Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.089
    Допаѓања:
    134.975
    Каква глупост е за имот да не зборуваат брат и сестра. Нема поблизок роднина во крвно сродство.
     
    На Belgin1, SummerGirl, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    13.501
    Navistina ne mozam da sfatam tolku li maskoto ne moze da go ispoti g... t I da sozdade nesto plus, tuku toa mora da bide zenskoto koga ke se omazi. Pa uste saata ke se lutela. Bas mi e gajle iskreno.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.256
    Допаѓања:
    157.532
    Да не ви се деси...
    А луѓето се менуваат.
    Мноооогу се менуваат.
    Особено кога ќе дојде снашка/зетко со свои убедувања, па кога и деца ќе дојдат, а трошоците ќе се зголемат...
    Големата ќе стане...
     
    На eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Темата е навистина дискутабилна, а и чуствителна до некаде.
    Што се однесува до имот во моето семејство, од моите имаме само една куќа и ништо повеќе. Имот од баби и дедовци не рачунам од причина што со години некои работи не се решени и се сомневам дека некогаш ќе се решат.
    Да глупост е да не зборам со брат/сестра за имот или една соба, меѓутоа многу жени трпат семејно насилство баш затоа што нема каде да одат. Некогаш и една соба многу значи.
    Не планирам да се мажам во скоро ама ако утре здравје, по 5/10 или 15 години можеби ќе стекнам, заработам нешто свое и ќе имам нешто повеќе од сега, нормално дека не би барала две соби тоест половина од куќата. Можеби би барала од брат ми да ми вети ако се разведам дека ќе може привремено да користам една соба дури се снајдам, друго не.
    Пред се се трудам, одам работам, штедам, кратам од секаде за утре да можам да си стекнам нешто свое, не чекам од никого, најмалку од татко ми.
    Можеби брат ми утре ќе догради, ќе си дигне свој спрат, во таков случај овој дел би сакала да го делиме по пола. Би му исплатила половина за да знам дека ова ќе си биде мое или нека ми исплати половина и нека си биде целото негово.
    Најмногу вина наоѓам во родителите, оние што на синот ќе остават се на готово а на ќерката ништо за мене не се родители и толку. Дете си е дете, нема врска полот. Подобро на време да се на сите еднакво и толку, отколку има ситуации каде оставаат децата меѓусебно да се договорат и кога ќе се замешаат снаи, зетовци, тетки стрини настанува општ хаос.
    Брат ми е сеуште мал, нормално се сакаме најмногу тој ми е најблизок, ме почитува многу нема збор за тоа ама утре јас ќе имам фамилија, деца, може маж ми ќе ме изневери, може ќе ме малтретира, може ќе ме избрка, милион ситуации може да се случат. Сите се надеваме на се убаво и најдобро ама треба да бидеме спремни и на лошото, не е се секогаш розево. Во некои такви лоши ситуации и те како ќе ми биде важно да имам каде да се приберам, дури застанам на свои нозе, да има каде да ми живеат децата, што да јадат а не да се влечкам натаму наваму. Можеби сум негативна некогаш но навистина во моето семејство имаше многу лоши работи, семејно насилство, еден куп неправдини и би сакала утре да си бидам обезбедена на некој начин. Во главно зборувам за можни сутиации, што би било кога би било
     
    На WildMk и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.798
    Знаеш, само што јас забележувам?
    Што сите ние како жени гледаме да создадеме плус.
    Мажите секогаш имаат избор.

    И никогаш, ама никогаш не прочитав - ако нема каде, ако не создадеме, ќе живееме кај моите, ќе кренеме кат кај моите... секогаш ние треба да се прилагодиме.

    Се осеќам дури благодарна што сестра имам, а не брат - не ради мајка ми и татко ми за кои не верувам дека би не делеле и да е сестра ми машко, туку зошто до некаде би се подразбирало дека јас ТРЕБА да си одам, а тој има избор да остане. И двајцата со сопружници да сме, јас да барам чаре, а тој да се прибере тука.

    Не мислам дека е тоа љубов кон брат.
     
    На Brinetka, Mama993, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.538
    Пол:
    Женски
    Е, жива и здрава да си.
    Кај нас свесна е дека ние трчаме по стариот за операции, лекови, прегледи, масла бидејќи едниот боледува од "лошата болест" плус неподвижен и на прегледи мораме да плаќаме брза помош од нашиот град до "главниот" град и назад.
    Еднаш не се понуди или праша имаме или немаме.
    Настрана си е зжи за добро и за лошо, разграничено и е дека неќе да се меша во ништо.

