абе не мора да значи.. Ама се' е можно.. И како што реков, прво-и основно, јас не сакам во ист простор со нив да живеам...
Сега да треба мајка ми да се врати во куќата кај вујко ми, не верувам дека ќе биде добредојдена...Тетките исто така. А куќата е на два спрата. Препишана си е на вујко ми, таму веќе се стапнува од помен на помен на баба и дедо.
И на брат ми е препишана. Пред да почине татко ми, ја препишаа на него. Им викав да ја препишат со време, оти посмртно некои даноци се плаќаат.
Ама ти пак немаш куќа викаш ја продале и пари ти дале. Значи до пари е работата не е дека ти треба сигурност утре да не останеш со дете на улица Туф, абе се знаете да не ја предвидувате иднината
Значи не е твој пак. Утре што и да се случи ќе се дели на пола. Пак нема кај да одиш, немаш лично твое. Во случајов куќата се поделила на тебе и на маж ти, а не на тебе и на брат ти. Исто како што јас еве сега да купам стан со пари што ни ги оставиле свекор и свекрва и да купиме стан, утре ќе делиме на пола само што не делиме пари од моите туку од неговите Во иста ситуација сме, ако ме разбра
А какви сме тоа секакви?! Мене ме воспитале се да се дели на пола. Нема кој колку има. На секој пола мј следи. Исти услови сме имале двајцата, школо, факултет.
Ne e isto. Wild dobila pari od svoite I maz I od svoite I kupile stan. Znaci I nejzin e, sfakjas? Ili se pravis deka ne sfakjas.
Абе ти изгледа се правиш дека не разбираш. Кажа дека е на двајцата на документ што е битно чии се парите и кој им ги дал? Утре ако се тужат по пола е. Јас утре ако се разведам пола ми следува, станот е купен во брак нека докаже некој дека од пари од неговите е купен. А фактот дека ние тука знаеме дека е од пари на двајцата на судот не му менува ништо во одлуката. Исто како што ќе биде пола мој купениот стан во брак, иако моите не дале пари. Сега разбираш ли или да ти нацртам треба? Ако куќата и ја препишале како наследсво, е друга прикаска вака џабе скокате реалноста е таа... @kukla21 , секакви не има убаво си кажав со различно воспитување. Еве мене ме воспитале да не сум лакома и дека рака што дава не се суши. И ме воспитале скромна да бидам. Така да воспитана сум така и таков ми е карактерот не ми представува сатисфакција едно собиче да наследам што не ми треба. Или да ми препишат нивиче екое,за што ќе ми е кога немам време ни да го обработувам ни па ми треба за плац да градам нешто. Да имале три куќи, и да ми препишат една ќе ја продадам бидејќи ми е обврска искрено имам куќа имам викендица, си работиме и плус нешто приватно си чачкаме и немаме време за плус работа, друго не ми треба. Сакам да имам тоа што ми треба во животот секој вишок ми е главоболка и ќе треба да го мислам и ми е обврска плус.
Abre zeno, neli ti pusyvase deka ziveete vo ista kukja so starite I ti bese strav da ne Im se isusi mozokot da ne dadat pola na zolva ti? I da, jas zborev vo vrska so tebe za podaren imot sto ti go zborese.
И ти ќе имаш дел од станот и Вајлд, ама разликата е во тоа што таа знае дека стварно тој дел е НЕЈЗИН (допринела финансиски за истиот), а твојот е од маж ти иако законски ти следува. За нивиЧЕ како што си го напишала ти. Ете на татко ми имаа такво нивиЧЕ од 6-7 декари кои скришно старите го препишале на едниот син (а 4ри ги имаат). Кога дознаа останатите, знаеш што? Им остана атер. Ништо не правиш со 1.5 декар нива, ама понижувањето е големо. Затоа сите си посакаа по колку им следува. Во ваквите делби, најчесто атерот е најбитен, а не дека некој ќе се обогати вртоглаво од тоа што ќе стекне. Атерот!
Пак продолживаш со навреди. Не се работи за лакомост. Ете утре деца имаш. Е сега тие за грев, децата на братот мед и млеко им тече. Ќе им ја дадат на твоите "татковата" куќа, дека нели они имаат?
Ако дојде до развод гајле ќе ми биде што не сум придонела во станчето. Исто и него ако не придонел он во него. Толку не можете да сфатите дека не се прави ништо скришно кај нас како во твојов пример. Еве јас не сакам, толку ли е тешко да сфатите дека јас не сакам каков атер побогу? @kukla21 , што е навредава не разбирам, кажав како сум воспитана само. Ако некој се пронајде во постот тоа е друг проблем. Што е гаранција дека на децата на брат ми ќе им тече мед и млеко и ако не сум се изборила јас за своите деца е мој неуспех не е брат ми крив за тоа. Тешки нека им тече, дај боже никогаш не би љубоморела на брат дај Боже да има и 100пати повеќе од мене. А дека спратот од моите ќе придонесе он да успее во животот мало морген
Од една плата да треба човек кирии да плаќа, па и покуќнина ако треба да купува. Алиментацијата колку без ич, нели, ако ја даде таткото. Кирија, кредити, сметки, облека, храна, трошкови околу деца...море ако дојде до развод и те како гајле би ми било каде ќе живеам и што ќе можам да им приуштам на децата ако немам ништо на мое име.
Сега што го сврте муабетот, оти сфати дека пиша глупост како јас не сфаќам дека нејзин пола бил бидејќи бил со пари на нејзините. Што сега ме измеша мене со постов и мојов случај не беше тоа муабетот сосема трето дискутиравме? Еве што пиша на тоа ти реплицирав не се вади сега ама нели ти беше ова она