Епа точно де, очекуваат снаата да ги дочува, не синот, јер је мУж. Што ќе се мажи синчето, кога може снаата.
Паметно размислуваш, јас голема грешка направив зошто инвестирав во нешто што не е мое, сега ми се одбива од глава, не можам на нула да дојдам а не да вратам вложено. Но подобро некогаш него никогаш. Само посебно, заедничката манџа ни кучињата не ја јадат. Зависи до фамилија но добар договор нема со лоши луѓе!
Ова пред сто години било така , не знам денес кој здраворазумен очекува снаата да го догледа, може во некои затуцани средини само останало.
Еве свекрва ми мене така ми кажа. Кога беше короната бев Скопје, и разбрав од други дека била позитивна, она криеше. Кога дојдов тука не се ни симнав доле, после неколку дена ми кажа "еее што ти беше страв да се симнеш, па кога ќе умреме ти ќе не средуваш". И кажи ми според тебе, дали покрај деца, се очекува такво нешто од снаата? И дали нормален некој би кажал такво нешто?
Братот, т.е синот има опција и да се отсели нели? Тогаш никој би немал обврска, туку ќе се грижат со сестрата ако сакаат. Или сакаме да уживаме под кровот на родителите, ама кога ќе треба некој да им потпомогне на старост, тури им пепел, незахвални. Сигурно повеќе ќе треба да се грижи братот, по некоја логика, дома се сите на куп. Сестрата и да сака, за после да не биде оговарана на форум, како се квакнува секој ден кај нејзините, не може. Ова и нема никаква врска со поделба на имот. Затоа што родителите на мажот му даваат место за живеење, додека сестрава мора да си замине на друго место и да се снаоѓа и да моли господ да налета на парајлија, ако таа самата не е. Пресметај само колку би дала за кирија или да купиш свој стан, ако не живееш кај нив. Епа тоа ако не е помош, не знам што е. Сиротињава што се родила женско нек си е** мајката.
Јас можеби грешам ама мислам дека е фер доколку на пример имаат 3 стана, по еден за децата, третиот за оној што ќе ги чува. Или кога е скромно семејство, ако еден од браќата (сестри) се исели од семејниот дом, ако нема што да му дадат а и самиот си спечалил зошто тој скромен дом да не остане на синот што би ги догледал старите?
Едноставно е ако ви дадат имот, тогаш не може да се лутите ако ви се мешаат. Живејте на страна, уживајте си во бракот. И со леб и сол ќе поминете, ама од нервозите се пукнува.
Не знам кое е тоа просечно македонско семејство кое располага со три стана Изгледа не се разбираме. Не прави само услуга синот што би ги изгледал старите кога ќе не можат. Туку и тој ужива да не плаќа кирија или рата за стан. Тоа мала ли е помош? Значи не е дека синов ништо не добива што се грижи, и тоа како добива, години и години бесплатен смештај. Така да, пак тој имот треба да се подели на тоа колку деца имаат. Не е крив тој некој ако повеќе се снашол. Бидејќи спечалил повеќе, а другиов не сака да се потруди, ај ќе го наградиме со цел имот.
Епа зошто на ќерката да и направат куќа или купат стан? Или на двајцата, или на ниту еден. Многу едноставно. А синот откако ќе се отсели, кукаат, болни легнуваат, ете ние живееме во Скопје, и тоа им смета, сме имале таму, тоа било наше, а инаку на золва ми и направија куќа, не се секирај, и јас не се бунам, не земале од мене, ако сакаат и уште една нека и направат. Една братучетка има девер, и тој се отсели, им ја отстапи цела куќа, му дадоа пари и маж и на братучетка ми, и неговите за да си купи стан или куќа. Толку е едноставно. И сега штом му дале пари, што има утре да бара дел од куќата. А бе многу ми е гајле за имотот ако немам здравје и ако имам кавги секојдневно. Друг е муабетот, ама кој да разбере. А и што си се запнала по мене кога си имам, не ми треба ништо од нив ако утре треба да ги дочувам. Не, фала, а ќерките бегаат тогаш кога ќе не можат родителите. Имам доволно од моите. Си живеам во свое, не се секирај ти за мене. Контраш...
Не е дека ни ќерките не добиваат ништо. Ете на некои ќерки им направиле куќа, на некои им купиле стан. Што не е јасно? Штом и направиле куќа, значи според тебе треба таа да ги догледа? Или само да се контра? По сите теми се контраш.
За чива ќерка правиме муабет? Тогаш родителите на маж ти постапиле правилно. Куќа за двајцата. Што е проблемот, не знам. Ако дадеш пари колку што е вредност на пола од куќата, тогаш се согласувам дека тој што не живее таму нема потреба од дополнително наследство. Само што... никој не го прави тоа. И јас знам бројни случаи, каде демек дале пари, а уствари тие не се ни 10% од вредноста која ја добива синот. Врз основа на што? Машкиот полов орган повеќе вреди? Аман со тоа контрање. Кога не се согласувам што сакаш да ти пишам? Никој не се буни, ако на ќерките купуваат стан, куќа, колиба, шупа. Проблемот е што не ни купуваат. А друг проблем е што на ќерката и даваат нешто ситно, као еве се отарасивме, а синов што не знае сам да се испере, све ќе му дадеме.
