Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R
    1.Jas niedno prasanje ne primetiv od tvoja strana, mozebi e moja greska, poveli prasaj toa sto si sakala, rado bi ti odgovorila. I ti na moeto sustinsko prasanje ne odgovori "Sto koga se dvajca braka" a ti gi postaviv minimum tri pati.
    2. Bankite edvaj cekaat da zemes kredit od niv za da te napravat zavisen od niv. Taka funkcionira bankata. Pa uste ako imas hipoteka.... Da ne zboram sto ima milion vladini proekti za mladite kako "kupi kukja kupi stan" "stan za mladi" itn.
    No vekje daleku begame od temata. Fakt e deka se sto se saka se moze. Stan da se kupi ne e luksuz. Da pribiras kako, vo koja naselba i zosto go kupuvas e vekje luksuz. A nepravda e decata da ne se tretiraat podednakvo od strana na roditelite, nezavisno koj kolku bil vo.moznost da se grizi za niv.
     
    На Mishela, BellaS и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Тоа е тоа прашање што ја *** цела работа. Ко да е мистерија што не може да се реши. Ко да ако е таква ситуацијата не може договор да се направи доколку сестрата се разведи (или другиот брат кој отишол домзает) и припаѓа дел од куќата, дотогаш братот може слободно да седи. Или убаво да се договорат, па и нека потпишат оти нели не се знае кој колку мислење ќе промени во текот на животот и под влијание на други. Скромни семејства и луѓе бараат само покрив над глава, и за така можат да се договорат секако, кај нив 50-50 делба на скромна куќа или стан од 50 квадрати во кој живеат плус старите нема да им е во прилог ако можат друго решение да најдат.
     
    На Annath, *Amethyst*, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам во потполност со тебе, делба подеднакво на децата а не само на едно без разлика на се, да правиш пресметки кој ќе те чува на 60 год плус е некако себично не знам како можат така да размислуваат луѓето, ако поделиш подеднакво ако си добар родител од почит ќе те ,,чуваат,, децата, ако делиш уште од мали нозе на ова ќе дадам на другото не мора како да те почитуваат? Ќе се створи и јаз меѓу браќа, сестри и така... И ние живееме во стан не од мм а на братчето е оставен стан за живеење од родителите и никаква еднаквост нема, ич не е убаво, има некој прикриен револт не дека се покажува или слично сега за сега фала богу.
     
    На Zlatna12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Само нашиов народ се кара кој колку ќе лапне ,а не се гледа да се заработи со сопствена пот! Оти така е најлесно, бате куќа и јас сакам бе, и мене ми следи.. наместо да си ги засукаме рацете и сами да си створиме полесно е да се тепаме за една соба. Очај. Познавам и сестри разведени кои живеат во стан под кирија НО добро ситуирани со добри плати кои не им бараат на браќата соби, но и сестри кои се караат за 10м2. Јас во мојов живот ќе гледам сама да створам а не да чекам од моите милост и никогаш нема да се карам со брат/сестра за имот, нека земе се ако сака јас да сум здрава, жива, со стабилна работа па ќе дојдат и моите 5минути во животот.:hai:
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Леле, немој со вакви статуси, сега ќе ти рипнат како можеш вака да размислуваш и дека треба да земеш макар и една соба од кај твоите. :D
     
    На Babyby и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А што е тоа смешно?! Смешно е да мисли дека од братот некој нешто зема. демек се родил со крстот на чело и тоа му следи од роџење. Зошто? Само дека е машко. Па ако сестрите ете се караат за 10м2, нек биде муж братот, па тој нека се откаже од се. Демек оваа цепидлака за 10м2, а тој галантен за повеќе. Ако таа има 10м2, толку има и братот. Што не се откаже тој, него сестрата олошот?!

    "НО добро ситуирани со добри плати кои не им бараат на браќата соби, но и сестри кои се караат за 10м2."
     
    На CameliaMiller, Mishela, Asparagus и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Господе боже.. си го кажав моето мислење не те разбирам, сега треба да се караме оти јас така мислам?? Не планирам да се докажувам, пишав шо имав. Поздрав:hai:
     
    На Black girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Пред да почнам со одделно објаснување, морам да нагласам дека јас зборев за конкретната моја ситуација. Кај нас сите страни се задоволени. Може треба да нацртам дека и мажите во фамилијата моја се обезбедени, ама и жените. Е сега тоа што вас ве занима што наследил татко ми а колку пари добила тетка ми, и тоа што ве занима колку ќе наследам јас а колку брат ми и сум задоволна со тоа е друга тема. Сигурно нема да ви кажам во цифри. Само сумирав дека сите сме задоволни.
    Понатаму, јас се обидов да генерализирам и ако се завртите околу себе ќе видите дека уствари кај добар дел од вашите пријатели и роднини, работите се такви како што јас ги објаснив. Ама поинтересно е цело време да се контрате и да ме убедувате дека имам застарени мислења.
    Јас се обидувам да доловам реална состојба а после дискусијата имам впечаток дека со аги и паши праам муабет, па сите имате наследено имоти и не знам колкави пари. Смешно ќе е доколку со мене се фаќате за очи дека јас и тетка ми како жени сме понижени со тоа што ќе добиеме помалце, а вие од братот ќе барате по 5000 евра за да бидете фифти-фифти.
    Во мојот ум, таков, каков што е, лакомост е да бараш свој дел од родителите или братот/сестрата а притоа имаш свои пари. Пак доаѓам до генерален заклучок дека сте пресметливи и не ви е проблем да барате. Јер, чуствство, не сакате да ве делат.

