Ама девојче зборуваме за мажена и женет. А девојкава погоре ако решела да биде немажена, што во тој случај.
Па и тоа одговорив. Како што они имаат право да делат како сакаат, така имам и јас право како да се чувствувам.
И се за инат ќе си правите со братот. Попаметниот попушта, а не кажавте во случај две сестри? Да ве слушнам и тука шо далга ќе кажете?
Леле девојче исто е, браќа, сестри, две или 20. Каков инает тераш ако очекуваш ист третман. Попаметниот попуштал, не, тој што е наивен попушта и што нема самопочит и што може да го мафтаат на сите страни. Ако нејќе брат ти нека не води инает и нека те цени еднакво.
Попаметниот попушта, бидејќи сте попаметни после ќе ми пишувате по темата Снаи и свекрви или Брачни проблеми за разни проблеми и пошто сте биле попаметни и сега НЕМАТЕ КАДЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ќе си ги трпите и свекрвата и свекорот и мажот заувек ама знаеш што? Битно ПОПАМЕТНИ СТЕ. Да не заборавиме дека поглупиот т.е брат ви/сестра ви ќе си прчат газ на некоја плажа и по телефон ќе ви кажат дека ќе биде подобро и да не се нервирате.
Кога се сестри е полесно. Мама и нејзините сестри се сложни да се делат. Ама не можат да се поделат бидејќи има една нива која вреди за 10 други и никој не ја дава од сестрите таа. Сите ја сакаат неподелена. И сега уште се договараат за се се сложни ама за таа нива никако.
А ти разбираш дека нема врска полот или не разбираш? Треба да ти се црта дека треба да се дели еднакво било да е брат било да е сестра? Бог да чува еј. Да ми биде незгодно во домот каде што сум пораснала. Незгодно ќе ми биде ако се тупнам во куќа што ја направил брат ми, а не во куќата од родителите.
РефкЕ, не шетај гола на промаја. Мислам со годините и перспективата иде. Затоа не се разбираме. Освен @An-na . Таа е тетка ми. Мажена на 16, со свои две куќи и имоти, 40 години подоцна и текна дека имала родители. Јер љубов, разбираш А вие погоре, ниви се велколепо имање за делење? Толку од Роквелер филмот, не е веќе интересно Кој нема да си напраи фамилија, нека седи во детската соба. Ама не е многу здраво тоа. Никој никого не треба да прибира, дал господ кирија за недајбоже. А родители да пратам под кирија, оти своето го поделиле за љубов, не.
Не знам како дојде до тоа да седат родителите по кирија кога ќе препишат? Дедо ми и баба ми препишаа одамна, па во договорот си стои дека не смеат да бидат избркани од куќата. Ама ок, вие се знаете.
Е добро, ако има нафта на нивите друго е. Мада тоа поле се вика Знаете колку приказни имам чуено, препишале, продале, останале со прстот во уста. Ако тоа им е страв на мои родители, а им е, ич немам намера да ги туркам во стрес. Доволна им е староста.
Ама никој не го кажа тоа. Јас конкретно зборам да нееднаков однос на родителите кон децата. Еве живееме на улица и имаме 4 вреќи компир. Родителите оставиле тестамент за поделба на компирот во оставинска постапка. Јас би очекувала да се подели по две вреќи на мене и брат ми. Ако не ми се јаде може да му дадам уште една вреќа. Ама би сакала да ми остане барем една да не поцркам од глад. Ако не ми остават мене ниту една, а нему сите 4 тогаш пак да го сфатам тоа како еднаква љубов?
Си можела да ме цитираш. Зошто да не ги гледаат подеднакво? Болеста не трае еден ден. Има идење и идење по болници. Или ако дојде керката ке е вишок и дошла во домот на снаата? Ама зошто расправање? Туѓо ли бараш? А и зошто да бараш? Ти следува.
Ако мене не ми одговара животот со сестра ми во иста куќа, мислам дека јас сум тој што треба да си го реши тој проблем, а не она да се жртвува за мене.
