Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.219
    Допаѓања:
    50.806
    Пол:
    Женски
    Моиве за имотот незнам како ќе направат, ама се ми се чини дека на мене се ќе остават. Сестра ми си живее во странство ни на крај памет нема да и текна да живее тука посебно во нашиот дом. Нејзиниот маж си има голема куќа, а моите на мене остануваат да ги чувам.
    Исто ми е колку ќе ми препишат на мене или на сестра ми тоа не ми е толку битно.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.662
    kirilica_samsung.jpg
    Ако и после ова неможеш да ставиш кирилица, тогаш ќе ти ја препорачам @Lella
     
    На sanjaeva и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Falaa, iskreno, se imav obideno vekje porano no neuspesno. Ke go razgledam ova za nekoja minuta i ke pisuvam na kirilica od sega.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.351
    Се изначитав и не можам да сфатам... од една страна Ребека ја испоплука тетка и дека не ги гледала родителите, а од друга страна вика дека тој што ги гледа треба да наследи поголем дел...тогаш кој е проблемот, татко и наследил уште одамна поголем дел и тој ги гледал старите, како што според неа е правилно, па не ја разбрав потребата да ја испоплука тетката...

    Сте ги гледале, секоја чест, сега имате поголем дел наследство, како што нели Ребека мислиш дека е правилно и уживајте, што те натера да ја оговараш жената на 20 страни:^)
     
    На Asparagus, elimkd, mira.mira и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Вие или не сакате да прочитате или не умеете, трета опција нема. Значи тетка ми од една страна доброволно се откажала, добила финансиска поддршка од родителите и не е на улица. Ниту кога би се развела не би била на улица. Но, сепак, таа доаѓаше во кратки посети и не помогна во чување на родителот од ниту еден аспект. Тоа мене ми е чудно јер и јас сум ќерка и знам како нема да постапувам со моите родители.

    Понатаму, многу од вас ме прашуваат премногу општи прашања а јас зборев конкретно за мојата ситуација. Значи да појаснам, имотните односи кај нас се средени во секој аспект. Има кај да живее брат ми, имам кај да живеам јас кај идниот маж, ама и во случај да се разведам нема да останам на улица. Само кажав дека јас доброволно се откажувам и нема да барам идеална делба на имотот со брат ми, туку јас ќе земам помал дел.

    Не ја осудив поради делбата, туку ја осудив како ќерка која е сакана, чувана и испочитувана од своите родители, а не дојде да го гледа својот родител. Не се очекуваше од неа да доаѓа секој ден, но во период од 5 години таа ниту еднаш не отиде во болница со својот татко.


    @bittersweet можеби во твојата држава е лесно братот да спечали пари и да плати, но овде кај што живеам јас не е баш така. Види, моите мене не ме делат, имот ќе наследам и јас ама одлучив да не земам дел од брат ми. Во некои други околности поделбата би се направила на поинаков начин. Сега е така како што е и сите сме среќни и задоволни.

    Каде ќе ги вложува парите добиени од своите родители е одлука на ќерката. Не мора да ги вложува во куќата, може да ги става на сметка за децата.

    Моите родители не се како повеќето, имот има, со таа разлика што јас ќе добијам нешто помал дел. Од љубов кон брат ми, но и од практични причини се откажувам од надоместок. Продажба на целиот имот а потоа идеална делба е невозможна мисија. Кај нас празни парцели и ниви се продаваат со години а не пак цели куќи.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  6. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Кавги за поделба на имот имало и ќе има. И порано браќа, сестри очи си ваделе за имот, гледам и сега често се случува.
    Кај мене сестра ми уште сега вели не ми треба ништо ете ти се. (Мажена е во друг град, а јас останувам тука).
    Јас и велам да не брза, зошто не знае дали исто ќе размислува и после неколку години. Од кај да знам можеби мене патот ќе ме однесе уште подалеку.
    Како и да е воопшто не би правела кавги околу поделба.
    Единстено ми е жал што немам ништо од страната на татко ми. И тоа малку што беше негов дел им го остави, само за да нема кавги.
    Тој секогаш вели бидете живи и здрави да стекнете се сами, без да чекате од никој.
     
