Нека не те боли глава имаш уште за јадење додека стасаш до тие проблеми шо ќе те боли глава. Дојде го прочита подледново и одма ме цитираш, оди малку подетално и види шо сум пишала. Да шо е толку чудно да се откажеш од делот? Јас имам такво мислење не ми го наметнале родителите. А јас на моите деца ако имам да им дадам ќе им дадам ако немам никому ништо. Убаво кажа погоре членката дека не е се во имотот. Џабе ви се и имоти и пари и вили и коли кога нема да бидеш во добар однос со братот. И не, нема да му дадам се за да не се карам туку затоа што јас сум веќе мажена и со деца и живеам сосема на друго место. А брат ми е женет со деца и ќе живее во таа куќа. А јас ако се разведам тогаш ќе се вратам дома. Па кога ќе се искачам тогаш и ќе си земам сопствено.
Абе ако ќерката им пореметува, тогаш и синот им пореметува. Јас да имам празен стан, па и куќа ќе се вратам, па и да е еден кат само, а брат ми на другиот. Не ќе се докажувам дека можам сама и да се правам горделива со плаќање кирии. Подобро тие пари ќе ги тргам на страна за своите деца.
Да, има финеси. Како јас што бев ок со постара и помала куќа, а брат ми да ја добие поголемата и поновата. Пишав веќе. Не ми треба ништо во неа. Ни јас сакам да треба да живеам таму, ни тој би сакал. Ама тоа да биде во договор со децата. А не родителите да одлучат за овај 2 јајца, за другиот ташак. Па после кога ќе се налути тој со ташакот, да се чудат луѓето 'зошто?'
Читам 4 страни уназад. Па не е баш џабе. Пошо еден ден ако ме шутне маж ми ќе треба да трошам уште толку пари за нов/а куќа/стан. Зашо да фрлам пари ако можам да имам свое? Среќа сум едно дете па не треба да се тресам и да се молам за милостлив маж
Кај нас пак обратно е, брат ми се да му даде ќе делеше тој со мене на пола Родителиве мои кои би биле од турско, брат ми би ги побил со време на рамноправност и еднаквост. Ако родителите на некој начин се огрешиле зошто и браќата/сестрите да го следат нивниот модел на однесување со фелер.
Те сфаќам потполно, ама ако е така зошто братот и сестрата не се предоговорат за еве нека продадат и помалата и поголемата куќа и парите на пола? Ако родителите може згрешиле можат децата да не прават каkо нив нели? ''Сложни попови и во петок мрсат ''
Затоа што повеќето браќа не се такви. Ќе им се уарни се за него, сестрата венчана и одселена. Ќе донесе снаа, ќе имаат деца, во меѓувреме сестрата се развела без имот стекнат во брак. И сега тука настануваат проблемите, кои можеле да бидат решени од родителите ако мислеле на ќерката.
Жално, ама за тоа веќе родителите не се одговорни, до нивото на свест и широкоградост на браќата останува на крај @Bezimenka90 Ама да се карам со брат ми, да се фаќаме за врат и гуша, што знам мене за со брат ми ми е незамисливо. После родителите тој ми е најблизок по крвно сродство.
Една случка што ја знам.. толку ми е тешко кога ќе се сетам... Братот добива куќа, сестрата ништо. Братот се жени и добива две деца. Сестрата се мажи, добива едно дете, па се разведува. Немајќи каде, се преселува во куќата кај брат и' и живее со нејзините(кои се на друг спрат). По некое време, сестрата 'станува товар' на братот и снаата, и воедно се разболува од терминална болест. Сестрата починува, детето се отселува кај таткото, братот и снаата остануваат во куќата. КА-ТА-СТРО-ФА!
И да судам и да кажам, мене никој нема да ме послуша, мислиш ли дека моето мислење ќе смени нешто ако му кажам некому дека не е во ред да си ги дели децата? Дека судот гледам го слушаат. Така нив им направиле, така тие им прават на своите деца оти не знаат за поинаку, што не е оправдување. Треба сами да си ја чукнат главата, оти децата не треба да се делат, без оглед на тоа дали се машки или женски. Кој прст да си го пресечеш еднакво боли. Е некои за ќерката ги боли помалку. Или за тие што заминале и не ги гледале оти не смееле да заминат од родителите. Како што судам родители што си ги делат децата, така судам и деца паразити што чекаат се' на готово од мама и тато. И куќа/стан или пари, а не мрдаат со прст да засукаат ракави. Независно од полот.
Освен ако умрат, без официјално да е поделено. Тогаш бате ќе се слика, не се откажувам бре. Па не едно, 14 деца да направил. Читајќи овде, сфаќам колку сум среќна за баба ми и дедо ми не размислувале како повеќето, па мајка ми има 50% колку и брат и', а уште повеќе сум среќна за родителите што ги имам. Не станува збор за 2, 5, 10 квадрати... туку за односот на родителите и братот/сестрата кон мене... Мене и да ми дадат повеќе, нема шанси повеќе од пола да земам. Со ништо не сакам да ја оштетам сестра ми. Не ми се јасни браќава/сестриве што можат да прифатат се' да добијат искрено.
Се согласувам целосно. Само што ете разликата е што имам сестра. Мене нешто такво ми е незамисливо. Затоа јас зборам генерално, тоа што често се случува кај нас во земјава е се на синот и ништо на ќерката. Не само синовите и ќерките ете така се учени и тоа го прифаќаат. А ако некоја ќерка ете отстапи од калапот и се запраша зошто не е еднакво одма на истата и се додаваат епитети како лакома, себична, мрзелива.
На страна што секое дете ќе направи за себе. Муабетот е за односот на родителите кон децата. Дали е рамноправен, или не. И двете ако земат по 2000 евра, нивна работа е после дали ќе ги потрошат во кладилница, или ќе инвестираат во дошколување (карикирам).
И мене не ми се јасни затоа што пишав и јас и брат ми исто како ти што не би си ја оштетила сестра ти и ние едено кон друг не би го сториле тоа. До нас и нашиот братско-сестрински однос е. Бираме да имаме сестра/брат отколку плус имот ама празен и запустен од кавги и неправедни делби.
Баш тука во дискусијава се провлекуваат. Ако тргнеш од почеток да читаш сите ќе ги сретнеш во подиректна или во позавиена форма.
Значи никој отворено не ги напишал, само се провлекуваат така? Слободно нека остане на тоа и така е неважно кој што мисли додека таа ќерка/сестра смеата дека е фер да се преиспита поделбата, па ако не може со своите нека се договри со братот.