Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Дa бе, дoмaшнo живoтнo дa бидaм. :D
     
    На Dust, Annath, ♣ Alba Viduam ♣ и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Им го плесна сега на сите сегашни и идни домазетовци :^) :lol:

    Не се навредувате домазеровци, господинот само се зезаше... Не сте животни |(
     
    На Annath, theowndemon, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Мило ми е за кај вас. И кај нас се дели, не се секирај. Јас кажав дека другата ќерка мајката не ја прашала како е по телефон, а камоли да дојде. А тоа било и претходно кога била здрава, не само кога била болна. Што, баба ми немала обврски со внуците, само сестрата имала. Има и ќерки и синови што кога ќе се омажат, оженат не ги фермаат веќе родителите. Јас не сум таква, но има и такви за жал.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    8.493
    Пол:
    Женски
    Е кукле кукле ама дедото одлучил дека сака синот да го чува во старост и дедото одлучил дека имото ќе му го остави на синот. Значи дообјаснување кој печалел тој дели во случајов дедото. Ви кажа дека финансиски дел добила и тетка и. Не е ваша работа кој колку земал, нивни проблем. И оладете малку се испотепавте за туѓ имот од кој немате никаков ќар. На крајот на краиштата ако се колат, бркаат со секири по улици нивна работа. Им запнавте на луѓето ко од џеб да ви зеле.

    И за финансискиот дел малку. Во нивниов случај теретот паднал врз татко и. Дали знаете дека сметките за болен човек седено дали е млад или стар се огромни? Немој да ми се правите по форумиве милјаредери и да ми тврдите дека вие ќе се грижите целосно за родителите. Ако треба да ги носите по болници со нивна кола, да правите ручек со нивни пари, да плаќате сметки со нивни пари, да купувате лекарства со нивни пари не е помош. Бујрум направете ја следава математика на вашата сметка од дома плус нивната сметка од дома колку ќе ве кошта месечно и ај пишете дали можете да го поминете месецот. Ситуацијава во државава не е цветна. Јас немам пари за мене да преживеам да не дојде ден да се разболиме некој дома гревовите ќе ни ги гледаат комшииве. Толку сте уфилмани дека сите имаат пари тоа е чудо некое. Не сфаќате колку е сиромашна државава!!!

    Ајде сега да биде непријатна ситуацијата извади ги и ти сметки и да почнеме сите да ја анализираме помошта што ти им ја пружаш на твоите родители пошто нели парите кои тие ги печалеле ти бараш да бидат поделени еднакво. Ред е да видиме ти колку добра ќерка си. Нели треба да покажеш и твој пример??? Јас немам скршен денар да не е снаа ми јас по контејнери ќе барам храна. Мене снаа ми ме чува ко да сум и родена сестра сум каувала и претходно по теми. Треба да сфатите дека сите не се караат за поделба на имот. Во државава има луѓе на кои им е важно семејството да е заедно на маса а не имотниот лист. Кога ќе сфатите дека тој што дава одлучува кој како ќе добие тогаш судовите ќе се испразнат од вакви глупи спорови.

    За крај од мене на темава: родителот најдобронамерно навреме додека си бил здрав (значи при здрва свест и разум) си го поделил имотот на децата како тој што сметал. Вие на темата може да коментирате а не да навредувате. Кој печалел тој дели па ако сака и на комшиите нека остави. Кога е печалите вие и кога ќе делите на вашите деца она што вие сте го спечалиле тогаш вие ќе одлучувате кому што и како. Ете Есма целиот имот го остави на државава...
     
    Последна измена: 16 април 2017
    На Dust, Annath, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.338
    Пол:
    Женски
    Здраво 16ти век, дуго те није било.

    Очигледно секоја си коментира како и одговара. Ако јас сум родител, логично е да не правам разлика помеѓу децата и да понудам од тоа што сум печалела подеднакво на сите мои деца. Кое колку, како и дали ќе прифати е нивна работа, тоа на крај е ствар на договор. Тоа беше муабетот за кој се разви оваа дискусија, (не)делењето на децата меѓу себе.

