1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    2.706
    Пол:
    Женски
    Тоа ти како си замилсуваш правна држава не навлегувам. Во цивилизирано општество има закони, чисто ради информација ти кажувам, и тие недозволуваат секој да си применува свои закони и подзакончиња и само да си ги толкува.
    А тоа со нужен дел не за џабе ставено во правен акт, баш заради такви како тебе, кои сами си даваат проценки кој колку заслужил да добие или да не добие.
     
    На bittersweet, kukla21, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Како оваа дека дали можеме да заработиме е наш проблем па нели фамилиа сме па нели сестра муе зарем би го оставила ти брат ти да заглави во кредити без работа .. Како размислуваш така остај ти закони .. Кој почитува закони сега како сто кажа @galapce во прашање е човечноста.. Ние ќе ги чуваме родителите и они живеат во тој стан не ми го оставаат мене не го сакам на мое име .. Пишав горе дека имаме вложено за тој стан ... Стварно глупости муабетов ..
     
    На okcenzi, mareane, rose60 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Јас не правам проценки.
    Превртуваш муабети.
    Јас реков дека во таков случај јас би се повлекла од мојот дел.Кога упорно си по законите,знаеш дека имам право.
    За устите со кој закон да се бранам?
     
    На vitamina, mareane, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    2.706
    Пол:
    Женски
    Баш муабет ми направивте ко за на зелен пазар. Ако се раководите од човечност, на која толку и двете алудирате, тогаш чувајте стари без да барате после цели станови и слично. Едно со друго се коси.
     
    На bittersweet и kukla21 им се допаѓа ова.
  5. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    2.706
    Пол:
    Женски
    Секако дека имаш право да се откажеш од делот. Никој тоа не го оспорува. Но да очекувате дека секоја сестра треба да се откаже од својот дел е небулозата со која јас не се сложувам во вашите ставови.
     
    На bittersweet и kukla21 им се допаѓа ова.
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Чувам и не барам.
    Но колку ке можам ке чувам.
    Муабетење тука да не треба да биде официјален како за во судница,собрание?
    Опуштисе девојче,ова е место за опуштени муабети.
    Многу те напнале законите.
     
    На mareane, rose60 и makgirl им се допаѓа ова.
  7. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Секоја нормална сестра која више е финансиски обезбедена не би барала дел во состојба кога братот го има само тој стан и плус родителите ..и плус добила пари од родителите .. Затоа се вика сестра нели .. А ако братот има стан и плус сака и од родителите да го земе цел ијас не го оправдувам тоа .. Кога би имала сега јас нека си го земат овој само главата раат да мие .. Толку повеќе да не ја должиме
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Не си прва или последна што вложувала мислејќи едно, или автопилотски онака оти дома ми е, па да се плашиш и имаш зошто. Тоа црно на бело на имовина, или оти го нема што е повеќе проблемот, кога дојде ред да се дава или продава знае и на нос да излева. Ќе браниш ако дојде до бранење работа само не биди таа што ќе ја предизвика таа кавга од узур, подобро односите со золвата среди ги на добра комуникација да кога дојде такво време да можете да се разберете.
    Свекрвата прави математики? Дали свекрвата воопшто зборува или твоето е сомнение од страв, дали золвата бара? Ако золвата знае колку си вложила, ако золвата си има свое, па и настрана живее, и ако не се докачите за коса вие две, прашање е дали и воопшто ќе бара ако дојде тоа време посебно кога на брат и е тоа домот, зошто би барала. Е зошто? Затоа што...
    Јас од моите ни мираз една нива немам, не пак куќа да делам, не сакам и не ми треба, ама ако е за кавга, да почне обвинување, не од брат туку од снаа, ете, оти мајка сака да се нервира снаата боц боц боц, па вака јас не ни информирана за нивните математики и меѓусебни боцкања да ми почне мене со инат, ако е за инат и кавга, чекај сестро, ти мене не ме знаеш, ќе барам и крушата да ја поделиме што таа ја посеала во мојот дел од бавчата откако дошла во куќа. Епа не! :wasntme:
    Нашето е препишено одамна, ништо не барав, туку онака зборувам, дека такви сме луѓето, само не признаваме сите, некој нека ни потера инат без веза, од инат и вреќа сол ќе изедеме и ќе викаме има ли уште една.
     
