Не сите сакаме да зависиме од свекор/ свекрва и сопруг. Идеално е и брат ми да се оддели како мене. Тоа уствари и ќе биди кај нас пошто секоја куќа е индивидуална и ете ние сме така растени, по секоја цена не дома. Ама пак ќе речам, не сите жени го имаат тој луксуз. Не. Заслужва да си ја живеј младоста. Да дојди да ми донеси внуци да видам доволно ми е. Неќам во последни моменти да памти тешкотии со мене. Моите спремна сум да ги гледам колку сакаат, ама не го очекувам истото од мое дете и нема да го растам да очекува дека мора да ме догледа. Ќе сака ко мене, ама јас нема да сакам за мене да се мачи. Неќам. Сакам среќно далеку од мене да е, да полета со свои крилја.
Терајте си како знаете само се врти кругот не е се како што размислувате сега. Дане пишувате и вие у таа тема свекрви снаи золви.
Не е проблем. Пошто се еднакви делови. Проблем е кога еден ќе добие 30.000, другиот 100.000 евра (без разлика дали во имот, кеш, злато, акции, додајпожелба)
Што да тераме? Твоите ако живеат во 15 век дека треба се да се даде на машкото, што да се прави. Ама не убедувај дека е тоа нормално оти не е.
Пази ти да не пишуваш кога ќе треба да и ќутиш на свекрвата пошо си кај нејзе дома или ако се вратиш назад да не се жалиш од жената на братот кога нема да си добредојдена во нивното семејство Кирија кога ќе плаќаш потсети се колку те сакаат твоите
Никаде не ги спомнав моите родители и не мешајте. Кажав став и размислување на темава. Секој различно мислење има. Значи ниту имам брат ниту живеам со моите родители. А имотот во иднина ќе боде даден на мене.
Искрено, да ни дадеа на двата по 20.000 евра и рестото да ги потрошеа на шетање, или нешто што ним им прави ќеф, па дури и да ги донираа, немаше да ми биде криво. Криво ми е оти не е исто за двете деца. Едит: Ќерка имам. Си замислувам, како би можела да ја делам доколку би имала и син? Како може повеќе да те боли за едното дете? Како може да не сакам исто да им обезбедам на двете... или петте?
Епа не е проблем ама вие правите проблем зошто да е бил станот на ќерката а парите на синот кога е исто?
Не се вознемирувај, дебатираме. Ако ти прашуваш 1000 прашања, можам и јас. И убаво реков, имаш само една куќа. Немаш други пари, само куќа. Ме мора да одговориш, јасно ни е кој е одговорот.
Забрането ми е да коментирам на некоја тема? Кажувам личен став и мислење или и тоа е забрането. Како шо знам ова е форум и кај сакам можам да коментирам. Немам брат ама во иднина ќе имам имот.
Ако имам само едно а немам пари. Нема да препишам на никој. После мојата смрт ќе одат на суд и таѓу ќе боде подеднакво.