    Нема што да се плашиш остај ги тие што те прават "будала".
    Колата е стекната во брак и без разлика на кое име е, тебе ти следува пола.
    Колата мора да биде на едно име, а чие ќе биде на документ воопшто не е битно. И јас не сакам да се замарам со регистрации...

    Ете им затна муцки на некои кои упорно браќата си ги прават "инвалиди", "неспособни".
    А тоа што е битно е само братот дека треба да биде ЧОВЕК пред се.
    Постојат такви, само ретко кои го имаат таков, повеќето се изгорени па затоа се скептици.

    А инаку повеќето што наследија нешто во околинава , тоа го продадоа и погодете што-парите ги профуцкаа за одмори и луксузи и пак утре ако се разведат немаат кров на глава.
    Се е за пусти пари (барем повеќето) ;)
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 Тебе уште не ти е јасно изгледа дека во вашата совршена поделба на имотот, и ти и золва ти сте останати со таквото во рака, без квадрат имот правно гледано, а вашите мажи си добија куќи на готово.

    А колку брат ти е човек ќе видиш еден ден, ако недај боже се разведеш, само тогаш снаа ти претпоставувам ќе ги користи истите аргументи што ти ги користиш погоре, дека таа ги гледала твоите и дека ти си настрана за добро и за лошо и дека ти е разграничено дека нема што да се мешаш во ништо.

    се надевам дека бар колата ви е купена во брак, бар ќе можеш таму да живееш, поточно во твојата половина од неа.
     
    На Mantub, riba79, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    13.501
    Трчаш од љубов или поради имот? Не помагаш на твоите како што помагаш на свекор и свекрва?
     
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.538
    Пол:
    Женски
    Фала богу немало потреба да трчам до сега, гледам дека пазени и чувани се од брат ми. Ако има потреба утре нормално дека ќе трчам родители ми се без разлика што се откажав од имотот.
    За свекор и свекрва трчам од почит, нит оти ми оставиле нит па дека толку голема љубов чуствувам како што чуатвувам за моите, бидејќи има некои стари што им оставаат се па пак не трчат по нив како мене.
    А да се поделело на пола, јас да ги јадам гомната, а другата страна медот пак исто да биде како сегашнава ситуација мало морген. Не оти ми е до пари, туку не сакам некој да не прави будали.
    А да немале што да дадат пак ќе ги гледам, куче да е на улица ќе му помогнеш не па на човек.

    @Asparagus фала богу затоа постоите вие тука да ме просветлите ете "не знаев" (facepalm), ама јас веќе се изморив да се објаснувам дека не сум со таквото во рака и дека имам друг имот стркнат во брак. Стварно се изморв едно исто да ви дробам, а вие да си сфаќате и разбирате работите како што вам ви одговара и да си правите филмчиња вам како што ви одговара само за да реплицирате нешто.
     
    Последна измена: 6 април 2019
    На Kate Rina 93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    13.501
    Ne treba povekje da objasnuvas. Od postovite se gleda zosto trcas. Ako imas ljubov kon nekogo, ke odis postojano kaj nego I koga e dobro I koga e loso, a ne ako ima potreba. Pozdrav :)
     
    На Ма.нев му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.538
    Пол:
    Женски
    Бог да чува.
    Ти ќе ми кажеш јас дали си ги сакам родителите или не?
    Јас си одам кај моите и во добро и лошо ама финансиски не бараат ништо од мене и немам обврска според брат ми и моите.
    Што мешаш емоции и финансии две различни работи се?
    Немало потреба да трчам во смисла дека можат се сами здрави прави се што треба да правам според тебе во ситуацијава? А не дека само ако има потреба ќе ги посетувам и гледам со нив.
    Па и што да се објаснувам кога ти изгледа повеќе знаеш за моите чуства и емоции...
    Свашта.
     
    На Kate Rina 93 и AngIv им се допаѓа ова.
  12. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    28.286
    Пол:
    Женски
    Конкретно на темава.
    Ние сме 2 сестри.
    Моите имаат стан не којзне колку голем ама за нив доволен.
    На тема на муабет ова го правевме.
    Јас сум мажена во др. град,сестра ми е таму мажена.
    Татко ми предложи да го препише на двете,па ние да го продадеме и да ги делиме парите.
    Јас јасно и гласно се изјаснив дека ни дел,ни пари сакам.
    Станот сакам на внук ми да му се препише.
    Финансиски сум послаба од сестра ми,ама не ме интересира знам со какви маки е купен станот и какви спомени имам од него и сакам едноставно да му остане на внук ми.
     
