^^ за едната кола имам видено дека е на нејзино име. Дуќанот исто така е нејзин , а и директор е на фирмата . Ваљда не лаже дека куќата и е заедничка . Заедно ја градеа. Не верувам дека ја пишала на маж и. Мене зборот ми беше друг ама небитно. Уствари , што работа ќе и сврши едната соба во трошната куќичка на село ? Па и да се разведе , во едната соба ќе живее со трите деца ?
Кога купивме кола јас учествував со 80% и повеќе, ама ја пишавме на мм. Едноставно, не сакам да си имам обврска со регистрации и слични работи. И да ја "изгубам" во развод, здравје.
Не зборувам за заедничка кола, па и тогаш јас поинаку би играла. Зборувам за кола што само таа ја вози. Како што имам кола што само јас ја возам. И не сфаќам зошто да не се замарам со регистрации и останато, али секој со своето.
Ако нема каде, таа една соба може палата да биде. Знаеш колку жени трпат се и сешто оти немаат каде да одат? Ја немаат ни таа собичка? А братот не го интересира, оти нели жената треба да ќути и трпи. Инаку, гледам зборите за имот стекнат во брак... Небитно на чие име се води, имотот е заеднички и при развод се дели на пола. Освен ако се работи за наследство. Еве некој правник може да потврди.
Па ако опцијата ѝ е улица или мала соба во трошна куќичка... Види, важно е да одлучи сама. Ако сама мисли дека не ѝ треба по ни еден основ, ок. Ама да бараат од неа, или да ѝ наредат така, тоа е сериозна навреда. Барем за мене.
Татко ми и мајка ми рекле дека финансиски секогаш ќе ни бидат подршка на мене и сестра ми. И до ден денес така е. Кога би викала и би се лутела јас или сестра ми. Секако дека би ми дале тогаш. А што ќе ми такво нешто, добиено со кавги? Исто така, речено е дека доколку брат ми испадне идиот и не ги гледа нив. Ќе биде се дадено на нас две. Што значи дека пак јас не би земала. Затоа што ако живеам подалеку нема да имам можност да се грижам многу за нив. Ко што би правела сестра ми. Ете сестра ми не стојат добро финансиски,татко ми им ја среди цела куќа. Дали тоа е лош родител што не си ги сака децата? Не би рекла. Една соба од куќата на моите мене нема да ми заврши работа. А парите, татко ми секако дека ги троши на своите деца. Единствена грешка гледам во ова само кај тоа што наместо да помагаат вака финансиски. Да купеле по едно место,плац за мене и сестра ми. Бидејќи трошокот е ист. И се согласувам со тоа тој што ги гледа родителите треба да земе повеќе. Носењето по болници е трошок ,како и лекарствата и сл. А ако немаш пари, тешко е. Затоа оставаат повеќе на тој што ги гледа.
Taa trosna kukja I te kako moze da pomogne nekomu. Eve moja drugarka se razvede, kukjata kade sto ziveese na ime na svekorot se uste I se vrati kaj nejzinite. Ima dvajca brakja I nikoj ne ja gleda popreku, edna soba, edna, ama nejze I ja dale. A zamisli I taa od ljubov da dala se na brakjata, kje trpela se uste semejno nasilstvo.
Уште не најдовме брат што отстапил се на сестрата затоа што е ситуиран и не му треба. Како се погодија се сестри ситуирани...
Фала богу дека ако нема ништо тогаш и една шупа ќе и биде палата. Ама јас зборував конкретно за нејзе . И за тоа што знам дека она сама си створила . Мене зборот ми беше дека не секогаш е "нормално" имотот на родителите да се дели на пола. Каме , во конкретниот случај според мене е апсурд да ја прашаат дали ќе го даде својот дел на братот . А инаку, ДА ја прашаа
Мене многу ми значат зборовите и тоа да бидам испочитувана. Оние кои не ми покажуваат должна почит, или сами одлучуваат за мене, верувај ги дистанцирам. Нека ми се и родители. Од нив најмногу почит очекувам и барам. Секој конкретен случај е конкретен случај. Ама твојов пример може да е исклучок, а правило... па го знаеме глупавото, сексистичко, одвратно правило.
А кај мене... Кај маж ми, две куќи од кои едната за сестраму и зетот, другата за братот со женаму, а ние на улица. Кога ММ разговараше на таа тема добиваше одговор ајде ајде Господ ќе наврти, а сега си се прават на 3 и пол. Колку само пати моите слушнаа од свекорми и свекрвами :па мислевме дека ќе живеат со вас. Моите ќе не делат еднакво и се против тоа еден се да добие, а друг ништо, затоа што и самите тие се жртви на такво размислување.
Оти мажите нивни им зеле на сестрите?)))) Мене јанза ќе ме јади да знам дека некому негово сум одзела сеедно дали бил без ништо или имал многу. А некои мислат - абе ајде, има тој , таа, ми е гајле. Wtf...брат што сме растеле заедно да му скратам, грозно. Ама и тој да ми скрати мене , грозно. Мајка ми се 3 сестри. Еднакво поделен имот на 3те , но мајка ми и дадоа САМА по своја воља и даде од својот дел на сестрата која повеќе трчаше по родителите, ради одредени околности. Никој не се побуни. Ако има воља, се се решава.