    Ама тоа дека кој печалел тој треба да пресуди (очигледно во полза на „оној кој повеќе се грижи за старите“) е смешно, вака ни прабаба ми не размислуваше, а не млади девојки.
     
    На theowndemon, Zlatna12345 и kukla21 им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    @Antebellum а зошто мислиш дека ако се дели еднакво на децата дека нема да живеат веќе тие деца, дека ќе се потепаат или што и да имаше пишано?

    Јас со брат ми се сложувам и живееме како една куќа да сме иако и двајцата сме фамилијарни луѓе, не можеме да го замислеме денот ако не се видиме или чуеме макар и на 5 минути. Делбата на имот и на пари ни е 50/50, ние сеуште не сме дошле до тоа да го чуваме татко ми, тој уште нас не чува а има 67 години.

    Убаво кажа @kukla21 не мора да не поткупува татко ми со имот за да го чуваме ако дојде до тоа, доволно добро не воспитал за да знаеме дека семејството е секогаш на прво место.
     
    На sanjaeva, theowndemon, Zlatna12345 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @Antebellum пак ќе ти повторам. Чуваме стар човек т.е. татко ми чува. Дедо ми има пензија и доволна е за стар човек да се покрие. Се купуваат лекови кои најчесто не се на листа на фонд. користи и пелени. И не ми објаснувај дека тоа е којзнае колку пари ко да не знаеме. Многу пари чинело гледање стар човек! Повеќе е проблем времето, отколку парите.

    Туѓ есап не водам. Ни кај мм во овие работи не се мешам. На форум дискутирам на мислење на членка која мисли дека имотот на родителите е на машкото по дифолт.
     
    На sanjaeva, theowndemon, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    8.493
    Пол:
    Женски
    @bittersweet дедо и не ги поткупил за да го чуваат. Никој не сака ниту се надева дека децата ќе го носат по лекари, сите сакаме долга и убава старост. Е ама живот - рингишил не вози кај што нејќеме. Не знам како не сфаќете дека не се работи за поткупување така си одлучил. Дедото така сакал. Не е знак на себичност, не е знак на двоење, одлука е и најважно негова.

    @Mishela здраво боље сам вас нашао. (Српскиот позајмен од Бети Камчевска :rofl:)

    Женски нема старо време ново време кога се работи за туѓи пари. Кој како сака така ќе дели на децата/внуците/комшиите/којгоде... Ептен напнавте за туѓи пари. Едноставно е дедото решил ќе живее со синот, решил на синот да му препише повеќе пари, пошто живеат заедно синот го носи по лекари... Абе што не е јасно дека е ствар на одлука на дедото. Не можеш никому да му кажеш како да подели пари. Дедото при здрав разум го направил тоа значи така си сакал. Ако има и ако сака ќе даде, ако нема или не сака нема да даде толку е.

    Ај чао од мене.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Христос Воскресе дами мои.
    Лабаво малку бар денов.

    Убаво мажа феминката под мојот пост.
    Родителите се тие кои одлучуваат дали децата после нибната смрт ке јадат благо или клетви.
    Толку.

    Ви посакувам на сите да бидете совесни, фер и мирољубиви.
     
    На mira.mira и Antebellum им се допаѓа ова.
  10. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Ајде да ја размрдам темава можеби во малку поинаква насока.

    Ми треба мислење...

    Пластично опишано, имате имот на кој сте законски наследник (конкретно препишана 1/3 од стан (брат, сестра и татко) и еден од трите наследници на друг стан (сестра, брат и вујко), имате потреба од финансии (а кој нема?), меѓутоа ситуацијата е таква што станот кој ви е препишан стои без кираџии (значи немате приход), ниту живее некој во него, а сопственоста на другиот стан не е решена поради тоа што третиот наследник е во странство и ниту се изјаснил што и како понатаму. Едноставно ситуацијата е кога не знаете на што сте и што понатаму.