Општо зборам. Леле да не пише некој нешто општо, и да не го поврзат веднаш. Еве и комшии двајца браќа се, едниот живее со родителите посебни спратови, другиов живееше кај жена му, сега се во странство, тој не сака таму да живее, и му дадоа пари, дали утре има право да бара дел, а при тоа брат му гради уште еден спрат со негови пари и со на жена му? Заглавени со кредити што ќе го плаќаат можеби цел живот, и брат му утре да бара, а веќе му дале пари. Дали тоа е во ред? Епа тоа е муабетот, не можат на едниов и куќа/стан, и спрат од куќата, а на другиов брат само дел од куќата. А ти знаеш дека родителите ако сакаат можат да препишат само на едно дете? Има многу такви случки. Сега брзо прашуваше членка во друга тема, тројца деца имала жената, сакала да препише само на едното дете дека тој вложил во куќата, другиве ништо. Така нешто беше. А за имот имотно-правни односи има друга тема.
А некој да си прчи нозе а друг 20 год да чува стари? Недај боже легнати во кревет? Да плаќа скапи прегледи, операции? А другиот дојди си на гости кај мама амаа снаата ќе те служи нели нејзина е куќата. Ама кога мама ќе умре ќе ја делиме братски. Во куќа одат многу пари секојдневно се вложува, можеби не плаќа кирии ама и родителите не плаќаат жена да ги чува , пере, готви. Себичност е насекаде, деца што се растени со љубов нема утре да им е проблем некој да земе повеќе. Јас на пример и.ништо да не наследам не ми е проблем, не ми ни треба, ама и кај моите и кај неговите ќе одам на гости. Колку можам и кога можам ќе помогнам ама главна одговорност да имам не фала.
Точно до збор, пишав и пак ќе пишам, ниту пари, ниту стари. И да, воопшто не е добро да се живее во куќата од родителите, бидејќи како што пиша ако мажот има брат или сестра, нон стоп ќе се таму за ручек, нели сепак родители им се, нивна куќа, ама снаата ќе ги служи. Па со тоа не плаќале барем кирија аман веќе, па и тие не плаќаат жена што ќе им чисти, готви, пере. Налет и куќа и се, кога цел терет ќе биде на снаата, не на синот. Изгледа не знаат како е да дочуваш неподвижни родители. Не дај Боже. И не е само еве на синот куќа и толку. Па во таа куќа треба реновирање, одржување, нешто се расипало, па да се поправи, па мајстори да се платат што и не е баш ефтино, ама неее на синот му дале куќа, леле што направиле, не му дале на синот куќа, туку си добиле бесплатна куќна помошничка, ете затоа сакаат синот со нив да е, да им слугува снаата. Има родители што ќе им купат стан на децата, па ништо не очекуваат за возврат. Тие родители се себични што очекуваат од децата да им возвратат.
Татко ми на пример наследи ниви и плац, стара куќа во која немало никаков услов за живот. Друго сам стварал, ама баба ми има скоро 100 год , последни 30 е мн болна. Последни години и мајка ми ја бања. И сега некој да земе ама да не чува, кај стрина ми е чисто, а баба ми е бетер од 2 годишно дете. И свекрва ми од нејзините не земала ништо, ама ако може и сака оди да ги види, а снашка и ја негува, бања , рани, пресоблекува. И да каже не е фер ништо не добила, нема нива, куќа ама нема никаква обавеза. Не и мислат ни за операции ни дали ги пие лековите, дали паднала па кога е цела куќа со крв никој друг не чисти. И ќе кажете има старачки дом, дали со 200 е пензија нешто може да се направи?
Баба ми и дедо ми ги чува чичко ми. Наследството кај него оди, и така он ништо не створи во животот. Татко ми и тетка ми согласно му даваат цел имот наследство. Од кај мајка ми двајцата браќа си поделија (сестрите не сакаа ништо) Си го чуваа дедо ми. А за дом за стари лица не се лажете. (Немаат толкави пензии)
Не бе запнале на ќерката не и дале ништо (и направиле куќа), а снашкава се килави да ги бања старите, ги носи по болници, им чисти, готви, ги пере, па има случаи што и свекорите ги бањаат, јас татко ми не го бањав не свекор, нема шанси, ете се нека земе золвата, и спратот што цел го направивме и опремивме, ама да ги негува доколку не можат. Татко ми мајка ми и брат ми го носеа по болници и го негуваа, вереницата негова не. Тука скокаат дека ќерките им менувале пелени, аха сигурно, да не се снаите црви ќе фатат.