Убо кажав јас, ќе и обезбедат се што и треба или кола или станче ама со пред услов да не го препишува на зетот освен на децата шо и да е дали било кола или стан.
Кола нејзе, а тебе цел имот, куќа? Ти шири се на имот, сестра ти у кола нека живее. А тебе кога ќе ти препишуваат имот ќе има предуслов да не го препишуваш на жена ти? Дали за тебе ќе има таков предуслов?
Јас имотот што ќе го наследам и ќе спечалан ќе му го препишам и јас на машкото. Ако се двете женски или машки пола-пола а ако немам деца на внуците од сестрами. Ако е машко женско, НАСЛЕДСТВОТО на машкото а на женското помаѓање. Стан или кола ќе си одлучи шо сака, ама пред услов да не го препишува на трето лице освен на децата.
Јас те прашав едноставно прашање, дали кога ќе ти препишуваат тебе имот, ќе има предуслов да не го препишуваш на жена ти?
Никогаш не сум ја употребила фразава, ама или си глуп или си трол. Зошто би препишувала некоја нешто на маж? Стекнато пред брак не се дели со брачен партнер, наследство исто. Оти толку сте умни, затоа после некој ќе си ја чука главата .
Кажав, ако нема на кого ќе и препишам се. Татко ми викендицата и ја препиша на мајками и капиталот оти се заедно печалени а куќата и неговото наследство од татко му се е на него.
Епа ако ти и препишеш се на жена ти (доколку немаш на кого), зошто сестра ти да има предуслов да не му препишува на мажот и (може и таа нема да има на кого друг) ?
Затоа шо тоа и е наследство од татко и и боли, ако сака мажот наследство требало татко му да му дај а не дедому. Ако нема на кого на државата нека препиши само на зетот не.
И не треба да очекува наследство од свекорот. Наследство ќе и даде татко ми станче шо било, со пред услов да не го препишува на трето лице освен на децата.
Или не разбирате или се прајте со сила. Ако имам две женски или машки по пола. На државата само ако немаш на кого, ама ќе имаш.
А бе токмак, ако ти и препишеш наследство на жена ти, тоа не е од татко ти не боли? Не знам како стварно не можеш да сфатиш две прости реченици. Ако е заработен капитал во брак, ќе си го делат меѓу нив. Ако е наследство, ќе е само на сестра ти. Ако ти со жена ти си заработиш во брак заедно, делете си го. Ако си го добил во наследство твое ќе е. Не може на сестра ти со предуслов да не го препишува, а за тебе таков предуслов нема. Сестра ти ја сметаш за глупава, таа ќе биде прелажена, а ти пошто си многу паметен не може никој да те прелаже? Јас не знам човек како може толку глуп да биде. Те прашувам ДАЛИ ЗА ТЕБЕ ЌЕ ИМА ПРЕДУСЛОВ НАСЛЕДСТВОТО ДА НЕ ГО ПРЕПИШУВАШ НА ДРУГИ? Значи НАСЛЕДСТВОТО, не тоа што е во брак стекнато, туку НАСЛЕДСТВОТО. Дали за тебе ќе има таков предуслов? На кинески да зборев досега ќе ме разбереше.
Па ти си пишал дека попрво на државата би препишал само на зетот не. Плус погоре тврдиш дека нема шанси да дозволиш зетот да ти се праи газда.
По закон,и машкото и женското дете имаат право на дел од имотот на родителите. И да препишат родителите само на едното,другото дете може да го спори тоа на суд доколку има основа. Тој предуслов што го спомнуваш треба да важи и за тебе,не само за сестра ти.
Ако немам деца, ако немам внуци на кој да го препишам ако не на жената? Истото е и со незе, ако нема деца у внуци таа ќе препише на државата и ќе си искористи бенефити ама на машко трето лице зет нема шанси.
А како ти можеш да го препишеш на жена ти? Жена ти ќе се премажи и пак трето машко лице ќе си ужива на твојот имот ...тоа што ќе ја плеска жена ти ќе му биде гратис.