сoглaсувaaт едниoт дa е вo куќaтa oд рoдителите нивни, другиoт кaј пaртнеркaтa. Сo дoдaтoци некaкви кaкo пример плус пaричнa пoмoш, ниви, пa и дел oд куќaтa пoсле смрт...нивнo е кoј кoлку дaрежлив, a кoј кoлку пoпустлив ќе е.
     
    На *Amethyst*, Antebellum, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Ja razbiram logikata i drzi voda. NO za zal toa e toa sto vo praksa e nevozmozno. Sekoj saka imotot da e na svoeto ime, drugiot da se seli, sakal da si priznae na sebe ili ne. I tuka nastanuvaat problemite. Da ne pravam muabet za toa deka i toa zivealiste na partnerot za koe zboris, kolku i da si investiral i ziveel tamu ako partnerot eden den ti rece da se iselis ti ke se selis, ima zakoni za toa (osven ako imotot ne e steknat vo brak, no ja razgleduvame najlosata mozna varijanta).
    Zatoa najrazumno i fer resenie e sto i da e, kolku i da e malo da se podeli BRATSKI. Makar da se prodade i da se podelat parite. Samo togas imas dobar temel za dobri odnosi so bratot/sestrata!
     
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    172.968
    Пол:
    Женски
    Аман бе жени, хормоните ли ве мавнаа?!(facepalm)
    Се испокаравте за нешто што реално е приватна ствар..
    Не секој може на тапет тука јавно да си ги каже причините поради кои некои одлуки се донеле..
    Иако доживотната издршка беше главна тема на муабет, секогаш има одредени ситни причини поради кои одредени одлуки биле донесени..
    Многу во приватноста на Ребека имате желба да навлегувате ..
     
    На Annath, LivingGlam, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Dust токму така.

    Сите се дрзнавте да судите и пресудувате, измеривте и пресековте, а јас во неколку наврати објаснив дека по некоја случајност сите имаме каде да живееме, никој не се полакоми да дели на половина. И ете, повторно сите седиме на иста маса за празници а ова никогаш не било споменато како тема. Можеби тоа би било најфер решение, ама вие заборавате што уствари значи да се продаде куќа, некој да собере пари и да доплати на другиот за да биде се рамно-рамно.
    Заборавате и еден мнооогу битен момент. Зборите дека родителите ги делат децата, ама тоа што вие се лакомите, ама и покрај тоа што имате, убедени сте дека вие женски деца не смеете да бидете занемарени и треба да добиете половина од се. Тоа во мои очи изгледа вака: имате брат и од него барате пари само за да вие бидете испоштувани и третирани еднакво. Јас лично никогаш нема да го ставам брат ми во таква позиција.
    Прифатете го фактот дека според мене е фер оној кој ги дочувал родителите да добие, во најмала рака, поголем дел од имотот.

    И ти погрешно си разбрала. Не даде пари за лековите, дедо ми имаше пензија и најголем дел од пензијата ги покриваше трошоците. Не можеш да премериш до денар се. Јас сакав да кажам дека таа не отиде да ги купи во аптека, не отиде со него во болница, не дојде дома да го чува во текот на ноќта, сите активности за кои не треба пари, туку некој да биде присутен физички.
     
    На *Amethyst* и Antebellum им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.999
    Допаѓања:
    81.338
    Пол:
    Женски
    Ама зошто упорно велиш дека тоа е лакомење?!
    Не е лакомење ниту малку, туку секој си добива дел од родителите и има апсолутно право на тоа. Тоа што сум женско и што „ќе одам да живеам кај маж ми“ не ме прави нежелна да се грижам за родителите, ниту пак имам помалку право на имот од брат ми.
    Јас сметам дека секој треба да добие еднаков дел. Така направија моите со нас - секој си доби стан; така би направила и јас ако некогаш имам деца.
    Барем според мене, ако веќе се има услови за решавање станбено прашање, секој треба да биде подеднакво третиран.
    Мајка ми знаеше да рече - па јас жива би се изела ако едното дете по сплет на околности (развод, проблеми со решавање станбено прашање) ми остане „на улица.“
    Брат ми ќе ја добие куќата на моите, а баба ми ми остави во наследство стара куќа. И еве не знаев дека сум лакома што ќе ја прифатам, а веќе имам обезбедено живеалиште.
    Не за џабе се вика братска делба, не гледам логика еден да добие сè. Јас не би се откажала од даден имот и не е ниту аздис или инает, ниту лакомење во прашање. Заслужено ми е, а за моите - еден Господ знае дека ќе ме имаат на располагање дури сум жива и дури се живи и здрави.
    Малоумно и неблагодарно ми е да оставам на цедило родител кој ми овозможил сè што сум посакала.
     
