Ама додека се живи родителите можат на кого сакаат да препишат. На пола следува ако ништо не е поделено, после нивната смрт.
Ама најубаво е на пола да поделат, за да нема караници меѓу децата. Заради тоа неподелување, пола држава не зборува со браќата и сестрите.
Луѓе, треба да го смениме Балканскиов ни менталитет... Да им дадеме крила на децата, за да тие како возрасни бидат самостојни, сами да ствараат , да не зависат од никој. Вака и караниците меѓу браќа, сестри и родители би се намалиле....
Тоа тешка работа. Родителите прават куќи на спрат за да може да живее синот со нив. И после кавги ако сака синот да живее на страна. Тогаш снаата е лоша.
Имаше на ФБ статус, и јас пишав коментар дека бракот е помеѓу двајца, дека не треба родителите од двете страни да се мешаат, само што не ме распнаа, и тоа мажи млади, сигурно тие се некои мамини синчиња што мислат дека жената треба да ја донесат во куќа на неговите, и да живеат во заедница. За да нема караници помеѓу децата треба родителите или да поделат еднакво или ич на никој. Од моја страна е поделено на три (мене, сестра ми, и брат ми), тоа каде што живеат родителите сега да нема караници после, и плус на сите тројца еднакво ни дадоа нешто што продадоа имот од бабите и дедовците, си додадовме ние, и купивме стан.
Колку случаи вакви има. Колешка моја во еден муабет ми кажа дека не можела ни на ручек да отиде кај нејзините, глупо и било брат и’ и снаа и живеат со нив, тие си биле заедница, не сакала да им се меша…
Па за тоа криви се родителите/старите, шо ги растат децата на овој начин, така да размислуваат. Да не биле така растени, колешка ти немала така да размислува. Јас си знам по мене. И јас растев со татко со такви заостанати размислувања. Уште од најмала возраст го слушав како велеше дека да сум била машко подруго ќе било, ќе ме научил да возам, ќе сме граделе заедно, ќе ми купил мотор, незнам шо..... а така женско не сум вредела, ќе сум си имала кај идниот маж. И ова без срам пред комшии, другари, колеги, го велеше. Памтам и комшиките како ме бранеа, му викаа " е шо има врска шо е женско, некогаш женското вреди колку за 10 синови" и он викаше " е како да не".... Уште од тогаш развив омраза спрема него и љубомора кон "непостоечкиот" брат. Си викам, фала бого шо сум немала брат, иначе ќе беше тоа кланица околу имотот. Ќе идеше тука снаата да ја оговара золвата (мене) колку е лакома и злобна шо сака да си земе дел од имотот.
Точно. Родителите се криви, јас си помислив не знам како твоите не реагираат. Мајка ми така 100 пати ќе ми се јави да дојдам. Ама тоа е… Реално мислам дека родителите се секогаш тие што се виновни и што прават збрки, во ваквите случаи, некогаш и ненамерно ама пак.
Мажот им ќе трча по неговите, они снајките ќе се молат на горниот што побрзо да ги земе. Оти среќни биле тие снаи со починати свекори. И еднаш прочитав дека најдобар маж бил тој без родители. Кое болно размислување е тоа човече...
Маж ми е со застарени мислења што се однесува до наследство. И тоа од не знам каде, дали сака да се чувствува моќен татко. Двајца синови тој нашата куќа за нив ја прави. Со посебни влезови (Големиот син уште не јаде сам, а малото два месеци). За наследство од неговите си знае дека ќе си добие ќе си подели со сестра му. Золвата и она не сака Да земе. А кај мене сме две сестри, сестра ми полакома (карактер). Ќе и оставам куќата од моите. Под услов да не продаде (ако е можно така) Моите делат на двете исто.
Поделбата да НЕ биде подеднаква бидејќи за пример, моите им собираа говната на нивните кои своевремено леб им криеле и од секаде ги бркале а караконџолите по таткова линија бараа пола-пола. Лековите сами ќе си ги платат како секој од нас сам што си плаќа. Нема пола-пола, умре тоа. Најпаметно. Бог да ги поживее ама кај што фрлиле пред себе низ животот таму нека жнеат во староста.
