Јас те разбирам тебе. Знам како размислуваш, зошто на вас не ви изградеа куќа а ќерката да останеше во веќе постоечката. Скоро сите стари размислуваат синот да остане со нив. Тоа сте требале уште тогаш да се договорите. Ама, ако гледаш од друга страна, они направиле една куќа за синот и една за ќерката. И тоа мислам дека е фер.
E не е фер, ние добивме повеќе, гратис свекрва и свекор. Епа нека си седат сами во двете куќи, ќерка им се отсели, кај и да е и ние, така да многу ми е гајле. Муабетот ми беше дека и ќерките добиваат, не само синовите.
Леле, кога ќе се фатите за нешто, се буквално сфаќате. Па да се пошегуваме малку. Има на крај смајли.
Да, ама многу ретки се таквите случаи. И јас познавам семејство кај шо синот дома а на ќерката и изградија куќа. Ама па ќерката се разведе и си отиде во куќата, супер и се најде. Е, помисли вие со маж ти да живеете кај свекрвата, и ќерката се разведе и дојде и она со децата тамо? Хм, како ќе ти биде? Затоа мислам дека фер напраиле, ако биде нешто со неа, ќе има кај да се врати а не на вас да ви смета.
Имиња или пол нема да бидат фактор за делење на наследство. Нема да дадам повеќе ни помалку на никој, туку еднакво. Не знам како сама си заклучи дека на едно ќе дадам стан, а друго ќе живее со мене. Ако сака да живее, било кој, нема да бранам, ама ако син ми донесе чурук снаа да ме мрчи кај стигне зошто кичмата ме кинела на старост и да не ми подаде даљинско, ако не можам ни по тоа да се наведнам и тоа како ќе имам право да бидам лута. Не очекувам да ми се посвети никој, но ако давам живеалиште, почитувам што дошле, нека бидат фер на старост и да потпомогнат. Двајцата, не само снаата, повеќе од синот би очекувала.
Токму сега го потврди тоа. Снаата да ти подала далинско зошто си и дала живеалиште. 21 век уште размислувате дека снаата е должна да ви слугува. @Adidas888 по грешка те цитирав.
Оф мори мајко. Никој не е должен. Туку ако не можам да станам, тој што е во близина, човечки е да подаде. Дали е синот или снаата, дали е дунда или стап, не ме брига, ќе ме брига даљинското да можам да тупам мозок со глупи вести и турски серии. Ако им е тешко и ме оговараат за тоа, ене нека повелат во белиот свет. Дај боже да имам пари и да си најмам помош, оти такви по дома мрчатори и себчњаци, подобро е сами да си живеат.
Ама, еве ти пишав преѓе. Повеќето овде знаеме за обратното, дека повеќето не добиваат. А, кога ќе видат дека синот и снаата немаат намера да ги чуваат, им кукаат на ќерките и ги викаат за да им подадат вода што се вели. Па и ти сега... Подавање далечинско не е слугување.
Себични се тие родители што раѓаат деца за да има кој да ги чува на старост. Децата не одбрале да се родат.
Ама зошто толку жени живеат со свекор и свекрва кога родителите им направиле куќи? Нели ти сите ќерки што ги познаваше добиле нови куќи?
Па јас што ги познавам, никој не живее со свекор и свекрва. И тие што живеат си имаат посебно влезови или спратови, значи никој не живее во заедница. Тие што им купиле родителите куќи и станови, таму си живеат.
Ањушке, сакаш да кажеш дека на золва ти ем твојот свекор и напраил куќа ем нејзиниот свекор и напраил куќа???
Таа куќа заедно и ја направија со свекорот, има уште една што и ја направија свекор ми и свекрва ми, и така си стои, никој не живее таму, ок е сега? Што има па јас до детали да ви објаснувам?
Да, па јас не можам тука да објаснувам се до детали. Таа куќа така си стои, никој не живее таму. И сега внукава од золва ми кога беше тука, кажа ако некогаш се вратат, едната куќа на неа, едната на брат и ќе биде. Ете и тие се решени имотно уште сега.
Па супер. Абе глеј, после смртта на старите се ќе биде по пола, една куќа на вас една на золва ти, шо се замараш