А што ако не се омажите? Ете, има и таква опција. Тогаш, пак ќе се откажете од делот што ви следува од наследството?
Тогаш секако треба сами да си заработиме за себе и да излеземе од куќата каде што сме израснале за да не му зафаќаме простор на братот. Имаше една членка еднаш зборувано за ова, дека им зафаќала соба на братот и снаата
Тоа секако, ама мене ми беше зборот дека ете, се случуваат и такви работи. Кај нас во Македонија е малку потешко да заработиш свое со една плата, е сега, ако е солидна е друга приказна. Ама зборов ми беше за овие што велат дека имале кај мажот свое, па се откажуваат од својот дел од наследството во корист на братот.
Во сарказам беше кажано. Инаку како што кажав и во претходно мое мислење, треба или подеднакво на двајцата, или и двајцата ништо да не добијат. А јас секако би сакала свој дел, без разлика дали ќе се мажам утре или не.
Зошто да се исколат? Се поведува оставинска постапка, колку наследници на толку дела. Двајца наследници, по идеална половина и што е тука нејасно?
Ве читам и се чудам. Јас дефинитивно ќе се откажам од мојот дел кој ми следува. Зошто? Затоа што сум скромен и затоа што сметам дека не сум го заслужил, а искрено не ми ни треба. Сам сум способен да заработам и да си купам се што ќе ми треба. Не сакам утре некој да ми го плеска тоа во лице. И мене не ми е криво што некој мој близок ќе земе се, а јас нема да добијам ништо. Да сум жив и здрав сам ќе си заработам и ќе си купам... Spoiler И ако некој се откаже од својот дел будала бил? Жими ашинот...
Сум кажала јас мислам тука, две сестри сме ама да имав брат сигурна сум дека се на него ќе оставеа моите, такво сфаќање си имаат дека женско оди во друга куќа и таму си има имот. Мајка ми иако имаше од дедо ми некоја нива се откажа, на вујковците остана се тоа, а татко ми се наследи од дедо ми. Може еве сега ние помладиве знаеме дека сме еднакви и ни следува еднаков дел, ама на постара генерација тешко се докажува, а друга работа што сите ги врзуваат децата, што дигнале толкава куќа 2 стана ќе купат ама ај кој ќе ги гледал на староста што може да отиде под кирија или во странство не размислиле очигледно
Не за на него да му оставеле твоите, си има Закон, по дифолт ќе наследите по идеална 1/2. Освен ако ти се откажеш од нужниот дел.
Имотот се дели подеднакво на децата, вклучувајќи ги омажените ќерки. Секоја друга опција е дискриминација. И не е исто на некој да му бидат само вратите отворени но да нема свој дел од имотот. Вратите секако се отворени за сите, за комшиите, за роднините, за гостите, тоа е едно, на кој му припаѓа имотот е сосема друго.
Јас во иднина очекувам еднаков третман со брат ми. Јас, како и секој млад пар имам амбиција да живеам одделно. Се надевам и брат ми ќе ја има таа амбиција па да си живееме засебно од родителите, а куќата да ни биди поделена на два еднакви дела за во иднина. Во ситуација кога би се мажела, можи да се случи да се разведам и да беше друга држава да сум способна да живеам сама, и со дете океј, ама факт е дека најверојатно би се вратила кај мама и тато зошто сама одма не можам да се кренам колку и да сакам. И не, неќам да бидам примена од милост кај моите или кај брат ми, туку да бидам таму зошто имам дел. Апсолутно би се налутила и би прекинала контакт со моите ако не се подели имотот на пола. Не зошто сакам поќе имот од шо "заслужвам", или зошто сум "алчна" за нешто шо ми следува, туку зошто ќе се осеќам како дете кое е помалку сакано и не дел од фамилијата. Брат ми нема право да ми се лути за тоа шо не би остала дел кој е мој. Јас имам ораво да се лутам ако со сила сака да земи дел кој е мој.
Браќата на мајка ти не би можеле да и го оспорат наследничкото право на мајка ти и да не бил поделен имотот за време на живот, си постојат законски правила кој и колку наследува и тоа според мене е најправедниот начин на поделба на имотот на родителите, во случаи каде што сите деца или нивните наследници се достојни за наследување. Во вашиот случај веројатно делбата според волјата на дедо ти и текот на настаните била праведна, но има доста случаи каде таква делба е на некој начин неправедна. Еве конкретно за ова што го зборуваме, дека некои родители се поведуваат по некои застарени и сосема неоправдани уверувања дека машкото дете треба да наследи само затоа што е машко, па случаи каде што се злоупотребува намалената критичност на повозрасните лица и врз нив се врши притисок и им се злоупотребува зависноста од нега со засилена сугестија за таква поделба и сл. Затоа велам, според мене, во идеални услови најправедно е да не се дели имотот при живот, секој наследник да наследи колку што му следува според закон, а ако има желба од некој од наследниците, може да се откаже од наследството во нечија корист, но само по сопствена волја и убедување.
