Ако дојде ред да се разведете дури тогаш ќе видиш кај ќе одиш ти штом си толку хумана ... Не рекоа никаде дека брат ти ќе биде без дел, верувај дека брат ти не би се откажал од ништо за тебе..
Јас само дадов пример, ниту сум мажена ниту имам брат. Кажувам само како би било ако сум во таа ситуација.
Да ама како би било ако разведеш? Брат ти секако уште ќе го има сопствениот дел. Значи ти никого нема да избркаш или било што. Твојот дел би требало да биде твој план Б во случај на развод или немање финансии и слично.
Е кога купував стан-ови, брат ми се откажа од неговиот дел од кешот што беше подарок од родителите, за јас да си купам два стана. Е сеа, му дале поголем стан. Ќе му дадат и муабетне сакам да знам. Индивидуални се случаите. Мене лично ми е битно сите да сме со се подмирени - и родителите и брат ми и јас. Дали ќе имам повеќе 10000 евра или помалку ама баш ИЧ не ме мачи. Грижата еден за друг ми е најважна.
Не е секогаш се убаво сјајно и бајно. Денес имаш се и се откажуваш од дел а потоа губиш се и каде ќе одиш? Бидете поконкретни, или зимате или се откажувате. Па тој ми е брат секако дека ќе одам кај мојот брат. Нема да ме избрка од куќата каде што сум живеела. Многу разумно @referentka Од сите што напишаа само со тебе се согласувам. А да ве прашам сите шо коментиравте, дали само на муабет вака си кажувате или ви имаат/немаат оставено имот? Едно е да размислуваш друго е да го имаш веќе тоа поминато.
Затоа што имам блиски што брат со брат не си живеат заради таа делба, најпаметно е доколку тебе не ти биле доделени финансии или било каков дел од имотот, ти твојот дел да си го чуваш. Не дај боже, ако ти се случи и тебе/мене (мислам на заслепеност од пари како во примерот што го дадов) да имаме кај да се вратиме. @referentka се согласувам јас збор не би кажала. Брат ти ти излегол во пресрет кога најмногу ти требало. Не сметам дека е океј да се мери до метар квадратен. Сметам дека не е во ред кога едниот добива се' а другиот ништо.
Нема да те избрка али ако после некое време се вратиш назат на место каде што он со сопругата и децата си имаат направено свое гнездо малку како да нема да бидеш посакувана иако имаш и ти таму дел. Не дека немаш право на дел. Имаш. Ама да се вратиш пример кај брат ти со две деца а тој таму живее со жена му и децата. Не знам баш дали е баш паметно. Тие имаат приватност своја. Е сега ако немаш каде да идеш привремено да. Ама трајно да им се вратиш заедно да живеете. Не знам баш.
А нема да ти биде незгодно и да имаш дел? Сепак помеѓу нив ќе бидеш помалку посакувана како што кажа.
Пак таа, ќе одам кај мојот брат оди, прво кај маж ти, после ако дојде до тоа кај брат ти, после ако брат ти и жена му имаат 3 деца и ти им сметаш, пак ќе се иселуваш пошо си многу хумана, извини ова не е хуманост, ова е наивност Ако имаш свој дел ќе ти биде и тебе исто незгодно и нему пошо сте еднакви. Ако е само негово ти си таа што се селиш. Како може толку да немаш самопочит.
А на брат ти нема да му биде незгодно шо направил цела фамилија у куќа кај што имаш и ти дел? Какво незгодно од мој имот? Ти можеш тој дел да не го употребуваш, да му го отстапиш тој да го користи, да го издаваш под кирија, буквално што сакаш можеш со тој дел.
Тоа е одговор на хипотетичкиот случај со золвата на @referentka . И во неколку хипотетички случаи веќе одговорив. Треба да се подели на сите и потоа децата дали ќе остапуваат на своја добра волја или очи ќе си вадат, нека си се договорат меѓу нив. И не, не ми е ни мене битно се да е еднакво до метар квадратен. Ама зошто братот ја има привилегијата да е обезбеден со станбено прашање, а ќерката не е. Никако не можам да сфатам како тоа е еднаква љубов кон децата.
А ти дали разбираш дека може да те трпат само ако си гостинка, ако си си дома во свој дел не може никој да те трпи пошо си дома.
А што ако решам да не се мажам? Ете сум решила да си седам немажена цел живот и да везам гоблени по дома. Пак ќе сметам? Да не треба под мост да се преселам?
Па така де, (ако ти имаш дел таму) тебе ти е незгодно сама да живееш таму заради тоа што и тој живее таму со цела фамилија. Зошто нему НЕ МУ Е НЕЗГОДНО шо има фамилија?Зошто тој не размислува така? Боже жено, колку се понижуваш самата себе... Ќе ми е незгодно и ќе нема да живеам у мојот дел а брат ми ќе се коти таму со жената без око да му трепне.
Па така и би направила. Пошо тоа е и моја куќа нема зашо да ми е незгодно и срам да ми е или да мислам дека им сметам.