    На Asparagus, Nausicaa, Bozica1980 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Имам и јас наследство од баба ми, ниту моите не ме оставаат на улица. Таман работа брат ми да наследи буквално се, а јас ич ништо. Да не ме разберете погрешно, родителите и мене ме сакаат, не сум лишена од љубов.
    Баш од причината поради која ја наведе ти погоре - не можеш да знаеш што носи животот . Ете моите направиле доволно, па иако брат ми ќе земе поголем дел од имотот, ниту јас нема да останам на улица. Куќава моја има два влеза, доколку немам јас наследство од баба ми, едниот влез би ми го препишале мене. Според законот би требало јас да земам еден влез, а брат ми половина од таа куќа на баба ми, наменета за мене. Ама јас лично не сакам да дојде до тоа, на три места секако не можам да живеам.

    Погоре беше разглобено прашањето дека се треба да се подели на половина. Мене зборот ми беше кога веќе има доволно, од љубов спрема брат ми, јас ќе попуштам. Во мој случај, по некоја случајност имот има доволно, и од моја страна, и од страна на дечко ми, и тетка ми има доволно, па никој со никого не се фатил за врат за пари.
    Имотот со себе, никој не може да го понесе. Ми пречи тоа буквално делење, та сте запнале пола - та пола. Имам право на тој имот, ама склоп на околностите е таков да јас не сакам да земам идеална половина.
     
    На Antebellum и CoCoGiiiRL им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.999
    Допаѓања:
    81.338
    Пол:
    Женски
    Имотот од страна на дечко/девојка си е негов и тоа е друга приказна. :) Тоа практично не е мое, мое е сето она што сум го создала сама или моите ми го овозможиле.
    И јас мислам дека сè треба да се подели на половина, барем така е најфер и најлогично. Дали ти ќе прифатиш понуден имот или не исто така е друга тема на разговор.
    Чиста сметка значи и долга љубов, па без разлика на тоа колку и да е доволно она што го имаме, мојот дел си е мој.
    Не е ниту себичност, ниту пак би си покажале повеќе љубов со брат ми ако еден на друг си попуштиме во однос на имотно прашање. И да, баш заради тоа што не знаеш што ти носи животот; не знаеш кога дополнителен имот би ти излегол во пресрет како кец на десетка во некоја ситуација.
     
    На Asparagus, Mr. Right, Zlatna12345 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Прашањето ти е "Зошто да го земеш твојот дел од брат ти?"
    Мој дел. Не од брат ми. Не го стекнал брат ми, ниту му следи по дифолт дека машко се родил. Тоа е имот на МАЈКА МИ И ТАТКО МИ.

    Тоа што е мое и на мм и мојата материјална положба не игра улога. На никој од уста ништо не му земам.
     
    На Asparagus, theowndemon, okcenzi и 7 други им се допаѓа ова.
  10. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.016
    Мене ми е чуден муабетот дека тие што се во куќата ги чуваат старите.А, додека старите биле здрави и помагале повеќе на младите во куќата одма се брише.Дали деца ќе им причуваат или сметка плус ќе платат.
    Ама не после се рачунаат лекарствата што треба да се купат и колку се треселе над старите.И секогаш за една година или последните неколку месеци чување од животот на старите едните бараат да земат се.


    Дрго исто ми е смешно кога кажат дека женското има куќа од мажот.Да де ама ако се разведат таа куќа на мажот е,не е нејзина.Она ќе лета на улица,а братот и снаата не вреувам дека би ја прибрале во тој случај назат...
     
    На Asparagus, theowndemon, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.243
    Пол:
    Женски
    Јас па повеќето што ги знам си живеат во свој стан/куќа ;) И јас сум меѓу нив. Не е лесно воопшто. И на нас парите не ни растат на дрва, просечни примања имаме, си кратиме еден куп луксузи за да си имаме сопствен дом. И да, тврдам дека барем 70% од младиве кои живеат во заедница можат да си го дозволат истото, ама послатка им е комоцијата со старите и можноста вечно да се жалат од нешто и се да не им чини.
     
