Значи ти ако немаш деца ќе и го препишеш на жена ти, а сестра ти ако нема деца ќе мора да го препише на државата? Сериозно мислиш дека со овој памет некогаш ќе најдеш жена што ќе сака да те допре?
21 век сме, ало луѓе, греота со вакви размислувања, ми се повраќа. @lite. биди ти поспособен и заработи и направи нешто свое. Како бе не ви е срам.
Колку само се познава човек што ништо не си заработил со свој труд. Не видел колку е тешко да заработиш пари и да купиш нешто ситно, а не па станче, кола, возачка како што ги кажува членот, божем 1000 денари е ова. Едно станче ќе и купат де. Едно станче. Многу нормално дека појма ќе нема дека тоа станче на подарок за сестра му нема да падне од небо. За тоа станче мајка му и татко му треба да рмбаат цел живот. Освен ако не се некои богови со милионче в џеб. Он ништо сам не си заработил, чека од татко му куќа да му се препише, ама зетот е пес. Па и он ќе биде нечиј зет, ова, пес де.
Да не беше темава стварно немаше да бидам свесна дека уште опстојува она сѐ да се даде на синот и луѓе што најсериозно мислат дека тоа е праведно.
Наследството од прадедо, дедо и татко оди на машкото. Вложувања во брак од мајка и татко тогаш заедничко и на брат и сестра ПО ДОГОВОР!. Тешко ли е да се разбере?
Ехеее, вакви се најлесни се стрижење..ќе го упеца некоја префригана, ќе му напраи некој филм леле маче колкав ти е и не само имот, и бубрег ќе и препише. После ќе дели правдини за наследување од шупата на сестра му и зетот во која ќе го приберат од сожалување
Друже, парадокс не може да се разбере. Исто како затуцаност. Ти разбираш? Или пречи тоа напишаното погоре?
Значи ако нема машко дете си'ба пи*ката и фамилијата и имотот и се? https://www.imdb.com/title/tt0105761/ Еве ти едно поучно филмче за ова што го пропагираш ти и чија екстремност се случувала во 19 век.
Да, тешко ми е ама најсериозно.Може сум глупа. А ако сестра ти се омажи кај што ќе биде третирана како партал, тогаш тоа е нејзин проблем така.Битно мажот да си има куќа и наследство.
Те прашав. Разлика меѓу машко и женско дете е шо првово има к*р, второво путка. Затоа викам, оти мандалото те прави посебен да имаш сѐ од имот?
@lite. Убаво ти е да се лупаш во гради со имотот на мама и тато, а? Ај што имотот ќе го наследиш, ама па и паметот нивни ли бе?
Значи упорно провоцираш и не трескај глупости. Ова е личен став околу имотното прашање и не си прајте филмови кога 99% во Македонија и балканот го прават истото. Ало?!
Неќеш да одговориш ок. Па ако родителите решиле така, ти можеш да им речеш - мамо, тато, не сакам да земам сѐ, пола ќе биде за мене, пола за сестра ми. Ама пуста алчност. А ти си ќутиш оти ќе ти се уарни
Јас сум за еднаква поделба на имотот, односно според заслугата. Тоа дека ќерката не треба да земе дел само затоа што ќе се омажи, а синот ќе остане во куќата е чиста глупост од турско време. Денес и мажите си се одделуваат од родителите. Ако ќерката утре се разведе, а целиот имот му е препишан на синот, таа каде ќе оди? Треба да проси по улиците ли? Ако родителите имаат само ќерка/и, тогаш кому треба да го препишат имотот?