    Дали би иницирале продажба на станот, барање на сопствениот дел од истиот, иницирање на решавање на наследството на другиот стан, земајќи ги предвид фактот дека од смрта на оставителот има поминато половина година, ризикувајќи роднините да не ве прогласат за материјалист и алчен?

    Плус ќе додадам дека на останатите сопственици им е решено станбеното прашање, и мене ми е решено не дека сум оставена на улица, живеам во стан на сопругот (всушност сеуште е на име на неговите).
     
  11. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Zborite deka vo semejstvo najbitno e razbiranjeto, dogovorot i slogata a tie vsusnost najcesto se naruseni koga decata ne se tretirani 50/50. Bozem nie sto sakame ednakva delba toa go sakame za ocite da si gi iskopame so brakjata i sestrite a ne obratno.
    I tuka diskusijata e za delba na imot pomegu decata, ako nekoj iznese svoj ili necij drug primer ne moze da ne ocekuva deka toj ke bide prokomentiruvan. Mene nicij licen zivot ne me interesira od clenovive tuka.
     
    На theowndemon, kukla21 и Mishela им се допаѓа ова.
  12. Simeon-Simo

    Simeon-Simo Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Машки
    Не можеш да иницираш продажба на стан на кој имотно правните односи не се решени, никој бидала не би ти дал толку пари за стан за кој немаш имотен лист на твое име. Доколку мислиш на иницирање на продажба внатре во семејството да разговараш со останатите да заеднички го продатете тоа може ни и во тој случај ќе треба да потпишат сите наследници. Сали излегуваш себична и матрејалист тоа е дискутабилна категорија и секој има право да мисли што сака, но од правен аспект така стојат работите.
    Доколку не се согласат иако е едниот во странство можеш да иницираш поделба за да си го добиеш твојот нужен дел и доколку не се изјасни поинаку и тој што е во странство по автоматизам си го добива својот дел, затоа што на суд се смета ддоколку не се откаже дека бара да го добие својот нужен дел.
    Е сега се поставува прашањето која е ползата од таквата поделба кога ниту ќе можеш да го продадеш твојот дел ниту да го дадеш под кирја, единствено ако некој од останатите сопственици сака да го откуши твојот дел па така да имаш некаква полза.
     
  13. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Како што кажав едниот од становите е на мое име со имотен лист.
     
  14. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ne razbrav mnogu, mnogu, ama ajde sto razbrav, razbrav.

    Sekoj zatvoren stan ima troskovi. Znaci nikoj da ne zivee pa pak troskovite tecat.
    Imate clen vo stranstvo koj ne se izjasnil sto ponatamu, ne e nisto stramota da se prasa.
    E sega toa e delba na tri dela od koja nema nekoja para (verojatno ne e toa kralska palata), moe mislenje e deka toj sto e vo stranstvo bi trebalo da se otkaze vo koris na drugite dvajca.
    Jas ne bi se brukala da baram zosto koga ke se podeli na tri dela i pretvori vo druga valuta mozda ke ostane samo karburator da si kupi (toa e karikiranje). E sega za malku bruka da se pravi nema logika.
    No bi pobarala od drugite dvajca da mi dadat nesto sto ima od stanot, od pokuknina bilo toa da e lazica, tendzere, pokrivka... Sto da e za spomen zosto ne ima i takvi koj od spomeni ziveat.

    Sega da objasnam da ne dojde do nesakani napadi.
    Toj sto e vo stranstvo moze mnogu polesno da zaraboti od tie vo Mk, pa redno e kako covek na covek da se pomogne. Vo toj slucaj drugive dvajca treba toa delo neizmerno da go cenat zosto od inaet prviot ke bara i ke im napravi za mali pari golema steta.
     