    Возрасни и разбрани луѓе решаваат проблеми и се договараат на маса. Не сакам јас да разглобувам примери пооделно, нема потреба од тоа.
    Порано немало или разводите биле ретки. Ради финансиската состојба сме заглавиле во некој друг век со делбата на имот. Може е чудно, ама порано така се правело. Денес исто така се прави, од практични причини.
    Е сега, дали делењето се прави ради тоа што децата не треба да се делат или ради безбедност на ќерката?

    Не е понижување, предизвик е. Од Ѓорче до центар ти требаат минимум 45 минути со автобус, ако нема гужва а до Драчево барем саат и пол. Животот ќе ти помине во патување.
    Се борам јас, кажав дека работам. Работев и студирав. Не се ослонувам на имотот на моите. Тоа ми е гратис.

    Хахахаха сериозно? Ти да си банка одамна би пропаднала. Банката нема зор да ти даде кредит. Банка никогаш нема да ти даде кредит ако смета дека ти нема да можеш да го отплатиш. Ти имаш зор, ти мора да покажеш дека ќе го вратиш целиот кредит. Во спротивно ќе седиш под кирија и ќе штедиш и ќе собираш кеш.
    Обајснуваш нешто што јас не сум го кажала. Јас кажав дека Е ФЕР оној кој се грижи за родителите да добие поголем дел, ама ЈАС ЛИЧНО мислам така дека треба. Твоите како што мислат, ти како што сакаш, така дели со брат ти/ сестра ти.

    Епа ете има личности кои не се чувствуаат помалку сакани и ставени на второ место. Има личности, жени и мажи кои имаат пари и не се грабаат од своја крв да поделат точно на пола и да земат некоја илјада повеќе.
     
  9. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Поделбата на имотот треба да е подеднаква без разлика дали се две, три или пет деца, машки или женски и без разлика кој колку пари има. Така е и законски. Во најдобар случај децата не треба да мислат на тие работи но за жал кај нас многу луѓе немаат пари и мислат на тој имот. И така настануваат расправии. Ако некој сака да го дели наследството додека родителите се сеуште живи, тогаш тоа мора да се направи на нотар затоа што од тие усни договори на крај може само проблем да се очекува.
     
    На CameliaMiller, kukla21, Zlatna12345 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А што ни ставаш зборови и ситуации во уста? Јас не познавам луѓе што си ги поделиле децата и дале на едно, а на друго не. Тебе може ти е чудно, ама мене ми е нормално.

    Предизвик или не - колку имаш толку ќе си дозволиш. и јас сакав стан од 120м2, оти така ќе ми е покомотно, ама купив стан од 60.
    Многу леташ за некој со 300 еур плата.
     
  11. LittleGirl626

    LittleGirl626 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Секој здрав родител си ги сака децата подеднакво без разлика дали е машко или женско (според мене).
    А кога треба да се дели имотот се прави договор помеѓу родителите и децата.. Секако дека ако родителот има голееем имот на сите деца ке остави и препише..
    но секаде е различно и секој има договор и различно мислење, а секако некаде и дискриминација..
    Пример ако некое дете незнае да се грижи за домот за работатата нормално дека помалку имот ке му додели таткото, штом е свесен дека тај син може само да му ја пропадне земјата..
    како и во прикаските..
    а и има и случаеви каде ако се 3 деца едно машко а другите женски, и ако живеат во куќа со 3 собички, нормално оти ќе му се препише куќата на синот и нема што женските да се лутат ако се при здрав разум.. тие ке се омажат и ке заминат..а ако бараат дел кога машкото ќе се ожени каде ќе живее со жената..на улица??..
    Да некои бараат имот само заради алчност,
    И да се согласувам со тоа ако од 5 деца само едниот се грижи за родителите само ако тој работи помага и ја одржува куќаата имотот нормално дека на него би му се препишал.. другите 4деца мрзеливи а бараат имот и кога ќе го добиат што ќе праваат тогаш .. ќе го запустат само или продаадат
     
    На Orthophill и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Како можеш да ја вреѓаш? Што ти е гајле дали лета или не и со колку пари? Боже сачувај. Водиш грижа за туѓи имоти и пари. Ако некој кажува поразлично од вас, одма вреѓате. Јас познавам жени разведени што живеат под кирија и не се вратиле кај родителите затоа што таму се братот и снаатаи живеат на еден спрат. И што сега?
     
    На Rebecca_R и Babyby им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Никого не навредив. не скокај одма. Летањето се однесува на тоа дека од една страна има 300 еур плата, од друга и е испод чест да се вози во бус и да живее во Драчево.
     