Машки фалат на темава да се изјаснат. Доколку е ситуиран веројатно нема да ја остави сестрата во неволја, да нема каде да се врати или да живее мизерно. Ама, нема да и препише ништо затоа што уште се водиме ние жените како празноглави нерационални, послаб пол, па може да потпаднеме под влијание на мажот и под притисок или емоционална манипулација се' да му препишеме на сопругот оти...чувства, љубов, пмс Вака, што си е сигурно, сигурно е. Затоа и постарите не препишуваат на децата додека се млади. Млад, заљубен, неискусен, со имот и пари на свое име и млада невеста...не
Во случајов што го знам, сестрата се најде крајно навредена од братот (не од родителите) зашто ете тој им се упикал под кожа на старите и тие се нему му препишале. Сега се бори по судови да добие дел, па вели - не дека ми треба собата, ама за инает ке ја земам и ке ставам кираџии роми да седат
Од моите во наследство добив стан и штедни влогови, а брат ми куќа, плац и ниви кои се во постапка за продажба. Тој е сопственик на нов стан стекнат во брак што моментално го уредува. Со поранешниот сопруг немам заеднички имот стекнат во брак така што немаше ни што да делиме по разводот.Тој има наследство од неговите родители. Првичната одлука за имотна поделба беше обратна од горенаведената, но во меѓусебен договор со брат ми за кој претходно разговаравме со родителите ова е конечното решение на што се согласија. Јас немам потомство и немам потреба да располагам со поголем капитал. Доволен ми е станот во кој не живеам и би размислила што понатаму поради сплет на животни околности. Во тој поглед бев потполно објективна дека тоа што него му треба за да и приушти на ќерката можам да го разберам и да му помогнам. Се согласувам дека треба да се има нешто на свое име зашто никогаш не се знае што носи животот. И не размислувам дали тој доби повеќе, а јас помалку. Во нашата ситуација прагмата ја ставивме на прво место.
Може не е наследнство ама... Моите добиваат месечно приход од 100 евра од должник. рекоа дека по 50 евра ќе ни даваат нас на двајцата. Секој месец. Брат ми рече, јас иам доволно од платата, давајте и на сестра ми, она сега има потреба. Плус зема кредит за да ми даде мене 1000 евра кога заглавив. Плус ми носи преку една недела полна кола јадење. Мислам дека воспитан не сте нашле досега, не дека не сте нашле некој што не му треба. Оти и брат ми можеше да рече, сакам новипатики секој месец,сакам наодмор да одам... ама не. Се откажа од неговите пари за мене.
Па баш тоа ми е муабетот, реков има позадина. И јас како неа би направила ако намерно така се постават. И да, сестра ми милиони да има, не би побарала ни денар повеќе да добијам. Сум ви кажувала за на свеки моја ситуацијата. Од својот имот се има откажано за сестра и', оти на неа не и' фалеле пари. Секако не и' фалеле, за неа, маж и' и две мали деца имале повеќе од доволно. Но во животот не успеале - како што планирале - да создадат уште две живеалишта. Па едното го доби деверот мој кога се женеше. Дојде ден, таа трошна куќа сестра и' ја продаде за 40 000 евра. Дозема кредит уште 20-30 000, купи стан за ќерката - малечок, а таа и синот си направија нова куќа. Јас немам што да се мешам, дм е човек што ќути и прави, не оправа криви дрини, а страшно го погоди што тетка му не се ни понуди дел од парите да и' ги даде на сестра и'. Ама затоа брат му е човек без влакна на јазик. И' рече - тебе ти е жал за сестра ти, ама за брат ми не ти е. Нека се мачи тој, а внук ти на готово куќа да си има. Со 20 000 евра карабина ќе направеше. И да, свеки СЕГА го знае тоа, кога веќе не е само таа, маж и', и двете мали деца. Дека на внук и' му даде 20 000 евра на подарок, но за синот свој немаше. Јас и дм се' правиме од 0, од ничие наследство. Затоа многу добро знам што значи пола куќичка, една собичка...
И што кога разведената жена ќе се врати дома кај мајка и и татко и, и и смета на жената од брат и? Ќе доживува друг вид на пекол. Нели има можност за разведена жена со деца или без под кирија да оди па да и помагаат со пари или да дојдат да и зготват, исчистат? Со таа една соба исто тешко би и било посебно ако брат и е женет. Нели после снаата ќе се жали во Свекрвите и снаите дека се омажила за мажот, а не за сестра му и децата.
Ах, имам уште една фамилијарна драма Роднини мои се во прашање. Двајца браќа, едниот три деца, едниот едно дете - братучетка ми. Таткото и мајката на братучетка ми беа разведени, но таа живееше со татко и', а чичко и' во стан купен од родителите. Таткото почина, и фактички братучетка ми остана сама во голема куќа. Сакаше да понуди да им ја даде цела куќа на братучедите, бидејќи и од на мајка и' страна имаше наследство, а братучедите сите тројца да и' помогнат да си купи стан, околу 10-15 000 евра вкупно. Е, арно ама, овие лакомиве и' се пуштија дека неа не и' треба, женско е ќе се мажи, кај мајка и' да си оди... За станот што веќе чичко и' го имаше немаше можност да се бори оти пред 30 години купен, на негово име, ама од куќата не им отстапи ни 1цм. Буквално сакаа да ја избркаат прво, па ај по 25% на секој внук. Мхм, важи. 50% следува на татко и', но бидејќи тој е починат, таа и чичко и' 50/50 делба. Па секако, доби половина, која потоа им ја продаде за многу повеќе пари него што првобитно им бараше Мораа да го продадат станот за да и' ја откупат нејзината половина. Не дека таа немаше кај да оди, ама инат ја фати. И мене би ме фатило. И тоа како би ме фатило.
Таа може да си бара кај мајка и' и татко и', нема што да бара кај имотот на мажот. Може да бара од него во неговите 50%. А може да си го земе мажот и да си одат кај нејзините, да не и' сметаат на золвата.