    На bittersweet, kukla21, samovila.red. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Оти викаш вашите?
    Каде напишав јас дека и таа треба?
    Колку за лајкови ако редиме муабет најарно да прекинам,ти продолжи си мисија.
     
    На Mariangel, imelda и rose60 им се допаѓа ова.
  10. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    2.706
    Пол:
    Женски
    Перфектно сум јас опуштена, само уште се чудам на некои старински муабети од типот „бато има право на делот, јас сум женско ќе си добијам од кај маж ми“
     
    На fighter, bittersweet, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Не е баш така едноставно да се каже како треба да се постапи со имотот.
    Мајка ми кога се омажила, одлучиле или се подразбирало (пред 30 години) дека синот и снаата ќе живеат со „старите„. На татко ми сестрата веќе била омажена и имала деца.
    Моите ја правеле куќата, ја средувале, заедно се плаќале сметки, даноци итн Заедно се купуваше и јадење и се живееше во буквална заедница каде секој знае за што е задолжен. На пример баба ми нее чуваше и правеше ручек а мајка ми бидејќи одеше на работа, секогаш беше задолжена за пазарењето. Кога почина дедо ми јас бев многу малечка ама не се сомневам дека татко ми го платил погребот и сите трошоци кои доаѓаат со тоа. Баба ми се измачи а со неа и мајка ми. По болници, терапии... Па и нејзиниот погреб па задуши и триста глупости карактеристични за нашево поднебје.
    Тетка ми доаѓаше како гостинка во нашиот дом ама на долниот спрат се уште има една соба која била на тетка ми и се уште не се употребува за ништо. Стои така наместена и кога ќе спиеја братучедите кај нас, обично спиеја тука.
    Многу би било глупаво тетка ми да побара половина од куќата. Додуша не ни побара. Ама од друга страна секогаш се и било се давано на тетка ми. Дури и работи на мајка ми и таа никогаш збор не рекла. Еден период тетка ми имаше проблем со отоци на нозете и баба ми и носеше ручек. Се правеше со заеднички пари а се носеше во друга куќа.Сепак укуќата остана на моите, што според мене е нормално.
    Исто како во случајот на @ANGIE1 .
    Ако веќе живеат заедно и делат се тогаш не би било исправно золвата да земе дел
     
    На Victorian, kjukli, mareane и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Плус мила ти зборуваш за куќа јас за еднособен стан .. Голема е разликата
    Јас напишав не ме чуди и станот да го дели .. Никаде не напишав дека сака да го дели сегаа .. Сите овие муабети настаанаа од тоаа. Глупостии
    Да напоменам и ние функционираме така сепак фамилија смеа .. Јас никогаш не сум рекла платата не ви ја давам секогаш сум прашувала што треба да се купи .. Сметки да се платат што можам .. Мислам дека што е до мене фер бев ..
     
    На mareane, rose60 и anina им се допаѓа ова.
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Епа затоа те прашав, ако золвата си ќути, трај си и ти, не почнувај такви муабети. Здрава нога во трн што викаат.
     
    На kukla21 и galapce им се допаѓа ова.
  14. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Не почнувам јасс ич :D само познавајќиа свекрвами го реков тоа .. И одма скокнаа со предрасуди феминкиве и голема ја направиа ..
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Во реалноста јас не познавам случај каде сестрата, добро финансиски обезбедена, со свој имот и семејство, дошла да бара дел од еднособен стан во кој живеат старите и братот. За кавги при делби каде има поголем имот сум се изнаслушала, ама некој да остави брат или сестра на улица додека сам има каде да живее-не. Ама параноични снаи кои заради тоа што свекрвата и наполнила ќесе на ќерката на заминување (а замисли во странство е и ретко си иде, мене мојата не знае со што уште да ме товари кога одам на гости, значи среќа што немам снаа да збори после дека од нејзината плата ќесињата се) мислат дека ете утре и стан и се на нив, а синот кутриот ич не го есапат. Опуштете се, и дозволете работите да си одат по свој тек.

    Столните ламби да си ги бараш назад.
     
    На Nausicaa и Waka-waka им се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    За да не упатат во законите.
    Кога веќе ја тпиме,јас стварно сакам да знам кој закон ме штити за кратење од устата ми дур ја правеле куќата?
    Доста често го има ова низ темава.
    Иначе не,брат ми не го следува повеќе оти е машко.
    Кантар не ставивме,но тој живее со нив,јас им одам на гости,во куќата во која живеев и јас.Еднаш кај моите,еднаш кај брат ми и снаа ми,да не ми замерат.

