За кого збориш цело време? Гледам на Вале некој куќа и направи, па од што многу сакала живеела на куп со сите кај свекрвата. Ако зборуваш за сестрата на маж ти, бидејќи неа куќа и купиле, дали тоа значи дека сега ти се грижиш за старите. Доколку не, тогаш за која сестра правиш муабет, што и е дадена куќа, а снаата е таа што се грижи за нив.
Старите прават грешки после млади се замеруваат, баш случај во друштво на едниот куќа во село , постара цела за реновирање а на другиот стан во градот. И по пола било ај бе, праведно.
Жено Божја општо зборам, ај не замарај, ок? Ако толку сакаш да знаеш нас ништо не ни дале, сами си го направивме спратот. Ајде мирно спиј. А ако те интересира ни золва ми не може да се грижи за нив, пред неколку месеци се отсели во друга држава, сега биди спокојна. Колку пати да ти пишам дека си имам свое? А за Вале и другите нема што да мислам, па и за тебе.
Јас се осеќам потполно здраворазумна и при чиста свест Чував и " догледував" свекрва ,мењав пелени , ја бањав , и готвев и и чистев. Без да ми "заповеда " некој , т.е без да го бара маж ми тоа од мене. Имавме можности и жена да платиме,ама еве мене не ми беше проблем . И маж беше вклучен во многу работи ,ама мењање пелени и бањање поготово никогаш не дозволив он да го прави тоа . Имотот не им е поделен , "очекуваме" дека и двајцата браќа исто ќе наследат. Моите горе долу поделија . Исто и на мене и брат ми . Со тоа што брат ми им е поблиску и појќе им се наоѓа . И ние од овде ускакаме колку можеме , ама далечината си го прави своето . Имам стар свекор ,сега за сега е добар, ама ако залегне и он на постела јас ќе го гледам колку можам со оглед дека веќе имаме дете. Пелени и бањање би биле обврска на маж или девер . Дом за стари лица не доаѓа у предвид. Не можам да прифатам ни мои родители ни негови да бидат сместени во дом . Иако и од двете страни имаат убави пензии а ние сме во можност да плаќаме , сепак домот ни е скроз исклучена опција
Не се лажете со домови (и државни и приватни). Вашите родители или свекор и свекрва може да имаат лошо искуство таму. Дури и да има некој друг од вашата или од фамилијата на мажот добро искуство, не значи дека и за нив ќе биде така. Подобро би било да истражите добар/ра негувател/ка за во домашни услови. Бар полесно и почесто ќе проверувате дали се добро гледани. За имотот. Сите деца треба да добијат подеднакво. А, за чување, снаата не е должна да ги чува свекорот и свекрвата. Може да се смета должна само за нејзините родители исто како и маж ѝ само за неговите.
Ако не сакаш да те замараат, не пишувај, едноставно е. Имаш свое, но се уште живееш со паметот кај туѓото. Некако тој дел не го сфаќаш. Што тогаш имаш толку против, сестрата да има свој дел од имотот на нејзините? Или немаш, ама имаш. Многу ти е нејасна целата мисла. Треба или не треба да има сестрата имот од нејзините? Треба или не треба снаата да се грижи за старите, при син работоспособен чива првична обврска би била негова, не на снаата? Ако таа си има проблеми со чување на нечиви стари, тогаш таа има проблем со самата себе, може и да одбие нели? Зборуваш општо, а нема пост каде не спомнуваш некој од фамилијата на маж ти. Значи не е општо, пишуваш за конкретен случај. Меѓутоа според твоето лично напишано, золвата ти е во странство, има своја куќа во МК, другиот имот е на маж ти. Каде е проблемот?
Прочитај страници поназад каде сестриве ги оставиле без ништо браќава. Која си ти да ми забраниш да не пишувам? Ај не ме анализирај повеќе. А кога зборев за примери од други, па како се сум знаела за нив, кога пишувам за мене, па зошто, како. И што има па тебе да ти се исповедам, што си ти со волку прашања, адвокат?
Должна е да ги чува. Затоа што она ќе наследи заедно со маж и. Ова го имам слушнато од родители кои оставаат се на синот. Или ако се повеќе синови (во случајот на маж ми) добива само еден од нив. Очекуваат и снаата да се замара со нив. Ете ние ќе и оставиме. Она ќе не чува. Не сестро златна. Снаата може да ги чува своите родители. Исто како што маж и треба да ги чува неговите. Од нееднаква поделба се прави раздор помеѓу браќа и сестри.
Оф туго, кои се тие сестри без ништо што ги оставиле братчињата? У Македонија, то се никат десио. Никат. Обратно, скоро секат.