    На elimkd и mira.mira им се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.215
    Пол:
    Женски
    По примитивно размислување од тоа дека целиот имот треба да оди кај машкото немам сретнато! Женското нека оди кај мажот без скршен денар и ако не дај Боже некогаш во животот му искрснат било какви брачни проблеми нека си трпи и молчи од причина што по раводот би требало да си оди на улица затоа што целиот имот отишол во рацете на братот. Многу глупаво и заостанато размислување!
    Поправилно ми звучи родителите додека се живи имотот да не го препишуваат на никое од децата, по нивната смрт секако дека ќе им припадне и тоа ферски, поделен рамноправно.
    До кога само ќе постојат тие поделби меѓу машки и женски. Да имам машко и женско дете, срце не би ми дозволило на машкото да дадам се а девојчето да го оставам без ништо. Подеднакво би ме болело за секое дете, независно од полот.
     
    На sj *O*, TashSefton, kolovoz и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.933
    Допаѓања:
    19.746
    Пол:
    Женски
    Имотот треба да се дели подеднакво за сите деца , женското не е најдено од на пат па ништо да не зема !
    Друга работа со гледање на старите и нивната грижа , сум била сведок како ги неговаат и богами многу тешка работа , одење по болници , менување памперси , па со склероза и итн. , тие што ги гледаат старите треба целиот имот да го наследат , бидејки заслужиле !
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    2.090
    Мислам дека од цел свет само кај нас во нашата тажна државичка има најмногу кавги околу делба на имот. А за тоа е секако најмногу крив системот.. Да има услови после 18 години секој ќе си гледа и ќе си печали за себе како и што прават во побогатите земји, таму со неколку години работа можат да си дозволат да си купат куќа/стан.. Кај нас треба да скапиш од работа и тоа да го отплаќаш на кредит. За жал таа е вистината, тука тоа што го постигнале дедовците со печалбарство се тегни од поколение на поколение и за тоа се тепаат сите. Не сме ние криви, секој сака мирен и спокоен живот да има нешто свое, тоа е тоа.
     
    На mira.mira и L-a-r-a22 им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.662
    Прво, Мој е имотот, јас го спечалив и како сакам , така ќе го делам.

    Ниту едно од моите деца нема право да ми пререкува ,,зошто, како, колку,,....

    Јас коректно према нив сум постапувала, сум ги школувала, сум делела љубов на тони,сум се грижела и единствена желба ми била да одгледам здрави луѓе способни да продолжат сами.
    Ако оформиле фамилии а чекаат некој трошка да им фрли, тогаш тоа е мој пропуст, не е нивни.Не сум успеала доволно да им всадам во главата дека најсладок е лебот кои сами ќе си го купат.

    Е сега...кога ќе дојде време да делам имот, на сите тројца ИСТО и подеднакво...зборам за недвижнини.
    Бидејќи на сите тројца подеднакво сум им скратила додека отплаќам кредити.

    А кога ќе остарам и ќе мора некој да ме гледа (нели и такви денови доаѓаат, колку и да сакаш, неможеш да ги игнорираш), пензијата ќе ја зема оној кој ќе биде со мене.
    Ако нема таков кандидат, има домови за старци, па како даде Господ-така.
     
