Форумџика на годината

Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека не разбирам, ама и брат ми истото би го направил нема да оди да живее со нив во едно станче, ќе си бара чаре. Не сме воспитани така.

    Инаку моите се лекари па за дедо ми и баба ми они нонстоп трчаа по болници па татко ми не бараше имот, брат му зема. По нејзина логика тој требаше да земе. Јас зборам за односи во фамилија да се помогне на кој треба без разлика дали ќе добие имот, без разлика дали е машко или женско.
     
    На Zlatna12345, An-na и bittersweet им се допаѓа ова.
  2. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.766
    Допаѓања:
    8.494
    Пол:
    Женски
    Најважниот дел студираш и не си мажена!

    ОД КАДЕ ЌЕ НАЈДЕ 50 ИЛЈАДИ ЕВРА??? Знаеш колку пари се 50К ЕВРА? Знаеш како се заработуваат во државава? Живееме во паралелни светови. Кај мене уште се 3 фамилии во 120 квадрати. Не можам да речам дека живеат тие си знаат како им е. Ти стдираш градежништво кој знае кој отсек и според квалитетво на градбите во државава претпоставувам каков „кадар“ си... Дете кај тебе уште е тато носи мама пече. Кој ти плаќа школарина/излежарина/шетања? Твоите. Прашај ги колку пари се 50К евра, па дојди да ми кажуваш како цвета градежниот бизнис. Абе вие ќе се запишете на факултет ќе почнете да шетате наваму натаму и мислите сите имаат пари. Парите што ти ги даваат твоите не се твои пари. Твои пари се оние што ТИ ќе ги заработиш.
    Ако твоите имаат 50К евра нека ми ги дадат пошто за тебе не се пари а за мене се ко милјарди.
    И почни да пишуваш кирилица штом си на факултет барем знаеш како се менуваат букви на телефонот...
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски

    Jaс нејзе ја сфатив дека се залага за тоа да се помогне кај што треба, а вас ве сфатив дека барате идеален дел без разлика на потребите. И упорно одите со она - секој треба да заработи, ама од друга страна пак си барате имот. :D Контрадикторно е.

    Да, ако секој заработува за да купи стан и родителите имаат повеќе имот да остават секому подеднакво, супер. Ама кога се нема бе луѓе, едноставно нема како да се подели, па станот останува на тој што останува да живее тука. И како и да го вртиш, па машкото е најчесто. Обично на женското дете во тој случај се помага на други начини. Со пари и кредит, колку што се има. Некогаш се нема ич. И тоа некако не ви влегува во глава.
     
    На Rebecca_R, НаталиЛили, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    А кој тоа вас? прв пат пишувам на темата.:D
    Мене не ми се допадна тоа, јас ги гледав јас ќе наследам.:smirk: родител е или што? Не ми се допаѓа ни кога жените од дома ги учат да се грабаат кај мажот, сум била сведок и на случаи кога брат наследил и стан и куќа, и не го гледа тоа туку се кара за имот кај свекрвата. Не зборам конкретно темава не е за ребека де.
     
    Последна измена: 19 април 2017
    На Mishela, Zlatna12345, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Мислев на другата страна на дебатата. :D

    И мене не ми се допаѓаат такви пресметки. Ама тоа е реалноста - дека тој што останува да живее тука ги гледа на старост. Не за наплата, туку дека такви се околностите. И штом веќе живеел тука цел живот, нема ваљда после смртта на стариот да затвора една соба? По закон би требало така да се реши, но во пракса не оди.

    И исто, одамна го напишав истото во темава - дека секое семејство е посебен случај. По закон може да има универзални правила, ама тие едноставно не можат да се применат на секое семејство. Затоа е и правото на родителот, да остави како што смета дека е правилно.
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Секогаш има начин.
    Тој еден стан што се има ќе се продаде, а оној кој живеел во него со половината пари ќе си купи помал стан или ќе плати учество за стан и ќе земе кредит.
    Не разбирам зошто јас да штедам и да се борам да створам нешто свое, а сестра ми на готово да се распостеле.
     
    На CameliaMiller, Mishela, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    А има и друг начин - едната страна доброволно се откажува од својот дел во корист на другата. Тоа некако многу го осудивте овде. А доброволно е. Ако си сака дел, ќе си добие па макар и по судски пат. Јас еве не сакам. Не значи дека помалку ме сакаат родителите. Не значи дека не ми помогнале на други начини. Не значи дека нема да ги гледам на старост. Не значи дека брат ми нема да ме прибере ако останам на улица. Не значи дека се тепам за имот кај свекрвата, Бог да чува. :D
    И јас си заработувам, и брат ми исто, и ќе си створи повеќе. Пак не гледам потреба да земам дел од ова. И не значи дека брат ми се распослал на готово, тој во таа куќа ќе вложува исто како јас во својот дом. Не мерам. Не премерувам. Не сметам дека има потреба за тоа.
    Вие, како сакате. Другите, како сакаат и сметаат за правилно.
     
