Билјарке, ниви- ниви....зезај се ти...кога гледавме станови , еден газда ни кажа во Расадник дека на времето дедо му ниви имал таму..со денационализација дал му ги вратиле, ич не ми текнува. Елем се изгради зграда од инвеститор таму. 14 факен стана добиле мајка му и вујко му...е сеа мајка му( старица тогаш) да се откажела од нивите во име на братот , тешко дека нејзиниот син ќе располагаше со 7 стана, 3 продаваше од нив а во 4 сместени тој со фамилијата, мајка му башка и син му од претходен брак... Мож' па нафта ке најдат убудуче на нива. Од оваа дистанца шап ме габри, ама дур немав свое, криво ќе ми беше... Да догледувам, искрено не планирам, тоа не би го правела ни во мк да живеев,за на доктор да носам или пари да даам за нега, нема проблем, ама за негувателка да бидам 24/7 ниту гледам ниту сакам да ме гледаат. Сериозно. Не ја замислувам керка ми дека за 30 години " ќе ме гледа". Нека живее без тој товар. Се надевам ќе можам да се погрижам сама староста да ми е поднослива. А за фер, увек сум за фер.
Јас само не знам како очекувате да ве гледаат децата ко тие да не планираат да создаваат свое семејство, вие деца бидете им. Со две раце ќе потпишам во старечки дом да ме носат или жена негователка дома одколку да очекувам нивното време да го трошат на мене, не сум толку себична
Во ред, во полот нема разлика, во делењето има... не е исто. Нека е по ваше. Е не знам дали е исто 2 и 20. Ако имаш 20 браќа и стан од 50 квадрати и ако го препишат на едно дете само станот зарем ќе се тепаш и судиш за 2,5 квадрата? Така не испаѓаш попаметна, испаѓаш алчна. Ама добро после развод имало кај да се вратиш Ама дали се дели еднакво? Не се дели девојчее. Ако родителите располагаат со повеќе имоти секако дека ќе поделат еднакво. Но, ако е еден стан од 40м2 а вие сте де омажиле, оформиле семејство, вашиот брат исто така се оженил и оформил семејство. Круната ли ќе ви падне ако братот добие се а вие ништо? Еден стан е, па побогу не сум алчна ќе се откажам од делот и сите среќно си живееја. А ако дојде до разводи јас сум добредојдена кај братот. Исто како што е и тој добредојден кај мене ако ситуацијата е обратна. Сепак има разлика, мајка ми и тетка ми сложно поделија да биде на едната сестра а мајка ми се откажа од делот. И јас тука не гледам никаков проблем. Тие се сестри и 50м2 нема да смени ништо во животот. А мајка ми недај боже ако се разведе има пак кај да се врати. Вие мислите дека од кога ќе се поделат имотите веднаш се нарушуваат семејни односи. Епа дечки ако е здраво семејство нема ништо да смени еден имот. А ако се алчни децата и на пола станот да е поделен пак ќе гледаат да го земат делот на братот.
Охоо колку има такви што после поделбата на имот останале до прстот во уста, па отишле во дом при деца и имот. Ама така се докажува љубовта на детето, значи мора да ти остават имот ако те сакаат Не правиме муабет за неодговарање на животот, туку за поделбата. Моментално кај мене не е препишан имотот, така да ова е само мое мислење и став. Бидејќи сум сама и немам брат/сестра тогаш имотот ќе биде во иднина мој. Но, да сум мажена и да имам брат тогаш ќе се откажам од мојот дел. А ако не дај боже се случат неубави работи тогаш јас сум добредојдена дома. Тоа што е имотот на брат ми не менува ништо, јас пак ќе бидам дома. А вас многу ви менува ако е имотот негов и ќе бидете гостинки и ќе ве прибереле ако се случело развод.
Секако, го кажувам моето мислење на темата. Би сакала тие што го имаат поминато тоа да кажат искуство.
Аха значи хипотетички збораме засега. Ај хипотетички ќе одговорам уште нешто шо напишав во претходното мислење али буквално само на цитиран дел обрна внимание. Децата се еднакви и имотот се дели еднакво. КАКО ќе биди потоа е на децата. Дали ќе живеат двете на имот, дали едниот ќе отплати другиот, дали ќе продат и парите ќе си поделат - нивно е. Важното во очите на родителите да се еднакви, па после ако некое сака да се откажи - океј е. Навистина. Поќе принип е него материјална потреба. Никој не вели не се откажвај, само се вели разбери ги жените шо неќат па дури и не можат да го напрат истото. Велиш брат е мора да ме прими. Не сите браќа се исти, не сите сестри се исти. На некоја жена гаранција му е после лош брак да се врати кај мајка ѝ. Некогаш не можи оти ќе е досадната золва. Да беше друга држава каде е полесно да си самостоен би сфатила и помалку емотивно да се гледа на темава ама кај нас кај шо е крш и тон жени се во лош брак оти се е препишано на братот, детето шо се чува дома, а ништо неа, детето шо не е поќе во фамилијата, или се откажала на сметка на братот па сега е досадната золва и дома кај мајка е сега премина во на гости кај мајка и мора да трпи насилен и токсичен сопруг зошто нема финансии за сама одма да замини под кирија. Оваа е реалноста. Пак ќе речам, ако сакаш откажи се. Не го прај норма зошто многу жени таков луксуз немаат. Башка, нема ни да го осетиш некогаш па ме фати смеа ко пиша друго е осетено, друго е кажано. И се согласувам. Друго е осетено, друго е кажано. Пошто ти нема ова да го осетиш, јас и многу други ќе го осетиме и многу други го осетија. И океј е секој различно да реагира. Океј е да напрајш договор, океј е да се откажиш, океј е да си отплатен. Зависи од ситуација пред се и ни една опција не е грешна. Грешно е да не ги сфаќаш тие шо по дифолт не се откажуваат туку ги разгледуваат другите опции па дури и би се навредиле ако се третирани подолу од братот/ сестрата. Пак ќе речам, принцип е. Никој нема да речи оти него три квадрати плус. Битно е да имаш соба да се вратиш негде ако зажежи. И ај уште за догледвањето. Ако има потреба да се грижам за моите, јас ќе се грижам. И неќам поголем имот ради то. Сакам еднаков, прво зошто моите имаат и друго дете и второ ги сакам, не е бизнис догледвањето. А јас ко ќе остарам, нема теоретски шанси да дозволам на дете да ме догледа и да му земам од младоста. Нема да родам дете за да има кој да ме гледа на старост, ни пак да ми наплаќа детето оти сум го родила и растела. Дар е то за мене, не инвестиција.
