Сам ако си ја изградил и ако си ја платил, друго е. Овде беше муабет за куќа направена од родителите или станови купени од родителите... уатевр.. гаражи 15 нека се, ама од родителите купени/изградени...
Не постои таква можност за жал. Неговите родители нема да дозволат кираџии да им се мотаат у куќа. Не знам ни дали ќе има вереникот спрат ако не живееме таму. Претпоставувам да, ама би останал така. Не ме загрижува тоа што ќе вложам таму, ако живееме долго и ни е убаво. Ме загрижува ако вложеме и тој и јас за на крај да се преселуваме а тоа да бидат загубени пари. Бидејќи не постои можност за кираџии или продажба на катот. Знам дека никој не може да ми каже како ќе биде. Ама читајќи ги сите тука, не ми се ризикува. Не би живеела со нив 2 месеци во заедница ни под разно. Баш тоа сакам да го избегнам, расправии, замерувања, кои сигурно ќе ги има. Сакам да го задржам добриот однос, затоа мислам најдобро е уште од почеток човек да се оттргне. Разбирам како е кога друга жена ќе ти дојде у куќа и ќе ти се меша у кујна. Тоа заедничко живеење би било само извор на непотребни проблеми. Сепак ви благодарам на сите кои ме советувавте. Веројатно ќе се одделиме колку и да е тешко.
Не е тешко ако со вереникот се согласувате на темава. Парите што ќе ги давате никогаш не се многу за раат во куќа.
Не бараш ништо од братот во случајот. Не е негово. На родителите е. И да. Очекувам и мене да ми дадат. Животот е тркало, горе-доле.
Убаво ќе беше да го цитираше и примерот. Не се слагам со воа колку и да е тркало имаш имот кој ќе се продаде ипак ќе имаш каде да живееш. А не кај нема брат ми во моментов па уште и да го догазувам. Брат ми е, ќе му испаднам во пресрет кога му требам. Куче од улица да е ќе се сожалиш, а не па брат... Ама реков секој за себе си знае, секакви не има...
Ајде пробај да го продадеш имотот од маж ти па пиши ни. И убаво што ќе му излезеш во пресрет на брат ти, само дали тој би го направил истото за тебе? Дали би ти отстапил спрат во случај да немаш кај да одиш? Дали би скратил од имотот за неговите деца за тебе?
Ако заглавиме со маж ми ќе продадеме нешто ќе се снајдеме, зошто да не можеме? И да, брат ми нема да ме остави на улица што и да се случи исто како што јас не би ја оставила золвата на улица утре. Поради ова "во случај", вреди да изигравам паљачо? Па зар вие со мажите не стекнувате имот во брак? Како тоа мислите дека ќе останете на улица некогааш ако ве остави?
Стекнувам во брак, имаме свое, ама сакам и од моите нешто, сфаќаш? И доста со тоа „земам од брат ми“. Не, не земам од братот, туку од родителите. А брат ти значи не стекнал ништо сам, туку чека од мама и тате? Што не стекне и тој нешто, а не само женското кога ќе се омажи.
А што ако земам една соба од моите? Ќе ми смени нешто тоа во животот? Не, не ја сакам подобро еден да се шири и да си има комплетен спрат одколку мене да ми стои собата заклучена "за секој случај". Брееее себичност како мали деца ќе се караме едно лижавче и мене да ми купаат родителите оти на брат ми купиле... Еве не сакам да земам си имам, да сум била немажена може подруго би било, но ситуацијата кај мене е таа како што треба да биде и тоа е тоа-не се каам за ниеден мој чекор, коцките ми се на место и од двете страни.
