Со моите,ама јас за разлика од тебе,сакам да го делам имотот со браќата,сите да имаме еднаков дел.Ем законот вели така,ем татковиот збор. За факултетот не ти замерувам,многумина имаат потреба од помош. Ама размислувањето ти е погрешно.Имот што ќе го изградиш/купиш ти самиот е имот за кој можеш да размислуваш како да се дели,имот на твоите не. Твојата средновековна затуцаност не чини. Не ја врти темата. Да си прав брат,ќе ги седнеш твоите и ќе им речеш или подеднакво да ви препишат на тебе и на сестра ти или на ни еден од вас.
А тебе кој те финансираше?? Пошо очигледно, кај тебе освен имот и капитал, отишле и факс, возачка и кола. Па како го кажа делот со финансирање на факсот за сестра ти... ко тоа да е нешто што не и’ следува, па сеа треба на сите ВАС да ви биде ултра благодарна Сте и’ дозволиле да се едуцира, wow! И со кој образ чачнуваш членови овде зс нивната независност? Со цел имот (од твоите! Да нагласам!), на послужавник, многу е лесно да се лупаш у груди овде колку си независен.
Чекај, од кај ме знаеш ти јас каков карактер сум? Боже боже. @Tan4ence па ќе биде, се до последно поделено. Се што е заедничко ќе биде 50-50 од цел капитал. Поентата е таа шо наследството од татко ми од татко му и прадедому оди на машко колено. Другото се дели на двете деца.
А ова дека оди директ на машкото по закон така следува? Или како одлучи родителот? Пошто по закон јас знам еднакво се дели, освен ако родителот одлучи поинаку.
Останало, ниту јас сум го донел ниту татко ми. Старите. @Mantub Лесно е да го осудиш човек. Tutti Complinenti.
Ама татко ти е тој што ќе одлучи Не е некоја виша сила што автоматски тебе ќе ти го префрли имотот. Татко ти може да одлучи дали тебе или на сестра ти или подеднакво.
Нема ништо заостанато во тоа што го пишав, сосема реална и честа ситуација, не живееме во развиена земја каде така лесно можеш да запечалиш пари за имот и да се одделиш
Леле,леле.... Наследство од пра,од чукун дедо,од пето колено... Што толку наследство оставено имате па мора да остане кај тебе,поради продолжување на традиција? Некои антиквитети,неважечки пари или транзистор и црно-бел телевизор ? Ова за мене,од ова ќе поделиме,од она ќе и купиме стан,од она свадба и возачка,ептен математика направи. Колку ли само ќупови со злато имате,немој да се збуните кога ќе и купите нешто на сестра ти да биде купено од прадедовите пари . Со вакво размислување,ниту ќе се ожениш,ниту деца ќе имаш,сестра ти ќе роди ќерки,и пак парите ќе завршат кај ЖЕНСКО . ЖАЛ МИ Е ЗА ТРАДИЦИЈАТА
Whattt???? Boze sacuvaj imam eden sin i dve kerki... Da ne najdat nikogas nekoj so takov stav i svakanje... Ne se davalo na kerkata zzaaaraadii zetott??!?! Wooowwww! Pa kerkata ako se mazila, ne gi smenila roditelite ...seuste i se istite roditeli! Boze mili... Gospode!
Тролот е баниран, мислењата кои се на темата се оставени, другото е избришано. Ве молам понатаму без навреди и држете се до темата.
Доста сензитивна тема. Не можеме да замижиме на фактот, дека во повеќето средини, се раководат према правилата, имотот да припадне на синот. Не знам зошто и како, но се случува и повеќе од често. Без разлика дали би имала и син и ќерка, имотот би го поделила на двајцата, затоа што двајцата ќе бидат мои чеда. Апсурдно е да оставам се на синот, зошто?! Едно не ми е јасно, а ако се две женски деца, имотот треба да се даде на машките деца од комшијата ли? Зошто постојат толку затуцани сфаќања, мислев дека само кај Албанците има ваква деградација, ама очигледно и ние сме отидени со паметот. Ќе помагаш цел живот по дома, ќе се грижиш за родителите на старост, ќе придонесуваш, за на крај да те стават да вредиш колку еден голф, а синот да ужива привилегии, само затоа што е машко. Всушност снаата по таа логика би имала поголемо право на имотот, отколку сопствената ќерка. А ќерката утре ако се разведе, кој ја врти, на улица нека се снаоѓа. Не знам и не можам да разберам. Едноставно се чудам...
поделба на имот меѓу деца наследници. законски секому следува еднаков дел. ако имателот изрази желба во тестамент, имотот припаѓа кому повеќе кому помалку. мислам дека мора да се наведи зошто се дава некому повеќе некому помалку инаку може да се оспори. или да се има договор за догледување или да се направи сведоштво кој го догледувал. е сега, прашање на пол на биолошко дете и наследство. скоро е традиција машките деца да бидат повеќе обезбедени. и заради патријархалноста но и заради друг аспект, а тоа е бидејќи обично жена без имот и пари може да се омажи, но маж сиромав не. повеќето жени кои сакаат да се мажат не сакаат да се омажат без материјална обезбеденост, додека сиромашна жена која сака да се мажи вообичаено ќе биде земена. а за мажи, ако има имот и пари, не останува неженет.
Ако ќерката не сака да се мажи, едноставно не и е приоритет. Во тој случај треба на улица да се остави? Ако синот е толку способен, не мора ни да чека од родителите. Во случајот, ако двајцата не можат финансиски да се осамостојат со имот, треба и за двајцата да се гледа подеднакво. Тогаш синот нека се грижи за родителите, ќерката нема ич потреба, бидејќи и онака ја гледаат како инфериорна фигура. Истото е, буквално. Синот се жени носи снаа, ќерката се мажи, носи зет. Зарем не сакаш децата, ако имаш имот, да ги осигураш, да не зависат од никој?! Мене тоа ми е примарната цел, дај боже да имам повеќе, за да не зависат од никого. Еве, што ако се разведе и нема каде да оди, што треба да се случи. Немам срце да постапам спротивно, само поради некоја традиција или старомодно правило.
Факт е дека ако се отвара оставинска мора на сите наследници да се дели, син, ќерка, некогаш и браќа, сестри и внуци, зависи што потомство има оставено оставителот. Е тоа кој ќе се прифати е индивидуално, ама обично сите се прифаќаат, освен ако нема договор за доживотна издршка, тестамент може да се спори, ако е поклон не сум сигурна. Ако нема деца не наследува само мажот/жената него и браќата и сестрите и родителите ако се живи. Него ние 2 женски што сме што да правиме се кај зетовците ќе оди да препише татко ми на братучедите ако не
Така тешете се. Дека ако останеш неженет е заради тоа што си немал пари, затоа што жените се спонзоруши. Инаку со тебе се е во ред. Никоја не те зела заради имот што си немал. Инаку редици жени чекаа