Па мора подраматично да е, како од каде дојде тоа Ретки се мажите ко тебе, стварно да пораснеш во шовинистичко општество и да размислуваш вака е за пофалба
Се согласувам, како рече дека е кај тебе? --- Не мислам дека било кој сака да зема дел од имот за да не прај свое. Идеално е секој да има свое и имотот да се подели на децата па да видат тие - дали ќе го продаваат, дали едниот ќе го исплати другиот и сл. Тоа е само фер. Важно е да се еднакви. Еден ден ќе бидам снаа, и снаа ќе имам. Ако догледам туѓ родител не ме прај мене нивна ќерка, оти сум ќерка на моите родители. На моите родители им е дојдено до мене, не на некои шо не ми се родители и од таму нема зошто некој трет да зема дел шо припаѓа на детето на родителите. Ако некое дете сака да се откажи од својот дел од имотот - супер. Ако неќи, јбг нема шо тука. Не можи се да е препишано на едно дете и да се смета дека е праведно, и секогаш тоа едно дете а машко. Само зошто е машко не значи дека мора да се врзи дома и да не се остави да се отсели, или во полош случај да се програмира да биди татина и мамина маза оти се има куќа/ стан дур другото дете се учи како ќе си оди. Се ова е подлабоко од шо збораме овде и ме иритира жени кога немате разбирање кога други жени имаат проблем со ова. Океј е да се откажите од свој дел, да се исплатите, значи океј е. Индивидуално е. Ама мора да се разбери потребата зошто некои жени гледаат проблем со ова а не да се вели „БрАт Ти Е ЌЕ ТЕ ПРИБЕРИ“ или „СеГа ОвА тИ е СеМеЈсТвО“. Куќа на свекор и свекрва не е твоја куќа. Куќа од мајка ти и татко ти пак не е твоја куќа. И после зошто толку жени се затворени во насилни и токсични бракови. Оти нема кај да одат, оти. Ако еден ден ќерката се разведи нема кај да оди. Не туку дробете „брат е нема да ја избрка“ ама убо рековте за темата со золвите. Еден сат поќе да поседи сметала золвата, а не па братот „да ја прибери“ ( ко партал да е, а не сестра) јер немала кај да оди и не можи да се врати во куќата на мајка ѝ и да ја наречи своја оти пораснала таму. Кај некој можи дури и е за финансии, па и да е, зошто едното дете да е третирано поќе од другото? Оти на едното асфалтиран пат, на другото козји? Колку и да сакате да негирате дека ова не е машко- женски проблем, е. И преку сто пати во последните страни е спомнато како било различно ако се поќе машки, или поќе сестри. Тогаш пу пу не важи. Да не се родиш со брат работава испадна. Глупости. Мене до пари не ми е, до принцип е. Ако решат дека се ќе остани на брат ми, а ништо мене јас имам проблем со то. Пошто наеднаш брат ми е поважен од мене. Се очекува јас со свекрва да живеам оти то е нормата. Ако решам по кирија „глупа можеше со свекрва да си“ и пак јас од 0 ќе градам дур брат ми ќе има се на тацна оти е машко. И то е воглавно причина зошто има вакви нефер и крајно глупи поделби. Колку и да сакате да ги оправдате, не можи. Имот се дели на сите деца подеднакво, безразлика од пол. Шо ќе прат тие деца од после - нивно си е. Важно секој да има право да одлучи за својот дел.
Е сеа да ти одговорам како 50 годишна мајка. Да дојде дете мое и да ми бара нешто ДЕКА МУ СЛЕДИ ќе му покажам врата. Мое е. Јас решавам како ќе го трошам и на КОЕ ќе го дадам, како ќе го делам. Ако се не благодарни за тоа што до сега сум го сторила за нив, па се расправаат за материјални работи, тогаш мора да сум згрешила во воспитување. Се додека секој не си гледа во својот џеб кало да го наполни со свој труд и се пули дали во на брат му можеби има повеќе, не бидува фамилија. Едит, Мене не ме прави среќна ако гледам дека брат ми нема живеалиште па да барам да ми плати пола од станот или да ми препише соба. Имам свое, не е многу ама задоволна сум. Нај нај најважно ми е да сме сите задоволни. ...а дали снаа ми ќе ми се јавела од некоја плажа каде легачи а ваму не ми дала пари кои ми следеле, нека се здрави и живи, со здравје да користат и да шетаат пак.