Ние не прајме нешто скришно бе! Ама едно е: Се договоривме ќе делиме на пола, друго е веќе да е со документ твое пола. Ти знаеш колку лоши емоции буди развод? Знаеш какви проблеми се јавуваат кога ќе дојде до делот да се бара целосна разделба? Инает можи ќе го фати, а ти нигде црно-на бело немаш дека твои пари се инвестирани во тој простор, или не. Ој докажи на суд да те видам! Судот со факти работи, не со: Ами ми рече дека ќе ми дај пола Исто ти рекол дека и со тебе ќе биде вечно.. И сите кои стапуваат во брак тоа си го ветуваат.. Ама не испаѓа секогаш така.. Не ти зборувам за инает.. туку да си мислиш за твојата иднина.. Дај Боже да си остарите заедно, умрете еден покрај друг, и уште 5 куќи/станови да спечалите, па да има да давате на деца, и да ви остани фира.. Ама не можеш да си лежиш на тоа уво дека ќе биде навистина така.. Знаеш и сама, дека ништо во животот не иди со 100% гаранција.. Ништо!
Епа? Исто е јас тоа ти кажувам во ист ќош сме. И јас и ти. Без разлика чии се парите кај тебе од двајцата кај мене од мажот и си имаме станови на наше име. Не е твој, и не е мој лично пак утре немаш кров на глава.
И да не е скришно, едното дете не е помалку/повеќе од другото. Тоа е вистината. Се друго се глупости и традиции што останале од времето!
За скришното не се однесуваше на тебе ја цитирав членката со нивата скришно што била препишана на четвртиот брат, не тебе што скокаш па ти во се се пронаоѓаш
Баш така.. Имаме едно дете, женско.. И си мислам сега: Да не и' дам се' шо можам?? Ако имам и машко, нејзе да ја остам така, а на машково да му дам се' шо имам?? Шо кажва то за мене? Каков родител би била???
Нема што да мислиш ти за мене Само дофрлаш од некоја страна, цитирај ме ако толку сакаш да дебатираш со мене.
И за тоа не сум чула досега, свекор и свекрва на син И НА СНАА да препишат спрат , ама можеби има и супер ако има....ама чек...во мк е тоа за жал, многу малку веројатно.
Еве те цитирам. Ја заобиколуваш вистината и плус си зла. Тие 2 работи се топ комбинација, искрено. Душа дало за дебати.
Шо скромна да биди? Муабетот беше за мене и маж ми.. Ако на машко дете дајш се', а на женско ништо. То за родителите кажва многу, не за децата.
Ајдееее си направивте муабет и филмче со претпоставки и заклучоци. Кај реков дека куќава свекор ја препиша на мое име? Зборувавме за пари, кеш дадени од нив и купен имот кој се води на двајцата. Човек да не ве остави 5мин ако не реплицира, уште умрен ќе го направите. Поздрав од "злобната", што не му зема собиче нада братот, а што купи имот од на родителите на мажот парите и го стави и нејзиното име. Ќе ве убие љубомората еден ден. Секое добро и ајде можете да си плетете прикаски до утре не вреди повеќе да ви реплицирам, не сте вредни, бидејќи вие почнавте први да вреѓате и исмејувате. Поздрав.