Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.188
    Допаѓања:
    13.617
    Пол:
    Женски
    Ај да ви објаснам на сите што ме направивте глупа дека сум се откажала од делот на моите.

    Свекорот и свекрвата значи препишуваат се на сопругот мој, па дури и спратот на кој што тие живеат и викендицата во село со Се ниви и механизација. Значи цел имот што го имаат е сега на име на сопругот. Они се сега баш без ништо, со пензија минимална и плата 200еур.
    И ни веруваат дека утре нема да ги исфрлиме на улица бидејќи се ни дадоа нас.
    Золвата се откажа од дел не побара баш ништо.

    Сега може ви е појасно за каква сложна фамилија се работи, а не глупа, бидејќи во случајот они излегуваат далеку поглупи ако гледаме дека се како "кираџии" во куќа за која они инвестирале цел живот и се лишувале од одмор за да направат на пример ограда на терасата.

    Дури и кога се земавме со сопругот ни го оставија цел спрат, а они подрумите си ги направија собички и еве среќно си живеат ништо не им фали :)
    Ние секако си реновиравме се наново ама од голема помош е што имавме карабина готова.

    И ич не се каам што се откажав од мојот дел имаме имот со маже стекнат и во брак не е само наследсвото на крај краева можам да се снајдам и сама ако дојде до некоја ситуација не сум неспособна и глупа.
     
    На Snowflake97 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.088
    Допаѓања:
    6.677
    Пол:
    Женски
    Луѓето измислија се паметни телефони, роботи, наочари со виртуелна реалност, технологии секакви се да се открие, со телефонот да збориш а вие зборете да се откажете од еден обичен спрат од куќа што ви следува бидејки сте женско самите се понижувате и си ја смалувате вашата вредност никој не ми е крив.
     
    На crimson, blackwave, Asparagus и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 се тоа е фино, ама маже тебе ти кажал дека би ти препишал дел од куќата. Со други зборови, ти имаш исто толку имот како и неговите родители и може само да се надевате дека он нема да те исфрли.

    Не знам како ја гледаш мојата а и љубовта на еден куп други жени кои сакаат дел од наследството кое им следува, а во исто време имаат заеднички имот со маж им, со имотен лист и загарантирани права, ама еве јас ке кажам за мојата дека е вистинска.
    Немам план да го оставам него, ниту он планира да ме остави, ама тоа сега. За 10 или 20 години не знаеме што ке се случи. Јас не планирам да живеам во надеж и верба дека он нема да ме исфрли мене, а уште помалку моите деца. Жив човек, се може да се случи. Наместо да планирам што ке правам откако ке останам на улица, јас однапред играм на сигурно.

    И љубовта кон брат ми е вистинска, ама нема он да го земе целото наследство од нашите родители. Мислам дека имам пишано во друга тема, он ке земе нешто поголем дел од мене, ама заради практични причини т.е. нелогична делба на два засебни имоти.
     
    На theowndemon, mira.mira и Tan4ence им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.331
    @ocicka2014 никој не вели дека не можеш да се снајдеш и сама ама ако одеднаш останеш на улица, сигурно нема од одма да најдеш сместување, па уште потешко ако си со дете.
    Колку и да му верувам на сопругот (ова зборам за во иднина), сакам да бидам сигурна дека што и да се случи, нема да останам без кров над глава.
    А и тоа што ти рекол сопругот дека све е ваше, ништо нема да ти значи во случај да се скарате и да сака да те избрка, кога имотот не е и на твое име.
    Ти прави си како знаеш, ама сепак секогаш да си имаш во предвид секакви можни ситуации.
     
  5. Vesna24

    Vesna24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Така е, никој незнае што му носи утрешниот ден. Се е нивно доколку е стекнато со заеднички средства (стан, куќа, викендица и сл) доколку имотот во којшто живеат одкако се во брак е негов, не дај Боже утре да и каже чао - пријатно, само може куферите да си ги собере и да си замине од кај него.
     
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.216
    Пол:
    Женски
    Еве јас знам за случај каде родителите поседуваат огромна куќа на атрактивна локација чија вредност е многу голема, и замислете, ќе ја наследи нивниот син. Имаат исто така и ќерка која се омажи за скромен човек, си работат, си купија станче ама за сметка на тоа ќе влечкаат кредити 20-30 години и ќе се одкажуваат од многу нешта. А братот со жената нека се чепати на готово у 500 квадрати. Жити правдата. И он и родителите се за на кол! Не е секогаш у прашање собче или мала вредност на имотот. Како не се откажа некој брат во име на сестра!
     
    На Brinetka, marchi-cool, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    @Желба не сакам да реплицирам на некои личности поради тоа што знам дека дискусијата ќе забега во сосема друг правец. Затоа поубаво е да нагласам и потенцирам на ваков начин како еден вид резиме. Јас си кажав што мислам и што би направил и останувам на своето мислење. Дали некој ќе се согласи или не тоа е веќе начин на перцепција на работите. За епитетите не би сакал да дискутирам, бидејќи некои си даваат за право повеќе од што треба.

