Шта би било кад би било, не знам. Може ќе побарам, може не. А зошто да не е обратно? Јас 75, а тој 55. Или дека е машко му следува повеќе?
И ако е така, ќе одиш по судови за плус 20 квадрата? Ќе се скараш со брат ти пошо он добил повеќе? За еден имот на крв и нож ќе дојдете.
А мајкати плаќала жена ти кога си била мала да те чува? Така и ти сега девојче, ситуацијата е иста. Стар човек е бетер и од бебе. Ама нема врска тоа темата е за поделба на имот. Ако брат ти ги гледа твоите а ти еднаш месечно и со тераш твој живот најнормално дека него ќе му остават повеќе, тука нема лутиш.
Да, плаќала жена да ме чува Божем е чудно тоа да се плаќа жена да чува дете ако родителите работат. Кај нас се на половина се дели. А кај вас ако се гледа кој ќе ги дочува родителите тој да земе е ваш проблем и затоа ви е чудно што некои не си делат децата.
Јас да имам брат а да сум мажена би се откажала од мојот дел, иско би ми поделиле и мене дел. Јас сум мажена имаме куќа со мојот маж а брат ми кај ќе оди?
А да бидеме реални колку се такви стари луѓе што се залегнати? Познавам луѓе по 80+ што сами си готват, пазарат, чистат по дома со исклучоци на потешки обврски. И ај бе не споредувајте мало дете и стар човек. Дете си го создал и не може да биде независно под ниеден услов до некоја возраст, плус си направил избор да имаш дете. А за постар родител е покомплицирано, може ќе добиеш понуда за работа во странство, или сакаш да живееш во друг град. Зарем децата не се за да им дадеш крила да одлетаат по својот пат, а ти како родител да ги подржуваш во она што ги прави среќни? Не викам да оставиш стари луѓе на милост и немилост ама... ако е некоја потешка состојба онда и синот/ќерката не би можел/а сам/а. Треба нега од медицинско лице некогаш. Отидов оф топик ама го отеравте ко секој стар човек да има Алцхајмер или да е врзан за кревет па готово, ако детето не може да се грижи да го отпишеме. И гес уат? Одредени состојби на старост може да се спречат многу порано со здрав и активен живот. Па место да инвестирате со раѓање деца за да ве чуваат на старост, чувајте се прво вие самите. Родителот бира да стане родител, не обратното. Еве вие дајте отказ од работа место да ви одат децата во градинка. Или не може вака?
А ако имаш свои деца кој ќе ги чува нив дури се грижиш ти за родителите по цел ден? Понормално е за нив да платиш жена или за децата?
Немате куќа туку маж ти има куќа, постои разлика, коа ќе ја стекнете заеднички тогаш ќе имате, а кога ќе му ја дадат неговите тој има.
Пошо братот нема куќа за мене да ми ја остави, куќата е на родителите, а не на братот, тие ја оставаат не братот, ние истото те прашуваме тебе зошто ти да си таа што ќе се рашетуваш, а не брат ти
Е добро чим нема компромис и не сака он да дели а ти сакаш да делиш на суд и си има правен пат. Куќа не се дели ама пари се делат. Или нека ти го даде твојот дел пример пола од цената на куќата или тужи го па пола земи си преку суд.
Епа добро де ја оставиле на брат ти, брат ти оти не се откаже од делот па твоја да биде. Нека се рашетува он чим така.
Да ве прашам дали би оделе на суд и би се суделе со својот брат за една куќа? Не сте нормални тоа ќе го кажам.