    На Rebecca_R, НаталиЛили, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Родителот како ќе реши во врска со својот имот - така нека направи.

    Незнам само децата со кое право прават распоред како ќе се дели имотот !

    Според мене, родителите додека се живи треба да си ги средат овие работи.
     
    На CameliaMiller, darcy, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.740
    Допаѓања:
    145.171
    Потпис.

    Родителот мора сам да биде свесен што и на кој треба да припадне, без никој да се меша од страна.
     
    На Annath, Nausicaa, Antebellum и 3 други им се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    За мене и ова е начин.
    Ребека ја осуди тетка и дека не ги гледала старите затоа што не добила дел. Тоа ме наведува дека не било доброволно. Затоа и дискусијата отиде во насока - ја браниме тетка и.

    :clap:
    Јас никогаш не би се усудила да делам имот кој го стекнале моите родители.
    На оваа тема не смееме да зуцнеме.
    Ако ми дадат фала им, ако не ми дадат ќе се чуствувам не сакано или повеќе осудено.

    Еднаш татко ми рече - кога ќе дојде ден ќе седнеме на маса, јас, мајка ти и вие две.
    Додека не се договориме и не излезете гушнати, нема да излезете.
    Не стварав за да ве разделам, туку да ве имам среќни и обезбедени.
     
    На malerozna, sanja.burgundy, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Постојат и вакви деца: ,,Мене ми скратуваа додека го исплаќаа станот, ми следи дел,,
    Ама има и друга вистина - си живеел под свој кров, делеле од уста за да имаш дом.

    Постојат и вакви деца: ,,Јас ќе те гледам на старост, мене препиши ми стан,,
    Ама има и друга вистина - неблагодарен, безчуствителен и граблив сенс према родителот...
    Да сум на негово место, на некој старечки дом ќе го препишам станот ! Барем ќе ми мерат притисок без да ме гледаат попреку.

    Постојат и вакви деца-ќе им препишат имот, па ќе ги истераат на улица...зарем за еден случај сме чуле.

    И не!!!...не се децата виновни, туку родителите..погрешиле некаде при менталното канализираање на своето дете.
     
    На CameliaMiller, LivingGlam, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.210
    И јас како мајка на две деца(за сега), девојчиња, си правам хипотетички ситуации шта би кад би.
    Доколку едното успее да спечали и заработи свој дом, куќа/стан, удобен живот, многу од тоа што душа ќе и посака.. а другото ништо од тоа. Таква и била среќата/судбината.

    Со тоа јас што ќе дадам пола пола првава би си купила втора/трета кола на пример а другата не би успеала ни за едно скромно станче и сеуште голем дел од примањата ќе дава пи кирии.
    Скромни примања па не вршат работа ни за некакво учество за кредит.
    И што сега?
    Јас како мајка би била горда доколку првава рече не фала, не сакам. Дај на другава повеќе.

    Ама втора хипотетичка ситуација, детево не ми е такво, ако дадам знам дека ќе си зеде. Дали сеуште свесно ќе се водам пола пола?
    Не, нема.

    Ќе компензирам, ќе балансирам на секаков друг можен начин ама нема да биде пола пола од финансиите. Ете, миже вечити бејбиситер за децава на првава ќе бидам и секој ден ручекот ќе им го правам за да надокнадам на друг начин.
    Мои пари и јас ќе одлучам според мојата здрава свест на кого, колку и од што.
     
    На Rebecca_R, Annah87, darcy и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Рoдителите нaши дa се здрaви и живи уште 20 гoдини мoже дa живеaт вo свoјa куќa, a дoтoгaш нaс скoрo цел живoт ќе ни пoмине, пa нa 50 или 60 гoдини јaс требa дa чекaм делбa. Пoрaнo не е извoдливo, си живеaт тaму, a кoј сaкa сo нив дa живее и дa ги гледa нa стaри гoдини...бујрум. Кo дa тoa тoлку леснo е. Еве јaс дa требa дa се врaтaм вo рoднaтa куќa и дa живеaм сo мoите дo крaј нa живoт, не мoжaм дa зaмислaм. Дa мoрaм -би, aмa знaм декa тежинa би ми претстaвувaлo, не oти не ги сaкaм туку ќе се чувствувaм кo дa не сум мрднaлa oд мртвa тoчкa вo живoтoт. Зa друг(мoј брaт или сестрa) oвa мoжеби би билo преднoст. И тoј некoј кoј немa дa имa прoблем дa е вo нивнa близинa пoстoјaнo и дa им пoмaгa oти мoже и сaкa, некa биде зa тoa нaгрaден aкo тие сметaaт декa требa. Дaли е брaт, сестрa, кoмшијa, внук, не е битнo. Сaми ќе си oдлучaт.
     
