1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.161
    Пол:
    Женски
    Ајде да не зборам за мене.
    Еве вујна ми се три сестри, татко и почина, мајка и беше неподвижна.
    Мајката живееше во село, вујна ми ја зема кај нив да ја чува.

    Сестрите на вујна ми доаѓаа еднаш на два-три месеци да ја видат, ниту ја ранеле, ниту и менувале пелени.
    Исто и татко и кога имаше удар, вујко ми му менуваше пелени, не другите зетовци.

    Откако почина мајката, уште на погребот ја прашале вујна ми што ќе биде со куќата во село, да го решеле тоа што побрзо.

    Едната сестра отишла таму и кажала на комшиите дека ќе ја продавале, без да се консултира.

    И пред дотичната да каже дека многу знам за другите, па многу јасно кога ми се роднини, и сум блиска со братучед ми, како брат ми е.

    Не, само браќата се лакоми.
    Ајде кажете за двајца браќа, или за две сестри, го избегнувате тоа, сте се фатиле само за брат и сестра.
     
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа. Кој е тој момент кога односите меѓу брат и сестра се ладат до тој степен, за таа да не може да си дојде дома. Јас грев му препишувам само на братот. Тој е најафектиран. Како може да ти смета сестра ти, ако ваму доживува психичко и/или физичко насилство. Ќе се згужваме некако, ќе продадеме имот и се, ќе купиме два помали стана и ќе склучиме усмен договор обострано да се грижиме за родителот ако е потребно. Таков однос треба.
     
    На Gosh, tanjaaa, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.815
    Допаѓања:
    35.505
    Пол:
    Женски
    Смета на снаата. А знаеш зошто? Затоа што и снаата е во иста ситуација. Братот нејзин ќе наследи. И сега се плаши золвата да не го земе тоа што на неа и "следува". А снаата не сака да ја чува свекрвата. Кога мажот и (братот на женава) е на пат, она ја брка кај ќерката. (facepalm)
     
    На Gosh, Adidas888, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.872
    Допаѓања:
    123.088
    Пол:
    Женски
    Лошо е кога се одгледани вака и немаат храброст да се борат за дел.
    А, не ѝ следува, џабе се филма.
    На маж ѝ му следува. Ако ја остави, ќе треба да му ја мисли. :D
     
    На SummerGirl и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.161
    Пол:
    Женски
    Во моја околина не познавам блиски што не и оставиле и на ќерката.
    Или и купиле стан, ама куќата останала на синот, со гратис болни родители.
    Налет таква куќа.
    Додека сестрата или еве едниот брат ужива негде сам со жена му, другиов живее на куп, и кога ќе дојдат на гости другиов брат и сестрата, се тие спремаат, т.е. снаата.
     
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Жално е за двете страни. И за снаата и за сестрата. Само затоа што се жени и се очекува они да си отидат од родната куќа, а не мажот. Факт е дека тоа е дом и на двете, еднава живеела, другава сега живее. Но, братот е тој што треба да направи компромис. Никогаш не смееш да свртиш грб на своја крв, никогаш. Да не можам да си отидам дома а маж ми да ме тепа, тој брат и семејство, ќе ги отпишам од живите.
     
    На nextredstyle и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Да беше таква ситуацијата кај семејствата, немаше темава да постои. Ни една сестра немаше да се буни, ако нејзините и оставиле имот. Има каде да се врати или има на кој основ некој да избрка. Степенот на насилство, ќе одеше во надолна линија, а не обратно. Кога е обратно, значи не е дека фрчат станови за ќерките. Туку, се омажи, седи си таму, арно ти е и трпи. Си го бираше, твој проблем.
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.872
    Допаѓања:
    123.088
    Пол:
    Женски
    Ова не чини.
    Треба да се залагаме за женските деца да се борат за свој дел, а машките деца да делат со нив и да ги заштитат кога ситуацијата го налага тоа.
    Ама, во твоја.
    Во повеќето случаи, ќерката е таа што не добива нешто. И или треба сама да се бори со братот на суд за дел или да се надева дека тој самиот ќе испадне фер, па ќе дели со неа или ќе ѝ го исплати делот во пари.
     
    На theowndemon, Adidas888 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.161
    Пол:
    Женски
    Прашав што е со двајца браќа или две сестри?
    Зошто го одбегнувате тоа?
    Немаат сите сестри, еве имаат и двајца браќа, значи тројца синови.
    Ајде, бидејќи си адвокат, кажи на кого што му следува?
    А пишав дека родителите имаат право и на едно дете само да препишат, имаат право ако другите деца ги малтретираат да ги лишат од имот.
     
