Луѓе проблемов што испадна ваков и на некој начин имав чувство дека ќе дојди до расправија, ама најмалку сакав да дојди до тоа. Вака сега, поделбата на имотов се врши јас од страна на мајка ми ( почината е) и брат ми (ама тој психички не е стабилен и е сместен во неготино и за него дополнително документи треба да вадам, секое инфо е плус), а од друга страна тетка ми, сестра е на мајка ми. Наследството го наследуваме од дедо ми и баба ми по мама. Дедо ми почина и сега оставинската постапка. Имотот се состои од отприлика 470 квадрати двор и куќа ептен стара, 30 квадрати дуќан и мало дуќанче од 8 квадрати во строгиот центар, нива од околу 2 декари во индустриска зона и стан од околу 60тина квадрати. Баба ми реши додека е жива да живее во станот, а другото да се подели на две половини. Епа вака сеа некни ја повикав тетка ми да разговараме околу тоа. И реков што мисли околу тоа, пошто и реков сакам да делуваме што поскоро и да се знае кое и чие е. Таа излезе со став, демек сакала да гради куќа во иднина, не ептен блиска ама сепак.. И ми вели имотот да ни е ЗААЕДНИЧКИ. Јас и велам дека не се согласувам имотот да ни е заеднички, ниту пак ти би прифатила затоа што ти го работиш дуќанот (тој од 30 квадрати), по некоај логика треба сите приходи да ги делиме па и расходите, даноци, сметки итн. И велам јас сакам да го поделиме имотот на два еднакви делови и јас планирам да го продадам мојот дел, ако сакаш можиш да го купиш мојот дел. И и велам за дуќанот не сакам ништо таму ама ќе си доплатиш во согласност со тоа да биде 50-50. И велам ќе си викниме стручно лице, геодет да провери и оцени. Почна да ми зборува за минатото и ми сугерира пак да ни биди ЗАЕДНИЧКИ имотот. И велам не сакам така и не е во ред тоа да бидиме повеќе души и да бидиме заедничари, а истовремено ти да го работиш дуќанот, а јас воопшто да не добивам ништо и сакам да го продавам мојот дел. Ми вика ама че го продаваме целосно, јас и велам како можам да ти верувам, кога ти можеш да манипулираш нон стоп, односно да бараш нереални суми на пари за нештото, пошто да бидеме реални ти го работиш дуќанот и океј ти е. Се изнервира налути, почна да ме навредува лично се и сешто ми изнарече, ме исплука... Јас и реков размисли овие денови што направи, и кажи да најдиме заедничко решение, јас сум фер и ти велам ништо не сакам од дуќанот ама ќе ми платиш на друг начин или префатиме со дворот т.е квадратура.. Што би ме советувале луѓе? Баба ми значи е тотално збунета не сака да се караме, ама од друга страна сака да сме пола пола. Јас ќе систојам на ставот, само битно да е 50-50 и јас што ќе правам со мојот дел е моја работа. Планирам да ангажирам адвокат.
Да, ангажирај си адвокат, не се замарај чим е таква зината за пари и без компромис(според мене), допрва ќе имаш повеќе проблеми, поделете се на пола така е најправилно. Тетка ти не е повеќе ќерка од мајка ти. Мислам додека е бабата жива е полесно за делба...
Првенствено баба ми сака да го подели имотот, затоа што цел живот тука го користат и работат дуќанот тетка ми. Реков првенствено за мене, затоа што знае во која ситуација бев и во која сум и колку би имал можност да ми се подобри животот. Жената рече дека го сака само станот, другото ќе го оставела да го поделиме ние, ама не очекуваше да се скараме.
Јас сакам да се истера работава исправно и да се подели се како што е оценето по стручно лице и судот, кога веќе не можеме сами вака да се договориме. Мене ми е жал ако им ги поматив сметките и мисли дека јас ќе бидам тука пасивен сопственик во ЗАЕДНИЧКИОТ имот.
Си има суд за таа работа ако не бива со договор, крај краева баба ти е жива еден адвокат и на црно бело што на кого остава.
Прво, бабата има 50 посто од имотот. Второ, колку време дуќанот е во владение на тетка ти. Дали живее од него ...
Бабата ако сака може да се откаже од се и на време да се среди се како што треба. Мојата направи така, освен куќата не ја решија имаше некаков проблем.
