Не е точно. Тоа што не ги чуваат не значи дека треба да останат без ништо. Може да имаат потешкотии во животот и покритие со имот или пари од имот на родителите ќе им се најде многу. Нормален родител ни едно дете не остава на улица само и гладно.
Знаеш зошто е така? Шлакнати родители продуцираат шлакнати деца. Кога те брка од своја куќа и ти вика, сега си имаш свој дом, седи си таму, убаво ти е, после не очекувај дека ќе те чувам на старост, а ваму некој коски ќе ми крши. Ама ќе чекам нужен дел, за цела неправда што ми е нанесена и за сите трауми. Ете ти го одговорот.
И после тој/таа што ќе ги чува бара пари од тој/таа што е во Острејлија или Ингланд за да им купи лекови на старите. Е нема. Поделбата треба да биде подеднаква.
Eпа затоа те погодува темава. Нас тоа ни е решено. И општо пишувам, не за мене. Дадов примери и за двајца браќа. А вие сестрата па сестрата останала без ништо.
Ама пари комшиите не можат да видат дека си дал. Битно физички не си тука да помагаш и да се чаламиш си дошол
А на ќерката, или другиот син што им купиле стан или направиле куќа? Значи и тие треба да ги чуваат. Зошто баш тој син и смаа што останале во таа куќа?
Оти полесно е по скали да се симнеш, отколку да возиш до друг град, или земја, или маало за да и подадеш лажица на свекрва ти.
Јас да сум во странство ќе праќам пари, нека ги чуваат. Праќаат пари ама не се килават кога треба да се бањаат, не им менуваат пелени. Различно е.
Уште полесно. Ги земаш тие пари, додаваш од ваши пари и најмувате жена или ги носите во некој понормален дом. Така никој нема да бања и менува пелени.
Сите нека ги чуваат де. И не зборам за мењање пелени. Ама ете да се разболи родител на партнер и да не се понудам да помогнам во некои полесни работи, па треба гомно од човек да сум. Освен ако нешто смртно ми згрешиле. Ама во таа ситуација нема ни дома да им седам.
А, кој мора да се килави и да мења пелени? Никој. Доволно е да има пари да плаќа друго лице да ги прави тие работи. И давањето пари е некаква грижа и помош.
Ете ова го зборев во претходните страни. Човек шо е израснат со љубов, така и ќе се понаша. Ни меѓу тебе и брат ти има кавги, ни меѓу маж ти и неговите. Такви родители од мерак ти е да ги гледаш. Браво.
Па ок е тоа, ама некои стари не сакаат туѓа жена, тоа го очекуваат од снаата. Еве пример на свекор ми мајка золва ми им кажа да ја однесат во дом, или да платат жена дома. Свекор ми кога збесна, ама тој не мрдна со прст, тој ќе ја чувал демек, само на збор, кога брат му кажа еден месец кај него, еден кај свекор ми, и тоа не го сакаше. Па ни свекрва не сакаше, таа си прифати да ја чува, имаше големи примања бабава, затоа. А само плукаше по братот на свекор ми дека не се грижел за неа, потоа брат му отиде во странство и праќаше пари, и велеше ништо не им пратил, малку било тоа, а бабава имаше големи примања, и нега земаше, и не знам таму што уште. Значи едното дете ќе има гратис смештај што ќе остане со тебе, ќе си живее во заедница, а другото стан и ќе си ужива?
Јас стари така не чувам. Дали моите, дали неговите. Ама не го може секој тоа, не го можам ни јас. Поделбата како сака нека е Јас нити како снаа нити како ќерка сакам нешто. Живи и здрави да сме, сите на број. Само за убаво да се собираме на имотот.
Кај го напишав тоа и како дојде до тој заклучок? Без разлика колку деца имам, ако имам вишок, ќе поделам на сите подеднакво, ако немам, а имам голема куќа, ќе ја продадам, ќе си земам мал стан и ќе поделам пак на сите подеднакво. Кога ќе ме нема и тој стан ќе го поделам на сите. Меѓувремено, ако некој не може да оствари свое, ќе биде добредојдено дома. Ама да купувам на еден, на друг не, никогаш.
Па и ние не седиме со нив сега, иако спратот е наш. Јас не се бунам што и купиле куќа, тоа го пишав како пример дека кажувате сестрите не добиваат ништо. И така не планираме во Македонијава да седиме, така да гајле ми е. Па не размислува само свекрва ми така, што ќе ја прашувам. Сите стари така размислуваат, синот да остане со нив, не ќерката. Не е само кај мене така, секаде е. И мм каква врска има што на сестра му и направиле куќа.
Па така пиша, тоа дете што ќе остане со тебе ќе добие гратис смештај, значи снаата гратис свекрва, а свекрвата гратис слугинка. А другото дете што ќе добие гратис стан или куќа?