јас не наведов дека некој треба да се лиши од наследство, а за венчавање пишав „ако сака“. она што го пишав е според некои логики кои постојат на овие простори и за кои претежно се согласувам. а ако некој наследник не е задоволен од распределбата, има судови, може да поднесе тужба и бара нужен дел.
За што ќе се судам, ако родителите не ми препишале? Во тој случај нема ни да сакам ништо нивно. Ако сметаат дека сум ништо, само поради што сум женско и они за мене ќе бидат ништо, затоа што би го вреднувале брат ми повеќе. Уште нешто вака да им се даде на мажите привилегии, има или уште не сум запознаена?
Пред неколку години, татко ми од нигде никаде рече - да одиме на нотар, да ви препишам.... Ќерка ми го слушнала муабетот (кој всушност и не беше муабет, туку само тоа кажано на татко ми) и кога дојдовме дома се качи во нејзината соба и и се јавила на баба и со плачење, липтање - не сакаааам дедо да им препишува.....зошто? болен ли е? ќе умре ли? Јас поим немав што се случува додека не ми кажа мајка ми. Заради тој настан татко ми до пред 2-3 дена таа тема не ја отвори повторно. Сега со законов кој го најавуваат за х2,х3 данок на втор, трет имот повторно темава е актуелна. У ствари повторно нема тема. Рече - да одиме на нотар. Толку. Со ниту еден збор, гестикулација или понатамошно однесување нема да се противам, како и да одлучиле. Премногу ги почитувам за да направам нешто такво. Можеби затоа што знам какви луѓе се, а можеби и затоа што тоа што родителите го даваат во наследство го створиле тие, а не ние. Нивниот збор ќе биде последен. Истото го очекувам и од сестра ми.
А ако живееш со мајка и татко по дифолт значи дека они ти го финансирале факултетот или возачка или свадба?
Сум слушнала за тоа,зетот да се шири,ама нели и снаата кога ќе дојде ќе се шири,па исто ќе е. На кого и да оставиш,ќе има некој кој ќе дојде од страна и "ќе се шири". Треба да биде разграничено,родителите си оставаат на СВОИТЕ деца,не оставаат на снаите и на зетовците. Кога старите би го сфатиле ова,би имало многу помалку проблеми и очекувања од снаите/зетовците.И не треба да се делат децата,и машките и женските имаат исто право. Некако останало од порано,синот мора да ги чува родителите,па затоа и он добива се,ако после синот не ги чува,пак ќерката ќе се смилува и сите обврски ќе се на неа. Среќа па ваквото размислување се искоренува,барем за идните генерации нека биде како што треба,во "наше" време сеуште има примитивци.
Здравје Боже, ако некогаш имам и син и ќерка, тоа што јас го поседувам ќе биде еднакво поделено. Толку ме нервира кога ќерките не добиваат ништо, рмбаат, а братот си го лади на наследено. Не разбирам како можат да си ги двојат децата така?
На ваквите рѓави браќа ко тебе и посакувам сестрите нивни да бидат успешни и да имат свој стан иако нема да се омажат а таквите као тебе да фаќаат влага во куќата на родителите и на крај на глава да им ја срушат.
Јас мислам дека треба да се подели имотот бидејќи и двете деца или колку и да се заслужуваат подеднакво да бидат третирани и сакани. Кога ќе имам и јас деца имотот ќе го поделам и на ќерката и на синот бидејќи во ова лошо време многу жени го трпат мажот што ѓи малтертира бидејќи нема кај да се вратат.
Дали при поделба на имот помеѓу децата сопственикот ако сака да препише нешто на едното дете, треба да побара согласнот дали другиот се откажува од делот? Или нема потреба?
Нема потреба. Татко ми му препишуваше на брат ми зимата место кај што си направи куќа, и немаше потреба од другите деца за согласност. Мислам дека доколку е починат сопственикот, тогаш треба согласност,ама не сум сигурна.
Мајка ми се потпиша дека се согласува баба ми да ѝ препише на тетка ми (сестра на мајка ми) еден стан додека уште беше жива. Дали е задолжително или не, не знам, ова е само лично искуство.
@VDT2906 Во нашиот случај, дедо му на мм му препиша куќа иако има 4 ќерки ( тетки на мм) Ниедна не потпиша никаква согласнот,куќата е препишана како подарок
Не. Мојот имот е мој и на кого сакам можам да го дадам. Тоа може и сосема друго лице да биде освен децата. Децата немаат право на имот додека родителот е жив, дури по смртта имаат право на наследство. А додека е жив, може на кого сака да го препише ако си е лично негов.
Зависи од правното дело, ако се работи за договор за дар тогаш нема потреба од согласност, ако се работи за договор за отстапување на имот за време на живот тогаш е потребна согласност од децата и брачниот другар. Иако договорот за дар е најшироко употребувано правно дело како правен основ за упис на правото на сопственост од родител спрема дете, мој совет е секогаш да се оди со договор за отстапување на имот за време на живот (или народски попознато како препишување на имот), затоа што се работи за договор кој има посилна правна сила од договорот за дар, и потешко може да се раскине/отповика за разлика од договорот за дар.
Не се плаќа данок затоа што имотот преминува од родител спрема деца, исто како кај договорот за подарок, данок не се плаќа ако се работи за прво колено (т.е. потомци на отстапувачот - наследници кои се јавуваат во прв наследен ред).