1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.020
    Допаѓања:
    76.474
    Пол:
    Женски
    Ако немаш не да ќе земеш,ќе прашаш има ли уште.А ако земеш нема да скратиш од ничии деца зошто тоа е на твоите родители а не на брат ти и неговите деца и утреден кога ќе се дели,треба да се дели и на машки и на женски, а тој ''некој'' во случајов е женско,ама е исто што и машкото дете.Значи од кожа ме вадат овие машко,женски поделби.Исто сум ги родила,чувала,израснала и исто заслужуваат и син и ќерка,ни помалку ни повеќе.
    А еве пример баба ми,бог да ја прости има три деца,две женски и едно машко.Она уште на времето вујко ми кога бил млад му го препишала станот зошто е машко а мајка ми и тетка ми не добија ни квадрат,зошто,зошто биле женски,ама трагедијата е што вујко ми незнае колку пари има и што да прави со нив а мајка ми и теткаа ми се мачат со беспарица цел живот ама џабе,така требало да биде,така си останало од времето.Не ги поднесувам тие поделби на деца и никогаш нема да го правам истото.
     
    На jacqueline.s, Nausicaa, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Золвата има право на имотот од старите исто како и мм. Јас па немам никакво право да се мешам таму. Моето право е кај моите мајка и татко.
    @jacqueline.s баш така. Тие што седат со родителите не значи дека повеќе се грижат. И јас сум на страна, па што и да им треба на моите од мене бараат, не од брат ми. Разнесување по град, купување, лекови, болување, болници.. Не спомнувам материјална помош, да не ми скокнете одма повеќе имам.
     
    На fighter, ocicka2014, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.020
    Допаѓања:
    76.474
    Пол:
    Женски
    А чекај малку,маж ти што не работи родителите му се должни да му го препишат станот и да го издржаваат.Е,стварно сите граници ги поминувате.
     
    На m.i.g, Cka и kukla21 им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.672
    Допаѓања:
    130.167
    Јас не сакам да располагам со имот кој го немам - во правото тоа е основна работа. Имотот го имаат моите родители, кои уште се живи и не сакам да умрат за да имам имот.
    Начинот на кој ќе распределат имотот е нивна работа, која ќе ја почитувам до бескрај. Мислам дека се свесни дека јас и брат ми никогаш нема да се испокараме за таква работа, материјална, која се печали, па дури и да ни остават нам се по пола и да се договориме кој што да има, ние ич нема да се скараме.

    Нема да прашувам маж, нема да прашувам ни снаа како да делиме. Ќе си седнеме и ќе договориме. Ако јас, не маж ми, јас, имам многу имот кој ме обезбедува мене и моето дете, а брат ми има само една куќа во која живее, нема да му речам, пола е моја, изнеси ги стварите. Прво, таму живее тој и вниците мои - здравје нели во иднина. Не сакам да ги видам како патат. Не сакам ни да му речам, дај пари, зимај кредит, пати, јас имам за живот, имам за луксуз, ама има да ми дадеш пари. Не. Парите не ми значат ич во такви случаи.

    Единствено во случај да има посебно спечалено кај да живее, па остане куќата на моите, може пола пари да земам ако ја продадеме. Од брат ми, во случај да се откажам од пола куќа, ќе барам само едно - во случај да немам каде - развод, банкрот, останата сум на улица јас или мое дете, без приговор да ми отстапи од куќата во која живее. Не сакам утре јас да се откажам од имотот, со маж ми да се разведам, а да немам кај да одам, па на крај и без имот, па децата по дифолт да одат кај маж ми, а јас ко пусто говедо да останам. Никако. Брат ми во таков случај ќе има обврска да ми даде имот за да живеам. Иако знам дека брат ми и срцето ќе го извади за мене во такви моменти. Такви сме, не се слушаме секој ден по телефон, ама ако треба, ќе убиеме еден за друг без размислување.

    Земјоделското земјиште и слични работи, кои не се дом, одат по пола без разговор. Јас тој имот не го гледам на брат ми, го гледам како имот на родителите. Се надевам дека уште 50 години нема да го правам муабетот за делење.

    Муабетот - се е на маж ми, сестра му нема ништо да земе, е ужасен. Јас немам што да кажувам за тој имот на маж ми, уште полошо за имотот на свекорот и свекрвата. Нивен е. Како сакаат нека делат. Јас ако немам каде да одам, ке мислам со маж ми, ке се снаоѓам, ќе барам помош од луѓето кои ме сакаат. Ама да му ја полнам главата на маж ми, сестра ти е никаква, не и треба имот ти го зима, твој е, твоите се глупи со распределбава... Толку ниско нема да паднам. Како што кажав, не сакам да располагам за туѓ имот, ни па да се расправам.
     
