Јас децата ги гледам под еднакво. Ако имам еден стан и пари тогаш станот ќе му го оставам на синот а пари на ќерката. Никое дете не е повредно од другото. Исти се за мене. А што ако се ожениш додека се сите тука? Не разбрав баш кој е проблемот при носење снаа? Јас мислам дека тоа е благослов, потоа и внучиња. Ние шо ќе бидеме снаи да се плашиме од вакви типови на мажи.
Колку жално размислување ова, синот треба да има куќа/стан, тој жена ќе донесе, а за ќерката ништо, ќе си оди таа.
Истото бе... брат ти 'нема пари', 'вие имате'. Помалку приходи имаше брат ми тогаш од нас. Сега има повеќе од нас. Оти мене не ми плаќа сметки мајка ми, туку него? Цело време се провлекува истиот однос. И 'си живеам' со мајка ми, оти ми е мајка и ја сакам како мајка која е една и единствена. Ама како човек... не ја сакам.
Па не се жениш и мажиш дури не си го решиш станбеното прашање. Нормално дека не си слушнала вакво нешто, кога растеш со патријархални родители од кај да слушнеш
Пак ќе кажам дека читаш тоа шо тебе ти одговара. Еве кога твоите ќе го препишат имотот дојди на темава пак важи?
Моите не се глупи родители да мислат дека машкото повеќе треба да добие. А ти можеш да отвориш тема што кога родителите веќе ќе му препишат на братот, оваа тема не е за од кога ќе му препишат
Живееш под ист кров со родителите додека не спечалиш за стан, не гледам проблем во живеење во заедница?
Ти отвори ја гледам дека повеќе се разбираш. Од каде знаеш што ќе биде по 10 20 години и дека твоите нема да се предомислат? Ако одлучиш да одиш странство?
Зошто? Зошто не оставиш пари на синот и станот на ќерката? Нели ги гледаш еднакво? Што би било проблем за таа ситуација? Значи синот се жени, останува во станот. Ќерко еве ти тебе некое евро и гитла од дома.
Леле со тоа странство еј. А ако заминам во Америка не треба ништо да добијам? Аман од вакви размислувања дека за да добијам нешто треба да ги чувам родителите.
И после ако ќерката сака да се врати, одговорот од нејзините ќе биде - Ќерко, снајди се. Не треба да пречиш на брат ти и снаа ти.
Сеа па зошто не вака зошто онака. Абе ако станот шо му го оставам на син ми е 30.000 евра а на ќерка ми и дадам кеш на рака 30.000 кој проблем е тука?
Нема да се предомислат пошо ме сакаат еднакво. Љубовта не е предомислување. Веќе е поделено правилно.
Јас сум веќе поделена. И немам брат. Не знам дали братот ќе ја прими сестрата кај него. На снаата ќе и смета золвата. Секакви случки има во темата Снаи и свекрви. Баш заради оваа делба.