Ако твоите конкретно мајка ти направила нерамноправна поделба барем тој да се обидел да исправи нешто од нешто. А евентуално да не имаат договор за догледување со мајка ти, обично тогаш повеќе дел од имотот паѓа на тој што догледува? Во случајов на мојава роднина со договор за догледување мајка и се и префрли неа и ништо не им даде на брат и и сестра и. Секакви случаи има, ама затоа сега има многу имот ама нема родени брат и сестра.
Немаа договор за догледување, ама тој живее во иста куќа со нив и секако тој помага кога има потреба.
Како и да е според мене и тебе ти следувало дел, една соба, една, ама тоа е како е, сигурно нема да се фатиш за гуша со брат ти. Што е до тебе ти си му кажала, што е до него премолчил, според мене не постапил добро.
Не сакав од таа куќа дел. Сакав да биде старата за мене, а новата за него... како што бевме договорени години унапред. Ама сега, после се'... стан имам, него му е препишано се' што му е препишано, и не мислам ни да се расправам поќе, ни да се плеткам. Што згрешија, згрешија... менвање нема.
Не се замарај биди достоинствена и горделива и само на дистанца со нив нека пукнат патувај смеј се купи кола отвори бизнис има многу да се каат ама ке биде доцна, една комшика така беше во ист случај дури на неа ништо отиде во Швајцарија 10 години беше там штедела отвори тука бизнис и купи 2 стана и сеа и се улижуваат али она не ги ферма, западнаа во банкрот поради синчето коцкарот
А како братот што живее во семејната куќа (ако е направена од мајката и таткото) он ја прима? Таа си доаѓа дома, во родната куќа
Не знам еве кај мене дома нит јас нит брат ми нема е дадено денар за нешто покрупно, јас кога ќе имам семејство свое ако мажот има услови да живееме таму, би одела да. Ама доколку нез под икс причини мора да дојдеме да живееме кај нас брат ми нема право на збор реално. Бар јас така сметам. И доколку имате друг имот може едното за тебе едното за братот голема е темата ама дете е дете и ако има потреба ако така налага ситуација ќе се дели ама не може брат ми да биде подете на моите од мене
Немам ни брат ни сестра, сама сум. Имотот во иднина би бил мој. Ама ти како сакаш мисли си. Јас кажувам ако сум имала како би постапила. @WildMk Ете ти кажа дека вие пред многу години сте се договориле тебе старата куќа на брат ти новата. По неколку години ситуацијата се менува и тебе ти даваат само пари. Тоа го зборувам и јас дека ситуацијата може да се смени ама членките се нафрлија и рипнаа одма како јас да им го зимам имотот. Родителот може да каже сега така и така ќе биде ама после х години можат работите да се сменат. Јас од почеток кажав дека не е во ред да се остави на едното дете туку да има баланс едната страна да добие имот а другата пари, бизнис, дошколувањр е и х у работи има. Да не сум била сама верувам дека моите родители би постапиле подеднакво, но јас сум сама и би го наследила имотот и од двете страни.
Јас никаде не реков на кантар да се ставаат работите. Ама, многу често, ако се има еден стан, од небитно колку квадрати, целиот оди во рацете на синот. Наместо родителите да дадат пари или братот да и доплати на сестрата, оваа останува со прстот во уста. Образложение - Ќерко ние толку имаме. Таа една соба која и следува наместо да ја заклучи јер е обесправена, таа ја дава на семејството на братот. Па уште кога ке отиде на гости, невестата лута јер доаѓала често кај мајка си и татка си, немала мир, децата галамеле и така со ред.
Неможам да коментирам работи за кои сум чула. Кажувам за мои случаи и на најблиски. Нсвистина не сум чула да остават некое од децата без ништо, освен еден случај каде детето го откажаа преку весник па не доби навистина ништо, но тоа е веќе екстремен случај.
Срамота е што се пишува од членката во 21 век, неписмени ги прае жените и смотани да не мора да имаат свое на страна да тражат туѓ.. Најтажно ми е кога видам девојче од 20 30 години да има вакво мислење.
Какви родители се тоа ?? Не ми се верува дека уште постојат вакви родители, делат имот според полов орган. Не секој треба да е родител. Јас доколку имам деца би им оставила еднакво без разлика на нивниот пол , не ми се верува толку плитки луѓе постојат. Темава ме вади од кожа .
Да се направе од темата филм би бил хорор и трагедија, ужас како женските деца да се прости да незнаат како со имотот, а уствари во 2020 година женските се пообразовани и попрошетани од моја гледна точка, до кога поделби незнам..
Девојката треба да се мажи и треба да си го напушти домот на родителите бидејќи не припаѓа таму, а ќе оди во домот на мажот каде ќе живи под туѓи правила и свекрва и ќе и вели цел живот "Тоа дома кај мајка ти" што значи дека ни она целосно не припаѓа таму. Епа кај припаѓа женското бе? Нормално дека и следува барем еден стан што ќе гласи на НЕЈЗИНО име зошто само тоа може да е нејзино. Па ако сака сама, со маж, со жена со кого сака нека живее, само да има нешто што е нејзино. И така на мажот му следува имот од кај неговите по дифолт зошто е маж. И со вакво размислување, што мислите ако се разведете ќе се вратите назад кај мама, тато, бато со жената и децата и тоа ќе биде ваш дом. Јас на пример во тој случај би се чувствувала како туѓинец.
До сега кај нас во фамилија и од кај мајками и од кај таткоми и од кај сите аи општо во градот, наследството оди на машкото. И така ќе биди ко ќе ми префрлат иако имам сестра. Куќата, викендицата и капиталот на мене а на сестрами ќе и обезбедиме, факс, возачка, кола, свадба. Незнам, можи нема да се согласите бидеќи кај нас општо во градот ретко кој родител дава на на ќерка имот не заради тоа што е женско, заради зетот. А зет а пес исто е
Поголем пес од брат вака ко тебе што вели за сестрата, ќе и обезбедиМЕ со родителите кола и возачка нема. Срам како не ти е. Сестра ти не е глупава па ќе земе некој маж што ќе ја користи па таа нема да сфаќа дека ја користи и сега вие за да ја заштитите, нема да и дадете ништо. А како ќе ти ја дадат тебе куќата, капиталот, а ако земеш некоја жена што ќе те искористува, тогаш што? Или ти паметен си, нема да и дозволиш, а сестра ти глупа е па ќе му дозволи на зет ти. Ужасно е мал збор.
Останало и така ќе остани, не зависи од мене, си ја сакам сестрами поќе од себе си и не дрндај напразно. Имот, куќи никој не препишува на ќерка заради зетот оти родителот со негова пот печалел и утре ако ја уценува некој сељак заостанат и мене да ми се прај кој сум шо сум нема шанси. Нема ниту јас да сакам од невестата утре да бара дел од братот нејзин бла бла. Ако дојде да се разведат утре, тогаш ќе ја помогнам и ќе и купам стан. А газда некој пес да ми се прај со мој имот нема шанси.
Како може зетот да те уценува, ако препишаното е на сестра ти, нејзино е, не е од зетот, како може зетот да те уценува? Нема ти што да и помагаш и да глумиш херој. Двете деца се исти за родителите. И родителите ако делат треба да делат еднакво. А ако утре некој сељак ја уценува сестра ти, мајка ти и татко ти ќе бидат криви што не виделе која година сме и на едното дете му дале се, а другото го фрлиле на улица ко партал. А ако татко ти и мајка ти печалеле со своја пот, не чекај на готово да ти се препише имот и ти само да донесеш жена, фати се за работа, спечали сам нешто.