Знам како се дели наследство, го студирам тоа ама има и начини како да се изигра Законот (зборам за хипотетичка ситуација) освен откажување што е пракса, со договор за доживотна издршка може да има еден наследник, исто и еден наследник да се прогласи за недостоен или преку подарок за време на живот може да се остави дел ама не целото.
Темата не е дали треба некој да се откаже од својот дел од наследство и дали е будала ако го направи тоа. Секако дека е сосема легитимно да се откаже, односно да постапи онака како што му налага волјата и убедувањето. Темата е за поделба на имотот меѓу децата и тоа најчесто во корист на машкото дете, односно синот и дали е тоа оправдано и праведно. Јас еве сум женско, немам брат и немам барем до сега проблем околу ова прашање. Како што стојат работите, верувам дека наследувањето, доколку во животов се оди по ред ќе биде законско и праведно. И без разлика колку сум стекнала и колку ќе стекнам понатака, немам намера доколку дојде до наследување да се откажам од својот дел. Не само поради зголемување на имотот, туку немам намера и да се откажам од спомените што тоа наследство ги носи со себе, како што преку наследството од моите предци живеат спомените за нив низ секоја наредна генерација. Јас не им се чудам на жените што се чувствуваат обесправени поради лишување од наследство само поради тоа што се родиле како жени. Тоа што јас не сум во иста положба, не ме прави неспособна да ги разберам и да ја увидам нивната обесправеност. Не се работи само за тоа фамозно собче како што некои тука спомнуваат, не се работи само за имотна корист или обезбедување кров над глава, се работи за многу повеќе. Се работи за еднаква распределба на љубов и грижа кон децата, без разлика дали се и колку способни сами да заработат. Родителите не треба да ги делат децата по ниедна основа. А како ќе постапат децата по однос на тоа наследство, дали ќе го прифатат или ќе се откажат, тоа е веќе друга тема.
@Желба ако ги читаше претходните коментари ќе знаеше зошто го спомнав делот за дека некој е будала ако се откаже од својот дел. Една членка претходно така напиша затоа и го потенцирав ова. Инаку тоа дека машкото дете добива поголем дел од имотот е случај во повеќе семејства, ама тоа сепак е одлука на родителот без разлика дали е правилна или неправилна. И се согласувам дека секој треба да добие еднаков дел од имотот, секако освен ако не сака . Епа јас затоа не сакам дел од имотот затоа што сакам да се откажам од спомените, односно поголемиот дел кои се грди и воопшто непријатни. Не сакам да ме потсетува на тие лоши моменти. Инаку моите сакаат да го поделат на два дела , а јас отворено им кажав дека не сакам ништо. И според ова и констатацијата на членката од погоре јас сум будала? Епа нека сум будала, не сум за една за повеќе работи сум очигледно. Инаку вистина дел од вас се обесправени, ама некогаш и непотребно се потенцира ова и во ситуации каде што тоа не е случај. Еве во мојата фамилија од сите деца кои се машки има само едно женско во целата фамилија од тој генерациски јаз. Сите се трудиме да не се чувствува вака како што ти пишуваш односно да не се чувствува обесправено. Друга работа јас не знам како грижата и љубовта на родителите кон децата ја гледате преку призмата на материјалното. Мене повеќе би ми значело да сум добил поддршка од нив за некои работи во животот кога најмногу ми требала, отколку да ми дале дел од имотот. Ама очигледно имаме различна перцепција и погледи на работите во животот.
При договор за дар може да се остави целото, не само пола. Ти го студираш тоа, јас го работам. Тоа е веќе воља на родителите.
@RAF Camora јас цело време нагласувам дека секој треба да постапува по сопствена волја и убедување. Доколку ти сметаш дека треба да се откажеш од нешто, тоа е твое право и тоа никој не ти го оспорува. А делот со тоа дали си будала ако се откажеш, во право си дека не разбрав баш дека реплицираш уствари некому. Тоа будала, паметен, мислам дека нема врска у дискусијава, занемари го, такви епитети се непримерни и непотребни. Единствено, ова како совет од малку повозрасна, јас би оставила таа одлука да созрее, би ја имала мислата, но не би брзала. Се менуваат луѓето, се менуваат приликите, се се менува. Правото да се откажеш ќе стои, никој нема да ти го оспори, на крајот на краиштата и да наследиш секогаш можеш некому да подариш и со тоа пак да го оттуѓиш наследството. Јас така би постапила, но секако ти најдобро ја знаеш својата ситуација и ќе процениш дали овој совет ти е применлив.
Или една од најчестите причини за раскарување во семејството. Брат со брат/сестра несака да се види, ако се повеќе се групираат едни против други. Најубаво додека се живи родителите да се подели имотот.