    На Victorian, kjukli, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  5. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Samo si kazav muslenje,a pisav nekoj zasto nema sestra ima brat zs ne znaev kako da se izrazam da ne bidam pogresno svatena ama vaka i taka pak bev
     
  6. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Samo si kazav mislenje toa e se
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @Cka се е така убаво додека не се вмешаат од надвор, поготово снаите. Признале или не, начесто снајките се извор на проблемите. Братот ќе си има кој да му соли памет и тука се пореметуваат работите.
     
    На VladeMila и Cka им се допаѓа ова.
  8. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Господе боже никаде не реков да му го препишат , ја сум против делење барем дур се средиме ние барем дур се живи .. Ќе успеам јас да си заработам мое да независам од никого ... Плус кажав бре луѓе имаме ние двајца вложено во тој стан .. Свекорот и свекрвата и опреми две соби 3 и нешто илјади евра па зарем малку се ... Плус што и помагаат нон стоп за се што и треба.. Па зарем вие со еден стан нема да се грижите за иднината .. Како размислувате брее ... Јас кога ќе се обезбедам ни стан сакам ни ништо за цел живот да ти пррфрлаатт нее фала ќе стекнам ја . Плус јас реков фали уште сега да го дели станот ... А ние дома не сме зборувале за тоа овој муабет настана од коментарите на феминките ..
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Енџи не си во право, опремување 2 соби, со стан не е исто. Си средуваш ти сега за себе затоа што таму живееш.
     
  10. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Кукле како што кажав горе зедоа кредит заглавиа јас плаќам рата да им помогнам .. Јас си плаќам ратите .. Нека си и дадат немам против кога ќе знам дека ние се средивме имаме стан каде да одиме ама да делат сега нејзе не и е хитно неа ќе и ја обезбедат а ние ќе останеме без покрив на глава.. Тоа не е праведно .. Ако сакаш да биде фер ќе чекаш да се средиме малку па после дели и раат да сме..
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.672
    Допаѓања:
    130.167
    Во право си :( Јас премногу се повикувам и надевам на разум.
    Прво од снаата - не е нејзин имот, нема што да се меша.
    Второ од братот - ако се оженил, не значи дека и паметот му отишол и дека е во состојба да не расудува, па ќе прави како што ќе му каже жената, на штета на сестрата. Барем јас брат ми го гледам како разумен човек кој нема да дозволи на негови 30, 40, 50 години некој да му го меле мозокот. Бар таков човек моите не одгледаа.
    Трето, од сестрата - дека ќе види дали мора да инсистира на имотот или не (зборувам за дел од куќа во која братот живее, не за целокупен имот). Оти и таа сестрата е нечија мајка, која со своето однесување ќе каже на своите деца - ти си женско, нема имот за тебе, не вредиш. Или ти си женско, ќе се бориш за своето. Или, за пола куќа вреди да се одречеш од семејството. Или, нека трпи брат ти, што ако пати он, ти земи му 10 000 евра нека плаќа кредит, иди си на одмор. Која е таа сестра која радосна ќе ги троши парите додека братот проси некаде? Не знам, може мене среќата на брат ми ми е побитна од пола куќа, 4 соби. Ама никогаш, буквано никогаш брат ми да не ме остави на патот, како ситуацијата погоре што ја пишав. На крај можам и да ја имам на писмено пола куќа, за секој случај, а да не живеам во неа и да не заклучувам соби. Колку за НЕ ДАЈ БОЖЕ, да не останам на патот.
    Искрено се надевам дека никогаш нема да ми се случи за имот, за неколку собички, да изгубам брат. Оти кој не изгубил, не знае. Нека чукнат малце у главите снаите кога го буцкаат братот против сестрата. И нека си ги погледнат децата, кој пример им го даваат.

    И да, вујко ми ги гледаше баба ми и дедо ми, им ја земаше пензијата, а умреа со мравки врз нив. Ете толку ги гледаше. А дедо ми се му даде на вујко ми.
     
    На okcenzi, Victorian, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Немам потреба јас да го буцкам маж ми против сестраму и јас имам и знам како е , всушност ич не се мешам јас во нивниот однос ја со неа имам коректен однос.. Оваа јас што го зборувам всушност почна од тоа што мене поклони ми земаа нејзе и даваа а јас поради тоа да не им го расипам односот ќутев и за многу други работи премолчив само да не се караат .. Ама тоа го злоупотребуваа затоа што знааат сега таа ќе молчи .. Иначе како сите родители нормално дека ќе се грижат за неа како моите за мене .. Немам ништо против тука .. Ако ме разбираш се пронајдов во твојот пост затоа пишав ..
     
