Ау сега па и две куќи и направиле, една заедно со свекорот па после уште една посебно И никој не ти бараше да објаснуваш, ти сама на секоја тема кажуваш за золвата без никој да те праша. Сигурно и на Вале од Кратово две куќи и направиле нејзините ама она од ќеиф спиела пред врата.
Не, зошто?? Јас имам доволно од моите, и сама, сум, се е на мене. Сакавме и стан со мм да купиме, ама се предомислив, дека планираме во странство да одиме. Си имаме доволно ние, нема што на неа да и завидувам, ете куќите ќе си останат на децата нејзини. Се фатиле за моментот пред 3 години кога се замарав за непотребни работи, сега гајле ми е кој колку има.
Јас на шала те прашав, ама од мислењата некоја може така да те сфати. Нејсе, добро е ако си решила да не се замараш веќе со тие работи.
Јас мислам дека е фер тоа, ни золва ти седе со свекор и свекрва, ни вие седите со свекор и свекрва. После нивната смрт, си добивате куќа гратис празна, без стари.
А што е толку чудно некој да има две куќи? А бе темата не е Вале. На секое мислење сте се запнале со Вале. Па нели и секоја жена треба да работи, да си има свои пари ако дојде до такво нешто? Вале не работела.
Така е, ама кој сака да живее од леб и сол само? Затоа после има вакви мешаници и нервози, скоро во сите фамилии.
Навистина не се живее убаво со леб и сол, ама подобро со леб и сол отколку со нервози. Ми треба слога со мажот без туѓи совети, е за тоа треба ние да живееме сами.
На темава, родителите додека се живи на кого сакаат ќе го остават имотот, децата не се прашуваат. Сигурно нема да му остават на синот што ги тепа и малтретира.
А стварно ли уттре планирате да ги гледатњ само своите? Маж ти ќе трча по болници а ти на маникир? Или ти со твоите а он у кафана со другари? Тоа здрав брак ли е ? Ии шајка да не земам ако маж ми реши да ги чува се што треба ќе помогнам, ради него да не се мачи и нервира , аколку заслужиле не сакам ни да пишувам , ама се ќе правам ради него, сепак и најлоши да се родители му се.
Имотот се дели подеднакво на сите деца. А ако некое од децата сака да ги чува старите, нека си ги чува, ама воопшто не е обврзан за да ги чува. Ако никое не сака да ги чува, можат да се отселат и толку.
Треба имотот да се подели со меѓусебен договор меѓу сите деца и родителите. На маса, со сите карти отворени. Ако се паметни ќе останат да живеат и понатаму во добри односи,без имотот и парите да бидат пречка...
Анушка еден ден ако имаш ќерка, а може и имаш, нема ли ништо да ѝ оставиш нејзе, туку сѐ на синот ќе препишеш?
На ќеркава и прават две куќи, за да живее во странство, а на маж ти му ја даваат куќата со нив гратис? Добро ли сфатив?
Ќе остават. Може синот да го избркаат од куќата до нивната смрт, ама после се оди на пола. Оти ако не остават, ќе има проблеми и меѓу децата. Впрочем, сите деца откако ќе пораснат треба сами да си живеат. Па после ќе си добијат од имотот на родителите.
А каде кажав јас дека не треба да се остави на ќерката? Треба на сите деца колку и да имаш подеднакво. Не, немам деца, за жал.
Јас не би оставила ништо на таков, за другите не знам. Не барам да ме чува, туку да ме почитува. А и би се запрашала каде згрешив јас со воспитувањето, па имам насилник и изрод за дете.... Па ете, кај неговите родители подеднакво поделиле, една куќа за вас, другата за золвата. Старите одделно, фер делба.
А, бе, во ред е ако ти самата сакаш да му помагаш на маж ти во чувањето на неговите. Никоја овде не го спори тоа кога снаата сама има желба да помага. Не е во ред неговите да имаат такво очекување од тебе. Некој/а ќе рече дека и твоите родители не треба да имаат такво очекување од тебе иако твоите те одгледале од беспомошно бебе до возрасна жена.
Мене ми е збунувачки коа ќе прочитам - жената треба да си ги гледа своите родители ,а мажот неговите Кај нас нема мои негови. И тие и тие се "нашите " . Многу нормално е дека моите си ги сакам неспоредливо повеќе ,ама ( барем досега ) повеќе сум помогнала на неговите . И тоа што сум "чувала" свекрва сум ја чувала само за да му олеснам на маж, не дека он е неспособен, или не сака ... Тешко е да се чуваат стари , не велам Не . Ние кога ја чувавме нашата немавме дете , плус не беше нешто многу време болна. Сега да требаше да го правам тоа што го правев пред 3-4 години , сигурно ќе земевме жена да припомага . Пошто реално немаше да успеам сама, т.е само со маж
Логично, не. Ама, има такви родители со заостанати сфаќања. И покрај тоа ќе му остават на синот, а на ќерката не.