    На sj *O*, kolovoz, 1209 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. BE YOU

    BE YOU Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Тоа е тој глупав и заостанат стереотип во нашето општество !
    Криви се родителите што ушѕе од мали ги учат синовите така за потоа лакомоста да нема граници!
    Како женското да е привремен ,, патник" дома, ко да го хранат и растат само затоа што е женско , ко некој што не припаѓа во домот...
    Сета таа НЕподршка им дава широко отворени раце на машкиве , да си играат речено со девојчињава..
    Бидејќи срамота е нели да се разведе или не дај боже да си отиде! Таквите родители губат многу , а во краен случај и самите деца бидејќи излез нема а битно братот/машкото ќе ,,живее!!"
    Кога ли ке се просветлиме :)
     
    На sj *O*, Espadrila, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.552
    Допаѓања:
    272.595
    Ако машкото носи невеста дома и се грижи за старите, нели женското оди во куќа нечија и се грижи за неговите стари?

    Вака испаѓа дека жените секогаш мораат да живеат во "нечиј" имот.

    Во поделбите на моите родители нема такви пресметки. И татко ми и мајка ми имаат по еден брат. И еднакво наследство со братот.

    Мене ми е чудно ова "природно" наследување на мажите.
     
    На 1209, stetoskop, Asparagus и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Би сакала да слушнам мислења во врска со проблемот.

    Дали би се лутиле доколку при разговор со родителите ќе ги слушнете зборовите - Куќата оди на брат ти, ти ќе живееш кај твојот маж и нема ништо да добиеш од нас, па дури и цела нивна заработка оди за поспремување на куќата на машкото а ти не добиваш ни пет денари а цело време се трудиш. Како би се чувствувале доколку цело време се врти околу тоа прашање?


    Што се однесува до темата, за жал растеме во такво опшество со застарени мислења дека женското мора да си оди од дома, а машкото останува да ги чува родителите и по тој терк заслужува се да наследи.
    Што доколку синот воопшто не се грижи за родителите, го продава сиот имот да кажеме од ниви до плацеви за да живее луксузен живот?
    Инаку, познавам еден случај кај што родителот го препиша имотот на внукот бидејки синот воопшто не мрдна со прст да се грижи за неговите родители.
     
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.537
    Пол:
    Женски
    Да, би се налутила, и би била многу навредена. Трагично е да не поседуваш ништо само затоа што си женско.
    Затоа тепани и малтретирани жени трпат до крајот на животот, оти немаат ништо свое.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, stetoskop и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Така и си мислев, ми се довери другарката и не знаела како да постапи, зошто мајка и постојано и велела дека кога таа ќе биде омажена не била должна да и помага доколку нејзиниот сопруг реши да реновира во неговиот дом, бидејќи тие работеле за нивниот син да има кај да ја смести снаата.

    Ја советував додека не заврши со студиите да си седи дома, подоцна ќе мислиме чаре.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, stetoskop и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Цццц, а ако не се омажи?
    Има нешто што се вика нужен дел. Тоа секако и следува.
    Какви родители има ццццц
     
    На cresa-jagoda, Mr. Right, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Ако не се омажи самата мора да се снаоѓа зошто нели била способна за независност и да има стабилен живот.
     
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Ајдеееее!
    На вакви родители обично снаата ептен им се 'пофодува", па пак по ќерката трчаат.
    Срамота
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.215
    Пол:
    Женски
    Да, и тоа до толку многу што случајно може и пожар да предизвикам па пепел после да има братот и снаата за наследување. Балканскиве старци највредни се од сите на светов, се некој нив мора да ги чува. Па баш снаата ја нашле. И после кога ќе им го свртат грбот пак кај ќерките ќе плачат. Море таквите заслужуваат на улица да останат и никој да не ги погледне. :devil:
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.384
    Пол:
    Женски
    Ако имам едно дете, логично сè на него ќе му оставам.
    Ако имам две деца логично сè по пола ќе им оставам.Ни плус ни минус кај едното или другото.
    Нема да гледам по заслуги кое повеќе учело, не учело или работело.Кога ќе умрам се ќе е нивно, а дотогаш нека берат памет како ќе се издржуваат.Не планирам да го/ги финансирам ќе направам паразит само од детето.
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.