Све што законски ми следува све ке си земам !! Да не бидете прости на снаата да и го оставите вашиот дел за да после ни на кафе да не можете да отидете во својата родна кука/
Кај мм, они се три деца и по некој непишан договор, станот му припаѓа на мм, веројатно зошто е машко и зошто остана да живее со мајка му. У принцип ваквата поделба ама ич не ми се свиѓа, прво пошо е неправедно дека се три деца, а второ зошто и не е црно на бело. Ма и да е, нејќум! Реновиравме бајаги у станов откако решивме да живееме со мајка му, сестрите зборат дека они се откажуваат од станов (не знам ни зашо) али ипак откако избрзав со некои одлуки, му реков или да го продадеме за два помали или со кредит да си купиме некое помало, па утре стварно мирно да си спијам знаејќи дека моето е мое, а не после 10 години да им текне на золвите дека уствари бараат дел ( за што и реално имаст право), па и не дај боже вонредни ситуации, ем никој да не остане на улица, ем секој да си има свој дел
Затоа не се вложува во нешто што не е твое , бидејки сведок сум кај што велеле сестрите дека не земале ништо а на нотар си побарале дел ...
Така е. Затоа реков згрешив што убаво не размислив за некои работи ама ете бидна. И ја и мм имаме искуство со најблиски со поделба на имот и пак иста грешка се праи зошто нормално он си верува на сестрите. Нејсе, не за џабе рекле брат за брат - сирење за пари
Имотот треба да се подели подеднакво. Јас му имам кажано на татко ми,океј велиш дека имотот ќе го поделиш на еднакви делови,секое дете ќе има свој дел,гледај да си го одржиш ветувањето затоа што ако мене не ми оставиш дел,очи нема да ми видиш ако синовите те третираат како куче или полошо од тоа.Нема да те сожалувам,нема да ти помагам,му реков.
И што ако пиеш кафе у куќа кај што никој не те сака? Јас имам кај да живеам, ако брат ми нема, нека му се, мене не ми треба. Да му зеам пола и да му заклучам 2 соби? Каква глупост. Ако има брат ми кај да живее. Ќе ја продадеме куќата и ќе делиме по пола.
Ако родител ме за*бе, нема што со мене да бара повеќе. Не ради имот. За брат да има, кратиш од твоето. Како да ти кажам, свекрва ми пред 30 години така размислувала, дм е таков што збор нема да каже, ама брат му еднаш и' рече - нека го брат ми да се мачи, битно внук ти (од имотот што го оставила) си има куќа. Имотот од моите може мене никогаш да не ми затреба, ама ако имам повеќе од едно дете, тешко дека во овој живот ќе спечалам доволно за на две деца посебно да им оставам. Не за мене, за нив би било добро да имам.
Па после дете, брат се сака највеќе. Ако нема моето кај да живее, ќе земам, ама бидејќи му обезбедив, нема да зеам. За мене е сосема небитно.
Ама не се вашите родители они кои треба да ги обезбедат вашите деца Ако не можете да им створите вие нешто, тогаш може ќе си створи детето само (имам сретнато и вакви случаеви), ако не бива ни тоа ќе се стиснете во две собчиња ќе живеете две фамили ако треба.
Точно, ама затоа нема да се откажам од наследство за никого Инаку, од случаевите кои ги знаеш, јас и дм сами сѐ правиме и создаваме, никој не ни оставил ништо, ама тоа не значи дека и јас ќе оставам да се мачат ако веќе можам да дадам. Во таа смисла братот на дм искоментира на мајка му, дека додека брат му (дм) се мачи за да створи живеалиште, внук ѝ (братучед на дм) има куќа на готово, онаа иста куќа од која свеки се откажала нели оти таа имала, ама сестра ѝ немала Па 30 години подоцна, има еден стан и дел од куќа (од маж ѝ), делот од куќата е подарен на братот на дм, а за дм нема, во станот таа живее. Значи дм има опција или да создава ново, или да живее со мајка му, или да ја чека да умре па да живее. Ја одбравме ние првата опција, не чекаме од други Ама јас не би постапила како свеки, што е мое - мое е, нема што да се откажувам. Освен ако сум милионер. Ама не сум. А и вие не сте
Правилно е да се подели еднакво меѓу децата,не меѓу машките деца.Татко ми сигурно ќе го подели меѓу мене и брат ми.Не дека јас ќе чекам од него да ми обезбеди место за живеење,ама една сигурност да имам,а и зошто да не кога имам право? Кога ќе имам свои деца,во тестамент ќе им поделам се.Не сакам поделби.Ме иритира што машките наследуваат,женските не.Добро е што имотот во брак е во заедничка сопственост,во спротивно би било многу лошо. Треба да се дели имотот еднакво,исто како и љубовта спрема децата што е еднаква.
Не мораш да бараш кафе некој да ти направи во твоја кука Дај боже љубовта со брати доживотно да ви царува ама како што гледам наоколу све е испокарано .... Поготово снашките коа ке стапат во куката лелеле, тебе ти е брат ти мил но снајката ке господарува Не ми е јасно зошто би му оставила на тугинци она што ми следува , па коа ке имам деца\внуци да немам што да им дадам на сите подеднакво ??Wtf ?? Не ми е јасно зошто би се одрекла од нешто мое?
Не ми е јасно какво е тоа правило синот да наследи а ќерката не,таа ќе си се мажи. ами ако се две ќерки? имотот државата нека го земе зашто тие ете ќе се мажат не им треба
Треба да биде еднакво поделено. Не знам дали имам пишано на темава ама мајка ми ни купи и мене и на брат ми по еден стан. Се е еднакво поделено уште од сега. Што ако јас утре се разведам??? Кај ќе одам? Треба и ќерките да имаат секогаш еднаков дел.
Оти не значи ништо 1 четвртина од стара куќа. Или 1 осмина. Ама за брат ми ќе значи многу. Што ако јас му заклучам 2 соби? Што ако е на мое име пола? Јас да умрам па на маж ми да е и на децата на новата жена на маж ми? Не.