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.020
    Допаѓања:
    76.474
    Пол:
    Женски
    Извини ама ти го почна прва муабетот за стравот од поделбата на станот.На нероден петко капа му скрои,на ненаправен муабет од ничија страна ти готово си стави во крпче дека свекрва ти ќе направи да се подели станот.А,ти цело време се маваш во гради дека си го опремувала станот,ама не си го купила ти па за да се буниш или лутиш ако го поделат.Ти гледај да се средиш а не да се замараш чив ќе биде тој еднособен стан во иднина.Плус,свекрва ти помага на ваков или таков начин на двете деца.На ќерката финансиски а вас со тоа што ве прибрала да не бидете на улица.Затоа,бидете благодарни со тоа што ќе ви се даде,не барајте преку леб погача и не бидете алчни и себични.
     
  14. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    И се се сведува на тоа дека во Македонија многу од малдите стапуваат во брак пред да бидат финансиски стабилни.Живеење во еднособен стан со свекор и свекрва и плаќање на кретиди?!
    Можеби ке звучам малку грубо ама кај вие е паметот стварно?Знам дека платите кај нас не се сјајни ама почекајте малку,спечалете прво малку па потоа со некој основен денар во џеб почнете си сами.И јас подоцна си стапив во брак,баш затоа што сакав да си ги средам овие некои прашања претходно,а не вака потоа да се жалам по форуми и да барам совети.Борете се осамостоите, макар и во 20м2.
    Зошто да плаќаш кредити и пак да живееш со нив?Ако веке плаќаш барем за твое станче плакај.Чиста сметка долга љубов.
    Од друга страна доколку заедно придонесувате кон сметки и трошоци тоа се смета за заеднички дом.Ако јас вложам 3-4000 евра во тој дом,значи имам инвестирано во него и не е баш сеедно.Што, свекрвата нема да се бања во новото вц,или нема да се грее на новиот шпорет?
    Во целина браката и сестрите треба отворено и пред родителите да се договорат за овие прашања,,како што рече погоре Ска -РАЗУМНО.
     
    На Nausicaa и kukla21 им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ова со вложувањето по дома одбележувате територија? Демек оп стоп вложив во кујна, дневна и ве це-мои си се. Во ред е да сакаш да реновираш таму кај што ти отстапиле да живееш, но треба да имаш на ум дека дури не ти препишат не е твое. Гарнитурата можеш да си ја земеш и преместиш, прозорци ако си ставила и нив можеш да ги извадиш, ако е до толку дојдено и ламинатот извади го и земи си го, до толку не губиш со вложеното. Е сега ако се работи за ѕидови, изолација, електрика и слично, памет во глава и прашајте пред да вложувате, што ќе е ваше а што не.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @Cka разумно ти е размислувањето. Мојата пракса покажува дека кога се работи за имот, сите гледаат што е можно повеќе да зграбат. Во таа борба (ние) снаите играме клучна улога. Татко ми и чичко ми беа неразделни до пред 4 години. До моментот кога чичко ми одеше кај дедо ми со документи да го препише станот на него. Затоа што стрина ми "ги гледала"?! Жива таму ја немаше, ама ги гледала. Чичко ми на 60години се претвори во сосема друг човек. Вујковците слична приказна - се зедоа од баба ми и дедо ми (скришно), па кога требаше едно лозје кое никој не го работеше (ниту денес го работи) да се даде на мајка ми, не рекоа не земаме ние кога мајка ми побара да се подели на сите.
    Жената е клучна фигура во бракот и односот на мажот по овие прашања. Се додека жените размислуваат дека треба да бараат од свекорот и свекрвите, а дека братот има апсолутно право да земе се од нивните, ќе има вакви проблеми. Не за џабе повеќето фамилии се испокарани заради имотни прашања.
    @ANGIE1 имаш право на избор да не плаќаш кредит. Кој сакал да опремува, нек плаќа.
     
    На VladeMila и Nausicaa им се допаѓа ова.
  17. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Вложив во изградба на станот башка е опремувањето по домаа..
     
    На galapce и VladeMila им се допаѓа ова.
  18. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Немав кукле сеедно дали ќе плачав кредит дали сметки за струја или пак за јадење заглавиа кој ќе помогне ако не ние дома ..
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ќе им кажев фино лепо, колку ви е долга чергата, толку пружете нозете. Пари ќе си тргав на страна. Кажа золвата добро стои финансиски - што не побарате помош од неа?
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738

    А како тоа градба на стан?
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.