Жити се престани на сите да ни враќаш како не сме те разбрале и не сме те дочитале убаво, сите те разбравме, во прашање е закоравено мислење да не речам простотилук и не си ласкај дека многу паметно нешто кажуваш па ние со нашиот просечен интелект не можеме да те сфатиме
Таа нема брат ама да имала ќе му дадела се'   Колку сме злобни ние женските деца шо го сакаме тоа шо ни следува..
@Mantub @S.W.A.G како што читам по темава сите имаме различни мислења и ситуации. Да не се срамам да кажам дека би му оставила на братот, ако тоа е вистински брат-сестра однос еден имот нема да ни го разниша односот. А ако не сме џабе се кавгите и нервозите потоа. Не знам како би постапиле моите родители ако имаат две деца. Во моментов се знае како ќе биде. И родителите кога оставаат имот се прашуваат двете страни.
Искрено, пре би да расипам односи. Знаеш зошто? Ако сестра ми да речеме, може мирно да спие знаејќи дека добила повеќе од мене и тоа да и' е ок, мене многу ми кажува колку ме сака и како ме доживува. Родителите може да ни' се и идиоти, на нас останува да не бидеме. Јас после ситуацијава на Вајлд не верувам дека би останала во добри односи со брат ми. Најискрено. Крвта е џабе крв, ако човекот нема почит кон мене.
Јас ко постар брат се имам изјаснето одамна, ако по некоја случајност( а знам дека нема никогаш да се случи) моите остават све на мене и не ја спомнат сестра ми, јас ќе се откажам од тоа наследство. Не ми треба таков имот у кој еден е игнориран. Среќа па моите никогаш не не' двоеле, се надевам така и ќе остане кога ќе дојде време за фиксирање на имотно правните односи.
Искрено мило ми е што и да не ставеле родителите во нерамноправна ситуација, се за брат ми како машко, а за мене како женско ништо, знам дека ние после би си се поделиле братска делба и мене тоа ми е најмило, ми ја грее душава. А уште поубаво што сме поделени и рамноправно и ферски, што уште повеќе ми ја грее душава знаејќи дека родителите ми биле фер и праведни и во цел процес на воспитување и одгледување на брат и сестра кои крвта вечно ќе ги поврзува отколку имоти да ги делат.
@Lima24 Значи ти сакаш да имаш убави односи со брат ти и затоа се ќе му оставиш, а брат ти кур го боли што во животов 1 квадрат нема да имаш твој. Срц за односот да е убав двајцата треба да се потрудат да е убав, а ти не си црвен крст за да донираш, а и сигурно нема да си добредојдена кај брат ти кога тој ќе има жена деца и фамилија пошо ако тој немал памет во главата и кога твоите ве делеле неправедно да им рече, нејќам повеќе јас, поделете еднакво со сестра ми, зошто мислиш дека ќе има памет да те прими ако се разведеш и да му го кршиш раатот со жена му и децата? Ако тој за време на делбата не се побунил дека е неправедно, сигурно ќе се затрча да те собере од на улица кога ќе се разведуваш, нема грешка. Ако тој не се побунал се да е за него тоа значи дека тој тебе не те сака тука. И ако некогаш се разведеш ќе му сметаш. Ако не си му сметала, уште за време на делбата тој ќе речел ова е неправедно. Ама ти оди упорно со паметот да зачуваш врска со брат ти. Ти ќе завршиш под кирија, а брат ти ќе си ужива во неговото, маж ти ќе си ужива во неговото, а ти си останала со прстот в уста. Имај малку почит кон себе девојче
Ама зошто мислиш дека е во ред брат ти да добие се' и тоа да биде услов за да имате добар однос? Во тој случај врската не е добра, не обратно. Ако тој не гледа на тебе како рамноправен член во семејството, значи не те почитува (доволно). И зошто тогаш јас да се залагам за да одржам врска? Нема логика. И јас ќе се борам да имам мое и да се остварам на повеќе полиња, исто како што ќе се борам да го добијам и тоа што ме следува законски. Колку и да имам или да немам, се' што ќе ми припадне некогаш го земам и после одлучувам што со него.
Зошто сте толку негативни не ве разбирам. А ако е твое се на пример а брат ти се разведе ти ќе го оставиш на улица или ќе му помогнеш? Ако вие имате такви односи во семејството тогаш ни снаата ни никој друг не ви е крив. Јас ако сум се поставила спрема снаата како шо треба утре не е таа должна да ми рече зошто сум се вратила. А некогаш ако дојде до тоа да се разведам и ако дојде до тоа да ме избрка брат ми тогаш ќе си го барам делот што ми следува. А во моето семејство и да имам брат тоа не би се случило. Не е услов тоа за да бидеме во добри односи. Ако тој ме гледа како сестра ќе ме гледа и кога ќе има се и кога ќе нема ништо. Тоа не е доказ дека ако се поделите во имотот ќе бидете засекогаш брат и сестра и се ќе биде супер. После тоа може снаата да прави проблеми зошто е поделен имотот и како таа не сака да живее со тебе. Ако одиме до толку далеку. А како ќе се бориш ако твоите родители одлучиле да го дадат сето имање на брат ти? Ќе се колеш и тепаш? Ете одлучни се и? Можеш да им застанеш на пат? Значи темава е за тоа да си кажат тие што имаат искуства а и тие што немаат искуства ама имаат свое лично размислување. Пак ќе кажам ако родителите имаат поголем имот во ред е и се согласувам дека треба да се остави подеднакво, дали имот или пари. Ако родителите располагаат со еден стан или една куќа и имаат пари тогаш се согласувам исто така дека треба да се даде и на другото дете. Сепак оваа тема сега ја зборуваме како ништо да не е, но кога ќе дојде време за тоа и сите ќе седнат на маса се случуваат сосема други работи. Јас имам пример каде што се две сестри и еден брат. Двете сестри си се омажиле и си имаат деца. Исто така и братот се оженил и има деца, мајката кажува дека се ќе остави подеднакво затоа што располага со поголем имот. После неколку години од нигде никаде цел имот го остава на братот. И тука почнуваат тие кавги и расправии. Дај боже сите да добиете дел кој што ви следува, но не секогаш излегува така како што кажале родителите. Потоа можат да се предомислат.
како ќе си го бараш кога е веќе препишан, ќе одиш на суд и ќе поцркаат од смеење таму кога ќе му ја кажеш идејава
Епа нели викате дека ќе ме избркал од дома, па еве ќе се тужиме пошо вие ќе се судите ако не ви го препишат делот ние ќе се тужиме. Иронија со иронија
Брат ти може да те избрка од негово. Немаш основа за тужба, не постои таков закон не знам во кој свет живееш. Со родител можеш да се тужиш пошто родителот законски е обврзан на двете деца исто да им дели. Не можеш со брат ти да се тужиш, не е брат ти должеш да ти обезбедува живеалиште