Да @WildMk . Ич не е фер такво тврдење. Жени што само гледаат да обезбедат свој опстанок се очигледно ненормални. Секогаш на жената да и се набива вина ако се бори за себе, нели она само треба да ќути и ко саксија да биде по дома. Јасно ми е дека секогаш не може да се дели подеднакво, битно ми е да знам дека родителите еднакво се грижат за нас и нема едното дете да му помогнат во животот, а другото како знае да се снаоѓа.
Ако си здрава и работоспособна, ќе си создадеш свое. Исто како што, ако јас се разведам, нема да си одам кај моите иако пола од куќата е моја. Ќе си одам на страна. Не е во ред да му се тупнам на татко ми со две деца, да му го кршам раатот, куќата секако е негова дури е жив тој. Па и да е празна куќата, пак не би си одела таму, бидејќи не ми припаѓа мене целата. Брат ми се откажа од делот што го следува од мајка ми, бидејќи доби веќе дел од нејзиното наследство кога го купуваше својот стан, а оставината ја делиме јас и татко ми. Понатака татко ми ќе решава што и кому ќе даде, и не се сомневам дека праведно ќе одлучи, бидејќи никогаш не не' делеле.
Мене и брат ми ни се поделени имотите рамноправно и отсекогаш ќе им бидам благодарна на моите за тоа. И да не оставеле ништо пак ќе сум им била благодарна, пред се се мои родители, ме одгледале, воспитувале, растеле, бдееле над мене и во добро и лошо, се мешкале во се и сешто, ама најдобронамерно И во иднина и на мои деца рамноправно би им поделила што имам и така тоа што сум го создала или наследила нема да го носам никаде со себе. Моментот на машко се да се остави ми е
Претходно нагласив дека секој треба да се стреми да создаде свое. Со тоа апсолутно се согласувам. Прашањето беше зошто братот ја има таа привилегија ете да не се стреми кон тоа, се на тацна дадено. Дури и ќе се навредат ако ги напушти и си создаде свое. А за ќерката, ајде ќерко засукај ракави. Ќе засукам секако, ама никој нема да ме убеди дека родителите исто не сакале.
Тука станува збор зошто братот да земе се. Дека е машко ли? Еве пример ќе ти кажам само. Се разведувам, немам со мажот стекнато во брак,а имам стан од татко ми. Празен, на мое име. И зошто да одам под кирија, а не во станот сосе деца ако се разведам? При стан да плаќам кирии?Ова е само пример. Не е лично за мене.
Не можеш љубовта на родителите да ја проценуваш преку тоа што ви оставиле. Ако децата ме ценат колку сум ги сакала според тоа колку сум им оставила или не оставила тогаш сум потфрлила како родител во нивното воспитување.
Можеш, ама мислам не си во право да гледаш така. А ти мислиш дека си во право и тоа е, различни гледишта делиме за ова.
Ма јок. Имаат искуство, еве Вајлд, јас, иако сум во странство а и други пишале ИСКУСТВО. Ти ја сврти работата демек неприметно . Прво беше машкото добива, машкото останува дома, после сврти на подеднакво па нели и станот кој машкото го добива , ке оставиш да се дели по смрт, ама на машкото стан а на женското пари беше претходно. Последен пат кога проверив, знаев убаво да читам. Значи, го прочитав твоето мислење. Го прочитаа и другите. И кога те прозваа дека е булшит, ти се оправда со познатото " сите имаме свое мислење". Е имаме де, ама овде те побија со искуство. Никако не се признава пораз макар и во дебата. БоК да чува
Види, секој нека си прави како му одговара, за други нема да кажам и да судам како требало. Сите прават како што мислат дека треба. И јас мислам дека не е фер кога родителите ги делат децата, ама ете, не е мое да судам. Од друга страна, примеров што го наведе, ок е ако си во ист град. Да се враќам назад после развод и на децата да им сменам средина во и без тоа трауматичен период...не би. Се' е ова хипотеза сепак, така размислувам, а што ќе биде утре, не знам.
А како треба да гледам? Тој има кур и со тоа неприкосновено право на повеќе инвестирање емоции, енергија и материјални добра од родителите?
Значи кажав мислење ако имам брат дека јас ќе се откажам од делот за да биде имотот цел негов. А кога ме прашаа кога ќе имам ЈАС деца што би направила убаво кажав. И само 3 членки кажавте искуство другите кажаа што ќе биде во иднина.
Оти да не е твое да судиш бе? Ако и судот вели дека е за судење, зошто да се правиме слепи на неправда? Да. Нивни се парите. Да. Што сакаат ќе прават со нив. Ама дефинитивно не е во ред едно дете да добива повеќе (било што), од другото.
Ама се што правеле и колку се вложиле во мене и брат ми, конкретно на моите пак не им ја намалува љубовта кон мене и него дури и ништо да не ни оставеле или се на него. Знаеш зошто? Затоа што со брат ми секогаш сме си биле договорени се подеднакво. Самиот тој би ми дал дел од се на него што би било на мене. Не ја проценувам љубовта преку оставеното, туку колку вложиле и како не воспитале да не се караме за имот и да се држиме сложно. Додека во фамилија имам пример за лош случај на карање за имот и немање слога заради пусти куќи и станови кои дремат празни, без братот и сестрата на дотичната особа.
Па шо ако има кавги? Пак ќе речам... родителите ги наметнуваат кавгите, со нерамноправен однос. Третирајте си ги еднакво децата, никој за ништо нема да ви се лути. Пак да повторам: Без разлика дали и двајцата(3цата,4цата) сте добиле по еден пентхаус во Менхетн, или никој ништо не добил.
Шо убаво ве воспитуваат машала.. Затоа не мрдаме у 2020 од мочано турско. Да имаш брат ќе му дадеш сѐ за да не се караш, ама ако имаш деца ќе им даеш пола?? Е зошо? За да се караат? дај се на машкото, шо има врска шутни таму ќерката кој ја врти Глава почна да ме боли ух
Не е секогаш по нерамноправниот однос, има и многу алчни деца, има и договор за догледување на родители според кој му следи се на оној кој догледува...има и родители со гледишта од турско и така натаму. Ама тоа не ја намалува љубовта кон децата. Не е меродавно да речеш ете мене ништо не ми оставија не ме сакале.