Ова многу ми боде очи, ко демек само на неа ќе ѝ го обезбедите наведеново, а тебе ќе те остават сам да печалиш за факс, возачка и свадба?
Па биди во тој 1% и не го прави тоа. Зошто мислиш дека мислењето и постапките на мнозинството се правилни? Ама не гледате ништо повеќе од кругот на мамичка и татичко, затоа има сеуште вакви затуцани машки.
Слушај ме, послушај ме, гарантирам дека сум постара од тебе. Пишуваш на форум мислење и добиваш 20 коментари дека тоа што ти го мислиш е погрешно, а ниту 1 коментар некој да се сложи со тебе. Па во таква ситуација, секој малку зрел човек ќе се запраша и ќе си каже - хм можеби грешам јас, можеби се во право. Можеби срамота е да размислувам вака ко што размислувам и треба да бидам паметен дечко и да се сменам на подобро за да имам утре жена, брак и дечиња. Затоа што, мажите како тебе се се поретки и гледаш дека неколку пати те прашаа кај живееш пошто сите ние во наша околина, во градовите не среќаваме такви луѓе ко тебе. Ти може мислиш дека сите размислуваат ко тебе, ама ретко кој размислува, па жените си наоѓаат паметни мажи, а мажите со размислувања од минат век, единствената жена со која остануваат да го поминат животот е мама. Ти размисли каков живот сакаш да имаш. Дали ќе си современа личност и децата ќе се гордеат со тебе, или сакаш да си татко од кој децата ќе се срамат и кога ќе ги гледаат татковците на нивните другарчиња, ќе посакуваат таков татко да имаа.
А возачка, факс и свадба би чинеле се на сѐ околу 7-10 квадрата од стан/куќа. Ма и помалце. Пак не е исто
Понекогаш кога ќе прочитам нечии мислења, полесно ми е да мислам дека тролаат. Каква штета ако вистински вака размислува.
А од кај знаеш дека нема да и дадам? Јас нигде не реков дека нема да и дадам. Можи ќе ја добијам куќата ете останало така, ама не размислувам турски можи ќе и дадам, може цела? Јас нигде не реков дека нема да и дадам. Татко ми мене јас на сестрами.
А кој рече дека не може? Останало да се префрли на машкото колено на колено машко, а после јас ќе и дадам на сестрами се што и треба. Океј? Шо филозофирате?
Затоа ќерката ќе трпи и навреди а неретко и насилство од сопругот, ќе седи и ќе ќути и нема да се разведе зошто нема кај да оди