Aј нека не се прават сите добри снајки само на форум. Еве едно прашање до добрите снајки: дали доколку не ве сакале за снаа, вие и покрај тоа ќе им менувате пелени и ќе ги бањате? Не знам за вас, ама јас мислам кој што си сеел тоа ќе си жнее. Мене да не ме сакаат како снаа, да не го одобруваат тој брак, и јас треба да им ги бришам го*ната? Е мало морген тоа, ама на форумов сите се најдобри. Е алал нека ви е ако и покрај тоа што не ве сакале за снаа, сте им ги бришеле го*ната. Ама за имот се ќе бришете. Жално, но вистинито. Ако е така, капа ви симнувам, ама чисто сумњам. Па родители да ви завртат грб не би ги погледнале, не свекор и свекрва.
А бе тука сите се саде светици. Нели научи? Нека се испоколат ако сакаат за парче земја. Не се виновни ниту браќата, ниту сестрите, виновни се родителите. Или на сите деца подеднакво, или на никој ништо. А не на некои мајка, на некои маќеа.
Ама ако не им го бришеш газот да не им ги бараш и парите и имотот. Живеј на страна, не се тепај за туѓ спечал. Јас најискрено си кажувам дека сакам да сум раат без кавги и не сакам нивни имот. Сакам да имам слога со мажот, родителите се за да појдеме или да дојдат на кафе/ручек/вечера и толку. Не треба да ми чуваат деца, не треба да ми даваат имот и не треба да ми се мешат во бракот. Родителите на двајцата треба да бидат соодветно почитувани заради децата. Не сакам децата да учат дека е во ред да се отфрлаат луѓето кои ти дале живот. Сега ова не е контрадикторен муабет: ама зависи од карактерот. Има луѓе кои не можат да поминат и да ја заборават болката и неправдата која им била нанесена има луѓе кои можат да ги потиснат срањата. Јас лично, не би земала имот, ама да би ги чувала родителите. Ќе му се изнајадам гомна на маж ми и ќе појдам на свекрва ми да и сменам пелена. Нема да можам да продолжам да живеам ако знам дека не сум и помогнала. Најсериозна сум мене би ме убила психата.
Абе шта да ти причам кад све знаш . Моите не беа салам, затоа ете јас, си признавам оти не сум салам, и оти нема да си го чувам и гледам мојот жив родител. За на мм родителите, ме заболе путката, уште од почеток кажав дека кај нив ни живеам, ни барам, ни ги гледам. Ич не ми е гајле како ќе го расправаат имотот, not my circus not my monkeys.
Ама јас си живеам во сопствен стан во друг град, не живеам со свекор и свекрва. А каде прочита дека се тепам за туѓ спечал? Изгледа не си ме прочитала. Моите еднакви ни поделија на мене, брат ми, и сестра ми, местото сега каде што живеат. Да не се повторувам по 100 пари, ни дадоа и пари што продадоа имот од бабите и дедовците, и сите тројца си додадовме наши заштедени пари, и си купивме стан. А од страна на маж ми, не ме интересира на кого ќе остават. Доволно заработуваме, имаме две деца, машко и женско, и на двете планираме еднакво да им поделиме. Планираме уште еден стан, и на двете исто би им дале. Ниту ми чуваат деца, ниту ништо, живееме во различни градови. А бе поради мажите за да не се мачат би им смениле пелена. А во други теми мажите и чистеле, и ручек правеле, и миеле садови. Епа ако се толку добри и вредни во се мажињата, што им е тешко да им сменат пелена на своите родители и да ги избањаат? Што е должна снаата?
E ајде де. Да не кажат комшиите оти се лоши домаќинки. Полесно им е да дојдат тука да ги оговараат отколку да пресечат. Или шо викаш, за имот мора да трпат.
И јас си кажав на почетокот, не сакам ни имот од неговите, ни па да им менувам пелени кога ќе залегнат. Ама они ќе не надживеат, ништо не им е, поздрави од нас се.