Па ова го зборам цело време. И најбезвезен е моментот што ќерките растат и мислат дека нема ништо погрешно во тоа. Возрасни жени со деца не резонираат ко што треба
Епа да, не е во ред тоа. Секој треба да се стреми да си создаде свое, тоа секако се сложувам. Ама, вака испаѓа синот се да добие на готово. Може комотно да си шета, да се луксузира, да обезбеди негово семејство. А што е со ќерката? Таа ќе мора да штеди цел живот, да двои од се за стан, да не мрдне никаде. Значи синот удобен живот, а ќерката нека се мачи. Дали според тебе тоа укажува дека родителот еднакво си ги сака децата?
Aко моите му остават на брат ми се' , jaс ќе се лутам да. И нема очи да ми видат веќе. Па наречете ме и материјалист и себична и шотија знам. Не гледаме ние низ призма на пари, туку вие. Ако е еден стан/ куќа поголема, нема што да е на синот па овој да ја прибира. Може да го продадат и да ги поделат парите на двајцата па тие што сакаат да прават со нив.
Каков материјалист ма толку сме понижени од сопствените родители што ако очекуваш еднаков третман, материјалист ќе те направат
Кога ќе прочитам од женски млади личности дека земам од братот ми е Не, не земам од братот, туку ми следува од моите родители, без разлика што имам посебно со мажот, си сакам и од моите. Мене моите ме школувале, ми плаќале и одмори порано, ама пак имот ќе си земам замислете
Не знам дали сте слушнале за синдромот благ лимон, тоа е нешто како одбранбен механизам со кој луѓето ги прифаќаат лошите работи во животот, самите си се убедуваат дека уствари тоа и не е лошо, дека е за нивно добро, со други зборови си праат Бајрам на умот...баш како неколку членки на темава.
За кои црни имоти праите муабет, демек династијата Рокфелер ја расправате Луѓето обично имаат една куќа или еден стан. Дури се живи треба да останат бездомници, за да им даделе нешто на децата, за да имало кај да се приберат? А тие (родителите) кај да се приберат, кој ќе ги прибере нив? За сите деца праам муабет, без разлика машки, женски. Не е должност на родител да обезбедува станбено дете, ниту да дели имоти дури е жив. Ако сака може, ама не мора.
Не е должен де. Ама ако не е должен за никого не треба да е должен, да нацртам да не треба, јас мислам многу проста и едноставна ми е поентава
Обично делат на стари години. Па, синот довива се, а ќерката или ништо, или колку без ич. Сега има и случаеви каде луѓето цел живот живеат под кирија, или се сиромашни имаат една куќа и 4-5 деца, на кој што ќе дадат? Работава е да биде фер и еднакво за сите деца.
Тоа де, за никого не е должен. Можеш и да ми нацрташ како се дава подеднакво кога се нема, на пример како се дели нулата. Пример, мајка ти и татко ти, имаат еднособен стан. Неделив е. Децата живеат во свој дом , кирија, кредит, небитно. Едното од децата се грижи за нив во старост секој ден, ги носи по доктори, им носи јадења, одкајзнамшто, другото си тера своја работа, ги гледа еднаш за викенд. Пак треба исто да добијат? Јас цело време тврдам дека нема и не постои подеднакво. Тоа никако не значи едното дете и куќа и стан, другото ништо (и пак ќе кажам без оглед на полот, оти ако ти тврдиш, дека родителите повеќе ги сакале синовите, што кога имаат два сина?). Ама исто не значи дека ќе си ги премеруваме квадратите. Пошто, зидови не се јадат, ниту муабет ти праат.
Тоа што не бараш од твојте имот и наследство не значи дека одиш по некој норми и семејни вредности. Може да значи дека се сметаш доволно способен сам свое да си создадеш. Генерализација тука не треба да се прави.
Нечини се на кантар. Ако се два стана еден 75 а друг 55 м2, обично поголемиот го даваат на она дете што повеќе им се нашло на старост. Оти, да се разбереме...не сите деца се грижат за своите родители. И не сите од нашите деца подеднакво ќе се грижат за нас кога ќе бидеме не моќни. Стсроста знае и тешка и болна да биде и за стариот ама и за децата. Како нечие дете: Според мене , делба ДА, рамномерна ДА. Ама сеа да земам да делам до тенчина, немам намера. Стекнав сама во животот, благодарам на тоа што ми го дале, и не ни сакам да знам дали на братот/сестрата и дале троа повеќе. На крајот на денот, гола дојдов и гола ќе заминам.Каде ќе ги носам тие м2 кои би ги добила со тешки спорови и нервози??? Како процениле родителите, така нека сторат. Нивни имот, тие го стекнале, тие нека даруваат. Во животот со нив бев окружена со љубов и разбирање, не бев лишена од ништо што побарав и благодарна сум.
Ме интересира ако не залегнат родителите и ако не им е потребна грижа и нега, тогаш како ќе се дели имотот? Ваше мислење. Тогаш сите ќе добијат дел?
Потполно се согласувам со @Biljarkata Родителите ако им дадат имот на децата така се покажувала љубовта спрема нив. Јас здравје боже кога ќе имам свои деца ќе ги воспитам да не чекаат од никого и сами да си заработат. Како прво ако јас не ги гледам моите родители тогаш кога ќе им бидам најпотребна, а брат ми ги гледал(немам инаку брат) ги хранел, ги носел на доктор, ги облекувал, ги бањал извини ама на брат ми ако му остават ќе биде правилно бидејќи без него тие немало да бидат живи. А вие толку се степавте за имотите како којзнае колку имоти имаат родителиве на денешно време. Па ќе бираме кој на што му следувало, дали вилата со базен или џакузи . Гледајте сами да си створите, како вашите родители што створиле. Од една страна е паметно тоа што не препишуваат имот додека се живи, очите ќе си ги извадат потоа.
Не зборуваме за залегнати недај боже. Кога ќе бидат 80 и кусур години не ќе можат да излегуваат и да пазарат како сега што го прават тоа. Или да одат на доктор, ќе треба ти да ги носиш, да им пазариш, да чистиш дома, пошо на 80 и на 50 снагата не е иста.
Де бре, девојче, со вакви размислувања си? Што има врска пазарувањето и носењето на лекар со делба на имот? Еве јас жена ќе и плаќам на мајка ми да и чисти на 80 години. Јас ако живеам во Охрид, а брат ми во Скопје и еве им испазари, што, јас не треба дел да добијам? Глупости еј.