Aко е бездушен и не се замара со тебе, ќе те исфрли, ама не верувам дека е до толку црпнат. Плус @Mantub е во право, не е должен да ти обезбеди, ама да се тужиш, е прво малку себично а после нема ни основа. Ако ти дале твоите супер, ако не, нивно право. Плус, што мораш да зависиш од нив?
Леле ама тупите аман Не, не треба ни да е се' на сестрата, ни да е се на братот, туку на двајцата ЕДНАКВО, не знам колку пати да ви се повтори тоа. Ако е една куќа/стан, да се продаде и да се поделат парите. Еднособен стан да можам со тие пари, доста е. Јас пре би живеела во мала гарсоњера сама или со партнер, отколку во голема куќа во заедница. Мало, ама мое е и имам мир, било да сум го стекнала сама или наследила од моите. И раѓање деца за да ве чуваат на старост е поголема себичност.. Замисли имаш успешен/а син/ќерка, добива одлична понуда за работа во странство и на сета радост, ти да му речеш дека мора да те чува, зашто си ти го исчувал него, макар што си доволно витален да можеш сам да се снаоѓаш. Е ова е се' освен љубов да ме извините вака. Ако брат ми добие повеќе, ќе пробам на мирен начин да решам прво. Ако не бива, ќе завртам грб, ама нека заборави на мене. Оти додека јас ќе плаќам кредити, он ќе си го прчи под стабилен покрив.
Тан4е никој не кажа дека ако децата дпбиеле работа во странство некој ќе бара да не си оди и да ги чува родителите. Ве молам не ги извртувајте зборовите
Ако не е оставен тестамент, имотот се дели еднакво на сите деца без разлика дали се 2/3/5. Ако веќе си изјавила т.е. потпишала дека својот дел го даваш како поклон тој дел веќе не е твој. Регуларно е препишан на твојот брат/сестра и колку што знам веќе не можеш да го бараш назад. Нека ме исправат ако грешам.
Тоа е до родителите, не е до братот, тие одлучуваат. Ама ако не е поклон од него, она ќе го тужела. Еее какви примери имам да кажам, не си свесна. Ова не е ништо.
Значи ако родителите едното дете повеќе си го сакаат, другото треба да се помири со тоа јбг, иначе себично е.
Еве јас ќе ти кажам, баба ми кога почина не го имаше поделено станот и татко ми и тетка ми седнаа и тетка ми доброволно се откажа од нејзиниот дел од станот. Тетка ми потпиша (значи не беше само на муабет ) дека се откажува и ако нејзе сега и текне да бара назад едноставно не е можно. Како што велиш ти ќе му оставам се на брат ми, а после ако се разведам тој ме избрка и ќе го тужам, не е можно таква опција. @referentka
Некои родители не делат еднакво. Ќерката оди во друга фамилија и на неа ништо не и треба. Она ќе си го наследи имотот од мажот. Синот е маж во куќа и он треба се да добие. Ќерката ако е малтретирана во брак.....ќе мора да трпи. Нема назад. Или си ги уценуваат децата - ако сакате да наследите да не исчувате додека сме живи.
Не напиша така ти. Прочитај се прво. Затоа тагирав правник за да каже дали има таква законска обврска родителот.
За ова станува збор. Да истенчиме прво., тоа што се дискутира дали е во право или не Кој закон мене ме обврзува да делам исто
Ич никој не е должен никому да остава ништо законски. Може ако сака се на подарок да препише некому и нужен дел мислам не следи во тој случај (за нужен не сум скроз сигурна, за другово 100%) .
Не постои таков закон, може да го препишат на едно дете, на двете или на ниедно. Ниеден закон не те обврзува што да правиш со својот имот.
Ova ne e tocno. Roditel moze samo na edno dete da ostavi, a na drugite deca nisto(dogovor za dozivotna izdrska).
Законите може тука и во друга земја да бидат други. Ама родител тука и таму не треба да ги сака децата различно само зашто законот е различен. Децата во фамилија треба да бидат еднакви. За сѐ. Ако некој нееднакво подели имот на деца зашто е негов и така сакал, утре и сестрата може за било што да ги одјебе братот и родителите зашто така сака. Ако нема љутиш за првото, нека нема ни за второто