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Истото и како еден брат и една сестра. Што би било поразлично?:D
    Десет деца да имам, колку што имам толку еднакво ќе поделам. Било тоа машко, женско, недефиниран род.
    Тој што ќе остане со мене да живее ќе има гратис смештај. Ако не сака, ене му ја вратата, секако ќе добие кога ќе ме нема.
     
    На Gosh, theowndemon, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.100
    Допаѓања:
    8.160
    Пол:
    Женски
    Па не мора де синот да седи во куќата со болни родители, може да си оди во куќата на жена му сами да живеат (дека нели на секоја ќерка и прават куќа или и купуваат стан, ти така тврдиш)

    Останува нејасно зошто толку живеење во заедница, нервози и караници кога ете ти викаш сите ќерки биле обезбедени со куќа или стан. Сигурно и на Вале од Кратово и направиле куќа нејзините;)
     
    На Gosh, nextredstyle, Munchmallow20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.815
    Допаѓања:
    35.505
    Пол:
    Женски
    Маж ми има двајца браќа. Едниот лаком за пари. И он ќе си наследи. Ама затоа маж ми и другиот брат со прст нема да мрднат за старите. А деверот им бара пари. Очекува и они да помагаат. Е нема. :x
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.872
    Допаѓања:
    123.088
    Пол:
    Женски
    Еве, де.
    Истото важи и за деца од ист пол. Треба да добијат подеднакво.
    Родителите имаат право да препишат само на едното дете, ама и другото дете има право да го спори тоа на суд и да бара дел.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Машки
    Треба СЀ да се даде на таа или тој што ќе се грижи најмногу за родителот. Не може ќерка од Остреља или синко од Ињгланд да добие пола имот а не дошле за ништо освен за чалам.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.161
    Пол:
    Женски
    Епа има браќа што делот го откупиле од сестрите, и им дале пари, има и двајца браќа така, или сестри, им дале пари.
    Епа не дека не добиле ништо.

    Ама изгледа работава е најмногу за ќерката зошто да не е во татковата куќа, туку синот.
    Па поубаво да му купат стан на синот, ќерката да седи со нив, па таа нека се замара со носење на родителите по болници, со готвење, чистење, перење, еее баш е супер така, а синот и снаата сами.
    Зошто мора синот да остане во родителската куќа, зошто не ќерката?
    Ете наместо на ќерката да и купат стан, нека му купат на синот, и синот и снаата кога ќе доаѓаат во таа куќа, ќе ги служи ќерката (сестрата на мажот), а тие ќе бидат гости, прекрасно.
     
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    19.485
    Пол:
    Женски
    И тука сите снаи гледаш имале од родителите нејзини ама имотот не бил битен де. То ест не е побитен од љубАв кон брат.
    Ама ги читаш се жалат ама со маж ми со мали плати не можеме да се одвоиме.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.161
    Пол:
    Женски
    Додека е жив родителот има право да препише и на комшиите ако сака, може децата ги малтретирале и не сакаат да препишат на нив.
    После нивната смрт, ако се уште не е препишано, тогаш децата наследуваат.
    Ова ми го кажа адвокат, кога се делеше имотот на дедо ми, дека едната сестра на татко ми е почината, ама им следуваше на нивните деца, тие не сакаа ништо.
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.872
    Допаѓања:
    123.088
    Пол:
    Женски
    А, синот нели има уста за да ја отвори и да каже дека пре би сакал да живее на свое место? :D
    Знам еден таков.
    Неженет е, ама сака да си створи семејство.
    Мајка му го убедува пред сите он и сопругата да живеат со неа и татко му. Ама, дечкото стално ѝ враќа дека сака дур е неженет да си купи стан, па во сопствен дом да си ја внесе сопругата. Пошо е свесен дека мајка му е идиот од жена и нема да ја третира жена му добро.
     
    На Anyshka, Adidas888, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Ако е така како што пишуваш, откупување ваљда се врши на нотар со адвокат. Значи сепак немаат понатака право на тој имот. Пошо е откупен. По кој основ, закон би следело, ако сестрата се откаже затоа што е обесштетена? Знаеш дека нема никаква логика нели?

    Прашањето што го поставуваш најдобро може да ти го одговори маж ти и свекрва ти. Зошто и купиле куќа на ќеркава, а не на синот и зошто очекуваат тој да остане со нив, а не ќерката.
     
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.161
    Пол:
    Женски
    Најточно до сега.
    Сите лакоми, ама кога ќе дојде ред да се дочуваат родителите, нигде ги нема.
    Затоа ниту пари, ниту стари.
    Секој нека си дочува свои родители доколку сака, ниту жената е должна на мажот родителите, ниту мажот нејзините.
     
    На SigmaMan му/ѝ се допаѓа ова.