@ocicka2014 точно е дека ако заклучиш една соба во куќата која брат ти ја наследил од родителите нема да постигнеш ништо. Таа соба би можела да ја користиш само како магацин, а постои голема веројатност брат ти да се стиска и токму таа една соба би му завршила голема работа. Но, има едно огромно НО, зошто никаде не спомна дека и ти нешто ке добиеш/ си добила од родителите, а особено не од брат ти? Додека се градела/ реновирала таа куќа, и ти и брат ти сте биле засегнати. Можеби не сте трпеле за леб, ама стојам позади фактот дека со годините ви биле ускратени одредени задоволства. Дали одмори или јакни и патики, сигурно не ви биле исполнети сите желби. Значи брат ти добива конкретен, опиплив дел, ама и ти како ќерка треба да добиеш конкретна сума. Не зборам за финансирање на свадба, студии, купување спална како што е редот, туку поголема сума која тебе ке ти смени нешто во животот. Не може да не убедиш дека е нормално женско дете да замижи пред фактот дека братот добива илјадници евра во недвижнина, само затоа што е родена како жена и некој ден ке отиде кај мажот. Затоа, кога сестрата се откажува од имот во име на љубовта кон братот, треба да добие пари за компензација. Да не го мешаме имотот кој таа го создала во брак, а уште помалку имотот кој сопругот го наследил од неговите, ако збориме за делба, сите страни треба да добијат дел. Еве, јас на пример, ке му ја отстапам на брат ми куќата во која живееме сега. Но, јас не се откажувам од целиот имот, едноставно од практични причини прифаќам да наследам нешто помал дел.
Истото кај мене е. Моите направија 'нова' куќа... А од дедо ми имаше стара. Аманетот од дедо беше: За Вајлд старата, ако е за брат и' новата. И дојде време да се продава старата, и демек, аа... многу се сите пари да ти ги дајме, уште не ни е допраено ова, не ни е допраено она. И ај демек, пола од парите ќе добиеш. Ок реков.. Така нека е... Иако тој ќе добие скоро 300квадрати негов простор.. Се продаде, и ооооппп, нова верзија Ааа, ама многу се тие пари, ќе ти дајме... еден дел од целата сума од продажбата. И толку беше, ми чурна глата.. И и' се јавив еден ден на мајка ми, и и' кажав вака: Ако не си стојте на договорот, за пола од парите, кои иначе се далеку помалку од она што ќе добие син ти, јас ќе барам дел и од новата... Па ти сега, размисли како ти чини. По два дена ми се јави таа... дека ... 'размислиле'... И немало смисла да добијам јас толку малку, оти им било жал и дрн-дрн... И се договориле, да го исполнат ветувањето, за пола од сумата... Искрено, најмногу шо ме погоди во целата ситуација, не беа парите... Туку чувството дека јас помалку вредам, дека помалку сум сакана од брат ми, дека сум 'отпадок'... Ме повреди многу... Не знам како на многумина им е сеедно да бидат третирани како да не си дете на своите родители?
Јас и кога бев млада знаев дека не можам во таква заедница да живеам, свекрви, девери, золви, чуда, а како постара бев 100% сигурна. Затоа и ти пишав дека тоа што се мислиш не е за џабе, се познаваш себеси најдобро, води се по тоа што осеќаш. Тешко е, ама не е невозможно, ако тоа ти изгледа како најдобра варијанта, почнете сами, па ќе видите после што како...
Ова да го читаш ствара бес и разочарување, а тек да доживееш. После стварно треба да си "голем" човек во душата и мислите , за да нема " ill will" кон брат и од брат. Таа негативност, и на внуци знае да сд пренеси, го имам видено тоа. Секако не треба да се дозволи труење односи за пари, како викаат, брат брата не рани, тешко кој го нема. Ама затоа оној кој сака да го подели своето стекнато со децата, треба да си зирне во душа и бар основите на фер плеј да ги игра. А секако е негово право, ама да не излева отров. А за овие погоре за соба што се фатиле, ако е до соба дојдено, баш и нема што да се дели. Овде повеќе се зборуваше за поголем имот, а не некој одерен да биде и на улица исфрлен. И после истите знаат ука бука да кренат ако золва си побара или добие спрат "кај мајка" оти види богати, тие од соба се откажале... И ако 3 страни сте се договориле, што не ги оставите и другите да се договорат, туку моралишете колку сте великодушни ама затоа имотот наследен на мажот, не стекнат ,за ваш си го сметате стално
По муабетов испаѓа дека сите сте се омажиле во семејства ситуирани со куќи, спратови, золви разбрани што ништо не бараат, а вашите браќа се џаболебари што се немаат вода у очи и никогаш неможат да дигнат кредитче да ви исплатат пола од имотот што ви следува по закон и мора на готово се да добијат. Што мажи беа бре тоа браќата ваши??? Маж ми има сестра на која во тестамент и следува 50 проценти од се по смртта на родителите и сите тоа го знаеме и сме го прифатиле како такво. Ако јас утре одам да живеам кај свекор ми треба да знам дека само пола ќе е мое и да си мислам дека по нивната смрт ќе треба се да се продаде и да си барам чаре со пола од парите или навреме да си го исплатам долгот кон сестра му за да живеам раат. Жал ми е што така ве задоиле од дома дека на брат ви од љубов и почит треба се да му одстапите. Значи не соба, не двор.... пола куќа јасно и гласно е ваша.