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ама ти пак донесуваш заклучоци. Од кај знаеш дека јас имам плата од 300 евра? Јас не реков имам плата од 300 евра НИКАДЕ.
    И нема да кажам, логично, не се моите примања проблем кој те засега тебе. Нит ти работиш секој ден, нит имаш аир од моите пари. Впрочем, си прочитала во темата, сум пишувала дека имам и те како добри примања, и јас и дечко ми, работиме напорно ама и ни се насмеа среќата и ете кроиме планови за одмор на егзотична дестинација. Сега можам да летам?

    Само ќе кажам дека и ти премногу леташ со покажување со прст дека некој е поделен и добива помалку љубов а ти си последната која има барем малкуцка љубов кон личностите со кои имаш иста крв.
     
    На LittleGirl626 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Сама кажа дека со 300 еур не може да купиш стан во Аеродром или Центар. Јас се водам по тоа дека зборуваш за себе, а не општо.

    Не водам туѓ есап па да знам кој колку заработува, ниту паметам каде и кога си го кажувала тоа. Дај Боже солидно да имаш, па да имаш за свое и да не зависиш од други.

    Едит. Мојата љубов кон брат ми не се мери по тоа колку имот "ќе му земам". Со тоа одамна сме расчистиле.
     
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Епа кажав дека одредени прашања кај нас се решени, затоа и сметам дека предноста од 10-20-30 илјади евра која ја има брат ми не треба да му ја земам.

    Значи ти воопшто не пратиш што дискутираме. Не реков јас за мојата плата, туку за просечна плата кај нас. Уствари не реков јас, туку Zlatna12345.

    Доколку станбеното прашање твое и станбеното прашање на брат ти се решени, би било во ред да го поделите имотот. Но, доколку тој живее во куќата на твоите, доколку тој се грижи за родителите а ти од него бараш да ти даде пари по секоја цена, е тогаш тоа е земање.


    Очигледно водиш, штом велиш дека за со плата од 300 евра многу летам.

     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Така нека ти биде. Контрадикторна си цело време. Сеедно. Дај Боже да имаш многу повеќе од 300 еур и да е така како што велиш.
     
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Контрадикторна? Како? Тоа што велам дека е убаво сите да имаат сами да купат куќа/стан ама реалноста е дека нема доволно пари за тоа и наголем дел од семјествата покрив над глава наоѓаат кај старите на мажот?

    Зошто не ме удостои да одговориш на некое од прашањата. Не прокоментира ништо околу имотот кој ти ќе го делиш со брат ти. Не кажа дали и неговото стамбено прашање е решено или тој ќе треба да ти даде пари тебе. Претходно некоја членка те праша како ти им помагаш на твоите родители, исто не одговори. Не ни кажа во иднина кој ќе води грижа за вашите родители. Ти во принцип не кажа ништо.

    На целата дискусија ти само кажа дека децата не треба да се делат и имотот мора да се подели на пола. Втор муабет е дека имам застарени сфаќања и пак одново.

    А зошто би лажела на анонимен форум на кој никој не ме знае? Не сум јас од вчера па да мислиш дека тролам. Кажувам така-како што е.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    @sanjaeva Ребека уште не мажена знае дека ќе си има имот од дечкото, ти за разводи збориш. :D

    И не не сум сигурна дека би ја примиле разведената золва дома, братот со снаата, колку снаи знам така што викале „што мајка барале да се разведува деца имаме, нема место“.
    Баш поради тие прични жени не се разведувале, јаделе и ќотек ама нема кај да оди и трпи.

    Инаку кај мене и татко ми и тетка ми се откажале од куќата во полза на другиот брат оти бил посиромашен те и он и жена му биле со мали примања
    Татко ми не донел невеста дома, не се тепал за соби, со мајка ми си ги засукале ракавите и кредит отплаќале и за 35 години брак купиле 2 стана и изградиле куќа. Сега делат на 3 дела имаат два сина и една ќерка, имаат и наследство што го продаваат за да средат за да сите имаме исто поделено имот од дома, натаму на кој како му е среќата.
    Ете ние со едниот брат ми се откажавме од дуќан (во наследство од дедо) во полза на брат ми оти од таму си го вади лебот, он на таа сметка ќе земе помал стан ама пак разликата е голема, ама дај Боже се вака да ни е добро ќе спечалиме.

    Чудни сте ми ете и мене со тоа, дедо ми роден 1919 препиша имот на сите внуци на 3 дела, без разлика дали машко женско.

    Друго е кога се помага и не се тепаш за соба ако не ти треба реално, ама во никој случај не се сложувам дека машкото наследува и дека жените треба да се среќни ако им се даде едно нивче, париче оти за бате треба да има.:rofl:
    Да имаа моите еден стан, нема да се тепав за дел, кој попрво таму, не дај Боже у животот да ми е дојдено до 1 соба.
     
    На Mishela, bittersweet, sanjaeva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е работата, тоа цело време се обидува Ребека да ви објасни наназад. Гледаш дека сфаќаш?
     
    На Rebecca_R, НаталиЛили, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.