Не, девојко. Не сум алчна. Јас не се откажувам од делот што ми припаѓа. Не барам туѓо, туку од родителите. Среќа се нормални, па нема вакви поделби како кај некои фамилии што се со заостанати размислувања. А за она во дом дека може да завршат старите, 90% тоа го прават синовите зашто се препишало се на нив,а снаата не сака да ги погледне и завршуваат старите во дом.
Ја мразам темава... не на форумов, туку општо. Имотот треба да се дели на еднакви делови за сите деца. Ама кај нас не е така. И за мене не беше така. Виновни се родителите и нивните дискриминирачки, патријархални ставови. Точка.
Многу ретко е да се дели еднакво имотот. Значи зборувам ако родителите имаат 2 куќи или два стана пример, тогаш една ќе припадне на едното дете а друга на другото дете. Тогаш е во ред и се согласувам дека не може на едното дете да му припадне 2 а на другото 0. А еден стан кога ќе го поделиш на два дела а ти си се омажила и имаш деца таму на друго место. А станот е со две соби, братот и снаата у една соба ќе се буткаат со две деца за собата твоја недај боже ако се вратиш да биде спремна? Секако дека сите браќа и сестри не се исти, со ова се расипува фамилија дали разбираш? Ако тој мене не ме прими дома кога ми е најтешко тогаш тој не ми е брат. Дали сум разведена или сум среќно омажена ако тој така постапи тој веќе за мене не е брат. Ти ако си мажена дома си е дома секогаш, без разлика дали имаш дел или немаш. Еве ако не ти е препишан делот сеуште од твоите родители пак ли си на гости? Или кога ќе го пишува твоето име на имотот тогаш си дома, сега си на гости. За жал или за среќа нема да осетам, бидејќи ќе биде мое во иднина. Но родителот кога ќе биде стар, значи зборуваме за стар а не за залегнат човек шо неможе и уста да отвори. Не е исто на 50 години и на 80 пак ќе кажам, очигледно го читате тоа шо ви одговара, снагата не е иста на 50 и на 80. Ќе можат и да испазарат и да исчистат тоа стои, но тогаш си им ти најпотребна или твојот брат/сестра. И ти ќе треба да ги однесеш на доктор, да им испазариш, да им направиш ручек. Тоа не е потреба или обврска туку љубов кон родителот. Тој те гледал, воспитувал, школувал и те исправил на прав пат, и сега ако не ти препише дел толку готово не ти е родител. Многу погрешно гледате на некои работи и се замерувате за такви непотребни работи. Кога ќе остареш нема да дозволиш дете да те гледа?! Па тоа дете освен што има живот ќе најде време и за своите родители. Јас не реков дека дете е инвестиција, јас ќе се гордеам ако детето ме гледа и ми помага а не да ме шутне при прва прилика у дом. И гледањето на родител си го сфаќате погрешно, ако ти не му посветуваш внимание и го гледаш, кој треба да го гледа? Алал да ви е на сите за размислувањево со родителите.
И ти им се налути оти не ти го препишаа станпт/куќата? Ги отпиша од родители? Еве имаш искуство кажи ако не е тајна.
Не ги отпишав, ама живеам со теретот од неправдата која сметам дека ми е нанесена. Дека ги сакам, ги сакам, ама никогаш нема да им простам за тоа.
Зошто на пример не размислиш на една многу проста опција ако станот е мал а деца многу, станот може да се продаде и де се поделат парите, како може толку да се понижуваш себе си
Ама ако ти се разведеш не дај боже, сигурно нема на улица да те остават и прај шо знаеш да ти речат така?
Зошто некои членки гледате како нешто лошо да е старечкиот дом? Можеби не кај нас, ама во другите европски земји, старите сами сакаат да одат. Интересно им е, се дружат, имаат активности, редовни прегледи, храна. Што ако децата живеат во други држави? Или работат на 2 места, како ќе стигнат? Плус, ако живее стар човек на 80 години сам е опасно, може да падне и нема кој да му помогне, а вака во дом и безбедноста е поголема. Веројатно јас би платила жена да ги гледа и ќе ги посетувам редовно, при длабока старост дај боже да исчекаат ќе ги земам и дома ако е потребно.
Ми поклонија 20.000 евра и со тоа е 'завршен' муабетот. Пола од станот е мој. На улица, нема да останам. Брат ми наследи, цирка 80.000 евра.... ако не и 100.000. Не знам колку оди на пазарот куќа од 350кв
Девојче со тој памет што го имаш совршено се вклопуваш во македонскава средина. Жал ми е што родителите најмногу што треба да те сакаат, не те научиле да се цениш себе си.