Zemi advokat.Za da se podeli se drugo osven stanot treba babata da se otkaze od svojot del vo drugite imoti.Potoa se deli toj imot po pola.Ti treba lakarsko za babati deka nema problem za rasuduvanje,se vadi Kaj mlin Balkan vo mala baraka od psihijatar.Potoa se odi na notar I taa se otkazuva od svojot del od imotot za smetka da go zadrzi stanot. Nemoj pod nikoj uslov da se slozis na zaednichki da bide se zasto ke te manipuliraat. Mozat lazni hipoteki da stavaat,da go koristat I dr zafrkancii. Procenitelski kukji so licenca mozat da go procenat imotot .
Да си поделиш се, да се знае секој со што располага. Тетка ти инсистира да не се делите за да искористи повеќе. Мора да викнете стручни лица кои ќе направат соодветна проценка. Ако го сака дуќанот тогаш може половина да ти го доплати а останатиот имот може да го продадете и да поделите пари.
Го користи скоро 20 години и тоа за некоја смешна сума од 5 илјади денари, но и тие ги прекина одамна да ги дава. Инаку да, сопругот нејзин т.е тетин ми работи тука и нормално дека живее од него, кој будала би стоел без профит.
Него ќе го одберев, ама имам доста пријатели правници, адвокати и ми се понудија одма тие и од ист град ми се... Инаку се консултирав со Форца.
Јас морав сегде да потпрашам и колку толку да го прочитам законот и што постои. Морам да се снајдувам сам, затоа што немам и некој грб зад мене, единствено татко ми, баба ми и што си мислев дека и тетка ми.
Најдобро е да си поделите додека е жива баба ти.. после да не наебеш како мене Направете и договор за станот каде што ќе живее, ако сега не го делите... После се маки.. Јас со мајка ми па си останав со празни раце а не па со тетка да требаше да делам
Ми е криво што иди до овде работава, за да утре не си речиме ни здраво и делумно да се мразиме. Јас не ја мразам, иако ме нарече лудак, ѓавол, идиот, мочко, будала, смрдено па дури и ме исплука во лице. Јас не заборавам и повеќе не посакувам да имам било каква блискост, ама не и мислам лошо, само сакам да се поделиме 50-50. Морам негде да се истрошам вријам онака значи толку неферски работи во животов, а имав кој да се грижи за мене, ама испадна јас се грижам за нив. Се молам по другари, пријатели во ниедно време да се врши превоз за мајка ми кога ја носев на болница, ниту еднаш не ме одбијаја вечно сум му благодарен, иако сум му помагал, ова што го правеа за мене алал да му е, и тоа за време на корона, ништо не рекоја. Еднаш тетин ми не рече да не однеси со кола или да се јавам и слично. Пред да се пресели мајка ми кај баба ми и дедо ми јас издејствуав да ја примат, се расправав карав ги молев итн за да ја земат, не ја примаа, ја убедуваа нешто друго, демек немало место итн. Па таму ко одев кај што живееше, веќе финансиите пресушија онака на минималец скоро ништо се живееше, собира денар по денар да и се земи нешто, ми прекипи сето појдов со намера кајдедо ми да му објаснамкако стој ситуацијата односно малце од малце финансиски да се помага сеа мама, не можи се да зема тетка ми. Ми рече во право си, арно ама тој и рече на тетка ми да му давала таа пари за дуќанот (пошто кирија таа одамна прекина своеволно да му дава, а мене овие стариве ми се жалеа аххх тетка ти не плајча ова она, тоа дополнително ме нервираше), и таа се џигери како можеле да и земаат нејзе пари ги фрлала парите, па на мајка ми ја зачекав како и се црека и вика како не ти е срам од мене како сестра да ми бараш пари итн, таа па психички западната уплашена да не е сама, немој не ми викај, не ми требаат парите, чоек ми треба да бидиш до мене итн.. јас на скали слушав ама не влегов на сред викање оти голема ќе беше, слегов пак кајскалите кај вратата лупнав гласно за да прекинат со муабет. Искрено од моја страна да кажам вака познавајќи ги по карактер и мајка ми да беше жива јас мислам дека максимум што можев да добијам е станот и тоа ако ги догледав баба ми и дедо ми. Мајка ми беше огромна материјалистка и трошеше пари премногу, особено за себе си.