Читај наназад, па и дедовци неписмени искористиле. Ај имам многу поважни работи, отколку да се објаснувам со тебе. Џабе ми имот и се, без потомство. Пријатно и убав ден. Само за имот зборите, друго ништо не ве интересира. И каде јас се пожалив дека и направиле куќа на золвата? Сакав да кажам дека ни ќерките не се оставени без ништо како што пишувате. А што е со двајца браќа, две сестри? Или браќава само земаат од сестриве? Сироти сестри... Едит: и што ако цел имот е на мене од моите, кога ниту татко ми, ниту брат ми ги нема? Посебно на ваков тежок ден, знаеш колку е тешко?
Имам ваков пример. Дадоа на синот и мислеа дека и снајка ќе ги гледа. Снаата убаво им кажа дека не е нивно дете за да ги чува. Нема да му се меша на мажот ако он дава пари за нив, ама он сам ќе трча за сè што треба.
Нека го сменат името на темата, во нешто што на тебе би одговарало, да пишуваме за истото ама на друга тема
Се едитирав. Што ако ми е на мене цел имот на моите, кога ниту татко ми, ниту брат ми ги нема? Посебно на ваков тежок ден. Знаеш колку е тешко? И што ќе ми е толкав имот, кога немам со кого да го поделам (потомство)? Ама многу е лесно да се мудрува од странција.
Жалам за загубата, но тоа нема врска со темата. Нема ни врска што не сум во МК. Терај си Анушке, но мислам дека си имаш навистина голем проблем со фамилијата на маж ти. Кога сите ти укажуваат на проблемот, можеби треба да размислиш и да сфатиш дека го имаш. Живеете посебно, а во секоја тема директно или читај меѓу редови пробуваш да ги плукаш. Што би се запрашала дали стварно биле они некогаш проблемот. Ништо злонамерно, чисто за ти да си го најдеш душевниот мир.
Хипотетичка ситуација. Замисли да се разведеш од маж ти. Кај ќе одиш? Ако имаш свое место, ќе ти биде многу полесно. Или, еве и да не ти треба тебе. Нели се бориш за потомство? Еве, дај Боже да го добиеш. Замисли ќерка ти да падне во тешка ситуација. Да ѝ требаат пари или засолниште. Нели со маж ти ќе сакате да ѝ помогнете некако? Ако тоа што го имате сами направено не е дозволно, добро ќе биде некој од вас да има нешто плус да ѝ даде.
Што ќе ми е имот па што ќе ми е имот. Па ваљда да не делите покрив со свекрва и да ве читаме тука како се жалите оти на спратот ви се качувала. Нели затоа седите на нивен спрат и ги трпите, зашто немате инаку каде да одите?
Ама јас не кажав дека сестрата не треба ништо да наследи, секој треба подеднакво. Пишав што ако и купиле стан, или и направиле куќа? Не зборам за золва ми, за сите. Еве двајца браќа нека се, немаат сите сестри. Братов што останува во куќата на родителите најмногу си го окркува, додека на другиов брат му купиле стан. Зошто? Затоа што како што пиша една членка другиов брат со жена му и децата ќе доаѓаат во родителската куќа за ручеци, за празници, и многу јасно очекуваат снаата се да спрема и слугува. Братот во родителската куќа ги носи родителите по болници, ги негува ако не можат, снаата прави ручек, им чисти, ги пере, итн. Другиов брат ем стан, ем таму си е гостин. Епа и тоа не е подеднаква делба. Мислите дека му дале куќа, и кој знае што направиле, од и тие добиле бесплатна куќна помошничка (снаа). Или нека купат на двајцата стан, или на никој ништо.
Какво е тоа очекување некој да ти менува пелени стварно никогаш, ама никогаш нема да ми е јасно. Му имам кажано на свекор ми, ако дојде до таму жена ќе ти најдеме, во дом нема да одиш ( него тоа му е најголем страв) Не би се лутела исто ако постапи и брат ми со моите. Да менувам пелени не доаѓа во предвид. Ни јас не очекувам и не сакам тоа да го прават. Зошто да ме памтат како неподвижна и да се молат што побрзо да се ослободат од мене. Сакам да ме памтат како весела, полна живот... А поделбата на имотот. Тоа здрави и нормални луѓе го прават со договор. Од моја страна, ние нема да му бараме на брат ми. Од страната на сопругот веќе си поделија со сестра му со меѓусебен договор. Од ниедна страна не ги спомнавме старите и тоа кој ќе се грижи за нив. Како нивни деца сите ја имаме таа обврска и сите имаме различни можности.
Снаата треба јасно да го искомуницира тоа дека не сака да ги чува свекорот и свекрвата (ко онаа што ја спомнав погоре).
Разговарам со една позната. Си имаме муабет. Жената долго време има проблеми во бракот. Не се работи за насилство. Еднаш и искоментирав Зошто не одиш кај мајка ти (татко и е починат). Знаеш што ми одговори? Не можам. Ќе им сметам на брат ми и снаата. Брат ми ќе ја наследи куќата. Јас и реков Ок. Ете пример како оние жени кои немаат кај да одат, трпат идиоти мажи.