    На theowndemon, Mishela, Zlatna12345 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Мене највеќе ме иритира таа фамозна реченица, зарем од брат ти ќе земеш?:@
    Не, не земам ништо од брат ми, си добивам наследство од родителите, мои и негови, нему ама апсолутно ништо не му "земам".

    Татко ми не не дели со брат ми, имам пишувано ради мир на мајка ми кога беше болна и и влезе во глава дека од кога ќе умре, татко ми ќе се прежени и ние двајцата ќе останеме на улица, ни ја препиша по пола куќата во која што живеевме. Ние сеуште ја рачунаме куќата како да е на татко ми иако легално е наша по пола, со брат ми сме се договориле со еден муабет дека од кога нема веќе да е со нас татко ми тој мене ќе ми ја плати половината по цената која што е моментално на пазарот. Не му земам на братми ништо, моја си е таа половина и нема зошто да не си ги земам парите кога веќе он сака да си живее во таа куќа, јас од тие пари половина куќа ќе купам на децата мои и ќе се знае дека им е од баба и дедо.

    Инаку со ово чување на старите|(кое не ретко е многу кратко време стварно се претерува, па едни се чувствуваат повластени за повеќе имот само затоа што ги однеле на лекар еднаш во годината.

    Што клетви имаме добиено со брат ми од вујна ми за имот просто да не му се верува на човек колку мизерни можат да бидат некои (не) луѓе.
    Дедо ми имаше куќа на 3 спрата, двата спрата ги препиша на вујковците а третиот си остана на него и баба ми, Кога го препишуваше имотот на вујковците, продаде друг помал имот и на тетка ми и на нас ни даде пари, на тетка ми 30 илјади евра, на мене и на брат ми по 20 илјади евра, кога рипна таа вујната да колне, што ќе ни се нас парите, ние сме имале, можел вампирот(facepalm)на син и да купел стан со тие пари, ние аир да не сме виделе, лакоми, вакви, такви и можете да си претпоставите што се не изнакажа.:x
    Истиот тој вампир|( скоро 30 години и плаќаше на дотичната госпоЖа сите сметки, вода, струја, дрва, интернет, телефон се беше на грб на дедо ми, госпоЖата уживаше во животот, секоја година три одмори, нови коли, нов мебел, облека со тони, место да се мисли дека еден ден и синовите и ќе бараат како она што бара, таа ќе колне зошто мака и е, три фамилии не ги бидува во 100 и кусур квадрата.
    Другиот вујко си користеше што плаќаше дедо ми се, поскромно живееше ама си ги обезбеди и синот и ќерката со по еден стан на страна, ниту он, ниту жена му не колнеле мене, братот и тетка ми, си створиле и задоволни се со тоа што им е пружено, помогнато.
    За чување, пак јас од другата страна на светот отидов да го чувам во последните денови од животот, платив и најголем дел од погребот, иако најмалку имам земено, почитот кон мајка ми така го изкажав, со уште поголема почит кон дедо ми.
    Болен беше 2 недели, толку време и помина во болница, сам се переше, сам си готвеше, чистеше, не дозволи ни снаа, ни ќерка да го "чуваат".
    Сега се тепа таа вујната за спратот на дедо ми, имавме и потпишано полномошно со брат ми дека им го отстапуваме нашиот дел ама бидејќе е крајно безобразна и нечовечна си бараме дел, да не исплатат ако го сакаат спратот.]:)
     
    На Annath, Asparagus, sanjaeva и 8 други им се допаѓа ова.
  13. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Убаво кажа @Dust погоре, имате свое мислење и го кажавте веќе на темава, продискутиравте со @Rebecca_R и дојдовте до заклучок дека не се слагате. Зошто имате потреба да навлегувате во лични работи и да барате отчет за нешто што не ве засега вас?

    Смирете ја малку топката бе жени.. ова во лично напаѓање преминува веќе. Пис аут ајде. :D

    Иначе конкретно на темава, мислам дека со договор се постигнува се. Затоа што секаде е различна приказна и нема две исти фамилии за да може да се дискутира што е исправно што не. Има илјада и една варијанта при делба на имот.

    Пример можно е сестрата во случајот да се има осигурано веќе финансиски и да не и се потребни додатни средства и имот, а братот пример да е чиста спротивност.