    Јас те разбирам и не се лутам бидејќи имаш добронамерен совет. Ама и јас имав добра намера кога во вториот дел од моето претходно мислење нагласив дека некогаш материјалното не е важно колку што се важни некои други работи кои може многу да ти значат. Не знам можеби јас сум воспитуван на поинаков начин и поинаку гледам на сето тоа.
     
    На Желба, Snowflake97 и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.088
    Допаѓања:
    6.677
    Пол:
    Женски
    Па така е битни се други работи љубов, почит и да не се дискриминира другото дете.
     
    На Желба и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. springisallineed

    springisallineed Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Сакам нешто да прашам во врска со поделбата на имотот помеѓу двајца браќа.

    Имам чичко кој живее во странство заедно со стрина ми со двајцата синови (први мои братучеди), а јас живеам овде во Мк со татко ми, мајка ми и сестра ми.
    Сега дедо ми сака додека е жив да се договорат сите и имотот да се подели без расправии. Тој вели куќата(во село живеат) и лозјата да се препишат на чичко ми, а станот (ние каде што живееме) да биде наш.
    Е сега стрина ми и чичко ми велат куќата не била многу вредна, тие имале синови..И тој вели СЕ да се подели на пола.Јас веќе некое време на форумите читав дека кога се дели на пола-имотот прво мора да се продаде пада се подели. Тие веќе имаат стан од страната на стрина, а ние имеме стан од мајка ми. Куќата во село е голема со голем двор. А ние во станот многу инвестиравме, од прозорци до ламинати се и сешто.
    Јас се плашам само да не останеме без ништо, бидејќи баба ми е таа која ги прави сите проблеми. Таа веќе со години заедно со татко ми ги работат лозјата, мајка ми бремена работела на лозје, а парите секогаш ги земал чичко ми. Со години тој правел проблеми, влечење по затвори, проблм на работа,додека сега тиа земаат убави плати, ние тука се расправаме меѓусебно. Мајка ми вели дека не сака ништо, но ќе дојде и тој ден кога ние ќе треба да ги чуваме старите. Татко ми тука плаќа операции за дедо ми и баба ми, но се гледа дека го сакаат другиот син повеќе..

    Ме интересира, дали доколку дедо ми (недај боже), почине пред баба ми(и двајцата се скоро 80 години), баба ми ако сака да препише Се на чичко ми, нема спас на нас, односно ќе останеме без ништо.
    Ве молам за одговор,
     
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.216
    Пол:
    Женски
    Не баш се, но колку што знам, во случај на смрт на едниот брачен партнер, едната половина од имотот припаѓа на живиот брачен партнер а другата се дели повторно меѓу живиот и сите деца подеднакво. Значи според тоа, од пола имот, татко ти има право на третина што за жал е многу мал дел во споредба со останатиот. Баба ти нејзиниот дел може да го даде на кого сака. Затоа, додека е дедото жив, обидете се тоа да го решите со некој тестамент или доживотна издршка, адвокат најубаво може да ви објасни. Убедете го дедото оти вака не се знае ништо, скоро со празни раце може да останете.
     
    На Желба и springisallineed им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    9.292
    Пол:
    Женски
    Доколку не го распределите имотот додека се живи старите после смрта на дедото полина од имотот припаѓа на баба ти, а татко ти и чичко ти имаат по една четвртина е тука се зависи баба ти на кого ќе го остави нејзиниот дел (односно половината) доколку се одлучи тоа да биде чичко ти тогаш тој го зема поголемиот дел и татко ти останува со една четвртина само, не можете да останете без ич ништо. А ако се делите после смрта и на двајцата тогаш судот дели се на половина.
    Се зависи како ќе се договорите, најдобро да разговарате со нотар.
     
    На springisallineed му/ѝ се допаѓа ова.
  12. springisallineed

    springisallineed Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Тие еднаш годишно доаѓаат тука, а воопшто не се разговара за тоа. Татко ми е наивен, а чичко ми алчен човек, ќе видиме што ќе биде, Ви благодарам. :l:
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Да, доколку е заеднички имотот на баба ти и дедо ти, во случај на негова смрт, една половина оди кај баба ти, таа е нејзина пошто имотот е заеднички, а другата половина од дедо ти се дели меѓу баба ти, татко ти и чичко ти.
    Советувајте се најубаво со адвокат или нотар, како што посочија погоре.

    Независно од твојот случај, онака општо зборам, некогаш е тешко да се одреди кој колку давал, земал, вложувал, зошто некои работи е тешко да се стават на кантар.
    Во повеќето случаи тој што вложувал, најчесто и живеел таму кај што вложува, значи не плаќал кирија да речеме, плус го абел тоа што го вложил, значи ем го вложил, ем му ја користел вредноста. Може на другиот му се давале пари, но дали вредноста на тие пари и вредноста што би требало да ја даде за свое живеалиште овој што го користел живеалиштето на родителите е еднаква...па едниот се грижел за родителите, ама се грижел и другиот или пак родителите си отишле на нога што се вели, не барале некоја посебна грижа ..и некако тешко е да измериш до грам.
    Според мене, во овакви случаеви најдобро е да си оди законски, ако родителите први починат да се дели на пола или еднакво, ако има повеќе наследници.
     
