Да нормално дека ќе се лутам. И брат ти треба да плукне сам на рацете и да си створи сам. Лутењето не е за имотот. Туку за ист третман на сите деца. Ако твоите те сакаат како брат ти ќе ве третираат еднакво. Ако немаат имот нема за никого да имаат. Ако имаат треба да го делат на еднакво дали на 2 дали на 20 деца. Не дозволувај сопствените родители да ти перат мозок како многу те сакаат, ама не исто ко брат ти
Никој тука не пере мозок. Амо на брат ми му оставиле имот мене ќе ми дадат финансии, или можеби ќе ми отворат бизнис, или нешто трето. И тука треба да се тепам или?
Секако сите можат да тргнат по лош пат во животот. Никогаш ништо не се знае ама имотот не е мерило дали моите ме сакаат или не ме сакаат.
Мерило е. Родителите генерално повеќе го сакаат машкото а на женското му перат мозок дека треба да се мажи и да замине. Братов обезбеден, а ти шетај по куќи цел живот. Да те сакале родителите никогаш немало да дозволат да размислуваш дека нееднаков третман е во ред. Ама тоа е, братот нека ужива, ти ќе се задоволуваш со трошки и ќе мислиш дека многу те сакале
Никој не ме прибира. Си имам јас кај да живеам. Едната страна ако добие имот а другата финансии нели е еднакво? Ама нели од странство ќе ни се смееле на темава, како у странство куќи и станови од небо паѓаат.
Па не мора да се мажиш, живеј со родителите, маж ти може да биде домазет, така плус шанса да фати дел Никој никого не присилува на ништо. Родители што се со здрав разум на децата не им перат мозоци.
Како предмети да сме со рок на траење муабетов, све некој да не зема, брка, фрла, приберува. Пошто имам брат и куќата ќе му биде оставена него, мене ќе ми дадат пари или ќе ми купат стан. Доста ми е.
Ама не ти е доста. Испран ти е мозокот Мислам аман, на секоја тема истото. Ако некому е мерило колку го сакаат родителите, имотот што го добиле- ок. Некому не му е.
И мојте родители се многу јасни кон ова прашање. Ништо нема да дадат на женските деца и се ќе поделат на машките деца. Ама па мене не ми пречи бидејќи сум научена во животот сама да се снаоѓам и сум сигурна дека и без нивната куќа и ниви ќе бидам подобар човек од повеќето од мојте браќа и секогаш ќе знам дека пари добиени како наследство или пак ниви кој ќе ги продадат и ќе земат пари не вредат ништо кога човекот не знае како со парите.
@Lima24 @thequeen95 Па и вие значи зборите за еднаква поделба. Ако на братот е куќата, а на сестрата е стан тогаш ок. Ние збориме за ситуација каде цел имот се остава на братот, а сестрата останува со прстот во уста.
Ете членки има погоре што кажаа дека се оставаат на братот а тие се снаоѓаат сами. И што има проблем тука? Многу очекувате затоа ништо не добивате.
Многу очекуваме? Алоо, ми следува дел од моите родители. Јас имам посебно куќа со мажот, ама сакам и од моите. Па уште ќерките многу барале, хах.
Не зборевме за тоа. Зборевме за еднакво делење. Членката што ја цитирав никаде не пиша претходно дека нејзе ќе и давале финансии, а на братот имот како и тебе, а и јас никаде не пишав дека тоа не е нормално. Јас пишав дека не е нормално едниот да добие се, а другиот ништо. И муабетот за прибирање беше пошо таа членка кажа дека ќе ја земел братот ако се разведела. Ако ти не сакаш да се осеќаш ко предмет најмногу ќе си против нееднаков третман
Зошто мора да се дели и препишува имотот однапред додека се живи родителите? Баш тогаш се создаваат сите недоразбирања. Додека се живи родителите нека си биде нивно. По нивната смрт си има постапка, ќе се викнат сите деца на нотар и машки и женски и секој сам ќе си каже дали сака дел или не. Законот не прави поделба син, ќерка. Нека си се изјаснат самите деца дали сакаат или не, нема јас што да им делам ,додека сум жива си е мое.