Ако давате љубов, барем взаемна нека биде. Со брат ми во наследство имаме селски имот во кој спаѓа куќа и ниви и куќа во центарот на градот. Од селскиот имот се откажав сама, без ничија сугестија и се си е на негово име, од разлог што едноставно не ми го треба а не сакам да продавам нешто што живот значело на нашите предци ниту барав откупнина, затоа што пак ќе поновам, не ми треба. Од друга страна, тој е фер и го гледа сето ова, па така секој приход што ќе стигне од таму, ми дава значителна сума на пари. За куќата во град, имаме договор, нему ќе му остане, а јас ќе земам пари во вредност на половина од куќата. Дали одеднаш, дали постепено небитно. Чист рачун, дуга љубав.
Ама мешаш баби и жаби. Тука имате две куќи, а не една или едно станче во кои сте живееле сите. Џабе се расправаш од мравка слон правите, едно илјада пати напоменав се зависи од ситуација. @Rebecca_R, мене моите ме помогнале најмногу кога ми требало не поттурнале кога се земавме да ги забрзаме работите и да се осамостоиме. Ме школуваа, бев студенка во Скопје седев во стан сама, од ништо не ме лишиле. Дури и мои колеги седеа по домови, патуваа па дури и вонредно се запишуваа и не беа во можност да го сетат тој студендски живот. Никогаш не сум сетила дека нешто ми скратиле во животот секогаш сум била задоволена од се. Па и сега кога сум мажена се ме помагаат од кај нив нема шанси без 10кеси да излезеш од дома, не значи дека се осеќам како во туѓа куќа јас таму сум порасната и иако не е на документ мое, на моите родители е таму живеат и се додека се таму тоа ќе биде и мој дом и никој не може да ми го ускрати тоа. Фала богу и разбран брат имам што никогаш за ништо не направил проблем, а тоа давање е секогаш пред него не правиме ништо скришум. Ама има и за него се му е дозволено што ќе посака зошто да се буни дека ме помогнале или ме помагаат кога не го сеќава.
Колку квадрати имаат за брат ти, а колку за тебе? И мене ме помагаат моите. И ден-денес... Кога ќе треба. Ама го помагаат и брат ми. И се' исто сме добивале и додека живеев таму. Ама животот е долг и непредвидлив... Што ако се случи нешто, па да останам со дете на улица? Знаете колку жени остануваат во лоши бракови оти немаат каде да одат? Да не зборуваме за проблемите на жени вдовици, кои сосе деца се бркани од родителите на сопругот. Се' може да се случи... Имам гледано такви одвратни промери, што се надвор од умот... Брат и снаа, со душа чекаа да умре сестрата/золвата (болна беше жената, разведена и населена во куќата од мајка и' и татко и', која требало на брат и' да припадне). Секакви примери знам.. И не, не мислам дека брат ми е бесчувствителен, и дека нема да 'ме прибере' ако има потреба, ама не сакам да дојде до тоа.. Иако имаме супер односи, се' може да се растури ако живеете заедно.. А никој не знаеме што носи животот.
A kolku ima I sto koga ke dobie bratot se, se menuva samiot toj, a zena mu da ne praime muabet. Pa koga ke umrat starite, nema da ja poglednat sestrata, a ne pak da ja priberat ako treba.