И не си должна да ги гледаш. Си имаат деца, они нека се погрижат. Ако неможат да ги гледат, нека ги носат во дом или нека платат на некој да ги гледа. Толку едноставно.
Штом се ти е убаво наредено нема потреба да се срдиш на форумџики. И најважно: како ти што се изразуваш за свекорот и свекрвата за пелените и твоите деца така ќе зборуваат за тебе. Тоа што го слушаат децата дома ќе го направат во иднина. Поздрав.
Ни снаа ни ќерка не се должни бе пелени да мењаат (такво чување). Нема ли некоја постара жена,маж од фамилијата да заврши тие работи. Ебем ти и наследство и се на мои 30 години да живеам така. Моја познаничка така чуваше вујко,татко и еве и мајка и за да наследи ниви трактори три куќи и што уште не. (Ама затоа, нејни живот и нема)
Кога си била мала мајка ти комшиите ги викала за да ти смени пелена? Пошто нели гомната се бљак! Види, како што те чувале тебе, треба и ти да чуваш. Круг на живот се вика тоа.
Ама што ќе кажат комшиите, срамота во дом, тоа е "фрлање". Едно е од стари, друго е од деца. Секој на своите родители. Свекрва ми не ми менувала пелени. Јас сум менувала на комшиски деца, и не ми било гадно, друго е од стари, не зафркавај. Едит: моите би ги чувала, тие ми менувале пелени, маж ми ако сака на неговите, нема да му забранам.
Не дај Боже да дојде ред децата да ми менуваат пелени, не сакам да им бидам терет, не ги родив за да ме дочуваат и да ми менуваат пелени затоа што јас сум им менувала додека биле мали, затоа постојат домови.
Види, јас од старт кажувам дека не сакам имот од родители затоа што јас не сакам да ми се меша никој во животот. Не може родителите да ти продарат имот од баби и дедовци, снаата или зетот среќно да си живее или да си издаваат имот и кога ќе им се задеси нешто на родителите ти да викаш комшии пошто ова е бљак! Не земај имот, сама да заработиш со мажот е тогаш е друг муабет. На поделен имот, што не си го заработила, не е во ред да кажуваш што е бљак. Не ме сфаќаш! Муабетот ми е дека од една страна кога ти треба помош и поддршка си добила од родителите, ти поделиле имот, кога нив им треба помош и поддршка од тебе ти ги прќаш во дом. Што не појдовте ти и маж ти под кирија? Што не се школуваше сама? Зошто кога ти е мака ги бараш твоите макар за да им го слушнеш гласот? Семејство значи поддршка во убави и неубави моменти. Ова веќе не е муабет дека свекрвата, снаата и золвата ќе ти дојдат на кафе за да видат дали си изметила, дали си пуштила машина, дали си избришала прозори, овде имаш суштински проблем. Затоа што земате дел од родителите пошто нели ви следувал не ви чини после кога ви се мешаат. Биди фраерка и сама почни од нула, тогаш ќе правиме муабет.
А како вие си го замислувате чувањето на старите? Стари шо можат да одат, готват и да се качуваат на главата на синот и ќерката, не им треба чување. Стари шо мора да се чуваат се тие шо неможат да се подмрднат од кревет, или проблеми со умот шо имаат па страв ти е да ги остаиш сами оти може куќата да ја запалат. Како планирате да ги чувате? Вие да седите дома да ги чувате а маж ви да работи и да носи? Оти само тоа е чаарето. Ами ако немате маж? Ако сте оставени? Како ќе ги чувате? На работа треба ли да одите? Пари ќе ви требаат ли за лекови, храна, памперси, доктори итн итн....? Или мислите оти од небо ќе ви паѓаат? Немате видено како е да се чува неподвижен човек, затоа така зборите. Треба цел живот на СТОП да си го ставите, не на ПАУЗА туку на СТОП за да можете да ги гледате. Значи ни деца, ни маж, ни искачања, ни работа ни ништо да не видите, само да се вртите околу стариот. Никој не е должен да му менува пелени на стариот. И не е можно такво нешто ако немаш приход од некаде. Затоа најдобра опција, или да платиш некој да го чува или дом. Затоа ниеден маж не се нафаќа да чува стари, оти ќе му се ускрати од работата, од парите, од трчкањето по жени. И најлесно е ајде снаата нека ги чува, она нема живот. Мислите тие старите не се свесни за тоа? Затоа и бараат од снаата да ги чува, за да не му рушат животот на синко. Или ќерката да ги чува, она може да седи дома пошо зетот ќе работи. Ма ајде бре. Цело општество ни е пореметено.
Јас кажав, на моите ќе им менувам пелени, маж ми на на неговите, нема да му забранам. Јас си се праќам во дом ако дојде децата мои да ми менуваат пелени. Каде прочита дека моите или неговите ги праќам во дом? Јас не ги родив децата за да ме чуваат на старост, ги родив затоа што сакам. Тешко на тие деца што родителите ги родиле за да ги чуваат на старост. Ги жалам искрено. За твоја информација сега ќе купиме стан со наши заработени пари. И моите еднакво ни поделија, нели тука се работи за имот еднакво поделен на синовите и ќерките? Ти на твоите деца нема да им дадеш? Контрадикторна си.
Па на 30 претпоставуваме дека немаш родители што имаат 80 Тешки се тие муабети, баш оти некое такво догледување знае да биде тешко. Да беа балканските родители паметни, место да условуваат деца за догледување со имот, ќе го остават просто имотот на ,,старскиот дом,, и одбрано им е гајлето. Ама не, сите сакаат да земат, никој нејќе да даде.
Не се битни годините, мозочен удар добиваат и помлади. На другарка мајка и на неполни 50 доби, и женава мора некој да ја чува, затоа што работат и другаркава и брат и, платија жена.
Читајќи ја темава сфатив дека имам злато родители кои предвреме ни поделија 50-50 со брат ми. Лош менталитет владее, за синот се, ќерката секако ќе оди во друга куќа. Се надевам дека еден ден ќе одиме светлосни години напред и секое дете ќе се цени без разлика на пол А тоа догледуваш некој за да наследиш нешто е мизерно. Како обврска да ти е за да добијаш имот. Секое дете треба да се грижи за родителот. Нормално ако има заслужено
Да немам...Моите се многу млади 50 и нешто. Бабите и дедовците се по 80. (И дај боже да се вака до 90,како што се, да не ги чува никој, на нога си се.
Ако поделиле 50-50, кај живеат сега? Подеднаква поделба -да, ама дури се живи, реално можат да дадат, не да делат. И да, и нас подеднакво не гледале, и кај мајка ми исто, подеднакво им дале дури биле живи, ама имот се дели посмртно, и тоа ми е ок. И ок ми е да си се имаат обезбедено за на старост, ако сакаат во дом-ок, ако може некој да ги гледа -пак ок. А дека никој не знае како ќе изгледа догледувањето, не знае, дај боже сите да заминат на нога, ама ако не, нека си бидат обезбедени луѓето.
Си имаат они посебно, што е нивно. Совреме се средват работите за да нема раздор меѓу браќа и сестри и на крај сигурно ако си совесен нема сопствен родител што се направил за тебе во животот те изгледал од 3 кг да го оставиш на улица. Но секакви табиети и судбини има. Јас лично нема никогаш во дом да оставам родител ќе направам се што е во моја можност да помогнам