Ја едно те прашувам а ти ми го превртуваш муабетот. Ете брат ти оти не се откаже од делот и тебе се да ти припаѓа?
Се изјаснив на предходни страни за мојот став. Но, ако некој мисли дека на некој начин е оштетен и му е одземено нешто што му припаѓа. Решение е разговор кој ако не помогне проблемот треба да се реши по правен пат.
Боже. Брат ми нема што да се откажува ако е праведно поделено сфаќаш? Тој може од неговиот дел да се откаже, да го продаде, да го даде во хуманитарни цели, не може мојот. Го читаш насловот на темава или не го читаш? Збориме за тоа дека родителите треба еднакво да делат, а не да му даделе се на братот и тој зошто не се откажел после.
Да не се повторувам ќе те замолам убаво да прочиташ што пишував една страна поназад. Ве мрзи да читате.
Зборуваме за различни ситуации. Во случајот на @referentka , не би се лутела. Тоа не би била еднаква, но би била фер поделба. Сите деца добиле дел, тие што им помагале повеќе добиле поголем дел. И е сосема во ред. Не би замерила. Но, најчесто тоа што се случува е еден стан или една куќа целосно се препишува на синот. Синот по default сметаат дека ќе остане со нив, додека ќерката ќе се мажи. Што ако ете не се омажи? Што ако се разведе? Секогаш се оди на тоа "Нема проблем, брат ти ќе те прими". Што ако братот не сака да ја прими назад? Зошто да не е обратна ситуација? Нека си гради братот со сопругата, нека препишат се на ќерката. Ете ако се разведе братот нема проблем, ќе го прими назад. Баш поради вакви ситуации жени остануваат и во насилни бракови, нема каде да одат. Исто така баш поради вакви ситуации и се раскаруваат децата.
Во темана со свекрви или со золви се збори истово ама од друг агол и тоа што ме иритира е што секогаш сакаме на наша воденица да врви водата. Еве снаа сум Имам золва. Живееме со неговите родители Золвата си има свое со маж и, дали од маж и стекнато дали заедно во брак не е важно. Ако свеки го дели станот од 75м2 и золвата ми бара пари за нејзиниот дел од 38м2 а притоа јас сум правела измет до умирачка а таа си е гостинка во секокќј поглед, како сфаќате- треба или не треба да си бара дел? Ако треба- зошто? Ако не треба пак зошто? Ама стварно ме интересира..
Ти што мислиш? Ако е гостинка, треба ли да ја остават без ништо? Додека живеела она во тој стан, не била ли лишена од задоволства? Ќерката ке студира и ке оди на одмори јер утре нема да наследи дел? А синот ке е лишен од се ради тие 75 кв? Или затоа што снаата ке ги дочува свекорот и свекрвата, керката нема право на дел?
Затоа јас пак си стојам дека треба да се подели на сите, па потоа децата помеѓу себе да се договорат. Многу различни ситуации, многу различни одговори. Ако свекрвата го дели на пола, секако и следува дел. Сега дали таа ќе биде дарежлива и ќе се откаже или нема да се откаже е многу индивидуално. А хипотетички што би правеле доколку имал брат? Ќе го терале да оди домазет? Дали тогаш треба да се откажува од дел?
Ти што мислиш не кажа Малку ли е снаата да ми ги гледа родителите? Тоа е најголемата помош што може да ми се пружа. ...па и не сакам дел. Нека им се алал тие м2, штом со брат ми биле толку хумани према старците. Не сум жедна за тие 35м2. Не ме прават по богата ..ама по благодарна ДА.
Леле глупости. Ако нема грижа за родителите на стари години нема дел? А не се дава од љубов туку само ако им менуваш пелени? Ццц... Што не ќе прочитам.
Само едно ќе ви кажам Секому спорес потребите , секому според заслугите @Black girl преиспитај се малку, начинот на изразување ти е навредлив Дека нечие размислување е глупост е навредливо. Сепак...нечиј став е таков каков е. ...што не значи дека твојот е правилен. Ти посакувам повеќе успех во семејните односи
Треба, нормално. Тебе никој не те терал со сила да правиш измет, си имала опција да се отселиш Плус, си живеела во дел кој и припаѓал и на золвата. На крајот ќе излезе дополнително за тоа да платиш. Инаку... јас многу, ама многу ретко сум била сведок на тоа снаа да догледува свекор, свекрва. Во 99% од случаите кои јас ги знам, пак ќерките доаѓаат и ги чуваат мајката, таткото иако најчесто се оставени со прстот во уста.
Извини. Мене ми е глупост тоа. Среќа моите родители не размислувале така. Дале од љубов, а секако дека и јас ќе ги гледам, тоа е човечност. И кога не поделија, никогаш не спомнале Дали и кој ќе ги гледа на старост. Мајка ми и ден денес вели дека сака сама да си седи. А дека снаата повеќе ќе ја гледа од мене, аха сигурно.
Затоа што не знам во каква состојба е. Не треба мене да ми кажуваш за нега на стари лица. Јасно ми е, сум поминала. Доколку имам солидна работа, плата, обезбедено станбено прашање, не би барала ништо. Не би ми требало. Доколку немам ништо свое обезбедено, би сакала да имам каде да отидам во случај нешто да тргне наопаку. Тогаш би барала исплата на дел. А најчесто ќерките пошто од мали ги спремаат со чеиз да чуваат свекори и свекрви, ништо чудно што немаат време да постигнат да ги чуваат и своите родители. Јас тука го гледам проблемот. Машките и женските деца не се гледаат исто.
Една работа што сум ја забележала секогаш кога сум паднала во муабет на оваа тема е тоа што сите девојки што се држат до тезата дека тие треба да му препуштат се на братот, но золвата треба да им препушти се нив имаат една нешто заедничко - сите доаѓаат од семејство кое е послабо ситуирано за разлика од семејството на мажот. Така што причините за тој нивни став си се чисто финансиски, многу повеќе им се исплати золвата да се откаже од нејзиниот дел отколку да бараат од братот една соба, а тие муабети за традиции и дочувување се само изговор и тоа прилично смешен, пошо сите знаеме колкав е бројот на снаи што мењаат пелени на свекрви, да бидеме реални малку за промена.
Исто не гледаа моите родители. Ама НИКОГАШ нема да си дозволам при имање на доволно свое да трчам, да се расправам и да се спорам за да е до милиметар еднакво. Големината на човекот е да остане човек и тогаш кога е можеби обесправен за некој м2.