    На кого повеќе ке му биде потребен тој имот во таков случај? Јас лично ако сум финансиски осигурана и безбедна за утре ако недај боже се случи нешто, а брат ми пример ете е во далеку полоша финансиска ситуација од мене, би се откажала.
     
    Последна измена: 16 април 2017
    На Annath, Rebecca_R и Antebellum им се допаѓа ова.
  14. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    8.479
    Пол:
    Женски
    Ти ко да не разбираш македонски а толку убаво ти објасни. Кога се разболел дедо и татко и си се грижел за него а тетка и доаѓала на посета. Доколку било обратно тетка и ќе го наследела имотот. Не се работи за метеријална љубов туку се работи за искрена грижа. Нит украл од тетка и нит па ја прелажал. Дедо и сакал синот да го чува, ако сакал ќерката да го чува ќе си кажел.
    Да не дојде ден да треба да се грижиш за СТАР и БОЛЕН човек, нема потешка и потажна работа. Не можеш да му речеш ќе помине пошто со годините иде кон смрт, а да сме реални никому не му се умира. Не можеш да му речеш ќе помине телото му е ослабено и со неговото животно искуство знае дека нема да биде подобро. Ако е стар не е глуп!!! Чувај стари па дојди да правиш муабет. Не викаат за џабе стар чивек е бетер од дете. Не треба само ручек да му направиш. Тој човек пред некое време бил способен се сам да прави и многу е тешко кога ќе дојде ред некој друг да се грижи за него. Ај вака сврти ја работата татко и на ребека сега се грижи за татко му кој во скоро време треба да почине, добро бе не мислиш како му е на човек да го гледа таткото како умира? Зошто се низ призма на пари гледате? Јас сметам дека семјството на Ребека најсовесно си го исчувале дедото. Знам како е да чуваш болен човек. Мајка и на вујна ми починала од гангрена прочитај каква болка е тоа, не само за болниот туку и за семсјството. Ниту ден не ја дадоа во болница ама си доаѓаа нега колку да ја проверат. Пари немаше да им остави, ама имаше една целосно распадната барака и 80 квадрати двор... Болен човек и здрав човек не е исто.

    @Rebecca_R уживај не сте украле ништо туку се е чесно. Браво што се му помогнале на дедо ти има случаи каде ги фрлаат у дом или у болница под изговор дека немаат време и дека не можат да се грижат за болен човек. Само за убави работи да си се собирате во куќата.
     
    На Annath, Rebecca_R, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А ти разбираш дека родителите треба подеднакво да им дадат на децата?! Кој дел не ти е јасен дека двете деца треба да се третирани исто?!
    Очигледно секективно читаш. Пишав татко ми чува. Ама не се лакоми да зграби се. Пола него, пола на другото дете.
    Тоа што се грижиш за старите последните неколку години не ти дава право да зграбиш се што имаат.

    Едит. Таткото наследил имот пред дедото да се разболи. Тетката била 13 прасе години претходно. Изгледа читаш како ти одговара.
     
    Последна измена: 16 април 2017
    На theowndemon, Mishela, Zlatna12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Извини ама ако некој не го боли уво за родителот дека е болен, не заслужува ништо. Баба ми за прабаба ми се грижеше до смртта, а другата ќерка не се јави да прашА како е. Као си Имала други обврски жената со внуци итн. А пак доби дел. А не заслужила ни 10 денари.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Тоа е твое размислување.
    Ако вие сметате дека треба да мерите што се случува само во последните денови/години во животот, ок.
    Мене не ме воспитале така.
    Кај нас се дели на пола на децата. Ако моите не ме воспитале и не воспоставиле врска со мене, јас да се грижам за нив, туку треба да ме "купат" со имот, поголем неуспех како родител не можеле да имаат.
     
    На sanjaeva, malerozna, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    :clap::bow: Ova od vcera sakam da go kazam ama nikako ne mozev da go vklopam vo zborovi.
     
    На theowndemon, Mishela, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    А, ние штo ништo немa дa дoбиеме oд никoгo кaде дa се жaлиме?
    Блaзе си ви нa сите вaс штo некaкo ве снaбдиле. Пoсигурнa иднинa имaте.
     
    На Annath, theowndemon, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.164
    Ти домазет.
    Мала шала:hug:
     
    На Annath, eli25, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.