Па збориш дека треба брат ти да зеде се оти е машко,а немаш брат. Да го имаш, ќе те видам дали вака ќе размислуваш.
Не со тие зборови, туку индиректно мајка ми ми има кажано, дека ко се пожалила еднаш од татко ми на татко и', и' рекол: Ти си го одбра, твој проблем. И искрено, не верувам дека ќе ме приберат во куќата која сега и официјално е на брат ми, во случај да останам на улица. Можеби привремено, ама за секогаш, нема шанси.
Кај мм се брат и сестра. Неговите отворено кажуваат кој ќе ги чува на старост дека ќе добие повеќе. Ние нема сигурно макар не му дале ништо. Прво сметам дека не е во ред да ме уценува некој, второ нити сакам мене некој да ме чува на старост, нити сакам да ми бара да го чувам. Кој каква среќа има. Башка друго, јас имам машко едно и второ на пат кај и да е. Или ќе делам еднакво или ич не делам .
А зошто ти да не ја поделиш куќата подеднакво? Зошто ако е само куќа по твојата смрт,а ако имаш плус пари додека си жива?
Додека сум жива нема да го уништам семејството и да се тупавам со имоти. Пошто има кавги секогаш за оваа тема. Ако имам ќе им поделам подеднакво. Ако е само еден стан или куќа тогаш после мојата смрт нека си се договорат
Не знам дали живеењето во заедница е нормално. Да не можеш да п*днеш кога сакаш. И во случајот со маж ми делбата не е еднаква. Браќата добија имот, маж ми беше уценет. Ако сакаш да ја добиеш куќата, ти да не исчуваш до старост. Инаку....се работи за дел од куќа кој не може ни да се продаде. Внатре само две соби. Плус кујна купатило. Да се стискам во една соба, не фала.
Моите ни имаат кажано дека ќе ни поделат по пола и дека на двајцата ќе ни ја обезбедат иднината. Искрено не се ни замарам,мене ми треба само мој стан,кола и некој кеш на страна. Никогаш не би се карала со брат ми за имот. Како одлучат така,ќе го почитувам тоа. Ама се уште сме многу млади,нека ми се живи и здрави
Нит имаш дете, нит имаш брат сестра, и мислењето ти е чиста шпекулација. Еве луге со различни искуства, и со деца и со браќа сестри ти кажавме и искустваи размислувања и ти пак со твојата теорија . Аксиоми се само тоа, тврдења што не се докажуваат..колку и да пробуваш да се замислиш во туѓи чевли, дури стварно не ги поносиш, не е исто. Па ни тогаш, на сите различно ни пасуваат. Не толерираш различно размислување. Не е до 20те квадрати кај повеќето. Кај некои за жал ,е. Немаат план Б. До чувството за еднаквост и прифатеност и сигурност е исто така, симболика. Жените историски биле подредени на мажите. Угнетени, онеправдани. Денес сакаме да мислиме дека живееме во поинакво општество. Не дека татко ми мора да даде мираз од 6 ниви, 2 товари жито и 70 камили за да ме земи мажот, туку, да не си прескокнат зашто имаш хх хромозоми а не ху.
Стварно рече дека се ненормални тие што бараат еднаков дел?? Чизс Крајст! Ами шо е 'нормално'? Да му отстапиш се' на брат ти, па после да молиш Бога да не завршиш како социјален случај??! Ебате логиката, ебате. Жени! Сите заслужувате еднаков третман со сиблингс! Немојте да си ги скратувате правата кои и со закон ви следат!
Си во право ама карањето за имот не иде на арно. Ако не ти го дале со добра волја џабе налет и имот и се.
Ете така, јас реков немормални сте ако одите на суд и се карате со братот. Ама секако тоа шо ви одговара го читате