    На Rebecca_R, malerozna, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Зарем не се поставува и прашањето дали првото дете повеќе вложило во себе, било поупорно, поважно и било да оди на пракса него на одмор,работела од јутра до сутра, си ускратила некој фустан, викенд, шетање за да спечали за свој дом и удобен живот, додека второто дете живеело денес за денес.
    И ако (хипотетички) е така, со постапката твоја првото го казнуваш, а второто наградуваш.


    Апсолутно!

    Ова е нај убавиот дел :)
     
    На CameliaMiller и danichap им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Секогаш кога се дискутира на оваа тема, на памет ми паѓаат деца кои не ги почитувале нивните родители.
    Ама важно, кога има делба на имот, ПРВИ се за да ,,дрпнат,, нешто.
     
    На CameliaMiller, Antebellum и sanjaeva им се допаѓа ова.
  16. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    I so da ti kazam sea? Mi e gajle za tvoeto razmisluvanje za dali se mnogu ili malku 50k evra? Ne dojdov toa da diskutiram. Ako imas nesto pametno da kazes, so argumenti, vo vrska so temava bujrum, ako ne ic ne me citiraj ;)
    I nemam kirilica na telefon !

    :headbang::headbang::headbang::headbang::headbang::headbang::headbang::headbang:
     
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.210
    Во однос на првиот цитиран дел.
    Може Сање и така, кога веќе хипотетички зборуваме. Може не се поклопиле коцките на второто од младост лудост и погрешни приоритети, може едноставно толку бил максимумот. Живот, не знаеме секундара лај ќе не однесе, а не пак многу помалу и поголеми одлуки
    Ама нели, деца ни се, какви такви наши си се, си ги сакаме.
    Колку што би се радувала за првото толку би ме болело и за второто. И доколку знам дека нема да ги искоцка, испие и све останато од тој калибар, и дека конечно ќе има она и нејзините деца кров над глава... нека бидам судија.
     
    На Annath, Sky-butterfly, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    И во дух на тоа дека нели не се "зема"ништо од братот, нели душа голема и галантна ама затоа па кај свекрвата се знае колку чоколади се дало на внучето од ќерката злобна или на јатрвата а колку на твоето, таму се прават математики за имотот, распределбата на истиот и се кара, тепа за соба, ама нели битно не се "зема"од братот.

    Ние со братот сме и двајцата ситуирани он одбрал да живее во куќата на родителите, може уште утре да се исели, пак не треба да ми го исплати мојот дел?


    И еве ќерката е мажена, отидена во заедница и на тие пари што ќе и ги дадат што ќе им прави, ќе ги вложува во имотот на родителите на маж и каде утре можат да ја истерат на учица?


    Фактот останува дека повеќето родители не мислат на ќерките, ако се градела огромна куќа за синот значи имале можност да стават на страна и за ќерката, за мене е тоа родител а не синот ќе ме чува а ќерката нека му ја мисли кај мажот, не е тоа во ред.

    Имам три деца, на сите три подеднакво ќе им дадам, мене како мајка ми е глупо да мислам дека за синовите треба да печалам, куќи да им дадам а на ќерка ми нема ништо оти нели ќе се мажи, туѓа стреја е она, значи треба да мислам туѓи ќерки да оправам со куќа а мојата да си ја оставам со прстот во уста.......е*ате мајката таква.

    Не се сложувам со @danichap да се даде на тоа што има помалку, сите три ги имаат истите услови за растење, на сите три им се пружа се според моменталните можности, утре сите три ќе имаат услови да студираат, затоа на сите три исто би им дала, може едно ќе реши да биде доктор, другото уличар и како што напиша @sanjaeva да го наградам со повеќе имот тоа што е уличар а ово што е доктор дека со мака и многу откажување стигнал/а до тоа да му/и скратам од наследството, дека има?

    Парите од државата што ми ги дава им ги ставам на сметка на трите деца, со мм ја дополнуваме таа иста сума со плус од нас, сите пари што им се дава право одат на сметка, по една куќа има за сите, не застанавме на две куќи дека нели две машки имаме, како за нив што мислам, така и за ќерка ми си мислам, еднакво за сите три.
     
    На CameliaMiller, Mishela, Zlatna12345 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.740
    Допаѓања:
    145.171
    Лесно е кога се има па се дели, ама што ако се нема?
    Не можеш душата да му ја земеш на родителот.
     
    На Rebecca_R, malerozna, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.210
    @bittersweet со причина реков хипотетички, шта би кад би.
    Сепак полесно е на запад и кај тебе. И кај нас се и станеви и коли одамна спечалени... кога се има не ни има потреба да не биде пола пола.

    Реалноста е поинаква секаде.
    Екстремност ми е уличар и доктор, колку само вредни/паметни не успеваат да го извадат максимумот поради околности кои не зависат од нив.
    Не реков само дека би дала таму каде што има помалку, туку таму каде што би се направило суштинска разлика од животно прашање за едното а занемарлива кај другото.
    Во некои ситуации јас ете, ги сфаќам старите. Се трудат да се направи максимум од минимум.
     
    На Annath, sanjaeva, Antebellum и 3 други им се допаѓа ова.