    Е Бриџет јас знам случаеви.
     
    На kjukli, Glasna, samovila.red. и 4 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.031
    Допаѓања:
    245.677
    Абе молчете таму и радувајте се што имате свекрви кои ви ги полнат торбите макар и еднаш годишно, а не ве падат со болно дете со тт, сред зима, уништувајќи ви фамилија , брак, работа, ама буквално се. Сешто држи земјава, има секакви, и мајки кои ја уништуваат среќата на сопствените деца и внуци заради тоа што се нетаман во главата.
    Еднаш преќути, абе и цел живот да молчиш исто е и бетер. Нема мир во тоа семејство.
    Бегајте подалеку, ќе растело детето со мајка и татко, ама полно со трауми, па ќе се чудиш после како да го оправеш.
     
    На Victorian, bittersweet, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  18. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    И сестраму е добро дојдена кога и да сака .. Никогаш не сум и рекл ништо напротив гледам најдобро што можам да ја пречекам ..
     
    На stefanija70 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Јас пак ви се чудам на вас што си го пишувате проблемот тука, а знаете дека ќе наидете на се', освен на разбирање. Оти во теорија сите сме јаки, а во пракса... :?:.
    И да, потребни се некогаш и виртуелни шамари, ама не секогаш.
    Најгласните "советодавачки" во оваа тема или никогаш не живееле со свекрва или се во странство, па сега исправуваат криви дрини "шта би било, кад би било".

    Во случајот на @ANGIE1 и јас мислам дека треба да почне да кажува што и' пречи, оти од плачење фајде нема.
    И не рече таа дека золвата ги украла ламбите, туку дека свекрва и' ги дала. Има разлика.
    Исто и за станот. Золвата не бара дел од станот, туку свекрвата БИ дала дел од станот. Пак има разлика.

    За станот, пошто е хипотетички пример, нема што да навлегувам, освен да кажам дека се согласувам со @galapce и дека се' е до карактерот и човечноста на луѓето.

    Еве ќе си кажам за мајка ми.Тие се две сестри и еден брат (неженет) и на крај памет не им текнало на мајка ми и тетка ми да бараат дел од нешто. Ќе си остане се' на вујко ми.

    Свекрвата се шест сестри. Таа останала да живее со родителите се' до нивната смрт, се грижела за нив со години, плаќала и операции, и лекови, и погреби...
    Кога дојде ред да се препише имотот, ниедна од петте сестри не сакаше дел од ништо. И така МОРАЛНО треба да биде. А ако одиме според законот треба сите очите да си извадиме.

    Фала му на Господ маж ми е сам и јас имам само една сестра, па нема зошто да си ги нарушуваме семејните односи.

    @anina Само да ти кажам дека те читам од одамна и те разбирам зошто ти пречат некои работи. И ти треба да си покажеш заби малку, не мора да ја навредуваш, доволно да и' покажеш само дека и' е местото. А голем удел има и маж ти, треба и со него сериозен муабет.

    @Bridget и ти си заебана, ама @ANGIE1 уште позаебана (или не ти го сфати муабетот хаха). Важно ме изнасмеавте :rofl:.

    ЕДИТ: @Bridget Јас знам за пример каде прва братучетка на мајка ми живее во Швајцарија над 30 години и има мнооогуу пари. Брат и е починат, а внуците (децата на братот) останаа да живеат во куќата на починатиот им татко во едно забутано, планинско село.
    Пред некое време внуците решиле да се растрчкаат куќата да се препише на нив и тогаш и' текнало на нивната тетка дека и таа сака дел од куќата. Значи никој не можеше да и' се изначуди.
    На толку пари, станови низ Македонија и Грција, да бараш дел од куќа во забутано село, од внуци од починатиот ти брат.

    Значи се' е до карактерот на човекот и не треба да судиме за ситуации во кои не сме биле самите.

    И демек да не навлегувам, а цела семејна сторија ја напишав, ццц (facepalm) :D.
     
    Последна измена: 15 јануари 2016
    На Victorian, samovila.red., okcenzi и 7 други им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    20.232
    Пол:
    Женски
    Извини, ама јас не разбирам зошто...... вујко ти вложил во имотите??? или повеќе вреди како дете оти е машко?
     
    На bittersweet, kukla21 и slobodka им се допаѓа ова.