  15. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    @toogood

    Да си ми жива и здрава - ова се однесува на твоето согледување дека и затворен стан има трошоци. Значи станов кој сеуште не сме го поделиле, 2 пати беше поплавуван, а трошоците за санирање ги сносат оние кои се тука, да не го спомнувам малтретирањето кое го носи таквата ситуација. Да не ги спомнувам ниту трошоците за струја, вода, чистење и резервен фонд на зградата, кои иако минимални поединечно, земени како целина во месецот носат една илјадарка. Но, да не ја носам работава во друга насока.

    Јас не очекувам дека вујко ми треба да се откаже од неговиот дел во корист на мене и брат ми или моја корист. Тој е 20тина години во странство, поседува 3 куќи, за тоа време дошол 3-4 пати. Иако чувањето на родителите негови и мајка ми (мои баба и дедо) било на мајка ми, а мајка ми почина на 50 години, па последниве 7-8 години, баба ми 80 годишна ја чувавме јас, татко ми и брат ми. Не сакам ни да го спомнувам ова, луѓе сме кој колку може ќе помага, сигурно немаше тој од Австралија да доаѓа да купува апчиња секој месец. Ако го сака неговиот дел што го следува нека си го земе, немам ништо против. Само сакам да знам на што сме. Вака испаѓа до изворот си не можеш вода да се напиеш. Ете колку и да се тие пари од 1/3 од тој стан и другиот дел од другиот стан, можам да ги инвестирам во друг помал стан или што сакам да правам со нив.
     
  16. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    77.440
    Пол:
    Женски
    Ако родител се изјасни дека сака едното дете да го чува, и за тоа да наследи имот, а другото да си се снајде, не треба да има лутиш. Ни тој што чува да кука тешко било, ни другиот дека не добил ништо. Ни па чувателот да очекува од другиот задари љубов или не знам што да доаѓа да помага.

    Мајка ми уште многу одамна се изјасни дека не сака дел од имотот. Макар и на финансиска штета од околу 50тина илјади евра. Се знаеше дека се оди кај вујко ми. И имотот и парите и грижата.
    Додека беа способни баба и дедо, вујко ми си уживаше. Сметки платени, на децата за ужина, на лето за одмор, нови коли на 5-6 години, обично платени од старите.
    Во меѓувреме почина татко ми, ние останавме со слаби примања. Мама помош од нејзините скоро и да не доби, од време на време ќе и дадеа по некој денар. Успеавме да пребродиме се, се подсредивме финансиски, и во меѓувреме се разболеа и баба и дедо.
    И мама поради таа љубов, секој ден одеше по трипати да им готви, чисти, пере, бања.... Без да очекува ништо.
    Ама му кажуваше на вујко ми, доаѓам зошто сакам, а ти имаш обврска да се грижиш. Ама тој не можеше да го сфати тоа. Ајде што знаеше дека се ќе наследи, се обидуваше и финансиски да ја искористи мама. За еден ден да и пукне филмот и да реши дека веќе само на гости ќе оди.
    После кукање, клетви, вреѓање, таква онаква, збрки скоро секој ден.
    Ама таа не попушти. Починаа и баба и дедо, тој имотот го наследи, и од нас бараше да делиме трошоци за погреб. Јас сакав да им фрлам 500 евра во фаца и веќе очи да не им видам. Ама мама не ми дозволи. Тие се наследија, тие и платија за погребот. Испадна дека имало и доста кеш на страна, ама тоа одпосле дознав. Да се искористи странција максимално беше работата.

    Јас моментално имам наследено имот од тато, кој не е поделен заради такви алчни личности во другата страна од фамилијата. Физичка делба нема, а во скоро нема ни да има.

