Od receno do storeno IMA mnogu razlika. Eve I ja ti vikam srcka ke ti prepisam Stan.... A za siguren brak , jas poznavam mnogu takvi I po 40 god se razvele. Taze mazena si, mlada I nemas iskustvo od zivotot. Za nekoja godina , pak da pises, daj boze da e taka ubavo.
Срцка не сум тазе. За поминато во браков имаме премногу, еден куп препреки и лоши работи ни се случија, не верувам дека друг би ги поднел, но нас дури мислам дека не направи посилни и позближени. Верувај парови по 50год што се, не го преживеале тоа што ние го преживеавме. На никој такво нешто не му посакувам, посакувам да си се сакате без да се докаже тоа на потешкиот начин. Ама не е проблем секој има различни приоритети и ставови за животот, љубовта и бракот. Јас никој не обвинувам си кажав кај нас како се испадна и за миг не се каам.
Сега и јас можам да ти кажам дека би ти препишала дел од мојата куќа, ама сето тоа ке остане усно ветување (или во конкретниот случај писмено на форум) се додека ти не добиеш имотен лист на твое име. Eве, штом толку те сака и све-је-моје-твоје, зошто навистина не ти препише? Колку и да е смешна приказната за мажот со три кошули, ептен вистинита е.
Најсмешно е што малце погоре ги плукаше тие што не си створиле свое, туку чекале од родителите. А и она чека од родители, само не нејзини, туку од мажот. А па мажот е најсмешен, уште ништо не створил, ама стигнал и куќи да препишува лол.
Татко ми вика: кој прст да го пресечиш исто болит. Ние никад сме немале проблем, татко ми уредно не подели. Еден спрат за брат ми, еден за мене. Никад се незна што носи животот. Мило ми е што живееме во слога и разбирање. Иако сум мажена, убаво е да знаеш дека ако недај Боже дојде до развод да имам кај да се вратам.
Место да 'играм' на карта: Ако нешто се случи, ќе ме прибере тој-и тој ... не е попаметно тоа што е твое, да си биде твое , па да не калкулираш после што и како? И брат ти ако те прими, може снаата нема.. А и не мораат.. и двајцата, пошто законски, тоа е нивни имот. Односно, да го 'купиш' грбот од брат ти, со тоа што цел имот ќе му го препуштиш нему? Тоа не е грб.. мафијата така работи. Утре ако не му чиниш, ќе го кркаш стапот. Не е ни себичност, ни алчност да си бараш дел, исто како и брат ти. Гледаш како ве имаат научено? Дека ако бараш дел од твоите родители, исто како што ќе добие брат ти, тогаш алчна си. Не си ти алчна, алчен е тој што ќе земе се', и око нема да му трепне! Абе ти можеш да процениш најубо, ама работите се менуваат во животот и ништо не доаѓа со гаранција, дека нешто 'вечно ќе трае'. Еве вака.. ти ако имаш девојче и машко, ќе им поделиш исто, или ќе ја оставиш нејзе, во 'рацете' на некој си иден маж и неговата милост/немилост?
Jas samo edno ke ti kazam nedaj boze da mu se prilepi nekoe kurvice na maz ti ima da letas od taa kukja kako partal. Ova go imam gledano kaj nekolku parovi od moite. Taka da devojce ne razmusluvaj so srce, razmusluvaj so pamet. A ako veke saka maz ti saka da ti prepise jas odma bi odela na notar ne bi cekala sta bi bilo kad bi bilo. Pozdrav
Според мене не треба ни братот ни сестрата да остане да кмише цел живот во куќата на родителите без да направи свое како што е во странство напунат 18 години и се самостални, таа куќа што е на родителите треба според мене да остане за недај боже ситуации и за да отидеш да се одмореш да знаеш дека имаш дел и дека ти е мирна душата. А вака сестрата му се оставила на братот и нејзиниот дел е глупавост. Кој брат не би сакал таква сестра што ке му остави се девојче треба во животот некогаш себична да бидеш не живееш за другите.
Да ти се плукнам во братот што ќе те почитува само ако му ја оставиш куќата! Па уште муабетиве - јас за куќа со брат не си замерувам. Брат што ќе ми замери оти не се откажувам од имотот на ЗАЕДНИЧКИТЕ родители, не ми ни треба.
Па ако таа се откаже од имот на папиру тоа значи дека нема никогаш да може да влезе во таа куќа? еве свекор ми цела куќа ја наследи па сестра му која е мажена во друг град секогаш има место во таа куќа макар решила да се пресели од кај мажот и да дојде да живее кај братот. Не и треба нејзе документ секогаш има место и кој да ја пречека.
