Ги вложува во својот дом. Не знам зошто ми ги изврти зборовите, ама ај. И доста веќе со тоа останување на улица. Еве овде се јавија неколку такви "галантни" души што се откажале од својот дел. Рече некоја дека се тепала за имот и броела чоколади кај свекрвата? Се пожали некоја дека останала на улица? Знаете ли воопшто за некој таков случај со тетка на улица? _________________ Значи луѓе, престанете да барате правда во туѓи семејства, кај што не ви е местото.
Ако нема имот, нема ни делба. Повторно сите деца ќе добијат подеднакво, ништо. Знаете како викаат, една генерација се соколи, следната бувови. Е ние (јас и сестра ми) сме бувови. Се што имаме имаме од родителите. Утре моето дете ќе располага со имот кој ќе го има од мене, односно од моите. Од мене ќе добие книшка со заштедени пари. Ќе може да располага со двете на многу помлади години, ќе биде сокол, ќе создава, надоградува.
Дискутираме ... Сигурно нема утре некој да рече - арно викаше Сања, ќе ја послушам. Секој со својата ситуација и своите одлуки. Она што е факт, е дека многу фамилии се разијдуваат кога доаѓа време на делба. Она што е трагично, е дека плукаат по оние кои цел живот се грижеле за нив. И ..најгласни во делбите се “дојдените“ во фамилијата - снии, зетови. Апсурдно.
Па да, кога се има е се полесно, па и да се подели. Ама кога се нема , нема што. Никој не добива ништо. Во најголем случај и најлош се наследуваат кредити за враќање.
Дискутираме, ама се чепка во приватни работи. Некој вчера и’ пиша на Ребека дека татко и’ го лапнал имотот на тетка и’ и ја оставил на улица, друг коментира дека сестрата што зема од братот се лакоми... се отиде во крајности. Можеме да дискутираме, ама овде веќе се направивме судии за туѓи имоти.
Не водам никаков есап за туѓи семејства, си дискутирам, затоа е нели форумот? Само тука на форумот има две, три форумџики кој се под кирија во една соба после разводот, значи печалеле 15-тина години и си излегле од кај мажот со ништо, кај родителите веќе има снаа и ете како се оди во една соба под кирија сама, пошто децата си остануваат кај таткото, таму има, кај мајката нема. Исто толку има што трпаат сешто од сопругот зошто нема кај да одат, дома не ги прибираат, нели нема место, синот се оженил, трпи си, сама си го одбрала. Еееее колку такви постови сум прочитала во снаа и свекрва, се води есап и те како за тоа колку зема едниот син, колку другиот, пари колку имаат, зошто и колку е печалено, се знаат за кај свекорот и свекрвата ама нели на братот ништо не му земале а ваму за чоколадо за внучето очи ќе и извадат на свекрвата. Се е ово само од форумот прочитано,ништо не измислувам, ничиј зборови не извртувам.
Се испокаравте, криви дрини исправавте, ама сите заборавате дека теорија и пракса не е исто. Посебно што нема идеално во делбата на имотот, многу фактори играат улога тука. Се сложувам со тоа дека родителите треба тоа да го средат додека се живи, за да нема после кавги, ама ако е сè средено на време, не значи дека децата нема да се лакомат и караат за имотот и после смртта на родителите. Стојам на тоа дека ако луѓето се разбрани и поделбата на имотот ќе биде разбрана. Ама не го земате предвид факторот што старите луѓе знаат некогаш да бидат прилично осетливи и поради тоа да носат некои луди одлуки, демек во смисла „цел живот сум го гледал, на старост не доаѓа да ме види, нема да му дадам наследство“. Ова само како пример, ама верувајте ми, има многу кои од такви чувства се водат. Не значи дека живееме во 16 век ако жените се откажат доброволно од дел од имотот во корист на братот. Ете, дедо ми од страната на татко ми уште дури беше жив го подели имотот во градот на три деца, а имотот во село и куќата во која што живееја (и живеат моите) си ги задржа. Кога тој почина, тетките на суд доброволно се откажаа од тој имот во корист на татко ми и баба ми, а еве сега и баба ми е почината, сето тоа му припаѓа на татко ми. Исто е и од страната на мајка ми, дедо ми среди сè пред да почине, а мајка ми после се откажа од куќата каде што живееја баба ми и дедо ми, во корист на братот (иако тој си купи куќа на друго место) и сестрата (му го даде местото на најмалиот син). И не видов некој очи да си извади за тоа како е поделен имотот. А од друга страна, имам блиски роднини кај што си поделија идеално, па еве, очи не сакаат да си видат. Моите сега средуваат, за да нема кавги понатака. Се надевам дека ќе средат, ама јас не спијам на тоа уво дека кавги ќе нема, познавајќи ја снаа ми. @Zlatna12345 на македонски форум во 21 век се пишува со кириличен фонт
Што знам, тие туѓи имоти, татковци, тетки, кога се дискутира на форум се само ситуации. Не би требало лично да се доживува, иако и јас лично си сваќам.. За да ми климаат со глава и за да ме тапшаат по рамо, си имам другарки кои секогаш ќе гледаат преку моите наочари. Вака, непознати можеби судат, но кажуваат искрено што мислат.