    На mal.ecka и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  13. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Па и не баш дека секогаш ние жените гледаме да создадеме плус. Во моја околина порано и сега има примери млади деца каде што гледаа на некој начин да се средат, нормално со помош на родителите. Дали со кревање спрат, дали со куќа настрана и сл. важно има такви примери, за еден ден да си бидат посебна фамилија. Нормално поголем е бројот на тие другите, кои ништо не ги интересира и чекаат се на готово.
    Нашата куќа има шанса за уште еден или два спрата да се кренат нагоре и ако е за тоа уште сега ќе го направиме ама јас не сакам тука да градам и доградувам за себе буквално ништо, секако дека може меѓутоа од некои причини (читај семејни проблеми) не би сакала да останам тука. Исто и брат ми, знае дека еден ден ако сака фамилија треба сам да си бара начин да се среди, татко ми ако може ќе помогне. Ние сме така воспитани и сме такви луѓе што никогаш не би е скарале за куќата.
    Се на се ако татко ми еден ден крене уште еден спрат нагоре, нормално ќе се дели едниот на мене, едниот на брат ми. Ако дојде ред јас да кревам спрат, првиот исто ќе се дели по пола. Ако брат ми крене спрат или направи куќа настрана исто пак ќе се дели по пола. Го знаат мојот став околу ова, се на се можности секогаш има. Ако евентуално утре имам многу повеќе од брат ми а тој е послабо ситуиран нормално не би барала ништо со алал нека му остане се. Верувам дека истото би го направил и брат ми за мене.
    На темата секогаш ќе има поделени и различни мислења, треба да го прифатиме тоа и нема потреба да се убедуваме едни со друѓи. Има разлика до семејство до семејство, од човек до човек, секој си знае најдобро како му е дома и си постапува како што мисли во моментот.
    И кажав веќе родители кои оставаат и куќа и се на синот само затоа што е машко, а на ќерката ништо затоа што е женско таквите ни не заслужиле деца.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.704
    Пол:
    Женски
    Заради неправедна делба браќа/сестри не разговараат помеѓу себе. И уште една битна работа. Честа појава е откако ќе дојдат снаите во куќа, да настанат проблеми.
     
    На Mr. Right и WildMk им се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Но, проблемите може да се избегнат, доколку семејните односи (родители и деца) се јасни, коректни и зрели без мерливост за поголемо или помало наследство. Правото на снаата и на зетот е на друго место.
    Конкретно, во мојот случај, родителите ни го подарија семејниот имот, мене и на брат ми, без никаков проблем. Секако, со разговор и договор. Снаата сама се иззема од ситуацијата.
    Свесна сум дека неговата недвижнина вреди повеќе од мојата, но и објективна. Тој има и повеќе трошоци од мене. Јас немам потомство и не ми требаат повеќе обврски и одговорност.
     
    На WildMk и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.704
    Пол:
    Женски
    А во мојот случај, едниот девер е под влијание на јатрва ми. Откако она дојде во фамилија почнаа проблемите. Она го тера да бара дел и од тоа што не му следува.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.337
    Пол:
    Женски
    Доволно е возрасен за да не бара дел од тоа што не му следува. Едно отсечно 'не' ќе е доволно и ќе живеете среќно до крајот на животот. :D
     
    На WildMk и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.704
    Пол:
    Женски
    Не смее да и писне на јатрва ми. Јас се чудам како може неа да ја слуша. Сум му рекла на маж ми дека на мене не смее да ми се меша. Он тоа го сфаќа. Има и деца што никогаш не се грижеле за нивните родители, а кога треба да се дели имотот први се да се караат. Свашта
     
  19. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Правилно е да не се прави разлика меѓу децата по пол, при поделба на имотот. Можеби не може баш подеднакво да се подели, ама да биде барем приближно.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.783
    Допаѓања:
    19.612
    Пол:
    Машки
    Кај мене баба ми и дедо ми располагаат со скапо земјиште т.е куќа и голем двор, ама местото е во самиот центар и е скапо, плус дуќани два и ниви, секако и станот каде што живеат, додека живеат ништо не препишуваат, а исто така ни напоменаа дека тие немаат намера да делат, туку ние да си се договориме откако ќе починат тие.

    Многу грижливи баба и дедо имам. :D