    Кога јас ќе си купам мој имот, тогаш ќе е мое, ќе сум газда. Наследено, не се важи. Не сум се мачела за него, нит сум гладувала за да градам или купам. Ако сака некој да ми даде, фала му.
    Ако не сака, уште повеќе фала. Ќе си заработам, ќе купам. Живи и здрави само.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Баш фино сте разглобиле се. Бидејќи никако не сакате да разберете дека таа одлука е најправилна и сите во фамилијата моја се сложија со истото, еве да ви дообјаснам. Дедо ми беше болен во период од речиси 5 години. Кога барем на еден ден ќе дојдете да чувате стар човек со таа болест, тогаш може да правиме муабет повторно. Така да, во наредно реплицирање можете да го прескокнете тој дел дека некој живеел ко бог.
    И мајка ми и татко ми работат од кога се во брак, значи повеќе од 25 години. Никој нив не ги има поштедено, никој сметките им ги има платено, ниту одмор им платил или кола.


    Еве на пример јас имам кај да живеам. Имам и наследство од баба ми кое воопшто не е мало ама сепак, имотот кој ќе го наследи брат ми е поголем. Е сега, јас сметам дека нема потреба јас да барам од брат ми 10-20-30 илјади евра за да ми го тој надополни делот за кои јас сум во минус. Во конкретнава ситуација ништо не може да се продаде, туку тој би морал да спечали пари и да ми даде мене. А знаеме сите како се печалат парите во државава.
    Од причина што јас ќе живеам на 15тина минути од родителите, а брат ми во иста куќа а посебен влез, кога во иднина, на некој од родителите ќе им е лошо привин ќе заѕвонат на вратата на брат ми. Не дека јас нема да дојдам, попрактично е така. И сега јас тука да расправам дека не треба децата да се делат, ама јас да се испречам и да речам: Aaaa не, гајле ми е мене, сакам идеално делење? А тоа што целиот товар ќе биде, условно кажано врз брат ми, јас не можам да го занемарам.
    Ова мое мислење никој нема да го смени. Продолжете вие де глумите прекрасни сестри и ќерки, јас лично не сакам тоа да го направам и тука завршува дискусијата.

    Јас никаде не реков дека на машките по дифолт им следува. Убаво објаснив зошто во мојата фамилија делбата е направена на тој начин. И повторно ниту едно женско дете не е оставено без пари и на улица.
    Е ти би да дознаеш колку пари добила тетка ми, дали нешто ситно или неколку илјади евра, аха да, сигурно ќе ви кажам.



    Јас повеќето што ги знам живеат со старите или под кирија. На прсти можам да набројам колку млади зеле стамбен кредит, јер или имаат ниски примања кои не се доволни за да се одобри кредитот.


    @bittersweet не знам кај вас каква е комбинацијата и распоредот. Никаде не реков дека распределбата направена во мојата фамилија е идеална ама ние сметаме дека е правилна. И тука и завршува муабетот.
     
    На Annath и Antebellum им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ме мрзи да се враќам нанзад, ама муабетот беше машкото зема, жената оди кај мажот и таму си стекнува имот и така во круг т.е. до недоглед. Сега ја смени приказната и го сврте муабетот ама ај.
     
    На Zlatna12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Да, јас реков дека кај нас, најголем дел од паровите одат да живеат кај имотот на мажот, т.е. кај свекрва и свекор и не знам што е тоа толку чудно или нереално. Значи машкото дете го наследува имотот а ќерката се мажи и живее кај мажот, збориме за реален живот, не за научна фантастика. Тоа дека децата го делат имотот на пола и после тоа секој си купува свој стан е малку смешно, барем за кај нас. Може родителите сакаат да поделат, ама да продадеш куќа или едно од децата да спечали и да даде пари на другото, јас ганатирам дека е научна фантастика.

    После тоа објаснив кај мене како стојат работите и зошто јас сметам дека делбата во мојата фамилија е правилна и зошто јас нема да барам дел од брат ми.
    Океј е сега?
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Извини, ама за мене ова твоево е научна фантастика. Моето окружување нема ниту еден пример ко твојов. Немам луѓе кои со размислувањето останале во минатиот век.
     
    На Mishela, bittersweet, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.