Ова не е тема на која можеме да дојдеме до универзална вистина, зашто секој случај е поинаков. Може да си кажеме што мислиме за нас и нашиот имот, ама тие правила не важат кај други. Може да кажеме дека не се согласуваме со начинот на кој таткото на некоја форумџика "изиграл", ама да одиме со такви навредливи коментари ко од вчера... не е во ред. И секако дека лично ќе се доживува кога е кажано на таков директен начин, баш кон нејзиниот случај. @bittersweet, има и многу случаи каде што жената се враќа кај родителите и братот, и покрај тоа што не и’ препишале ништо. Мене ми е глупаво она - една соба од станот за неа, за секој случај кога ќе се разведе. Тие работи не можеш да ги предвидиш, ама па не значи дека ако не ги предвидиш ќе ја оставиш на улица.
Дете сфати дека тој што ги дава парите одлучува кому што ќе му даде а не тој што треба да земе. Ти можеш да делиш тоа ти што ќе го заработиш а не да се тепаш за она што некој смета дека треба да ти го даде.
Ливинг секој си има своја причина зошто така реагира. Можеби биле во своето секојдневие како споменатата тетка или едноставно сметаат дека е неправда. Илјада луѓе, илјада вистини. Да, треба малку поумерено да се зборува, без навреди и со општи констатации. Ова важи и кога пишуваме за други и карактерно ги постиламе тука (тетката), а тие немаат можност да се “бранат“.
Овде пишуваме за СИТУАЦИИ Дискутираме како БИ требало да Е...нормално, секој како си мисли.. Никој нека не си става на срце, и кога пишуваме и реплицираме (и ни реплицираат) нека не се осеќаме како да ни е нарушен интегритетот. Повеќе различни мислења - се прошируваат видици
Брат ми без осет се вселил у мојата соба поголема и поубава била. Се шалам секако. Ни на крај памет не ми паѓа дека би бил неправеден према мене. Ама тоа е до човекот. Обично во фамилиите малку се разговара, особено отворено и без ракавици. Затоа после настануваат кавги.
Ете да не навлегувам во приватностаама препоставувам дека снаа ти нема ништо да му земе на братот ако го има ама затоа прва на масата за делба кај свекорот и свекрвата. Не е работата ни дека треба да се мисли така негативно и дека би и се помогнало на ќерката, сестрата само во случај на развод, зошто пример братот не си рече еве нему му се помага пример со сметки едно друго и тој не одвојува одредена сума секој месец за да ја исплати таа соба или две, зошто реално живее со родителите, го помагаат, може да одвој одредена сума, ама не сака.
Ама видиш, овде, каде што пензиите се по 9000 денари (а тешко е и до толку да дојдат со оглед на тоа што испропаѓаа фирми и луѓето немаат никаков стаж), не е баш дека родителите се грижат за тој што останува со нив. Обратно е, всушност. Тој што останува реновира, плаќа сметки и купува храна. И да, си го чувствува ко негов дом и вложува во него.
Јасно битер, јас си имам пишано и порано...а знам дека ќе има кавги, оти е најавено при поделбата дека малку поголем дел би ми оставиле мене, затоа што моите му помогнаа на брат ми финансиски да си купи стан, т.е мајка ми со пари од наследство му помогна да го купи. Беше предвидено јас да живеам заедно со нив во тој стан додека да завршам факултет, ама бев избркана оттаму, иако станот гласеше на мајка ми тогаш. Мене ми е сеедно колку би ми дале, повеќе сакам соживот со брат ми, отколку пари или имот на сметка на расипани односи. А кај мм не се мешам, ќе си делат како што си мислат и сакаат тие.
По таа девиза се водеше и мама, понекогаш уште вика дека сака да има брат, гајле и е за имотот. На крајот испадна, ни брат, ни имот. Тој заслепен од лекциите на жена му, секојдневно се расправаше со мама за имотот, притискаше да се препише се на време, додека не доби што сакаше. Ама во некои кавги и има толку грозни работи изнакажано, со цел да ја изманиулира, што до крајот на животот не може да ги заборави. Сега комуницираат ради реда, и се познава дека е на сила некако. Најубаво е како по западот. Полниш 18, ако сакаш на факс, земи студентски кредит, учи, работи, отплаќај. Самостојно живеј, прави што сакаш со животот. А кај нас, се некако родителите се трудат да не насочат, да створат за нас, и се некој е незадоволен. Секој треба да се труди, да работи, да направи нешто. Тоа од родителите ќе се наследи, по закон ни следува секако.