не би рекла. Еве во ситуацијата која ја опишав со свекор ми,3ца браќа се и една сестра. Двајцата праќа се одкажаа од куќата но зедоа место од дворот за да си направат свој дел нели не ќе се тепаат и туткаат во по една соба. Куќата во која живееа остана на свекор ми со тоа што секако тука иако не на папир си има дел и сестрата. Досега не побарала ништо но секако ако побара и следува и ќе добие.
Најправедно е ништо да не се дели при живот, да се помага на кого колку му треба, но имотот да си остане на родителите додека се живи. Делењето единствено треба да биде кога ќе дојде до делење на наследство и секој да добие колку што му следува. Чист рачун, дуга љубав. А овие размислувањава за разлики меѓу машки и женски деца, браќа и сестри, односно делење на истите по однос на пол, треба да бидат веќе длабоко закопани не во 20-ти, туку уште во 19-ти век. Толку напори се прават за изедначување на правата меѓу половите, во сите сфери од животот, а во однос на наследството уште има размислувања како од племенска заедница. Ако работите на исто работно место со колега маж, ќе сакате тој да има поголема плата само затоа што е маж или пак уште посликовито, ќе се откажете од својата плата само затоа што сте жена, па вашиот маж има плата и поради тоа на вас не ви треба плата? Исто е и со наследството. Може да се откажете од него ако навистина сакате, исто како што може да работите и про боно, без надокната од за вас исправни причини. Ама не само затоа што сте жена! Ајде вие што сте млади па ве трујат уште од мали дека "така треба", ама родителиве ваши, со цело животно искуство и стекната некаква мудрост, навистина мислат дека треба ќерката да ја остават без ништо, само затоа што е женско и е мажена? И вие што се удирате од гради дека мажот никогаш нема да ве остави...на страна што навистина не може никој да гарантира такво нешто, ама еве и да е така, сте размислувале некогаш дека не дај Боже може да му се случи нешто? Не дај Боже, може да почине додека имотот што би требало да го наследи само тој се води уште на неговите родители. Знаете што ќе имате вие од тој имот? НИШТО. Ако имате деца тие понатака нешто и ќе наследат, ама вие ќе немате ама баш ништо. Ни од маж, а според размислувањето на вашите родители и по ваше одобрување, ни од родителите. Па да видам дали после нема да се замерувате со браќата и да водите правни битки за нужен дел.
Не знаев дека фактот што сакаш еднакво да бидеш третиран како братот од страна на родителите е алчност. Јас стојам на тоа да или и мене и брат ми ни дадат моите дел, или на двајцата ништо да не ни дадат. А ако само него му остават се', а мене ништо зошто ќе одам јас кај мажот, или пак брат ми си земе се, најсериозно си кажувам дека може слободно да ме заборават. И не, не е дека имот ми е побитен од нив,, туку токму затоа што ним им е побитен имотот од мене, односно брат ми повеќе го ценат. Ако во меѓувреме да речеме брат ми се ожени, а јас уште живеам со моите, нема никаде да одам само за да ги оставам на раат. Ако не им одговара да сме заедно во еден стан, предлог би дала да го продадеме станот кој и онака е голем и парите да ги поделиме по пола. Ете јас и помал дел нека земам, ама да ме шутнат ко ѓубре зошто сум женско, не дозволувам. И муабетот со развод. Јас сум во среќна врска и ок, имам уште многу дур се омажам, ама не ни знам дали ќе се мажам за сегашниот дечко или некој друг, па и дали воопшто ќе се омажам. Ама колку добро и да ми оди во врската или бракот понатаму, секогаш сакам да си имам свој дел за да бидам сигурна дека секогаш ќе имам покрив над глава.
ако после смрт на родителите се дели имотот делениците верувам дека ќе се исколат кој колку да добие. Најдобра солуција е родителот додека е жив да одреди кому што ќе му припадне. Дедо мој подели имот на мајка ми и двајцата браќа со тоа што мајка ми доби половина од имотот заради што до смртта на баба и дедо се грижеше за нив а браќата по една четвртина од имотот. Од тогаш повеќе од 30 години поминаа браќата умреа а животот го поминаа по судови тужејќи се зошто мајка ми повеќе да земе,око не си видовме со нив цел живот. А ако не го поделеше дедо ми тогаш мајка ми сигурно ќе немаше ни 1 квадрат имот да наследи од тие натрапници.
Ти имам одговорено, немаш видено. Јас не реков дека ќе му го оставам целиот имот на брат ми, бидејќи нашите родители имаат голем имот, тоа што ми припаѓа мене ќе си земам и двајцата имаме по пола од се. Ама реков дека доколку имотот е мал (пример само еден стан), во таква ситуација мојот дел ќе му го препуштам бидејќи е нечовечки а и многу грдо у еден стан ја да му заклучам една соба.