    На springisallineed му/ѝ се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.662
    Темава предивикува дискусии.
    Секогаш има незадоволни.
    Секогаш некој сака да приграби.
     
    Последна измена: 5 април 2019
    На ivi1987, CameliaMiller, V.odolija и 12 други им се допаѓа ова.
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Мене родителите ми дадоа стан (не е на мое име додуше се уште), дали на мм му следи опремување на една соба од свекрва ми? :D Да знам да барам :D
     
    На Meckicja, candy.cane, Emy867 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Од темел.
    Едно шупиче имало само. Подоцна и тоа доградено. Сиромашно живееле. Почнал со градење на 18 години сам, цигла по цигла, по малку, колку имале.
    Ден денес е за све мајстор дома.
    Затоа и реков, тетка ми со ќеиф му оставила се.
    А можело и да не е така.
     
    На Sexybaby86, Skorpija25, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Познавам многу случаи како овој, и тука сестрата нема многу право да бара половина од куќата. Да не зборуваме како најчесто детето што живее со родителите вложува многу повеќе во куќа која старее, и им помага на родителите финансиски, емоционално и физички низ домот. Сметам дека голема грешка е што родителите веќе не ја практикуваат традицијата на чаиз или мираз, каде кога ќерката се мажи и подаруваат дел од имот, пари, покуќнина, или што и да би и припаднало како нејзин дел. Истото може да го направат и за синовите, па после нивната смрт што им оснатало нив дали преку тестамент, или 50-50 да го поделат.
     
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Може некој од љубов да се откаже, апсолутно. Мајка ми сосема доброволно се откажа од нејзиниот дел од куќа во друг град во име на сестра и. Кога е доброволно и без мислење дека нешто е ред, или нешто мора, нема проблем. А делење на син и ќерка при поделба на имот, апсолутно не е во ред.
     
    На candy.cane, kukla21 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  19. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.188
    Допаѓања:
    13.617
    Пол:
    Женски
    Жени има различни случаеви. Од љубов или едноставно доволно/премногу/повеќе има - брат/сестра да се откажат за сметка на другиот.
    Чист пример: Ќерката има два спрата куќа и викендица, синот со родителите живее на еден спрат во една соба старите во други две младите со две деца. Дали вие како сестра од примеров ќе барате дел од спратот на братот?
    Прифатете дека постојат секакви примери и нема потреба од сарказам и шегување на таа тема.
    На крај никој не е должен да ви полага сметки како ќе си се договорите во фамилијата така ќе си правите.
    Како за очи да ве фаќа некој ако каже дека се откажала една страна за сметка на другата, не знам што ви менува вас во животот тоа толку, кога три страни се согласиле за тоа и не им представува проблем...
     
    На candy.cane, Rebecca_R, pianogirl и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    @Sunlightwoman а дали постои можност откако ќе го реновирате спратот, ако сакате понатаму да го издавање?
    Едни пријатели имаа иста таква ситуација, на приземје родителите, првиот спрат за едниот брат и вториот за другиот брат. Пријателиве го опремија спратот со намештај, бела техника, но буквално се, бидејќи беше тотално празен и седеа таму 2, 3 години, потоа решија да земат кредит за стан, се преселија во станот, а спратот го издаваат додека не го отплатат кредитот.
    Е сега кај нив родителите им ги препишаа спратовите на синовите, не мораа да бараат дозвола за кираџии, но и не се бунеше никој, не им правеа проблем.

    Ако постои кај вереникот таква можност, тогаш можеш да бидеш порелаксирана за вложување во реновирање, ќе можете потоа да си ги повратите парите преку кирија.
    Но јас кога би вложувала свои пари во туѓа куќа, зависно од сумата, би се осигурала да можам утре и да докажам и ако е пред брак и живеете веќе заедно, би заверила на нотар изјава за вонбрачна заедница.
    Попрактично е :)

    А тоа дали ќе имаш проблем или не, никој не може да ти каже. Од мое искуство и тоа што го гледам околу себе, никогаш не знаеш од која грмушка ќе изрипа нешто, колку и да гледаш и премеруваш, џабе е, треба да почнеш и да видиш.
    Може се да биде супер, па животот да ти приреди некоја нова ситуација на која може ти или некој друг не е дораснат или не може да се носи со неа и ништо веќе да не биде исто. А може и се да биде супер и да тече во најдобар ред.
    Мислам дека тоа што се двоумиш дали би можела така да живееш не доаѓа за џабе, ако можеш да стиснеш заби може и најдобра опција е месец, два да поживееш со родителите негови, така најдобро ќе ги видиш и ќе знаеш дали воопшто да размислувате за реновирање или да си земете кредит и веднаш да се одвоите.
    А опцијата за кираџии секако продискутирајте ја, кредитите долго се отплаќаат, ако веќе спратот е за него, искористете го некако, ако решите да не живеете таму.
    Со среќа! :)